мрсна храна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Dec 2020 09:35:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мрсна храна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мрсната и слатка храна се опасни и за мозокот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mrsnata-i-slatka-hrana-se-opasni-i-za-mozokot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mrsnata-i-slatka-hrana-se-opasni-i-za-mozokot/#respond Thu, 10 Dec 2020 09:35:21 +0000 https://kurir.mk/?p=441320

Од сите органи, мозокот најлесно може да се оштети од нездрава исхрана, смета Лиза Москони, доцент по неврологија и радиологија на американскиот Универзитет Корнел во Њујорк. – Храната богата со заситени животински масти го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочни проблеми… Кога јадеме масна или слатка храна, се случуваат симптоми на летаргија, поспаност и губење на помнењето, рече таа на скорешиот Медицински форум. Според неа, таквата храна може да доведе до губење на функционалните и структурните елементи во мозокот и да го направи поранлив на стареење и деменција. За да го спречите несаканото влијание, д-р Москони препорачува да се јаде храна богата со антиоксиданси, како што се витамините Ц и Е, бета-каротен, омега-3 масни киселини и антиинфламаторни Б-витамини. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mrsnata-i-slatka-hrana-se-opasni-i-za-mozokot/feed/ 0
Внимавајте: Во време на строги пости, мрсното се продава како посно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-vo-vreme-na-strogi-posti-mrsnoto-se-prodava-kako-posno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-vo-vreme-na-strogi-posti-mrsnoto-se-prodava-kako-posno/#respond Thu, 29 Nov 2018 12:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=133614

Внимавајте, бидејќи во време на строги пости, мрсното се продава како посно. Во маркетите се продаваат „посни“ производи што содржат казеин и сурутка во прав, а потрошувачите не знаат дека овие две компоненти имаат животинско потекло и дека се, практично, измамени. За време на Божикниот пост под ознака „посно“ на рафтовите се нуди храна што содржи млеко, желатин од животинско потекло, свинска маст и други мрсни состојки. Според експертите, за посни производи се сметаат тие во кои млечните масти се заменети со растителни, но токму тука е манипулацијата. -Производите што содржат казеин или сурутка (во прав) воопшто не се посни бидејќи потеклото на овие две компоненти е животинско. Точно дека од млекото се одделува млечната маст и таа се заменува со растителна, но казеинот останува, и затоа производот не може и не треба да се декларира како растителен, уште помалку како посен. Слично е и со сурутката, објаснуваат експертите, пренесува порталот Скопје инфо. Сурутката е исклучително здрава, има висока хранлива вредност, ја забрзува дигестијата, ама е со животинско потекло. Се апелира потрошувачите повеќе да внимаваат при купувањето и секогаш да ги читаат декларациите. Тие што постат треба да се информираат и за храната што ја консумираат во рестораните и сендвичарите, а се нуди како посна имајќи предвид дека може да биде подготвена на места и во садови во кои се готват и продукти од животинско потекло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-vo-vreme-na-strogi-posti-mrsnoto-se-prodava-kako-posno/feed/ 0