МСМЈЛК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Jan 2023 10:37:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МСМЈЛК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија“ – стихот на Шопов ја одразува смислата на Третата зимска школа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-e-sudbina-na-svetot-svetot-e-sudbina-na-makedonija-stihot-na-shopov-ja-odrazuva-smislata-na-tretata-zimska-shkola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-e-sudbina-na-svetot-svetot-e-sudbina-na-makedonija-stihot-na-shopov-ja-odrazuva-smislata-na-tretata-zimska-shkola/#respond Mon, 23 Jan 2023 10:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=790628

Денес, сиот свет е застанат во нашата татковина, на Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ. „Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија.“ Со овој стих на великанот Ацо Шопов, објавен пред четириесет и три години, директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска го започна своето обраќање на свеченото отворање на Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ. Таа напомена дека овој стих, се чини ја одразува смислата на Школата, која годинава е во чест на Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање. -Во сето време досега, токму странските македонисти и слависти се оние кои овозможија во една убава смисла да се остварува идејата дека „светот е судбина на Македонија“ – преку нивните беспоштедни заложби македонскиот збор да се чуе и разбере во странските културни средини. И тоа дури и во мигови кога како што би рекол Шопов, и ние почувствувавме дека „во Македонија / се збиднуваат и се прекршуваат сите дилеми на светот, / а светот е бремен од проблемите на Македонија“. Но и дека „Македонија ја дели судбината на светот, / а светот се судира со безброј македонски судбини.“ Ама во исто време, преку нивната решеност да се посветат на македонистиката и таа за нив да е животна определба, и нашата татковина постана судбина на светот, затоа што заложбите на странските македонисти и слависти се остваруваат не само во рамките на универзитетските центри и на меѓународната научна сцена, туку и воопшто преку афирмација на македонскиот збор и македонската мисла ширум светот, напомена Мојсова-Чепишевска. Своето обраќање, таа им го го посвети и им го упати ним – на странските македонисти и слависти кои се учесници на Школата. Притоа и го цитираше кажаното од Шопов пред повеќе од половина век: „Доаѓам од југ, од Македонија, земја на стари паметници на културата, на црното сонце на игото и долготрајниот јарем, каде што крстот на судбината е полесен од пепелта на минатото, каде што мртвите не можат да умрат додека трае песната на живите, каде што на живите не им тежат гробовите на мртвите туку песните што ги пеат, каде што водата извира од срцата на фреските и, заплискана од сонцето без исток и запад, повторно се влева во истите тие фрески како скаменет вез на ѕидовите на постоењето и неизбежноста. Доаѓам, а една мисла повторно ме возбудува: колку разновидност, богатства, длабочини, колку патишта и различни судбини на една мала грутка земја која ја чувствуваме како наша татковина, како сиот свет во мало да застанал на неа, со пркос кон себе си и кон другите.“ -Денес, преку оваа, Трета зимска школа и навистина, сиот свет е застанат во оваа мала грутка земја која ние ја чувствуваме како наша татковина. Затоа што денес, виртуелно, но и духовно, со мисла и со збор, сплотени во определбата и желбата да ги изучувате македонскиот јазик, литература и култура, сите вие, од Европа, Америка, Азија и Австралија сте овде, на југ, во неговата и наша, ама уверена сум, веќе и ваша Македонија. Посакувам во следните шест дена, преку наставата што ќе ви ја овозможиме, уште повеќе да ја засакате и уште подобро да ја запознаете, онака како што ја доживувате вие, со сета ваша страст за македонистиката која ве доведе на оваа Школа, но и онака како што ја доживуваше Шопов – со старите паметници на културата, со сета разновидност, со сите богатства, длабочини, патишта и судбини... И за нив да продолжите да раскажувате во вашите културни средини, на вашите универзитети, во рамките на наставата, меѓу вашите колеги, но и во вашите истражувања и научни трудови кои ја говорат научната вистина или во вашите книжевни преводи, им порача Мојсова-Чепишевска на учесниците на Школата. Наставата за дел од учесниците на Школата, во целост ќе биде посветена на поезијата на Шопов, а како што истакна директорката на МСМЈЛК при УКИМ, слеаното во неговите стихови извира од овде, од неговата и наша татковина. -Ако денес, од некои други простори, Ацо Шопов може да нè види и чуе, се надевам дека ќе се залечат дел од неговите рани кои оставија лузни во неговата поезија, затоа што