МРП вакцина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Feb 2020 08:25:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МРП вакцина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повлечените МРП вакцини биле квалитетни, никој нема да одговара за погрешните податоци на налепниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povlechenite-mrp-vakcini-bile-kvalitetni-nikoj-nema-da-odgovara-za-pogreshnite-podatoci-na-nalepnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povlechenite-mrp-vakcini-bile-kvalitetni-nikoj-nema-da-odgovara-za-pogreshnite-podatoci-na-nalepnicite/#respond Fri, 28 Feb 2020 08:25:40 +0000 https://kurir.mk/?p=309830

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по допрен глас во врска со увозот, дистрибуцијата и употребата на МРП вакцината во периодот од крајот на 2018 до почетокот на 2019 година, бидејќи овој настан не ги исполнува елементите на кривичното дело. интегрален текст од соопштението на ОЈО Во предметот се испитуваа евентуални неправилности околу увозот, рокот на употреба и евентуално предизвикани штетни последици од вакцините. Дополнително за истиот настан кривична пријава поднесе и Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Кичево. По оформувањето на кривичниот предмет, надлежниот јавен обвинител издаде наредба – да се извршат проверки во правното лице „Македонија лек“, увозник и дистрибутер на вакцината МРП, во смисла кога бил направен увозот на оваа вакцина, која количина била увезена, од кого и од каде била истата увезена, до кога бил рокот на употреба на увезените вакцини, дали етикетите на пакувањата од вакцините биле дополнително залепени, а доколку било така, од кои лица биле залепени и кои биле причините за тоа или пак вакцините биле доставени со залепени етикети, како и на други околности за набавка и дистрибуција на предметните вакцини. Проверки беа направени и во Агенција за лекови и медицински помагала – МАЛМЕД, во поглед на извршениот увоз и дистрибуција на вакцината МРП. Притоа се испитуваше дали оваа Агенција извршила контрола врз увозот, дистрибуцијата и употребата на предметните вакцини, доколку бил извршен таков надзор, што било констатирано, дали биле констатирани евентуални неправилности во однос на „рокот на важност“ на вакцините, дали било констатирано кога се залепени етикетите на вакцините, а доколку евентуално биле дополнително залепени, кој го направил тоа и од кои причини, дали е дозволено евентуално такво дејствие од страна на увозникот на лекот, дали овие вакцини биле употребени, дали имало констатирано штетни последици од вакцините кај одделни пациенти, дали вакцини со евентуално дополнително залепени етикети може да бидат пуштени во промет, дали овие вакцини биле пуштени во употреба во Здравствените домови во Република Македонија, како и други релевантни околности. Едновремено, со Наредбата беше побарано да се извршат проверки и во Министерството за здравство како ресорно министерство, како и да се обезбеди релевантната писмена документација, која што се однесува на увозот, дистрибуцијата и употребата како и евентуалната замена на етикетите со рок на важност на вакцините, а документацијата за извршен надзор и евентуално констатирани неправилности и евентуални штетени последици од нив врз здравјето на пациентите да се обезбеди во оригинал или заверен препис за да може да се употреби како доказ во кривичната постапка. Дополнително надлежен јавен обвинител нареди да се обезбедат како материјален доказ и предметните вакцини и да се чуваат под соодветни услови, за да не дојде до нивно контаминирање, а заради целите на кривичната постапка. Основното јавно обвинителство Скопје се обрати и до Центарот за испитување и контрола на лекови со барање за податоци дали лекот е штетен по здравјето на луѓето и дали истиот може да биде употребуван кај пациентите односно пуштен во промет со лекови. На ваквото барање беше одговорено дека Центарот за испитување и контрола на лекови може да врши проценка на податоците само контактно надворешно во споредбена анализа со одобрениот примерок и дека овој Центар нема техничка можност за да спроведе лабораториско испитување на примерокот со цел утврдување на квалитетот. Со цел да се спроведе потребната лабораториска анализа, Основното јавно обвинителство Скопје преку Агенцијата за лекови и медицински помагала