мрт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 06:35:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мрт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Слушнете ја песната за Детската Евровизија – „Животот е пред мене“ пеат Лара, Јован и Ирина https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushnete-ja-pesnata-za-detskata-evrovizija-zivotot-e-pred-mene-peat-lara-jovan-i-irina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushnete-ja-pesnata-za-detskata-evrovizija-zivotot-e-pred-mene-peat-lara-jovan-i-irina/#respond Fri, 04 Nov 2022 06:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=755492

Објавена е песната и видеозаписот за истата која годинава ќе нè претставува на 20-то издание на Јуниорскиот Евросонг. Лара, Јован и Ирина ќе не претстават со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчески, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа. На евровизиската сцена ќе застанат на 11-ти декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија. Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската радио-телевизија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushnete-ja-pesnata-za-detskata-evrovizija-zivotot-e-pred-mene-peat-lara-jovan-i-irina/feed/ 0
Натпреварите на македонските фудбалери против Грузија и Бугарија со пренос на МРТ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/natprevarite-na-makedonskite-fudbaleri-protiv-gruzija-i-bugarija-so-prenos-na-mrt/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/natprevarite-na-makedonskite-fudbaleri-protiv-gruzija-i-bugarija-so-prenos-na-mrt/#respond Thu, 22 Sep 2022 12:15:14 +0000 https://kurir.mk/?p=736230

Настапите на македонската фудбалска репрезентација во Лигата на нации на УЕФА во оваа и следната година ќе ги гледаме на МРТ. Потврда за ова стигна и од уредникот на спортската редакција на МРТ, Драган Николовски кој на социјалните мрежи објави кога ќе започнат преносите. Во завршните две кола од Групата 4 во лигата Ц, Македонија гостува кај Грузија, а потоа ја дочекува Бугарија. Гостувањето на Македонија кај Грузија е закажано за утре од 18 часот, а Бугарите на арената „Тодор Проески“ во Скопје, македонските рисови ќе ги пречекаат во понеделник. Натпреварот е со почеток од 20:45 часот. Билетите за натпреварот Македонија-Бугарија се пуштени во продажба од понеделникот која се одвиваисклучиво преку продажната мрежа на MKTickets. Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има. МАКЕДОНИЈА - БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 26. септември) Цени на билети: Северна Трибина Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 250 денари Блок 21 и 23 250 денари Јужна Трибина Блок 1, 2, 5 и 6 250 денари Блок 3 и 4 350 денари Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/natprevarite-na-makedonskite-fudbaleri-protiv-gruzija-i-bugarija-so-prenos-na-mrt/feed/ 0
Рекордни три милиони евра за ТВ-преноси од фудбалската репрезентација се премногу пари за МРТ да ги обезбеди сама https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rekordni-tri-milioni-evra-za-tv-prenosi-od-fudbalskata-reprezentacija-se-premnogu-pari-za-mrt-da-gi-obezbedi-sama/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rekordni-tri-milioni-evra-za-tv-prenosi-od-fudbalskata-reprezentacija-se-premnogu-pari-za-mrt-da-gi-obezbedi-sama/#respond Mon, 30 May 2022 16:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=683793