денес, со оваа Зимска школа, инакво, а суштинско значење добива неговиот стих: „Македонија е во светот, а светот во Македонија“. Затоа што денес, во негова чест, „по долгите патишта на светот се отсликува ликот на Македонија, / а ликот на светот во Македонија“, истакна Мојсова-Чепишевска. Таа посака и по Школата, во месеците што претстојат, преку заеднички идеи и активности да се развива соработката на МСМЈЛК при УКИМ со странските македонисти и слависти и веќе ги најави 56. Летна школа и јубилејната 50. Меѓународна научна конференција во Охрид. -И тогаш, уште еднаш, заедно да му порачаме на Шопов: „Голем поету, знаеме дека ’Македонија е судбина на светот’, а ’светот судбина на Македонија’. И повторно, истовремено, ’Македонија е во светот, а светот е во Македонија’! И така ќе биде секогаш – и ’после многу лета, / после многу премрежја и дни’.“, порача Мојсова-Чепишевска во завршницата на своето обраќање. Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ се одржува виртуелно и ќе трае до 28 јануари, а е прва активност од националата програма „2023, година во чест на Ацо Шопов“. На неа учествуваат над 40 странски македонисти од 17 држави. На денешното свечено отворање на Школата се обратија и претседателот на државата, Стево Пендаровски, под чие покровителство се остварува националната програма по повод 100-годишнината од раѓањето на Шопов и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-e-sudbina-na-svetot-svetot-e-sudbina-na-makedonija-stihot-na-shopov-ja-odrazuva-smislata-na-tretata-zimska-shkola/feed/ 0
Посебно катче за изданијата на МСМЈЛК и бесплатно користење на библиотечните услуги за странските македонисти во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/posebno-katche-za-izdanijata-na-msmjlk-i-besplatno-koristenje-na-bibliotechnite-uslugi-za-stranskite-makedonisti-vo-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/posebno-katche-za-izdanijata-na-msmjlk-i-besplatno-koristenje-na-bibliotechnite-uslugi-za-stranskite-makedonisti-vo-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci/#respond Tue, 18 Oct 2022 08:29:24 +0000 https://kurir.mk/?p=746894

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) соопшти дека неговите изданија ќе бидат подостапни за членовите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, со отворање и посебно катче во библиотеката наменето за овие изданија значајни за македонистиката. Странските македонисти, секоја година, за своите истражувачки цели ќе можат по еден месец бесплатно да ги користат услугите на библиотеката, во текот на нивните студиски и истражувачки престои – користење библиотечен материјал и користење на читалниците. Заеднички ќе се организираат настани за афирмација на македонските книжевни и културни вредности, наменети за странските македонисти, како и настани со кои ќе се афирмира Скопје, неговата историја и неговите културни вредности. Ова меѓу другото беше договорено на средбата на директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска со директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, Снежана Стојчевска, на која за првпат се официјализира оваа соработка. – Во остварувањето на мисијата на МСМЈЛК при УКИМ, изминатиов период ја втемелуваме соработка со низа институции кои покажуваат подготвеност да имаат свој влог во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во странство, особено на странските универзитетски и научни центри и да ги поддржат или да се вклучат во активностите важни за странските македонисти. Драго ни е што од денес, меѓу тие институции се вбројува и Градската библиотека во Скопје, и тоа со конкретни, веќе планирани и договорени активности и со можности за странските македонисти. Покрај во Охрид, со учествата на нашите летни школи, странските македонисти, кога се во нашата земја, најчесто се со студиски и истражувачки престои во Скопје и затоа се надеваме дека за нив ќе биде од корист можноста за бесплатно користење на услугите на Библиотеката, со која за нив ќе се зголеми и достапноста на библиотечен материјал важен за нивните истражувања, истакна на средбата, Мојсова-Чепишевска. Можностите за заеднички настани со други институции, наменети за странските македонисти, како што посочи таа, придонесуваат и за наставата по македонистика на странските универзитети. Затоа, особено во овој период кога на универзитетските центри во странство е забележлив интересот и за македонската култура, можностите за заеднички настани со библиотеката, преку кои ќе се афирмираат културните вредности на Скопје се очекува да придонесат за јакнење на овој интерес, а со тоа и на културните врски со странските академски средини. – Нашите изданија се наменети за странските македонисти, но тие се значајни и за домашната македонистика, особено