мрак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Apr 2021 06:59:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мрак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стравовите ве откриваат: Какви сте како личност според тоа од што се плашите? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravovite-ve-otkrivaat-kakvi-ste-kako-lichnost-spored-toa-od-shto-se-plashite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravovite-ve-otkrivaat-kakvi-ste-kako-lichnost-spored-toa-od-shto-se-plashite/#respond Wed, 07 Apr 2021 06:59:25 +0000 https://kurir.mk/?p=493450

Не е лесно да живеете со фобии. Тие не се појавуваат без причина, а многу влијаат на нашата личност и приоритети во животот. Експертите го објаснуваат значењето на некои од најчестите појави. Страв од висина Тоа покажува дека имате силна свест за себе, а тоа што се плашите дека сте одделени од Земјата зборува дека во животот цврсто стоите на земја, реални сте. „Чувствуваме страв кога ќе го загубиме најосновниот начин на контрола на чувствата на кои им пристапуваме на она што не интересира и се оддалечуваме од она што не плаши“, објаснува „Psychology Today“. Страв од мрак Тоа покажува дека сте креативни. Според пишувањето на „Medical Dаily“ научниците веруваат дека произлегува од генетскиот код кој  е присутен кај нас и некогаш одамна не присилувал да ги избегнуваме ноќните грабливци. Трајниот страв од мрак е поврзан и со страв од непознато. Како прво, темнината го попречува нашиот вид, а тоа ја попречува и способноста за разбирање, темнината заслепува едно од нашите најважни сетила. Луѓето кои страдаат од никтофобија создаваат некои слики од она што го гледаат или не го гледаат. Ако сте меѓу нив, тоа покажува дека имате премногу активна фантазија, односно вашиот мозок создава слики, иако пред вас ништо не гледа. Страв од пајаци Ова покажува дека сте лидер. Овој вид на страв е еден од најчестите. Според истражување спроведено во Велика Британија, од 261 испитани постари лица, 32 отсто од жените се изјасниле дека имаат страв од пајаци, како и 18 отсто од мажите. Страв од змии Овие луѓе често се заземаат за другите. Токму тоа го покажува вашиот страв од змии, кога проработува вашиот заштитнички инстинкт. Страв од крв Ова значи дека сте мирни и прибрани. Кај луѓето кои страдаат од хемофобија срцето започнува забрзано да чука кога ќе здогледаат крв или отворена рана. „Тоа покажува дека имате силен заштитнички инстинкт и обично сте мирни и прибрани во својата заедница“, објаснува доктор Џордан Ганс, невролог.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravovite-ve-otkrivaat-kakvi-ste-kako-lichnost-spored-toa-od-shto-se-plashite/feed/ 0
Ајфеловата кула во мрак поради убиените новинари во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-vo-mrak-poradi-ubienite-novinari-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-vo-mrak-poradi-ubienite-novinari-vo-svetot/#respond Fri, 02 Nov 2018 07:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=122580

Ајфеловата кула синоќа не беше осветлена во знак на почит за убиените новинари во светот по повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите, кој се одбележува денеска. Пред Ајфеловата кула се собраа ќленови на француското здружение Репортери без граници, кои држеа плакати со лицата на убиени новинари, вклучувајќи го и саудискиот колумнист Џамал Кашоги, кој минатиот месец беше убиен во Конзулатот на својата земја во Истанбул. Репортери без граници соопштија дека оваа година се убиени 77 лица вработени во медиуми, меѓу кои 62 новинари, а 337 се уапсени. Убиството на новинарот Џамал Кашоги во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул укажува на фактот со каква леснотија и некзанивост можат да бидат убивани новинари. Последните години на сличен варварски начин беа убиени новинарите Мохамед ал Абси, Мирослава Брич Валдусеа, Хавиер Валдес, Јан Куцијак и Дафне Каруана Галиција. УНЕСКО вчера соопшти дека од 2006 до 2017 година убиени се 1.010 новинари и медиумски работници. Организацијата наведува дека „девет од десет случаи немаат правна разврска“. – Борбата против неказнивоста е составен дел на слободата на говорот, слободата на печатот и пристапот до информации. Нападот врз новинар е еквивалентен на напад врз целото општество, изјави директорката на УНЕСКО, Одре Азуле. Во периодот од 1 јануари до 31 октомври годинава Организацијата за образование, наука и култура на Обединети нации регистрирала 86 убиства на новинари. Дел од нив се убиени во воени зони, но поголемиот број, односно според УНЕСКО 90 проценти од убиените новинари, истражувале и пишувале за корупција, криминал и политика. Исто така е забележано дека се зголемува бројот на новинарки кои се жртви на сексуално насилство и малтретирање на интернет. Идејата за Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторства врз новинари беше промовирана кон крајот на минатата година од францускиот новинар Лоран Ришар, кој прв пристигна во редакцијата на Шарли ебдо, неколку минути по нападот врз весникот во 2015 година, кога беа убиени 11 луѓе. УНЕСКО го прогласи 2 ноември за Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторства врз новинари во спомен на француските новинари Клод Верлон и Жислен Дупонт, кои беа убиени на 2 ноември 2013 година во Мали. Организацијата за образование, наука и култура на ОН иницира и друга кампања „Вистината никогаш не умира“ (#TruthNeverDies) со цел да поттикне објавување на статии од или за убиените новинари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-vo-mrak-poradi-ubienite-novinari-vo-svetot/feed/ 0