мрп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Feb 2020 15:39:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мрп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Никој нема да одговара за случајот со МРП-вакцините со погрешни етикети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoj-nema-da-odgovara-za-sluchajot-so-mrp-vakcinite-so-pogreshni-etiketi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoj-nema-da-odgovara-za-sluchajot-so-mrp-vakcinite-so-pogreshni-etiketi/#respond Fri, 28 Feb 2020 15:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=310050

Основното јавното обвинителство-Скопје донело Резолуција дека нема да интервенираат во предметот оформен по допрен глас во врска со увозот, дистрибуцијата и употребата на МРП вакцината во периодот од крајот на 2018 до почетокот на 2019 година, бидејќи овој настан не ги исполнува елементите на кривичното дело. Во предметот, како што информираат од ОЈО, се испитуваа евентуални неправилности околу увозот, рокот на употреба и евентуално предизвикани штетни последици од вакцините. Дополнително за истиот настан кривична пријава поднесе и Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Кичево. -По оформувањето на кривичниот предмет, надлежниот јавен обвинител издаде наредба – да се извршат проверки во правното лице „Македонија лек“, увозник и дистрибутер на вакцината МРП, во смисла кога бил направен увозот на оваа вакцина, која количина била увезена, од кого и од каде била истата увезена, до кога бил рокот на употреба на увезените вакцини, дали етикетите на пакувањата од вакцините биле дополнително залепени, а доколку било така, од кои лица биле залепени и кои биле причините за тоа или пак вакцините биле доставени со залепени етикети, како и на други околности за набавка и дистрибуција на предметните вакцини, стои во соопштението од ОЈО. Проверки се направени и во Агенција за лекови и медицински помагала – МАЛМЕД, во поглед на извршениот увоз и дистрибуција на вакцината МРП. Притоа, како што информираат од ОЈО, се испитувало дали оваа Агенција извршила контрола врз увозот, дистрибуцијата и употребата на предметните вакцини, доколку бил извршен таков надзор, што било констатирано, дали биле констатирани евентуални неправилности во однос на „рокот на важност“ на вакцините, дали било констатирано кога се залепени етикетите на вакцините, а доколку евентуално биле дополнително залепени, кој го направил тоа и од кои причини, дали е дозволено евентуално такво дејствие од страна на увозникот на лекот, дали овие вакцини биле употребени, дали имало констатирано штетни последици од вакцините кај одделни пациенти, дали вакцини со евентуално дополнително залепени етикети може да бидат пуштени во промет, дали овие вакцини биле пуштени во употреба во Здравствените домови во Република Македонија, како и други релевантни околности. -Едновремено, со Наредбата беше побарано да се извршат проверки и во Министерството за здравство како ресорно министерство, како и да се обезбеди релевантната писмена документација, која што се однесува на увозот, дистрибуцијата и употребата како и евентуалната замена на етикетите со рок на важност на вакцините, а документацијата за извршен надзор и евентуално констатирани неправилности и евентуални штетени последици од нив врз здравјето на пациентите да се обезбеди во оригинал или заверен препис за да може да се употреби како доказ во кривичната постапка, информираат од ОЈО. Дополнително надлежен јавен обвинител наредил да се обезбедат како материјален доказ и предметните вакцини и да се чуваат под соодветни услови, за да не дојде до нивно контаминирање, а заради целите на кривичната постапка. Основното јавно обвинителство Скопје се обратило и до Центарот за испитување и контрола на лекови со барање за податоци дали лекот е штетен по здравјето на луѓето и дали истиот може да биде употребуван кај пациентите односно пуштен во промет со лекови. На ваквото барање беше одговорено дека Центарот за испитување и контрола на лекови може да врши проценка на податоците само контактно надворешно во споредбена анализа со одобрениот примерок и дека овој Центар нема техничка можност за да спроведе лабораториско испитување на примерокот со цел утврдување на квалитетот. -Со цел да се спроведе потребната лабораториска анализа, Основното јавно обвинителство Скопје преку Агенцијата за лекови и медицински помагала и Центарот за испитување и контрола на лекови, предметните вакцини кои биле обезбедени како доказ како и целокупната материјална документација потребна за изработка на вештачењето ја проследи до Paul Enrlich-Институтот од Ланген, Германија. Постапувајќи по Наредбата за вештачење на ОЈО Скопје, Центарот за испитување на лекови достави Извештај за проценка на пакување од 25.09.2019 година во кој е наведено дека  лекот Priorix  од производител GlaxoSmithKline Biologicals S.A-Ринсенсарт, Белгија со рок на употреба 05/2019, примен  од Македонија Лек ДОО Скопје на 3.04.2018 година содржи неточни податоци на дополнителната налепница на македонски јазик, залепена на надворешното пакување, меѓутоа од наведеното несовпаѓање не може да се констатира дали конкретниот лек е штетен, се вели во соопштението од ОЈО. Дополнително, со добиените резултати од испитувањето од Paul Ehrlich Институтот од Ланген, Германија се потврдува фармацевтскиот квалитет на лекот и констатирано е дека испитуваниот примерок на препаратот Priorix прашок и вехикулум за раствор за инјектирање во однос на испитаните параметри одговарал на барањата на спецификација на квалитет  на производителот. -Со оглед на тоа што по извршената стручна проценка и добиените резултати е констатирано само надворешно несовпаѓање на податоците на налепницата кое не влијаело на квалитетот на лекот, надлежниот јавен обвинител одлучи дека пријавениот настан не ги исполнува елементите на кривичното дело – Про­из­водс­тво и пу­шта­ње во про­мет штет­ни средс­тва за ле­ку­ва­ње од член 212 од Кривичниот законик, ниту на кое било друго кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност, стои во соопштението од ОЈО. Основното јавно обвинителство Скопје го извести Министерството за внатрешни работи и Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ дека нема да преземе понатамошно кривично гонење за овој настан.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoj-nema-da-odgovara-za-sluchajot-so-mrp-vakcinite-so-pogreshni-etiketi/feed/ 0
Регистрирани 1.893 случаи со мали сипаници, познато е кога ќе биде прогласен крај на епидемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/registrirani-1-893-sluchai-so-mali-sipanici-poznato-e-koga-kje-bide-proglasen-kraj-na-epidemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/registrirani-1-893-sluchai-so-mali-sipanici-poznato-e-koga-kje-bide-proglasen-kraj-na-epidemijata/#respond Mon, 26 Aug 2019 11:14:29 +0000 https://kurir.mk/?p=233464