зборниците со предавања и зборниците од Меѓународната научна конференција. Изминатиов период настојувавме на нивна што поголема и полесна достапност, заради што објавуваме и електронска форма од овие изданија. Но подадената рака од Библиотеката за отворање посебно катче, дополнително ќе придонесе и за информираноста и за достапноста за дел од овие изданија за домашната заинтересирана јавност, а и за странските македонисти во тек на нивните престои кога ќе ги користат читалниците на библиотеката, нагласи Мојсова-Чепишевска. Изрази чест дека со сиот нивни капацитет ќе одговорат на оваа благородна работа, да ги чуваат, документираат и да ги направате што подостапни насловите поврзани со сè што значи проучување на македонскиот јазик, литература и култура. Стојчевска рече дека нивната местоположба, како и професионалноста на вработените во специјализираните оддели, се главните адути на нивната институција, која со голема посветеност одговора на барањата на сите истражувачи кои и досега доаѓале кај нив и го користат богатиот библиотечен материјал. – Библиотеката е отворена и за домашните и за странските македонсисти, за кои обезбедивме едномесечно беслатно членство, а наскоро и соодветно македонистичко катче. Активностите што ги планираме заедо со Семинарот, ќе значат поддршка на македонистиката однатре, но и соработка со останатите културни и академски центри низ светот, каде што има луѓе кои ги почитуваат и проучуваат македонскиот јазик и култура, подвлече Стојчевска. Како што беше договорено на средбата, за бесплатното користење на услугите на Градската библиотека во Скопје, МСМЈЛК при УКИМ ќе ја известува библиотеката кога странски македонисти ќе имаат потреба од користење на нејзините услуги, по што покрај користењето на читалниците ќе биде овозможен за користење и севкупниот потребен библиотечен материјал со кој се располага. На средбата се разговараше и за конкретни други активности за промоција и афирмација на македонските литературни вредности и воопшто на културните вредности кои се во форма на библиотечен материјал, пред странските македонисти и во соработката со странски образовни и научни центри. Едномесечното бесплатно користење на услугите на Градската библитека „Браќа Миладиновци“ во Скопје за странските македонисти, веќе е овозможено, а во следните месеци ќе се работи и на отворањето на катчето со изданија на МСМЈЛК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/posebno-katche-za-izdanijata-na-msmjlk-i-besplatno-koristenje-na-bibliotechnite-uslugi-za-stranskite-makedonisti-vo-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci/feed/ 0
Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК посветена на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-nauchna-konferencija-na-msmjlk-posvetena-na-iljoski-stefanovski-i-gramatikata-od-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-nauchna-konferencija-na-msmjlk-posvetena-na-iljoski-stefanovski-i-gramatikata-od-koneski/#respond Sun, 04 Sep 2022 07:22:47 +0000 https://kurir.mk/?p=728369

Осумдесетина македонисти, слависти и балканисти од над 20 институции од земјата и од странство ќе учествуваат на 49. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), која денеска и утре ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Најголемиот дел од нив, како што соопшти организаторот, ќе ги изложат резултатите од своите истражувања на носечките теми на конференцијата – творештвото на Васил Иљоски и Горан Стефановски, по повод јубилеите – 120 години од раѓањето на Иљоски и 70 години од раѓањето на Стефановски, како и 70 години од објавувањето на „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески. – Поаѓајќи од речиси полувековната традиција на оваа конференција, во рамките на нашата мисија како Семинар, ние имаме и обврска да поттикнуваме на истражувања и научни потфати на македонските и странските истражувачи, коишто ќе фрлат нова светлина врз клучните остварувања за македонскиот јазик, литература и култура, притоа отворајќи нови теми и презентирајќи нови научни согледби и заклучоци, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска. Со презентираните трудови, посочи, ќе се случат нови исчитувања и вреднувања на творештвото на Иљоски, а за првпат ќе бидат презентирани и некои негови досега непознати остварувања. – Но, исто толку е важно и што за првпат по заокружувањето на опусот на Горан Стефановски, на научна конференција ќе се случи ново научно осврнување на неговиот опус, при што покрај новите исчитувања на неговите драмски текстови и нивното вреднување како пресвртен чин во историјата на македонската драма ќе се говори за Стефановски и како културен деец и придвижник, имајќи ги предвид и неговите есеистички текстови, но и неговата мисла и