и Центарот за испитување и контрола на лекови, предметните вакцини кои беа обезбедени како доказ како и целокупната материјална документација потребна за изработка на вештачењето ја проследи до Paul Enrlich-Институтот од Ланген, Германија. Постапувајќи по Наредбата за вештачење на ОЈО Скопје, Центарот за испитување на лекови достави Извештај за проценка на пакување од 25.09.2019 година во кој е наведено дека лекот Priorix од производител GlaxoSmithKline Biologicals S.A-Ринсенсарт, Белгија со рок на употреба 05/2019, примен од Македонија Лек ДОО Скопје на 3.04.2018 година содржи неточни податоци на дополнителната налепница на македонски јазик, залепена на надворешното пакување, меѓутоа од наведеното несовпаѓање не може да се констатира дали конкретниот лек е штетен. Дополнително, со добиените резултати од испитувањето од Paul Ehrlich Институтот од Ланген, Германија се потврдува фармацевтскиот квалитет на лекот и констатирано е дека испитуваниот примерок на препаратот Priorix прашок и вехикулум за раствор за инјектирање во однос на испитаните параметри одговарал на барањата на спецификација на квалитет на производителот. Со оглед на тоа што по извршената стручна проценка и добиените резултати беше констатирано само надворешно несовпаѓање на податоците на налепницата кое не влијаело на квалитетот на лекот, надлежниот јавен обвинител одлучи дека пријавениот настан не ги исполнува елементите на кривичното дело – Про­из­водс­тво и пу­шта­ње во про­мет штет­ни средс­тва за ле­ку­ва­ње од член 212 од Кривичниот законик, ниту на кое било друго кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност. Основното јавно обвинителство Скопје го извести Министерството за внатрешни работи и Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ дека нема да преземе понатамошно кривично гонење за овој настан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povlechenite-mrp-vakcini-bile-kvalitetni-nikoj-nema-da-odgovara-za-pogreshnite-podatoci-na-nalepnicite/feed/ 0
Уште една обемна студија потврди: МРП вакцината не го зголемува ризикот од аутизам кај децата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ushte-edna-obemna-studija-potvrdi-mrp-vakcinata-ne-go-zgolemuva-rizikot-od-autizam-kaj-decata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ushte-edna-obemna-studija-potvrdi-mrp-vakcinata-ne-go-zgolemuva-rizikot-od-autizam-kaj-decata/#respond Tue, 05 Mar 2019 17:49:48 +0000 https://kurir.mk/?p=171603

Обемна студија, со која се опфатени над половина милион деца не пронајде врска помеѓу вакцинацијата против сипаници, заушки и рубеола и аутизмот. Данската студија, објавена денеска во списанието „Аналс оф Интрнал медисин“ ги опфати сите деца родени во таа земја во периодот помеѓу 1999 и 2010 година. Децата биле следени до крајот на август 2013 година. Истражувањето откри дека МРП вакцината не го зголемила ризикот од аутизам, дури и кај деца со други фактори на ризик од аутизам или кај деца чии браќа и сестри имале аутизам. Истражувачите од Институтот Статенс серум во Копенхаген откриле дека од 657.461 деца вклучени во студијата, само 6.517 биле дијагностицирани со аутизам. Од децата кои биле следени, 95 проценти ја добиле првата вакцинација, која по календар е на 15 месеци, но немало разлика меѓу бројот на вакцинирани деца со тоа нарушување во споредба со бројот на невакцинирани деца. Сепак, тврдењата за врска помеѓу МРП вакцината и аутизмот продолжија да предизвикуваат загриженост кај родителите и го поттикнаа антиваксерското движење. Како резултат на тоа драстично се зголеми бројот на случаи на сипаници во Европа и САД, а Светската здравствена организација изрази загриженост и невакцинирањето го вброи меѓу најголемите 10 закани по глобалното здравје. Целата конспиративна теорија околу вакцините започна во 1998 година кога во престижниот британски медицински магазин „Лансет“ хирургот Ендрју Вејкфилд заедно со 12 коавтори, објави студија во која се сугерираше дека вакцината против малите сипаници, заушките и рубеолата, позната како МРП, го зголемува аутизмот кај британските деца. Авторите на текстот тврдеа дека го испитувале развојот на 12 деца кои примиле вакви вакцини. Во текстот се тврдеше дека родителите на осум од 12-те деца пријавиле оти тие загубиле дел од нивните вештини по вакцинацијата, вклучувајќи го зборувањето и забрзано