Натпреварите на македонската фудбалска репрезентација во претстојните три изданија на УЕФА Лигата на нации, како и во наредните три квалификациски циклуса за ЕП 2024, за СП 2026 и за ЕП 2028, нема да бидат емитувани на Македонската Радио Телевизија. Ова е разочарувачка информација за љубителите на фудбалот во земјава непосредно пред скорашниот старт на новата УЕФА Лига на нациите, во којашто Македонија во текот на јуни ќе одигра четири натпревари, два со Бугарија и по еден со Гибралтар и со Грузија. Одговорниот уредник на МРТ-3 Драган Николовски очекува Јавниот сервис да биде изложен на критики и обвинувања како и досега во слични ситуации, но вели дека државната телевизија направила се што била во нејзина моќ и оти совеста и на менаџментот и на спортската програма им е чиста. На меѓународниот тендер на УЕФА за продажба на телевизиските права за територијата на Македонија за настапите на националните фудбалски селекции за периодот 2022-2028, МРТ кон крајот на минатата година учествуваше со понуда соодветна на моменталните финансиски можности и на финансиските проекции за наредните шест години, вели Николовски. Поради огромното значење на македонските репрезентативни фудбалски натпревари, особено во светлината на деби-настапот на последното ЕУРО 2020 и на фактот што националниот тим неодамна беше на чекор до историски пласман и на СП 2022 во Катар, Јавниот сервис изрази готовност, за околу 60 меча коишто Македонија ќе ги одигра до 2028, да плати сума којашто ќе беше највисока досега за телевизиски права за еден ваков циклус спортски натпревари, а и воопшто за откуп на телевизиска програма. Но, тоа беше недоволно. Во време во коишто цените на глобалниот пазар за телевизиски права за спортски настани астрономски растат, се покажа дека е невозможно МРТ да се „бори“ во исклучително силната конкуренција со регионалните медиумски концерни Јунајтед Медија и Телеком Србија. Поради нивното меѓусебно долго наддавање за ТВ-правата за пошироките простори на поранешната држава (преку канали коишто се реемитуваат и кај нас) УЕФА објави крај на тендерот дури неодамна, само на помалку од еден месец пред почетокот на Лигата на нации, што само по себе беше невообичаена практика во споредба со претходно – објаснува уредникот на спортската програма на МТВ. -На територијата на Македонија, атрактивните фудбалски содржини од ова натпреварување, како и од наредните три квалификациски циклуса за СП и за СП, ќе се гледаат на Арена Спорт. Го прашавме Николовски дали постои шанса МРТ евентуално преку т.н „втора рака“ да издејствува мечевите на Македонија сепак да се гледаат и на Јавниот сервис, особено со оглед на досегашната соработка со спортската телевизија од соседна Србија? Веднаш по објавата на ваквиот епилог на тендерот на УЕФА за телевизиските права за пакетот натпревари на македонската фудбалска репрезентација на територијата на државава, МРТ се обиде од новиот носител на ТВ-правата да обезбеди сублиценца, т.е на таков посреден начин сепак да овозможи емитување на содржините. Тоа ќе подразбираше делење на ексклузивитетот, но Јавниот сервис беше подготвен дури и на тоа, со искрена цел – фудбалските преноси да бидат достапни до сета телевизиска публика во земјава со коментар на македонски (и на албански) јазик. Сметаме дека во овие специфични времиња тоа е исклучително значајно прашање за сите во Македонија. Сепак, цената којашто носителот на ТВ-правата ја постави како услов за евентуален договор за сублиценцирање на телевизиските права, плус суперквалитетната ТВ-продукција на домашните натпревари според највисоки УЕФА стандарди којашто е составен дел од обврските, МРТ беше невозможно да ја гарантира во моментов, тврди Николовски. Но, дали телевизијата беше блиску до договор? Во деловниот свет се избегнува споменување на цените, но имајќи ја предвид сензитивноста на ситуацијата, како и неповолните реакции на коишто во слични околности вообичаен е изложена МРТ, чувствувам потреба јавно да го изразам ставот дека сумата од рекордни три милиони евра е нереална за држава со број на телевизиски гледачи како Македонија, особено за коексклузивитет. Тоа се страшно многу пари, премногу. Покрај тоа, сумата е апсолутно превисока за македонските околности во телевизискиот бизнис, во којшто државната МРТ единствена од домашните канали се труди да понуди на програмата квалитетни спортски содржини, уверува тој. Понатаму Николовски вели дека подеталната анализа која ја направила телевизија покажала дека цената по натпревар би била уверливо најскапата телевизиска програма воопшто, или би чинела речиси 50 насто повеќе од вредноста на најексклузивната и најатрактивна содржина, не само спортска, којашто МРТ досега некогаш ја има откупено . Јавниот сервис во моментов не е во состојба самостојно да ја обезбеди оваа рекордна сума. За ова, само навидум неважно прашање коешто всушност е од многу поширок интерес, имајќи ги особено предвид промоцијата којашто Македонија го добива од фудбалската репрезентација, а и деликатноста на моментот во меѓународни, не само спортски, рамки, сепак на МРТ и е потребна и силна поддршка од државата – порачува уредникот на спортската програма на Македонската Телевизија, Драган Николовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rekordni-tri-milioni-evra-za-tv-prenosi-od-fudbalskata-reprezentacija-se-premnogu-pari-za-mrt-da-gi-obezbedi-sama/feed/ 0
Пендаровски во посета на Јавниот сервис МРТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-javniot-servis-mrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-javniot-servis-mrt/#respond Wed, 18 May 2022 12:47:38 +0000 https://kurir.mk/?p=678437