Министерството за здравство информира дека стапката на вакцинација со МРП вакцина во целата држава изнесува 98 проценти. Во градот Скопје изнесува 99%, а во останатиот дел од државата 97%. Досега, вакцинирани се 35.870 лица со МРП вакцина на возраст до 14 годишна возраст. Од нив, во Скопје се вакцинирани 16.732, додека пак, во останатиот дел од државата се вакцинирани 19.138 лица на возраст до 14 години, кои подлежат на вакцинација. Во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.189 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст. -Од почетокот на епидемијата, се регистрирани 1.893 случаи со мали сипаници на територија на целата држава, што претставува најголема бројка во изминатите 20 години. Родителите ги послушаа препораките на Министерството за здравство и ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата со МРП вакцина. Мерките вродија со плод. Од опфат од 89 отсто пред епидемијата со морбили, сега оптфатот е над 99 отсто, а препораката на Светската здравствена организација е 95 отсто, велат од Министерството за здравство. Крајот на епидемијата од морбили ќе биде прогласен, кога два пати по 12 дена нема да има пријавено ниту еден заболен пациент со мали сипаници. Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/registrirani-1-893-sluchai-so-mali-sipanici-poznato-e-koga-kje-bide-proglasen-kraj-na-epidemijata/feed/ 0
Грип или први знаци на морбили – како да се препознаат симптомите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grip-ili-prvi-znaci-na-morbili-kako-da-se-prepoznaat-simptomite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grip-ili-prvi-znaci-na-morbili-kako-da-se-prepoznaat-simptomite/#respond Thu, 03 Jan 2019 10:11:27 +0000 https://kurir.mk/?p=147770

