МРП вакцини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Jan 2019 13:52:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МРП вакцини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хоспитализирани уште две деца, досега вакцинирани 1.904 деца со МРП вакцини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-ushte-dve-deca-dosega-vakcinirani-1-904-deca-so-mrp-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-ushte-dve-deca-dosega-vakcinirani-1-904-deca-so-mrp-vakcini/#respond Sun, 13 Jan 2019 13:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=151720

Министерството за здравство информира дека денеска до 10:00 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште две деца суспектни на морбили. – Станува збор за едно дете од селото Крушопек-Сарај и има едба година и едно девет месечно дете од населбата Шуто Оризари, двете невакцинирани. Тоа значи дека во моментов има 22 болни од морбили, од кои 20 се деца и двајца се возрасни, се појаснува во соопштението од Министерството за здравство. Во вакциналните пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 10 деца или вкупно до денеска 1,904 лица ја примиле МРП вакцината. Од Министерството за здравство уште еднаш повикуваат на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили. Има доволно количини од МРП вакцините. Се апелира до родителите, уште утре да ги вакцинираат своите невакцинирани деца во вакциналните пунктови, пред почнувањето на второто полугодие. Апелот, стои во соопштението, важи за сите основни училишта во државата. – Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, се подвлекува во соопштението од Министерството за здравство. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-ushte-dve-deca-dosega-vakcinirani-1-904-deca-so-mrp-vakcini/feed/ 0
Скандал: Повлечени 500 вакцини МРП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-povlecheni-500-vakcini-mrp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-povlecheni-500-vakcini-mrp/#respond Fri, 11 Jan 2019 13:01:19 +0000 https://kurir.mk/?p=151013

Според најнови информации не 67 вакцини, како што беше првичната бројка, туку 500 вакцини МРП на кои биле залепени погрешни декларации со веќе изминат рок на употреба се пронајдени и повлечени од 11 вакцинални пункта во земјата, потврди МАЛМЕД – Агенција за лекови и помошни медицински средства на РМ. Во моментов се одржува итен состанок во Министерството за здравство, на кој се очекува да биде решено, меѓу другото, и какви казнени мерки ќе бидат преземени спрема компанијата „Македонија лек“, каде биле залепени погрешните декларации на вакцините, кои во услови на прогласена епидемија на мали сипаници почнаа забрзано да се трошат. Надлежните уште од првиот ден по обелоденување на овој пропуст тврдат дека сите вакцини против морбили, рубеола и паротит МРП се со добар рок до јуни и јули 2019 година. – Ги повлекуваме сите 500 вакцини од вкупно 11 вакцинални пункта во земјата со погрешни декларации напишани на македонски јазик, а сите уште еднаш ќе се пребројат и во Министерството за здравство. Станува збор за погрешни лепенки на 1,7 отсто од вкупната количина вакцини кои биле дистрибуирани во здравствените домови. А ќе се проверува и дали со дел од овие вакцини биле вакцинирани некои од децата. Сите вакцини се со добар квалитет и безбедни, но фирмата која ја направи грешката треба да плати глоба, ќе утврдиме колку таа ќе изнесува. Без сомнение, направена е грешка и треба да се казнат – изјавија неофицијално од МАЛМЕД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-povlecheni-500-vakcini-mrp/feed/ 0
Скандалозно: Откриени вакцини со истечен рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-otkrieni-vakcini-so-istechen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-otkrieni-vakcini-so-istechen-rok/#respond Fri, 11 Jan 2019 10:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=150937

Според информации на весникот „Независен“ новите вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград. Имено директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, не открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор и во кои здравствени домови и градови. Проверка се има направено и на целата документација на компанијата „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на вакцината МРП до здравствените домови. Иако здравствените власти очекуваа резултатите од контролата да бидат готови порано, но велат дека ќе ги обелоденат денеска. „Инспекторите во средата влегоа во компанијата „Македонија лек“, каде што и во текот на вчерашниот ден ја проверуваа документацијата. Треба точно да се утврди на колку вакцини им биле аплицирани декларации со истечен рок. Планираме денеска да ги имаме резултатите од контролата и да ги обелодениме. Се проверуваат и вакциналните пунктови. Ќе излеземе со точен број на вакцини што се најдени деновиве со декларации со истечен рок. Кај вакцините нема никаков проблем со рокот, сите се со важечки рок и се работи за сериозна фирма производител. Тоа што е направено со декларациите е техничка грешка. Ќе има санкции за компанијата увозник по ваквиот пропуст, тоа во моментов го разгледуваме. Во правилникот за дистрибутивна пракса разгледуваме да внесеме новини, да го прошириме за во иднина да се внимава како се дистрибуира лекот од увозникот и како се прима во здравствените домови. Да се следи дистрибутивниот синџир и точно да се дефинираат казните како за последната направена техничка грешка“, објаснил Ибраими за порталот „Независен“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-otkrieni-vakcini-so-istechen-rok/feed/ 0
Македонијалек: Сите вакцини се со важечки рок и безбедни за употреба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonijalek-site-vakcini-se-so-vazechki-rok-i-bezbedni-za-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonijalek-site-vakcini-se-so-vazechki-rok-i-bezbedni-za-upotreba/#respond Tue, 08 Jan 2019 09:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=149596

По информациите кои се појавија во јавноста за можно присуство на вакцини со истечен рок, нашата компанија „Македонијалек“, која е увозник и дистрибутер на МРП вакцините, изврши внатрешна контрола за да ги провери овие наводи. Контролата покажа дека сите МРП вакцини од марката „Priorix“, кои нашата компанија ги дистрибуира, се со важечки рок и сигурни за користење, соопштуваат од компанијата. Оттаму посочуваат дека на вакциналните пунктови има дистрибуирано вакцини од две серии, едната со важност до мај 2019 година, а другата до јули 2019. -При контролата, откриена е помала техничка грешка која вработените ја направиле при аплицирање на декларациите. Имено, кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018. Нашата компанија се извинува за овој пропуст и непријатностите кои биле предизвикани. Овие пакувања се веднаш повлечени како не би правеле понатамошни забуни во јавноста и соодветно ќе бидат заменети. Граѓаните може да бидат сигурни дека сите вакцини се со врвен квалитет и важечки рок. Воедно ве известуваме дека горенаведената вакцина нашата компанија ја увезува од 2016 година и истата во континуитет, непрекинато се испорачува до здравствените установи со стандарден квалитет, се вели во соопштението на компанијата. „Македонијалек“ стои на располагање за соработка со институциите за целосно расчистување на овој случај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonijalek-site-vakcini-se-so-vazechki-rok-i-bezbedni-za-upotreba/feed/ 0