нарушување на организмот. Последиците од појавувањето на тој текст веднаш предизвикаа последици. Во наредниот период вакцинацијата против овие три болести во Велика Британија падна под 80 отсто кај децата помали од две години. Вејкфилд стана популарна фигура, држеше говори и препорачуваше аплицирање на поединечни вакцини, а не комбинирана за сите три болести. Како што растеше отпорот кон вакцините, така се зголемуваше и сомневањето во вистинитоста на тврдењата на Вејкфилд, како и причините зошто се објавени. Подоцна се откри судир на интереси: Вејкфилд аплицирал за патентирање на своја сопствена вакцина против мали сипаници и примил 675.000 долари од адвокатот кој се обидувал да ги тужи компаниите кои ги произведувале вакцините. Исто така е објавено дека децата биле внимателно одбрани за да се прикаже наводната поврзаност меѓу вакцините и болестите. Магазинот „Лансет“ во 2010 година го повлече написот, 12 години по публикувањето, наведувајќи дека „повеќе елементи во студијата на д-р Вејкфилд се неточни и контрадикторни со претходните истражувања“, изразувајќи загриженост за точноста и погрешното претставување на фактите. Кусо време потоа британскиот медицински совет доживотно му ја одзеде лекарската лиценца на Ендрју Вејкфилд. Со повлекувањето на текстот не дојде крајот на конспиративната теорија, пренесува Дојче веле. Светската здравствена организација минатиот месец предупреди дека се неуспешни обидите за спречување на ширењето на сипаниците и оти бројот на заразени лица на светско ниво минатата година се зголеми за 50 проценти. Според извештајот на СЗО случаите на морбили се во пораст и во богатите држави, каде вакцинирањето е традиција. Во светот се регистрирани повеќе жаришта на сипаници меѓу кои Украина, Мадагаскар, Демократска Република Конго, Чад и Сиера Леоне. Само на Мадагаскар од октомври 2018 до 12 февруари 2019 година регистрирани се 66.278 заболени од морбили од кои 922 починале Земјите треба да достават информации за случаите на морбили регистрирани во 2018 година до април. Но, според досегашните информации во 2018 година регистрирани се 229.000 заболени од сипаници, додека во 2017 година нивниот број изнесувал 170.000. Според првичните податоци на СЗО, минатата година од сипатници починаа околу 136.000 луѓе во светот. Имунизацијата е една од најфантастичните научни иновации која има огромен придонес во превенирањето на смртта, особено кај децата, а го зголеми и животниот век и економскиот развој. Секој долар вложен во имунизација се враќа со 16 долари заштеда во здравството и ја зголемува економската продуктивност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ushte-edna-obemna-studija-potvrdi-mrp-vakcinata-ne-go-zgolemuva-rizikot-od-autizam-kaj-decata/feed/ 0
Во критична состојба се четири деца заразени со морбили https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kritichna-sostojba-se-chetiri-deca-zarazeni-so-morbili/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kritichna-sostojba-se-chetiri-deca-zarazeni-so-morbili/#respond Wed, 13 Feb 2019 09:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=163343

Во критична состојба се четири деца заразени со морбили. Три се на лекување на Инфективна, а едно е на Детска. Меѓу пациентите на Клиниката за инфективни болести има и детенце со Церебрална парализа и епилепсија кај кого вирусот предизвикал сериозни компликации. Трите смртни случаи од компликации од морбили за три дена ги исплашија родителите. Иако вчера комисијата за заразни болести препорача имунизација со МРП за сите бебиња над шест месечна возраст, денеска во Пунктовите не ја спроведуваат мерката бидејќи ја чекаат на писмено одлуката од министерството за здравство. Од Здравствен дом Скопје ќе бараат дополнителни тимови за спроведување на најавената теренска вакцинација во училиштата, за да не останата пунктовите без медицински кадар. Но, категорични се дека нема да биде боцнато ниту едно дете без дозвола од родителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kritichna-sostojba-se-chetiri-deca-zarazeni-so-morbili/feed/ 0
ОД ДЕНЕСКА: Бебињата наместо на една година ќе се вакцинираат со МРП на 6 месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-bebinjata-namesto-na-edna-godina-kje-se-vakciniraat-so-mrp-na-6-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-bebinjata-namesto-na-edna-godina-kje-se-vakciniraat-so-mrp-na-6-meseci/#respond Tue, 12 Feb 2019 10:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=162953

