мрзеливост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Jan 2023 12:25:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мрзеливост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мрзеливоста не е главна причина за одложување на плановите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mrzelivosta-ne-e-glavna-prichina-za-odlozhuvane-na-planovite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mrzelivosta-ne-e-glavna-prichina-za-odlozhuvane-na-planovite/#respond Mon, 23 Jan 2023 12:25:49 +0000 https://kurir.mk/?p=790697

Луѓето некогаш се наоѓаат во состојба кога едноставно не можат да направат нешто, па ги одложуваат своите обврски и планови. Недостатокот на мотивација често се смета за главна причина за таа „мрзеливост“, но се чини, тоа не е точно. Ако некогаш некој се нашол во нешто што изгледа како бесконечно одолговлекување, вина и хаос, веројатно следело прашањето – зошто се случува ова? Според клиничкиот психолог Џени Јип од Лос Анџелес, САД, мрзеливоста обично не е причина за одложувањата. Таа ја објаснува мрзеливоста како апсолутно избегнување на какви било обврски, до таа мера што некој не сака ни да помисли на тоа, додека одолговлекувањето е нешто што го мачи човекот и го тера да размислува. – Одложувањето може да има последици, како што е заостанување на работа или неостварување лични цели. Има и емоционални влијанија. Тие се поврзани со депресија, стрес, анксиозност, лош сон, несоодветна физичка активност, осаменост и економски тешкотии, појасни психологот. Затоа, вели таа, важно е да се открие зошто се одолговлекува и да научите како да се борите против тоа, бидејќи само така можже да го промените Вашето однесување. Промената не е лесна. Исто како и работата на анксиозноста или други проблеми со психичкото здравје, справувањето со одложувањето може да биде тешко, особено ако доаѓа од длабоко вкоренети прашања и проблеми.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mrzelivosta-ne-e-glavna-prichina-za-odlozhuvane-na-planovite/feed/ 0
Престанете со “од утре“, “од понеделник“: Како ВЕДНАШ дa се cпpaвитe co мpзeливocтa? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prestanete-so-od-utre-od-ponedelnik-kako-vednash-da-se-cppavite-co-mpzelivocta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prestanete-so-od-utre-od-ponedelnik-kako-vednash-da-se-cppavite-co-mpzelivocta/#respond Thu, 03 Jun 2021 08:47:19 +0000 https://kurir.mk/?p=518464

Почнувам од први, од понеделник, од утре... тоа се најчестите лаги што си ги кажуваме кога не можеме да се мотивираме да почнеме некоја активност или да завршиме некоја обврска. Не за џабе постои изреката „Што можеш денеска, не оставај за утре“, а овие совети ќе ви помогнат како да ја победите мрзата и да ги завршите обврските. Статистиката покажува дека во денешно време има четири пати поголеми шанси да ги одложиме работите што треба да ги завршиме. Ако и вие сте меѓу оние луѓе кои се убедуваат дека ќе почнат „од први“ или „од понеделник“, тогаш според статистиката вие сте оној еден од пет луѓе кој важи за „одлагач“. -Мрзливоста најчесто се јавува од две причини: или задачата е премногу лесна или ни се чини дека е надвор од нашите можности, велат експертите. Ако се соочувате со обврска што не ве инспирира, поставете ја како приоритет. Со тоа што ќе ја зголемите важноста на задачата, ќе ја зголемите и вашата подготвеност да го направите она што е потребно. Во другиот случај, кога се соочуваме со обврска за која не се чувствуваме подготвени или кадарни, експертите предлагаат да ја замислите задачата во некаков облик: камен, планина, топка. Потоа во мислите почнете да го намалувате тој облик и правете го тоа додека неговата големина не стане прифатлива за вас. На овој начин ја менувате претставата за оваа задача во вашиот ум кој сега ја регистрира како нешто помало и совладливо. Во борбата против мрзливоста може да ви помогнат и техниките на планирање и поделба на задачите на помали предизвици. Сепак, најважно е да ја промените претставата што ја имате во себе, а така ќе си ја зголемите мотивацијата и задачата нема да ви се гледа така тешка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prestanete-so-od-utre-od-ponedelnik-kako-vednash-da-se-cppavite-co-mpzelivocta/feed/ 0