мрса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Nov 2022 07:00:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мрса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Салиу: Опасните бактерии МРСА и ацинетобактер детектирани на КАРИЛ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saliu-opasnite-bakterii-mrsa-i-acinetobakter-detektirani-na-karil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saliu-opasnite-bakterii-mrsa-i-acinetobakter-detektirani-na-karil/#respond Wed, 30 Nov 2022 07:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=768633

Новинарот Фуркан Салиу во објава на социјалните мрежи пишува дека во интензивниот оддел во КАРИЛ детектирани се две опасни бактерии МРСА и ацинетобактер. -Знаете колку голема стана темата со интрахоспитални инфекции пред некое време? Секако оправдано знаејќи како се третираат во нормални држави и како се третираат кај нас. Имено, според наши извори во интензивниот оддел во #КАРИЛ детектирани се две опасни бактерии: #МРСА и #АЦИНЕТОБАКТЕР. МРСА знаеме колку брзо се шири и за пациенти во тешка состојба какви што се во интензивниот оддел на КАРИЛ можат да бидат и фатални. Што прават нашите институции? Па да, може да претпоставите... Спијат. На 21.11 откриено присуство на МРСА кај 4 пациенти, а кај едниот и присуство на ацинетобактерија. После три дена, а не после 48 часа како што е пропишано во законот за заштита од заразни болести се информира одделот дека има присуство на две опасни бактерии. Осум дена покасно, институциите немаат врска што се случува. Одамна немало појава на вакви бактерии и одеднаш се појавуваат што значи дека најверојатно е внесен. Наместо да се земат брисеви од вработени, и да се следат сите други инструкции ова е на пример одговорот на ИЈЗ. “Во врска со Вашето прашање за пријавени интрахоспитални инфекции од КАРИЛ, би сакале да Ве известиме дека до ИЈЗ - Оддел за епидемиологија на заразни заболувања, од страна на Центрите за јавно здравје не е доставена пријава за интрахоспитална инфекција од посочената установа. Во однос на прибирање пријави за интрахоспитални инфекции, нивна анализа и превземање соодветни мерки, надлежна установа е Центар за јавно здравје, а за посочената установа надлежен е Центар за јавно здравје Скопје.“ А од Центарот за јавно здравје велат дека имаат пријава за еден пациент, кој најверојатно е друг случај. И додека институциите се разберат како и што треба, којзнае (а ќе дознаеме) дали сите 4 пациенти сеуште се живи. Но еве и во случај да се побара изолација на просторијата и преместување на пациентите, во КАРИЛ нема резервна соба за интензивна нега. Господ и да сака да ни помогне со ваков здравствен систем едноставно НЕ МОЖЕ. Секако, се собираат и други детали од целава прича па ако институциите не удостојат со точни и навремени одговори можеби и ќе склопиме сторија, стои во објавата на Салиу. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saliu-opasnite-bakterii-mrsa-i-acinetobakter-detektirani-na-karil/feed/ 0
СКАНДАЛ: Родителите обвинуваат за три нови случаи на МРСА во кланот Кокиче во Кисела Вода, МТСП молчи, од градинката спуштаат слушалка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-roditelite-obvinuvaat-za-tri-novi-sluchai-na-mrsa-vo-klanot-kokiche-vo-kisela-voda-mtsp-molchi-od-gradinkata-spushtaat-slushalka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-roditelite-obvinuvaat-za-tri-novi-sluchai-na-mrsa-vo-klanot-kokiche-vo-kisela-voda-mtsp-molchi-od-gradinkata-spushtaat-slushalka/#respond Wed, 09 Oct 2019 12:49:44 +0000 https://kurir.mk/?p=249602

Бактеријата МРСА се шири помеѓу дечињата во клонот Кокиче од градинката Весели цветови, а покрај четирите случаи загрижени родители за КУРИР денеска информираат дека се сомневаат на уште три нови случаи кај децата. Откако пред два дена во медиумите се појави информацијата за заболени на три дечиња и една воспитувачка од бактеријата МРСА денеска редакцијата на КУРИР ја контактираше мајка на дете кое оди во истата градинка тврдејќи дека во градинката во моментов има уште три нови дечиња заболени од МРСА. -Децата се примаат и чуваат во една просторија, дали некој се интересира за овој случај? Никој не презема ништо, ниту пак директорката Валентина Божиновска. Родителите немаат никаква информација за останатите вработени, дали се заразени со заразната бактерија или пак не, ни потенцира