Зголемена телесна температура од 38 до 40 степени, главоболка, малаксаност, вознемиреност, солзење на очите, течење на носот, сува кашлица – ова се симптомите кои наведуваат на грип, но и првиот сигнал за мали сипаници – морбили. Карактеристично за морбилите е што во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени. Примариус д-р Лилјана Лазаревска, началник на епидемиолошкото одделение во Центарот за јавно здравје, за Фактор вели дека простор за паника нема. Симптомите кај морбилите се слични како оние на грипот, но тие навреме треба да се препознаат и да се побара стручна помош. Mалите сипаници, вели д-р Лазаревска, се акутно, вирусно, многу заразно заболување, предизвикано од вирусот на морбили, кое се манифестира со катарални симптоми и макулопапулозен исип, а се јавуваат во помали и поголеми епидемии. По инкубација од 10-12 дена, се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени, главоболка, малаксаност, вознемиреност. Истовремено се јавуваат и катарални симптоми како солзење на очите, течење на носот, сува кашлица т.н. “плачна маска“.

-Карактеристично е што во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени. Првиот осип (макули) се јавува навечер, во пределот на косата. По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело, при што кожата станува видливо црвена, со ситни макулозни промени. Осипниот стадиум трае 3 до 6 дена и потоа осипот почнува да бледее, а по една недела се губи”, вели прим. д-р Лазаревска.

Како се пренесува болеста и што треба да се направи додека трае?

-Малите сипаници, додава д-р Лазаревска, се типично респираторно заболување и се пренесува преку воздушно-капков пат. Покрај горните дишни патишта, како влезна врата се и коњуктивите. Резервоар на инфекцијата е исклучително човекот, дoдека изворот на заразата се секретите на заболениот. Се смета дека 90% од луѓето без имунитет кои го споделуваат животниот простор со заболеното лице ќе се заразат. Во тешките форми на заболувањето може да се добие бронхопневмонија, бронхиолитис, ларингитис или бактериска пневмонија како дополнување на основната болест. Во потешки форми се јавуваат и отитис-воспаление на увото, синуситис-воспаление на синусите, и енцефалитис-воспаление на мозочните обвивки. Најважно е болниот во текот на заболувањето да се изолира, да седи во домашни услови, на амбиентална температура од 24 степени, да зема многу течности, чаеви, природни сокови и витаминска терапија. Ако болеста е пропратена со висока температура со контрола и препорака на лекар се земаат и антипиретици – лекови за намалување на истата. Болеста, објаснува д-р Лазаревска, се пренесува преку воздух, со ситните капки секрет од дишните патишта кои при кашлање, кивање и гласно зборување ги исфрлаат заразените лица. Вирусот може да живее до два часа во надворешната средина и тоа на предмети и површини што даваат можност за индиректно пренесување како детски играчки, загадени предмети и работни површини. Согласно Календарот за имунизацијата во Македонија, вакцинацијата против мали сипаници се дава во две дози. Првата доза по навршените 12 месеци од животот, а втората на 6 годишна возраст. Траен имунитет се создава по прележување на заболувањето и штити во текот на целиот живот. Во Скопје прогласена епидемија! Се очекува зголемување на бројот на заразени! Епидемија на мали сипаници се прогласува кога има повеќе епидемиолошки поврзани случаи. Зголемување на бројот на заболените од мали сипаници обично се јавува циклично на секои 2-3 години. Во зависност од текот на епидемијата се предлагаат и преземаат соодветни мерки, што вклучува дополнително и евентуална вакцинација на одредени групи на лица, блиски контакти во семејството, затворени колективи, колективи со групно сместување. Засега се евидентирани 25 лабораториски потврдени случаи, но нивниот број се очекува да биде поголем.

“Наша должност и обврска е да им укажеме на родителите и апелираме за нивно вакцинирање, а да би се избегнало заразувањето и евентуално можните компликации. Според опфатот на вакцинација заклучивме дека кај децата родени во 2012 година многу е намален опфатот на вакцинација со МРП, и изнесува околу 80 отсто. За да бидеме сигурни да не дојде до епидемија ни треба опфат од 95 до 98 отсто. Ставот наш е дека најдобар начин на заштита е вакцинацијата со две дози вакцина против мали сипаници. Како најчести компликации се примарното вирусно воспаление на белите дробови, морбилиформен постинфективен енцефалитис”, вели прим. д-р Лазаревска.