ерудиција заведочена во неговиот јавен настап, вели Мојсова-Чепишевска. „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески, додава таа, е дело-темелник, не само за нашата лингвистика, туку и за нашиот идентитет. – Затоа, иако минатата година, по повод 100 години од неговото раѓање, Конференцијата во целост му беше посветена на Конески, важно е што и годинава му посветуваме одделно внимание, во рамките на лингвистичката секција. Конески е нулта точка на нашата култура и ние сме должни во рамките на научната актива да му посветуваме внимание не само поводно, туку суштински, темелито, со постојани навраќања, вели Мојсова-Чепишевска. На конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, кои, како што нагласува Мојсова-Чепишевска, овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет. На свеченото отворањеќе биде промовиран и зборникот од минагодоишното издание на Конференција, каде на околу 650 страници се објавени научни трудови од близу 50 научници и истражувачи – за делото на Блаже Конески и за македонскиот јазик, литература и култура. Ќе биде промовирана и книгата „Македонская литература XX-начала XXI века. Очерки истории“ од академик Ала Шешкен, која важи за еден од најдобрите странски познавачи на современата македонска книжевност. Од конференцијата треба да произлезе зборник, кој се очекува да биде една од најзначајните научни публикации за делото на културните дејци кои се во фокусот на ова издание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-nauchna-konferencija-na-msmjlk-posvetena-na-iljoski-stefanovski-i-gramatikata-od-koneski/feed/ 0
Осумдесетина научници ќе учествуваат на 49. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ: Прв голем научен собир посветен на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumdesetina-nauchnici-kje-uchestvuvaat-na-49-megjunarodna-nauchna-konferencija-na-msmjlk-pri-ukim-prv-golem-nauchen-sobir-posveten-na-iljoski-stefanovski-i-gramatikata-od-koneski-po-povod-znachajnit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumdesetina-nauchnici-kje-uchestvuvaat-na-49-megjunarodna-nauchna-konferencija-na-msmjlk-pri-ukim-prv-golem-nauchen-sobir-posveten-na-iljoski-stefanovski-i-gramatikata-od-koneski-po-povod-znachajnit/#respond Sat, 03 Sep 2022 10:04:02 +0000 https://kurir.mk/?p=728173

Осумдесетина македонисти, слависти и балканисти од над 20 институции од земјата и од странство ќе учествуваат на 49. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто утре и задутре ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Најголемиот дел од нив ќе ги изложат резултатите од своите истражувања на носечките теми на Конференцијата – творештвото на Васил Иљоски и творештвото на Горан Стефановски, по повод јубилеите – 120 години од раѓањето на Иљоски и 70 години од раѓањето на Стефановски, како и „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески, по повод 70 години од нејзиното објавување. Впрочем, годинешното издание на традиционалната конференција на МСМЈЛК при УКИМ е и прв голем научен собир на којшто годинава акцент се става на творештвото на Иљоски и Стефановски, како и на граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи. „Поаѓајќи од речиси полувековната традиција на оваа конференција, во рамките на нашата мисија како Семинар, ние имаме и обврска да поттикнуваме на истражувања и научни потфати на македонските и странските истражувачи, коишто ќе фрлат нова светлина врз клучните остварувања за македонскиот јазик, литература и култура, притоа отворајќи нови теми и презентирајќи нови научни согледби и заклучоци. Драго ни е што годинава, следејќи ја традицијата одделно внимание да се посветува на остварувањата поврзани со значајни јубилеи, по долг период од речиси две децении, вниманието на книжевната наука повторно ќе го свртиме и кон опусот на Васил Иљоски. Со трудовите коишто ќе бидат презентирани ќе се случат нови исчитувања и вреднувања на творештвото на Иљоски, а за првпат ќе бидат презентирани и некои негови досега непознати остварувања. Но, исто толку е важно и што за првпат по заокружувањето на опусот на Горан Стефановски, на научна конференција ќе се случи ново научно осврнување на неговиот опус, при што покрај новите исчитувања на неговите драмски текстови и нивното вреднување како пресвртен чин во историјата на македонската драма ќе се говори за Стефановски и како културен деец и придвижник, имајќи ги предвид и неговите есеистички текстови, но и неговата мисла и ерудиција заведочена во неговиот јавен настап.“ – истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Овие јубилеи, меѓу другото, беа во фокусот и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ којашто заврши вчера, но како што напоменува Мојсова-Чепишевска, преку Меѓународната научна конференција, МСМЈЛК при УКИМ ќе оствари влог и во испишувањето на новите страници на македонската книжевна историја. „’Граматиката на македонскиот литературен јазик’ од Блаже Конески е дело-темелник, не само за нашата лингвистика, туку и за нашиот идентитет. Затоа, иако минатата година, по повод 100 години од неговото раѓање, Конференцијата во целост му беше посветена на Конески, важно е што и годинава му посветуваме одделно внимание, во рамките на лингвистичката секција. Конески е нулта точка на нашата култура и ние сме должни во рамките на научната актива да му посветуваме внимание не само поводно, туку суштински, темелито, со постојани навраќања... Затоа, драго ни е што преку оваа, 49. Меѓународна научна конференција, уште еднаш ќе се потврди дека е така, имајќи ги предвид новите научни трудови на колегите-лингвисти, коишто ќе бидат презентирани.“ – нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ. Инаку, на Конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто како што нагласува Мојсова-Чепишевска, овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет. Свеченото отворање на Конференцијата ќе се одржи утре, при што ќе биде промовиран и зборникот од минагодоишното издание на Конференција, во којшто на речиси 650 страници се објавени научни трудови од близу 50 научници и истражувачи – за делото на Блаже Конески и за македонскиот јазик, литература и култура. Впрочем, овој зборник е еден од најобемните посветени на Конески, објавени изминатиов период. Промотори на Зборникот ќе бидат минатогодишните координатори на секциите на Конференцијата, проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска и проф. д-р Трајче Стамески. На свеченото отворање ќе биде промовирана и книгата „Македонская литература XX-начала XXI века. Очерки истории“ од академик Ала Шешкен, којашто важи за еден од најдобрите странски познавачи на современата македонска книжевност. Оваа најнова книга на Шешкен е знчаен прилог за македонската книжевна историја. За неа, промотивна реч ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Претходно, книгата беше промовирана и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. По отворањето, на Конференцијата, паралелно ќе се одвива работата на лингвистичката секција и на секцијата за литература и култура. Во текот на првиот конференциски ден, акцент ќе биде ставен на темите поврзани со граматиката од Конески и опусот на Иљоски и Стефановски, како и на теми поврзани со јазикот во драмските текстови, со коишто ќе се оствари и лингвистички влог во вреднувањето на достинствата на македонската драма. Во текот на вториот конференциски ден, вниманието ќе биде насочено кон традиционалните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“. Клучно, на Конференцијата се очекува и плодотворна дискусија којашто ќе мотивира и на натамошни научни потфати. Кооординаторки на лингвистичката секција на Конференцијата се проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Лидија Тантуровска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а на секцијата за литература и култура, координаторка е проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од Институтот за македонска литература. Од Конференцијата ќе биде објавен и зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации за делото на културните дејци коишто се во фокусот на ова конференциско издание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumdesetina-nauchnici-kje-uchestvuvaat-na-49-megjunarodna-nauchna-konferencija-na-msmjlk-pri-ukim-prv-golem-nauchen-sobir-posveten-na-iljoski-stefanovski-i-gramatikata-od-koneski-po-povod-znachajnit/feed/ 0
Континуиран интерес за изучување на македонскиот јазик на престижниот Лондонски глобален универзитет, успешно заврши летниот семестар на курсот по македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontinuiran-interes-za-izuchuvanje-na-makedonskiot-jazik-na-prestizniot-londonski-globalen-univerzitet-uspeshno-zavrshi-letniot-semestar-na-kursot-po-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontinuiran-interes-za-izuchuvanje-na-makedonskiot-jazik-na-prestizniot-londonski-globalen-univerzitet-uspeshno-zavrshi-letniot-semestar-na-kursot-po-makedonski-jazik/#respond Sat, 23 Jul 2022 09:01:03 +0000 https://kurir.mk/?p=709221