револтираната мајка. Таа во разговорот за КУРИР вели дека градинката во вакви услови не смее да работи и дека ниту градоначалникот не презема ништо во врска со овој проблем. Во обид да добиеме точни информации што се случува во клонот Кокиче од градинката Весели цветови се обидовме да исконтактираме со надлежните од оваа детска установа. При разговорот со лице од управата ни одговорија дека директорката е излезена во моментов, но сите информации можеме да ги добиеме и од Центарот за јавно здравје кое е надлежно за контрола на установата. -Ние од родителите побаравме дечињата да се однесат и да направат брисеви како и истото го направија и вработените и само кај една од вработените е пронајдена оваа заразна бактерија, велат од управата на градинката. Сепак ова лице беше нестручно во давањето на целосен одговор па не замоли да не поврзе со главната медицинска сестра на сите објекти, но откако се претставивме дека се јавуваме како новинска агенција која бара одговор ни ја спушти слушалката што е недолично однесување на еден ваков вработен во институција во која во моментов се шири заразната бактерија МРСА. Одговор по електронски пат побаравме и од Министерството за труд и социјална политика од каде до овој момент немаме добиено никаков одговор. Одговор на новинарското прашање „Дали општината Кисела Вода врши надзор и инспекциска контрола во градинката“ побаравме и од општина Кисела Вода во која се наоѓа градинката во која беше откриена заразната бактерија. -Во интерес на објективното и целосно информирање на јавноста би сакале да Ве информираме за следното: Согласно Законот за заштита на децата, надзор над стручната работа во остварувањето, згрижувањето, воспитувањето, престојот, негата и исхраната во јавните детски градинки врши Министерството за труд и социјална политика. Дополнително, министерството врши надзор над спроведувањето и примената на одредбите од Законот за заштита на децата и другите прописи кои се однесуваат на заштитата на децата и нивното згрижување во јавните детски градинки. Сепак, општината Кисела Вода постојано е во контакт со надлежните институции и со менаџментот на градинката „Весели Цветови“, во чиј состав е и објектот „Кокиче“. Имено, согласно последните податоци од Центарот за јавно здравје и менаџментот на градинката во моментов во овој објект се регистрирани вкупно 4 случаи на бактеријата МРСА од кои еден случај кај воспитувач и 3 случаи кај деца. Притоа, преземени се сите мерки, согласно Законот и известени се сите надлежни институции. Дополнително е извршена дезинфекција по индикација, односно вон редовниот термин за дезинфекција на 07.10.2019 година, од страна на Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација при Центарот за јавно здравје. Истовремено, на ден 08.10.2019 год. Екипи од државниот санитарен и здравствен инспекторат – П.О. Кисела Вода извршија увид во објектот Кокиче. Ситуацијата континуирано се следи и во секој поглед се следат препораките од надлежните институции – Центарот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, стои во одговорот од општината Кисела Вода. Сепак загрижените родители секојдневно се во паника бидејќи нивните деца како што тврдат се чуваат во една просторија, а се сомневаат и во прописите на направената дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектот. За жал одговор на овие прашања не добивме стручно од медицинскиот кадар вработен во градинката кој реши да го прекине повикот наше барање на одговор од градинката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-roditelite-obvinuvaat-za-tri-novi-sluchai-na-mrsa-vo-klanot-kokiche-vo-kisela-voda-mtsp-molchi-od-gradinkata-spushtaat-slushalka/feed/ 0
Нов случај на МРСА во градинката во Кисела Вода- бактеријата се шири меѓу децата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-mrsa-vo-gradinkata-vo-kisela-voda-bakterijata-se-shiri-megju-decata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-mrsa-vo-gradinkata-vo-kisela-voda-bakterijata-se-shiri-megju-decata/#respond Mon, 07 Oct 2019 15:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=248866