Согласно Законот за заштита на населението за заразни заболувања, вакцината против мали сипаници е задолжителна за лицата до 14 годишна возраст. Засега во скопските градинки и училишта нема случаи на морбили. Епидемија на мали сипаници имаше и во 2010/ 2011 кога заболеа повеќе од 900 лица. Морбилите имаат широка дистрибуција низ светот, а луѓето се единствените природни домаќини. Вакцинацијата против морбили во светот започнала во шеесеттите години на 20 век. Во 2000- тата година морбилите беа на петто место од причините за смрт кај децата ширум светот, со пресметани 777 000 смртни случаи. Епидемиолозите апелираат родителите да не одбиваат да ги вакцинираат своите деца, бидејќи на тој начин оставаат можност за проширување на болеста во сериозни размери. И покрај казните за бојкот на редовната вакцинација кои се движат до 650 евра, минатата година околу педесетина родители заработиле прекршочни пријави бидејќи одбиле да ги вакцинираат децата. (фактор)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grip-ili-prvi-znaci-na-morbili-kako-da-se-prepoznaat-simptomite/feed/ 0
Од денеска забрана за носење невакцинирани деца од МРП вакцината во градинките во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-zabrana-za-nosenje-nevakcinirani-deca-od-mrp-vakcinata-vo-gradinkite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-zabrana-za-nosenje-nevakcinirani-deca-od-mrp-vakcinata-vo-gradinkite-vo-skopje/#respond Thu, 03 Jan 2019 09:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=147745

Од денеска стапува во сила привремената мерка забрана за носење невакцинирани деца од МРП вакцината во градинки на подрачјето на град Скопје. Забраната следи по прогласена епидемија од морбили на целото подрачје на градот. Од 19 декември кога беше прогласена епидемија во скопската населба Радишани, досега, има 19 заболени, од кои 13 се докажани и шест сомнителни за кои се чека лабораториска потврда во текот на денешниот ден. Сите заболени се невакцинирани лица. Станува збор за деца на возраст од осуммесечна возраст, но и возрасни со 32 и 47 години. Од потвредените случаи во Скопје се регистрирани три случаи во општина Бутел, и по еден случај во општинините Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром, додека од сомнителните случаи два во општина Аеродром и по еден случај во општините Бутел, Центар и Ѓорче Петров. Здравствените власти повикуваат на задолжителната вакцинација на невакцинирани деца со МРП вакцината, која е ефикасна во превенција на болеста. Родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца ќе бидат казнети од 350 до 650 евра. – Работата е под контрола. Се прават увиди во сите вакцинални пунктови на невакцинираните деца, иако тоа го почнавме пред две недели, за жал од вкупно 15.000 невакцинирани деца со повиците од вакциналните пунктови само 310 се вакцинирале што е исклучително мала бројка, истакна вчера на прес-конференција министерот за здравстово Венко Филипче. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани осум пациенти со јасна клиничка слика на морбили, од кои шест се потврдени, додека кај двајца се чека лабораториска потврда. Сите пациенти имаат компликации, а најголем дел од нив се со бронхопневмонија. Малите сипаници се високо инфективна болест на респираторниот систем. Се пренесуваат преку воздух, со ситните капки секрет од дишните патишта кои при кашлање, кивање и гласно зборување ги исфрлаат заразените лица. Симптомите вообичаено почнуваат да се јавуваат 10 до 12 дена после изложувањето и траат седум до 10 дена. Иницијалните симптоми вклучуваат треска, често со температура поголема од 40 степени, кашлица, течење на носот и воспалени очи. Мали бели точки познати како Копликови петна може да се формираат од внатрешната страна на устата два до три дена после почетокот на симптомите. Црвен исип вообичаено се јавува на лицето, а потоа се проширува на остатокот од телото три до пет дена после почетокот на симптомите. Компликациите вклучуваат појава на дијареа, инфекција на средното уво, пневмонија, но и  воспаление на мозокот. Лекарите препорачуваат болниот во текот на заболувањето да се изолира, да седи во домашни услови, на амбиентална температура од 24 степени, да се пијат многу течности, чаеви, природни сокови и витаминска терапија. Ако болеста е пропратена со висока температура со контрола и препорака на лекар треба да се земаат и лекови за нејзино намалување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-zabrana-za-nosenje-nevakcinirani-deca-od-mrp-vakcinata-vo-gradinkite-vo-skopje/feed/ 0