Сите родители кои имаат деца со наполнети 6 месеци, а живеат на територијата на Град Скопје, од денеска треба да се јават во најблискиот вакцинален пункт за да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината. Досега, според календарот за имунизација кој важи на територија на Република Македонија првата доза од МРП се даваше веднаш по првиот роденден. Родителите пак, кои имаат деца на училишна возраст, а не се ревакцинирани или воопшто не примиле МРП вакцина, да ги вакцинираат децата, и ова се однесува за сите деца кои живеат во Македонија. Ова е препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство која денеска имаше состанок и донесе нови, дополнителни мерки за заштита на населението од епидемија на морбили. Комисијата му предложи на Министерството да се почне со теренска вакцинација. Родителите кои ќе се посомневаат дека нивните деца се заразиле со морбили, или имаат висока температура или пак веќе имаат осип на кожата прво да се јават на преглед во пунктови во Здравствените домови и по проценка на лекар од пунктовите, само со упат да се насочуваат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, велат од Министерството. За да се намали притисокот од пациенти на Клиниката за детски болести и Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, граѓаните се упатуваат во трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“. Во овие пунктови има дежурни лекари кои работат секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот. Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови, соопштија од Министерството за здравство. На средбата беше констатирано дека вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење. Комисијата укажа дека само со колективен имунитет, или 95 отсто вакцинирано население со МРП вакцината, ќе може да ја спречиме епидемијата и смртноста кај населението, кај најранливата категорија, децата кои воопшто не примиле вакцина поради возраста или поради некои други хронични заболувања. Сите предходни мерки кои ги донесе Комисијата сѐ уште се на сила. Тоа значи дека децата кои не се вакцинирани со МРП нема да се примаат во градинките, се апелира за интензивна и неодложна вакцинација на децата кои се во добро здравје за да се подигне колективниот имунитет. Да се вакцинираат сите здравствени работници кои имаат непосреден контакт со пациенти заболени од морбили. Најстрого се забранува и посета на болни во сите здравствени установи. Морбилите се високо заразно заболување кое лесно се пренесува по капков пат. Едно лице со морбили (мали сипаници) може да зарази 9 од 10 лица околу него кои не се вакцинирани. Досега се вакцинирани 6.276 деца само во Скопје, а пред прогласувањето на епидемијата во населбата Радишани, на 19 декември годинава, беа регистрирани околу 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцина. Родителите треба многу сериозно да ги сфатат насоките и од Комисијата за заразни болести и да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство. -Потсетуваме дека покрај вакцинацијата, не постои друг лек во светски рамки кој е познат на медицината базирана на докази. Со апстиненција од вакцинација, родителите го доведуваат своето дете во огромен ризик. МРП вакцината е со одличен квалитет, од европски производител, има добар рок на траење и поседува два сертификати за квалитет. Апел до родителите да ги вакцинираат децата, само така ќе ја спречиме епидемијата и ќе заштитиме некое друго дете од зараза и смрт поради компликации од морбилите, велат од Министерството. Вчера почина 13-месечно бебе од компликации од мали сипаници на Клиниката за детски болести. Ова е трет смртен случај за три дена, откако битката со живот ја загубија уште едно 13 месечно и едно шестмесечно бебе. По одлуката на Комисијата за заразни болести да се вакцинираат бебињата со полни 6 месеци со МРП вакцината, Македонија ја има најниската граница во светот. Македонија Досега во Македонија првата доза од МРП вакцината се примаше на 13 месеци, додека втората на 6 години, односно прво одделение. Европа Сите земји на Европската унија вклучија две дози на вакцина против мали сипаници и првата се прима од 12 до 18 месеци. Претходните студии покажаа дека вакцината против морбили кога се дава во две дози, најмалку 98 проценти од примателите на вакцина развиваат заштитен имунитет против болеста. САД Во САД децата треба да добијат две дози од МРП вакцината почнувајќи со првата доза од 12 до 15 месеци, а втората доза од 4 до 6 години. Британија Во Британија МРП вакцината се прима во рок од еден месец по нивниот прв роденден, додека втората децата ја примаат пред да започне школувањето во периодот од 3 години и четири месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-bebinjata-namesto-na-edna-godina-kje-se-vakciniraat-so-mrp-na-6-meseci/feed/ 0