Бактеријата МРСА се шири помеѓу дечињата во клонот Кокиче од градинката Весели цветови. Загрижена мајка денеска алармираше дека, покрај претходните два случаи, за кои информираше „Слободен печат“, бројот се зголемил за уште едно дете. Мајката обвинува дека Управата на градинката наместо да повика служба за дезинфекција, тие одлучиле сами да дезинфицираат, и тоа додека децата се присутни во просториите. – Сите деца се ставени во една просторија, а во другите се чисти. Тоа не е начин да се искорени бактеријата. Мора да се почитуваат стандарди и правила, вели загрижената мајка, пренесува порталот. Од градинката велат дека до нив не е пристигната информација нов случај на МРСА. – Доколку добиеме информација за нов заболен од МРСА повторно ќе исконтактираме со Центарот за јавно здравје. Денес имаше вонредна дезинфекција на цел објект. Екипата дојде порано, пред да дојдат децата и потоа ги пуштивме децата во занималните, рече Валентина Божиновска, директорка на градинката. За разлика од дезинфекцијата која е безопасна и може да се направи пред почетокот на работниот ден, дератизација се прави во петок попладне, за да може да има дејство и во текот на викендот. Редовна дератизација по протокол се прави два пати годишно, а ако има потреба се прави и вонредна дератизација, додаде Божиновска, и повика да не се прави паника од овој случај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-mrsa-vo-gradinkata-vo-kisela-voda-bakterijata-se-shiri-megju-decata/feed/ 0
Нема нов случај со МРСА: Негативни резултати од 48-те земени мостри од неколку училишта и градинки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-nov-sluchaj-so-mrsa-negativni-rezultati-od-48-te-zemeni-mostri-od-nekolku-uchilishta-i-gradinki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-nov-sluchaj-so-mrsa-negativni-rezultati-od-48-te-zemeni-mostri-od-nekolku-uchilishta-i-gradinki/#respond Mon, 18 Mar 2019 12:32:06 +0000 https://kurir.mk/?p=175973

Негативни се резултатите од 48-те земени мостри од неколку училишта и градинки од Чаир и Бутел, што требаше да покажат дали има присуство на бактеријата МРСА. Деновиве нема ниту еден нов случај со бактеријата МРСА. Ова денеска го изјави епидемиологот Александар Стојанов од Центарот за јавно здравје Скопје, кој во врска со тоа дека минатата недела кај ученик од Зелениково е потврдена бактеријата, рече дека бактеријата може да ја има во секое училиште и секаде на друго место, дека станува збор за колонизација на бактерии во овој случај тоа е МРСА. – Нема потреба од никаква реакција во смисла да се земаат антибиотици. Бактеријата МРСА е опасна во болнички услови. Ние не живееме во стерилна средина, ние сме цело време изложени на некакви инфекции. Немаме болно дете, се реагира кога има температура, инфекција, изразена со клинички знаци… Ова е нормална ситуација во општеството, така што немаше потреба од посебни мерки, рече д-р Стојанов. Посочи дека Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство одлучила дека не може на секое јавување од директори или од професори од училиштето каде ќе се најде некоја таква бактерија, веднаш да се оди во Центар за јавно здравје за да се земат брисеви за цело училиште, да се дезинфицира итн. – Комисијата одлучи дека ќе се направи едно кратко упатство во случај кога во Центарот за јавно здравје доаѓаат родители со упати од матичен лекар за да им се земат контролни брисеви на нивните деца. Ќе бидат известени матичните лекари дека кај вакви случаи кога нема клинички знаци за инфекција, а тоа го викаме колонизација на бактерии на одредено место во телото, нема потреба да им издаваат упати на родителите за нивните деца и да ги препраќаат за брисеви во центрите за јавно здравје, дека не треба да се препишуваат антибиотиците, бидејќи се повеќе се зголемува резистенцијата кога се даваат без потреба. Нема потреба од паника, рече д-р Стојанов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-nov-sluchaj-so-mrsa-negativni-rezultati-od-48-te-zemeni-mostri-od-nekolku-uchilishta-i-gradinki/feed/ 0
Уште едно дете заразено со бактерија „МРСА“- Случајот во училиштето го пријавиле неговите родители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edno-dete-zarazeno-so-bakterija-mrsa-sluchajot-vo-uchilishteto-go-prijavile-negovite-roditeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edno-dete-zarazeno-so-bakterija-mrsa-sluchajot-vo-uchilishteto-go-prijavile-negovite-roditeli/#respond Thu, 14 Mar 2019 12:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=174669