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Јавниот сервис МРТ, соопштија од Кабинетот на шефот на државата. Во рамки на посетата, Пендаровски се сретнал со директорот Марјан Цветковски и раководството на МРТ. -На средбата се разговараше за функционирањето и предизвиците со кои се соочува јавниот сервис, како и за финансиските состојби, условите за работа на вработените и неопходното обновување на техниката, се наведува во соопштението. На средбата се зборувало и за процесот на дигитализација на архивските материјали при што Пендаровски изразил поддршка за овој значаен процес и ја нагласил важноста за трајно зачувување на аудио и видео записите кои претставуваат наше национално богатство во кое се содржани сите настани врзани со создавањето и развојот на македонската држава и македонското општество. Пендаровски ги посетил и просториите каде што се складирани архивските материјали, направил увид во условите во коишто се чуваат, а бил запознат и со дел од содржината на аудио и видео записите. – За време на посетата, претседателот Пендаровски се сретна и со вработените во информативните програми на радиото и телевизијата, на одделни сектори и се запозна со условите во кои работат, при што посочи дека е неопходно МРТ да е вистински јавен сервис, кој ќе ја има довербата и поддршката на граѓаните и ќе биде промотор на јавниот интерес и столб на медиумскиот систем во државата, се вели во соопштението.  (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-javniot-servis-mrt/feed/ 0
Од следната година Македонија можеби нема да учествува на Евровизија: Еве што одлучи МРТ во однос на Андреа по скандалот со македонското знаме! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/od-slednata-godina-makedonija-mozebi-nema-da-uchestvuva-na-evrovizija-eve-shto-odluchi-mrt-vo-odnos-na-andrea-po-skandalot-so-makedonskoto-zname/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/od-slednata-godina-makedonija-mozebi-nema-da-uchestvuva-na-evrovizija-eve-shto-odluchi-mrt-vo-odnos-na-andrea-po-skandalot-so-makedonskoto-zname/#respond Wed, 11 May 2022 11:42:41 +0000 https://kurir.mk/?p=675071

Македонската Радио Телевизија, по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих и по првичното Соопштение кое што беше објавено по реакциите на јавноста, детално ги разгледа сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија. Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа. Македонската Радио Телевизија ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата. Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија, стои во соопштението на МРТ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/od-slednata-godina-makedonija-mozebi-nema-da-uchestvuva-na-evrovizija-eve-shto-odluchi-mrt-vo-odnos-na-andrea-po-skandalot-so-makedonskoto-zname/feed/ 0
ВИДЕО: Слушни и гласај, кој е твојот фаворит за македонски претставник на Евровизија 2022 https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushni-i-glasaj-koj-e-tvojot-favorit-za-makedonski-pretstavnik-na-evrovizija-2022/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushni-i-glasaj-koj-e-tvojot-favorit-za-makedonski-pretstavnik-na-evrovizija-2022/#respond Sat, 29 Jan 2022 08:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=624236

МРТ вчера ги претстави шесте избрани песни во трка за Евровизија 2022. Пејачите во борба за пат до Торино се млади, автентични, талентирани и познати лица за македонската јавност и со огромен ентузијазам му пристапуваат на овој нов евровизиски предизвик. Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи и се подготвени целосно да ве освојат. Покрај талентот и љубовта кон музиката, сите нив ги обединува и возбудата во пресрет на официјалното соочување на нивните евровизиски теми со публиката. ТУКА може да ги слушнете селектираните топ 6 песни и изведувачи и да гласате за оној кој најмногу ви се допаѓа. Може да се гласа само еднаш за една композиција. Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022. Вашите гласови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50). Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино. Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushni-i-glasaj-koj-e-tvojot-favorit-za-makedonski-pretstavnik-na-evrovizija-2022/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Европското ракометно првенство ќе се гледа на МРТ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/oficijalno-evropskoto-rakometno-prvenstvo-kje-se-gleda-na-mrt/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/oficijalno-evropskoto-rakometno-prvenstvo-kje-se-gleda-na-mrt/#respond Thu, 30 Dec 2021 08:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=614747