Британци се воодушевени од македонскиот јазик и го изучуваат на одделен курс на којшто подетално се пренесуваат знаења и за македонската литература и култура. Курсот по македонски јазик веќе три академски години по ред, се одржува на Школата за словенски и источноевропски студии на престижниот Лондонски глобален универзитет во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Деновиве, како што информираат денеска од МСМЈЛК, успешно заврши летниот семестар на курсот, при што уште еднаш беше потврдена посветеноста на слушателите / студентите во изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура, но и нивната определба да бидат афирматори на македонистиката во Обединетото Kралство. Ваквите форми на настава по македонски јазик, каков што е курсот во Лондон, којшто се одржува во вечерни термини, овозможуваат дополнителна афирмација на македонистиката на реномирани образовни и научни центри во Европа и светот. Преку нив, се додава понатаму, се овозможува и запознавање и соработка со нови поддржувачи на македонскиот јазик, литература и култура, коишто добиваат можност за напредни знаења. Од голема важност е што голем поддржувач на овој курс е и амбасадата на нашата земја во Обединетото Кралство, којашто придонесува за уште поголем поттик на слушателите – идни македонисти. -Како Семинар изразуваме големо задоволство што по долги години откога престана да работи тамошниот лекторат по македонски јазик, во изминативе три академски години, македонскиот јазик повторно се изучува во Лондон, и тоа на престижниот Лондонски глобален универзитет. Во изминатиот период, настојувавме на секој можен начин да придонесеме за успешноста на курсот, вклучително и преку учебници, односно наставни помагала, но нема да запреме тука! МСМЈЛК при УКИМ ќе стори сè со што може за да оствари свој влог и во натамошниот квалитет на курсот и во поттикнувањето на слушателите за нивна натамошна посветеност на македонистиката, со надеж дека некои од нив, следните години ќе бидат учесници и на нашите летни и зимски школи, а оние коишто потемелито ќе се посветат и на научната дејност, и на Меѓународната научна конференција, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска по повод успешното завршување на летниот семестар на курсот по македонски јазик на оваа реномирана високообразовна институција во Британија. Таа одделно ги посочува заложбите на професорката по македонски јазик којашто го држи овој курс и на нашата амбасадорка во Обединетото Кралство. -Враќањето на македонскиот јазик на високообразовна институција во Британија е исклучително значаен чин. Затоа, од името на МСМЈЛК при УКИМ морам одделно да ги истакнам заложбите на професорката Ана Илиевска-Завршник, со чијашто заложба се случи македонскиот јазик да се изучува и во рамките на вечерните курсеви на Школата за словенски и источноевропски студии. Но и заложбите на нашата амбасадорка, Александра Миовска, којашто од самите почетоци, со цврста и конкретна поддршка, суштински застана зад овој курс по македонски јазик. Но и не само на почетоците, туку постојано давајќи поддршка и согласно со своите надлежности залагајќи се за успешноста на курсот и за потребите на слушателите. Искрено се надеваме и посакуваме ентузијазмот и поддршката да продолжат, а ние како МСМЈЛК при УКИМ ќе го испорачаме сето она што можеме за оваа успешна приказна на македонистиката, нагласува Мојсова-Чепишевска. На последниот час од летниот семестар на курсот по македонски јазик, слушателите / студентите оствариле средба со амбасадорката на Р С. Македонија во Обединетото Кралство, Александра Миовска и новоименуваниот британски амбасадор во нашата земја, Метју Лосон, на којшто се разменувале искуства од изучувањето на македонскиот јазик и совладувањето на неговите специфики. Изминативе години, истакнуваат од Меѓународниот семинар, амбасадорката остварува редовни средби со слушателите на курсот, како и со професорката Илиевска-Завршник. Покрај редовната настава по македонски јазик, во чиишто рамки Британците се запознаваат и со македонската литература и култура, изминативе години, на Лондонскиот глобален универзитет, преку овој курс се одржаа и настани посветени на македонистиката, меѓу коишто се издвојува одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, коешто беше и еден од првите настани со коишто се одбележа големиот јубилеј. Инаку, дел од фондот на библиотеката на Школата за словенски и источноевропски студии на Лондонскиот глобален универзитет се бројни книги на македонски јазик, како и книги од македонски автори преведени на англиски јазик, коишто се постојано достапни и за слушателите на курсот по македонски јазик, но и за сите студенти на Школата. Во рамките на курсот по македонски јазик на оваа реномирана високообразовна установа се користат и учебниците по македонски јазик и учебникот за македонска литература и култура издадени од МСМЈЛК при УКИМ. Курсот по македонски јазик во Лондон се остварува со поддршка и од Министерството за образование и наукам стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontinuiran-interes-za-izuchuvanje-na-makedonskiot-jazik-na-prestizniot-londonski-globalen-univerzitet-uspeshno-zavrshi-letniot-semestar-na-kursot-po-makedonski-jazik/feed/ 0