Утрово е пријавен нов случај на дете заразено со бактеријата „МРСА“. Случајот го пријавиле родителите на детето кое што следи настава во основно училиште "Панајотот Гиновски" во Бутел, Скопје, објави АЛСАТМ. Во меѓувреме, тимовите на Државниот санитарен инспекторат пристигнаа во основното училиште "Панајот Гиновски" за извршување на проверки на деца за кои постои сомневање дека се заразени од бактеријата МРСА. Ова е трет случај, во рок од неколку дена, на децата кои се заразени од оваа бактерија. Први случаи со бактеријата "МРСА" беа регистриани во градинката "Снежана" во Чаир. Здравствените власти велат дека во последниот период оваа бактерија станува се поприсутна, додека експертите велат дека тоа не е смртоносно и може успешно да се третира. Лицата погодени од оваа бактерија треба да останат изолирани, додека нивниот третман трае од 7 до 10 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edno-dete-zarazeno-so-bakterija-mrsa-sluchajot-vo-uchilishteto-go-prijavile-negovite-roditeli/feed/ 0
Караџовски: МРСА не е смртоносно заболување туку инфекција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karadzovski-mrsa-ne-e-smrtonosno-zaboluvanje-tuku-infekcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karadzovski-mrsa-ne-e-smrtonosno-zaboluvanje-tuku-infekcija/#respond Wed, 13 Mar 2019 14:41:22 +0000 https://kurir.mk/?p=174359

Во текот на денешниот ден не се пристигнати пријави за новоифицирани со бактеријата МРСА. За граѓаните е најбитно да не се крева паника, не се работи за тешко смртоносно заболување, се работи за инфекција, изјави денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје. Посочи дека во врска со вчерашното известување за појава на бактеријата кај четири лица од кои две деца и двајца возрасни во Скопје, денеска во три наврати контактирал со Државниот санитарен и здравствен инспектора и му било кажано дека нема пристигнати пријави за новоинфицирани. -Инфекцијата на кожа може да создаде нејзино воспаление и да се појават таканаречени чирчиња кои потешко се лекуваат и бараат подолготраен третман. Опасно би било да се добие МРСА кај штотуку родени бебиња заради фактот дека имаат многу чувствителна кожа и ако имаат кожни промени може да дојде до тешко воспаление на кожата. Оваа бактерија ако ја има во грлото и носот во голема количина може да направи бронхит и воспаление на белите дробови кои тешко се лекуваат, рече емидемиологот Караџовски. Потенцира дека бактеријата многу често ја има во последно време, а за да стане смртоносна треба да исполнети повеќе услови односно се регистрира кај лица со нарушен имунитет, кај лица кои имаат други тешки заболувања, чие претходно заболување може да придонесе за отежнато и подолготрајно лекување. Оваа бактерија, нагласи, бара посебен третман, заради тоа што нејзината вирулетност е голема и бара изолација. – Значи секое лице кое е инфицирано со оваа бактерија мора да се изолира од колективот, односно во здравствена институција, во болничка соба каде не може да дојде во контакт со други лица… треба кај матичен доктор да се лекува согласно антибиограмот. Лекувањето трае најмалку седум до десет дена и не смее да се прекинува. Оној момент кога ќе добиеме негативна култура односно кога во брисот од нос и грло нема да најдеме присуство на оваа бактерија лицето може да продолжи со својата работа. Затоа внимателно во делот на испишување или кажување дека се работи за смртоносна бактерија. Истите лица кои вчера беа „тешко болни“ денеска функционираат без проблем, рече епидемиологот Караџовски. Појасни дека станува збор за бактерија која прави контаминација на својата околина, која тешко се искоренува, заради тоа што не реагира на најголем број антибиотици, но, има антибиотици од групата ванкомицин кои се даваат во редовна употреба за нејзино лекување. Тој рече дека во носот, ждрелото и на рацете и при секое кивање, кашлање, зборување, чепкање нос и триење со рацете на површината, ја има бактеријата стафилокок. -Ако рацете не се мијат често пати во текот на денот може со самото поздравување, чепкање и дување нос да се пренесе освен оваа бактерија и одредени количини други бактерии и вируси. Основата на се е недоволната хигиена. Ако се открие бактеријата во болнички установи се констатира дека условите на механичко чистење, дезинфекција и стерилизација на околината во која живеат и работат пациентите и персоналот не е на задоволително ниво, истакна емидемиологот Караџовски. Додаде дека при испитување на секоја култура, секој брис, потребно се 48 часа за децидно да се каже има или нема присуство на одредена бактерија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karadzovski-mrsa-ne-e-smrtonosno-zaboluvanje-tuku-infekcija/feed/ 0