НАЈНИСКА ГРАНИЦА ВО СВЕТОТ: Комисијата за заразни болести со одлука да се вакцинираат бебињата со полни 6 месеци со МРП вакцината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najniska-granica-vo-svetot-komisijata-za-zarazni-bolesti-so-odluka-da-se-vakciniraat-bebinjata-so-polni-6-meseci-so-mrp-vakcinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najniska-granica-vo-svetot-komisijata-za-zarazni-bolesti-so-odluka-da-se-vakciniraat-bebinjata-so-polni-6-meseci-so-mrp-vakcinata/#respond Mon, 11 Feb 2019 19:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=162805

Комисијата за заразни болести со нови препораки за справување со епидемијата на морбили (мали сипаници). - Сите родители кои имаат деца со наполнети 6 месеци, а живеат на територијата на градот  Скопје, од утре треба да се јават во најблискиот вакцинален пункт за да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината. Родителите пак, кои имаат деца на училишна возраст, а не се ревакцинирани или воопшто не примиле МРП вакцина, да ги вакцинираат децата, и ова се однесува за сите деца кои живеат во Македонија. Комисијата му предложи на Министерството да се почне со теренска вакцинација. - Родителите кои ќе се посомневаат дека нивните деца се заразиле со морбили, или имаат висока температура или пак веќе имаат осип на кожата прво да се јават на преглед во пунктови во Здравствените домови и по проценка на лекар од пунктовите, само со упат да се насочуваат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. - За да се намали притисокот од пациенти на Клиниката за детски болести и Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, граѓаните се упатуваат во трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“. Во овие пунктови има дежурни лекари кои работат секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот. - Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови. На средбата беше констатирано дека вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење. Комисијата укажа дека само со колективен имунитет, или 95 отсто вакцинирано население со МРП вакцината, ќе може да ја спречиме епидемијата и смртноста кај населението, кај најранливата категорија, децата кои воопшто не примиле вакцина поради возраста или поради некои други хронични заболувања. Сите предходни мерки кои ги донесе Комисијата сѐ уште се на сила. Тоа значи дека децата кои не се вакцинирани со МРП нема да се примаат во градинките, се апелира за интензивна и неодложна вакцинација на децата кои се во добро здравје за да се подигне колективниот имунитет. Да се вакцинираат сите здравствени работници кои имаат непосреден контакт со пациенти заболени од морбили. Најстрого се забранува и посета на болни во сите здравствени установи. Досега се вакцинирани 6.276 деца само во Скопје, а пред прогласувањето на епидемијата во населбата Радишани, на 19 декември годинава, беа регистрирани околу 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцина. Македонија Досега во Македонија првата доза од МРП вакцината се примаше на 13 месеци, додека втората на 6 години, односно прво одделение. Европа Сите земји на Европската унија вклучија две дози на вакцина против мали сипаници и првата се прима од 12 до 18 месеци. Претходните студии покажаа дека вакцината против морбили кога се дава во две дози, најмалку 98 проценти од примателите на вакцина развиваат заштитен имунитет против болеста. САД Во САД децата треба да добијат две дози од МРП вакцината почнувајќи со првата доза од 12 до 15 месеци, а втората доза од 4 до 6 години. Британија Во Британија МРП вакцината се прима во рок од еден месец по нивниот прв роденден, додека втората децата ја примаат пред да започне школувањето во периодот од 3 години и четири месеци.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najniska-granica-vo-svetot-komisijata-za-zarazni-bolesti-so-odluka-da-se-vakciniraat-bebinjata-so-polni-6-meseci-so-mrp-vakcinata/feed/ 0
