мудрец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Jun 2022 10:18:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мудрец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оваа поучна приказна ќе ви ја смири душата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-pouchna-prikazna-kje-vi-ja-smiri-dushata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-pouchna-prikazna-kje-vi-ja-smiri-dushata/#respond Mon, 27 Jun 2022 10:18:19 +0000 https://kurir.mk/?p=696259

Внимателно прочитајте ја оваа приказна. Таа ќе ви донесе смиреност и ќе ве научи да бидете трпеливи. Си бил еден тибетански монах кој секогаш важел за свет човек. Луѓе од целиот свет доаѓале кај него за да му побараат совет, а важел за смирен човек кој никогаш не се навредувал. Некој злобен човек го чул тоа и решил да го тестира мудрецот. Отишол кај него и во моментот кога го здогледал почнал да го навредува и да го понижува на секој начин. Откако повеќе не можел да смисли нови навреди, тој за момент замолчел и изненадено сфатил дека монахот и натаму бил смирен и прибран како и претходно. Тоа многу го изнервирало и тој продолжил да пцуе уште полошо, но сѐ било залудно – изгледало како тоа воопшто да не го допира мудрецот. Кога останал без пцовки и кога ја изгубил целата енергија, човекот му пришол на монахот и прашал која била неговата тајна. „Ги разбирам тие ваши духовни работи и дека не ви е грижа што мислат другите за вас, но јас те понижував и навредував, па ти мораш да научиш да се бориш за себе.“ „Сино, може ли да ти поставам само две прашања?“ – првпат проговорил монахот. „Секако“ – рекол човекот. „Ако ти мене ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, кому припаѓа тој подарок?“ „Па ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој и натаму е мој.“ „А сега, сине мој, ако ти имаш само навреди за мене, а јас не ги прифаќам, кому остануваат тие навреди?“ – прашал мудриот човек, се завртел и си отишол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-pouchna-prikazna-kje-vi-ja-smiri-dushata/feed/ 0
ПОУЧНА ПРИКАЗНА: Како треба да реагираме на зависта, злобата и навредите од другите луѓе? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-kako-treba-da-reagirame-na-zavista-zlobata-i-navredite-od-drugite-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-kako-treba-da-reagirame-na-zavista-zlobata-i-navredite-od-drugite-lugje/#respond Wed, 28 Jul 2021 10:51:09 +0000 https://kurir.mk/?p=543009

Некогаш многу одамна си живеел еден стар, но мудар самурај. Тој имал група млади ученици кои ги подучувал на воени вештини, но и на мудрости. Еден ден, за време на обуката, дошол еден млад војник кој бил познат по својата грубост и суровост. Неговата омилена тактика била провокацијата: Го навредувал противникот кој го губел трпението, го прифаќал предизвикот, но во бесот правел грешка по грешка и секако, на крајот ја губел борбата. Така се случило и овој пат: Војникот извикал неколку навреди и започнал да ја набљудува реакцијата на самурајот. Самурајот мирно продолжил со своето предавање. Ова се повторило неколкупати. Кога самурајот никако не реагирал ниту по трети пат, војникот луто си заминал од предавањето. Останатите ученици внимателно и со љубопитност ја набљудувале оваа ситуација. Откако војникот си заминал, еден ученик не издржал и почнал да зборува: „Учителе, зошто ги толериравте неговите напади и навреди? Требаше да го предизвикате на борба!“ Мудриот самурај одговорил: „Кога некој ќе ви донесе подарок и вие не го прифатите, тогаш чиј е подарокот?“ „На тој што го донел подарокот“, одговориле учениците. Самурајот се насмевнал: „Истото важи и за зависта, мразењето, навредите и злобата. Сѐ додека не ги прифаќате, тие ѝ припаѓаат на личноста која ги носи во себе!“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-kako-treba-da-reagirame-na-zavista-zlobata-i-navredite-od-drugite-lugje/feed/ 0