Клиниката за стоматологија денес работи до 14 часот, потоа дезинфекција поради МРСА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-stomatologija-denes-raboti-do-14-chasot-potoa-dezinfekcija-poradi-mrsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-stomatologija-denes-raboti-do-14-chasot-potoa-dezinfekcija-poradi-mrsa/#respond Thu, 31 Jan 2019 10:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=158621

Клиниката за стоматологија денеска ќе работи само прва смена или до 14 часот. Вработените, вели нашиот извор, се известени да дојдат само прва смена. Причината е да се направи дезинфенкција поради констатирањето дека вработен на Клиниката, протетичар е заболен со бактеријата МРСА. Вчера и денес се прават вонредни испитувања на вработените дали се носители на бактеријата. Но, кај упатените постои сомнеж дали дезинфекцијата и проверката кај вработените се прави по специфични протоклоли кои станува збор за вакви случаи кога постои сомнеж за постоење на бактерии кои се многу отпорни. -Кога станува збор конкретно за оваа бактерија на вработените треба им се земе брис и тоа три пати во одреден период. Тоа е начинот да се детектира дали се носители на бактеријата. Во спротивно со еден брис не се добива соодветен резултат. Од друга страна, дезинфекцијата на просториите во Клиниката исто така е специфична. Меѓудругото, се користат и посебни ламби, наведува нашиот извор. Истиот објаснува дека сомнежот се јавува поради пишаната изјавата на надлежните на Клиниката за стоматологија дека „превентивно, направена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории“. По обелодувањето на информацијата министерството за здравство информираше дека нема опасност од зараза со бактеријата МРСА. – Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на бактеријата е изолиран и не доаѓа на работа. Превентивно, извршена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории, информираа од министерството. Од министерството за здравство нагласуваат дека нема опасност од зараза и Стоматолошкиот клинички центар непречено и континуирано обезбедува здравствени услуги за пациентите. Сепак, и за ова упатените велат: „Мора да се постапува претпазливо зошто вработениот е протетичар, значи бил во контакт со материјали и површините во Клиниката, но и со доктори и пациенти“. На претпазливост се укажува поради фактот што станува збор за бактерија која многу лесно се пренесува при ракување, допир, преку површина со која бил во контакт носител на бактеријата. МРСА предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат. Симптомите се појава на булбуси на кожата коишто се црвени, отечени, болни и топли на допир, како и висока температура, грозница, слабост, болки во мускулите и така натаму. Во случаеви на агресивен облик на болеста, доаѓа и до сепса, инфекции на срцевите залистоци или коските и воспаленија на белите дробови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-stomatologija-denes-raboti-do-14-chasot-potoa-dezinfekcija-poradi-mrsa/feed/ 0
Министерството за здравство се огласи по информациите дека има МРСА на Стоматологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-se-oglasi-po-informaciite-deka-ima-mrsa-na-stomatologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-se-oglasi-po-informaciite-deka-ima-mrsa-na-stomatologija/#respond Wed, 30 Jan 2019 15:38:44 +0000 https://kurir.mk/?p=158373

Од страна на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон-Скопје сме информирани дека нема опасност од зараза со МРСА, откако кај еден од вработените е најдена оваа бактерија, информираат од Министерството за здравство. -Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на  бактеријата, е изолиран и не доаѓа на работа. Превентивно, извршена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории. Веќе се вршат превентивни прегледи и на останатите вработени во установата. Уште еднаш нагласуваме дека нема опасност од зараза и Стоматолошкиот клинички центар непречено и континуирано обезбедува здравствени услуги за пациентите, се наведува во соопштението на МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-se-oglasi-po-informaciite-deka-ima-mrsa-na-stomatologija/feed/ 0