Социјалните мрежи вријат откако Филипче призна дека не ја вакцинирал внуката: „Оставка и одговорност, а не лажење“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/socijalnite-mrezi-vrijat-otkako-filipche-prizna-deka-ne-ja-vakciniral-vnukata-ostavka-i-odgovornost-a-ne-lazenje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/socijalnite-mrezi-vrijat-otkako-filipche-prizna-deka-ne-ja-vakciniral-vnukata-ostavka-i-odgovornost-a-ne-lazenje-foto/#respond Mon, 28 Jan 2019 08:15:03 +0000 https://kurir.mk/?p=157278

Откако вчера министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, граѓаните остро го нападнаа министерот. Социјалните мрежи речиси „вријат“ откако Филипче призна дека неговата внука Илина не била вакцинирана од МРП иако тоа го тврдеше преку фотографија на социјалните мрежи. -Попаметно е да ќутиш и ништо да не кажуваш. -Од кога дедовци носат деца на вакцинација? Мајката му дала полномоштво да и го вакцинира детето? -Абе за ова во нормална држава и да одговараш би требало... -За тебе вакцина за лажење, се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Инаку вчера министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП. „Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“, изјави Филипче. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/socijalnite-mrezi-vrijat-otkako-filipche-prizna-deka-ne-ja-vakciniral-vnukata-ostavka-i-odgovornost-a-ne-lazenje-foto/feed/ 0
МЗ: Досега 1.079 деца примиле МРП вакцина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-dosega-1-079-deca-primile-mrp-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-dosega-1-079-deca-primile-mrp-vakcina/#respond Mon, 07 Jan 2019 07:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=149278

МРП вакцина вчера до 19 часот примило 21 дете.  Досега се вакцинирани 1.079 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти синоќа Министерството за здравство. Од Министерството за здравство апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца. МРП вакцината е висококвалитетна, а производител е компанијата Глаксо Смит Клајн од Белгија, посочуваат од Министерството. Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, денеска ќе работат од 07:30 до 13 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-dosega-1-079-deca-primile-mrp-vakcina/feed/ 0
МЗ: Вчера и денеска 990 деца примиле МРП вакцина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vchera-i-deneska-990-deca-primile-mrp-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vchera-i-deneska-990-deca-primile-mrp-vakcina/#respond Fri, 04 Jan 2019 19:30:04 +0000 https://kurir.mk/?p=148636

Во текот на вчерашниот и денешниот ден 990 деца примиле МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти Министерството за здравство. Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, утре и задутре ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот, информираат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vchera-i-deneska-990-deca-primile-mrp-vakcina/feed/ 0
МЗ: До 15 часот 939 деца примиле вакцина против МРП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-do-15-chasot-939-deca-primile-vakcina-protiv-mrp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-do-15-chasot-939-deca-primile-vakcina-protiv-mrp/#respond Fri, 04 Jan 2019 15:17:14 +0000 https://kurir.mk/?p=148515

До 15 часот вакцинирани се 939 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници). МРП вакцина е висококвалитетна и ефективна, а производител е Глаксо Смит Клајн од Белгија, соопшти попладнево Министерството за здравство. Вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, викендов, на 5 и 6 јануари ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот. Од Министерството апелираат до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина и потсетуваат дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје. Родителите кои со своите деца ќе одат во поликлиниките на вакцинација, имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да ги вакцинираат, посочуваат од Министерството за здравство. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-do-15-chasot-939-deca-primile-vakcina-protiv-mrp/feed/ 0