Престојното Европско пракометно првенство ќе можеме да го следиме со коментар на македонски јазик на МТВ, потврдија од јавниот сервис. Македонската телевизија ќе ги пренесува натпреварите од групната фаза од 18 и од 20:30 часот, а главната рунда ќе оди на програмата од 15:30, 18 и 20:30 часот. Планирани се специјализирани студиски емисии со гости и ракометни аналитичари за натпреварите на Македонија, за полуфиналињата и за големото финале. Македонија на ЕП игра во групата Г. Распоред на натпреварите на Македонија на ЕП: 13 јануари 18:00 Македонија – Словенија 15 јануари 18:00 Македонија – Црна Гора 17 јануари 20:30 Македонија – Данска]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/oficijalno-evropskoto-rakometno-prvenstvo-kje-se-gleda-na-mrt/feed/ 0
Блокиран центарот на Скопје, пријава за бомба- полиција има и кај МРТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blokiran-centarot-na-skopje-prijava-za-bomba-policija-ima-i-kaj-mrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blokiran-centarot-na-skopje-prijava-za-bomba-policija-ima-i-kaj-mrt/#respond Tue, 30 Nov 2021 17:42:54 +0000 https://kurir.mk/?p=602117

Од сите страни е блокиран влезот на Македонскиот народен театар во Скопје поради пријава за поставен експлозив, дознава 4NEWS.mk Полиција има и кај Македонската радио телевизија, а се проверуваат и вработените кои влегуваат и излегуваат од зградата. Од МВР засега нема одговор за што точно станува збор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blokiran-centarot-na-skopje-prijava-za-bomba-policija-ima-i-kaj-mrt/feed/ 0
ВИЕ ОДЛУЧУВАТЕ: Кој натпревар да го емитува МРТ, Ливерпул-Милан или Интер-Реал Мадрид? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vie-odluchuvate-koj-natprevar-da-go-emituva-mrt-liverpul-milan-ili-inter-real-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vie-odluchuvate-koj-natprevar-da-go-emituva-mrt-liverpul-milan-ili-inter-real-madrid/#respond Thu, 02 Sep 2021 16:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=558485

Македонската радио телевизија преку јавна анкета објавена во МРТ групата на Фејсбук, ги прашува гледачите кој натпревар од 1. коло од европската фудабалска елита да го емитува. Распоредот на УЕФА во исто време стави да се играат два натпревара кои привлекуваат огромно внимание. Во среда, на 15 септември од 21:00 часот, меѓу другите, се играат и натпреварите Ливерпул – Милан и Интер – Реал Мадрид. Во договор со ArenaSport нашата МРТ ќе има право да врши пренос од еден натпревар од секое коло, со македонски коментар. Но, 1. коло носи голема дилема: кој натпревар да оди низ директен пренос? Гласајте на страницата на МРТ на Фејсбук ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vie-odluchuvate-koj-natprevar-da-go-emituva-mrt-liverpul-milan-ili-inter-real-madrid/feed/ 0
Од утре нов детски канал на МРТВ: Содржини само за вашите деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nov-detski-kanal-na-mrtv-sodrzini-samo-za-vashite-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nov-detski-kanal-na-mrtv-sodrzini-samo-za-vashite-deca/#respond Tue, 07 Apr 2020 16:49:47 +0000 https://kurir.mk/?p=328788

Од утре со програма започнува нов детски канал на Македонската Радио Телевизија. На гледачите и особено на најмладата публика ќе им бидат понудени едукативни и забавни тв содржини како Бушава азбука, Дора, Дајте музика, Си било еднаш и многу други. Следењето на мислењето и реакциите на јавноста, ја наметна потребата од специјализирани програми наменети за прецизен таргет на публика. Содржини за деца и млади ќе бидат основа за креирање на програмската шема на Детскиот канал на МРТ. Современиот пристап во изборот на содржините кои едуцираат, информираат и забавуваат, како и понудата на сите жанрови програма за деца, се гаранција дека Детскиот канал - МРТ 5, ќе има голем број ТВ конзументи од целната група. Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку кабелските оператори А1 и Телекабел, ќе можат да го следат новиот Детски канал -  МРТ 5,  откако ќе ги прескенираат своите ТВ приемници или Сет-топ бокс  уредите. Корисниците на Македонски телеком, без никаква интервенција, ќе ја добијат можноста да го следат Детскиот канал - МРТ 5. Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку DVB-T мрежата на ЈП МРД (односно го примаат  сигналот со антена), за да  го следат новиот Детски канал - МРТ 5, треба да ги прескенираат програмите на своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите. Извор: Press24]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nov-detski-kanal-na-mrtv-sodrzini-samo-za-vashite-deca/feed/ 0