Мухамед Али – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Jul 2022 08:32:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мухамед Али – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шампионскиот појас на Мухамед Али продаден за шест милиони долари https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shampionskiot-pojas-na-muhamed-ali-prodaden-za-shest-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shampionskiot-pojas-na-muhamed-ali-prodaden-za-shest-milioni-dolari/#respond Mon, 25 Jul 2022 08:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=709830

Шампионскиот појас на еден од најдобрите боксери на сите времиња Мухамед Али од легендарната борба со Џорџ Форман од 1974 година во Заир е продаден на аукција за 6.18 милиони долари. Како што синоќа соопштија американските медиуми, најголем износ на аукцијата во Далас понудил сопственикот на НФЛ тимот Индијанаполис, Џим Арсеј, и шампионскиот појас на Али сега е во неговата лична колекција. Појасот ќе биде изложен на 2 август во Чикаго, а на 9 септември во Индијанаполис. Борбата меѓу Али и Форман од 30 октомври 1974 година во Киншаса, наречена „Татнеж во џунглата“ (Rumble in the Jungle), е една од најпознатите во историјата на боксот. Али во Заир го нокаутираше Форман во осмата рунда и ја врати титулата светски првак во тешка категорија. Мухамед Али почина на 3 јуни 2016 година, на 74-годишна возраст, од компликации предизвикани од Паркинсонова болест, од која боледуваше последните три децении од животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shampionskiot-pojas-na-muhamed-ali-prodaden-za-shest-milioni-dolari/feed/ 0
ЗАВРШЕНА АУКЦИЈАТА: Цртежите на Мухамед Али продадени за речиси 1 милион, „Бодам како пчела“ го надмина проценетиот износ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zavrshena-aukcijata-crtezite-na-muhamed-ali-prodadeni-za-rechisi-1-milion-bodam-kako-pchela-go-nadmina-procenetiot-iznos/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zavrshena-aukcijata-crtezite-na-muhamed-ali-prodadeni-za-rechisi-1-milion-bodam-kako-pchela-go-nadmina-procenetiot-iznos/#respond Wed, 06 Oct 2021 09:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=573904

Ретка колекција цртежи, скици и слики од боксерскиот шампион Мухамед Али, беше продадена на аукција за речиси милион американски долари. Според Би-би-си, на наддавањето во „Бонам’с“ биле понудени 26 уметнички дела. Едно од најочекуваните дела, „Бодам како пчела“, се продаде за 425.000 долари, што е 10 пати повеќе од проценката пред продажбата, според њујоршката аукциска куќа. Мухамед Али важи за еден од најголемите американски спортисти, активисти и поети, но неговите уметнички дарби се помалку познати. Тој, според наводите, цел живот сликал со поддршка на неговиот татко, кој бил професионален уметник. – Мухамед Али беше културна икона што дефинираше цела една генерација. Неговите уметнички дела ги прикажуваат оние теми што се нему блиски – боксот, граѓанските права, религијата, светскиот мир и хуманитарната работа, рече директорката на одделот за поп-култура во „Бонам’с“, Хелен Хол. Делата беа ставени на аукција од колекционерот и пријател на Али – Родни Хилтон Браун, кој рече дека Али ги нацртал своите први три слики по борбата во Бостон, 1977 година. Вкупната вредност на сликите достигна 945.524 долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zavrshena-aukcijata-crtezite-na-muhamed-ali-prodadeni-za-rechisi-1-milion-bodam-kako-pchela-go-nadmina-procenetiot-iznos/feed/ 0
ФОТО: Цртежи на боксерската легенда Мухамед Али одат на аукција, со цртање се опуштал меѓу борбите https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-crtezi-na-bokserskata-legenda-muhamed-ali-odat-na-aukcija-so-crtanje-se-opushtal-megju-borbite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-crtezi-na-bokserskata-legenda-muhamed-ali-odat-na-aukcija-so-crtanje-se-opushtal-megju-borbite/#respond Mon, 04 Oct 2021 08:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=572602

Збирка цртежи и слики на боксерската легенда Мухамед Али, кои ја покажуваат неговата страна на уметник, ќе биде понудена на наддавање утре, на 5 октомври, во Њујорк. Американскиот боксер, всушност, се опуштал со цртање меѓу борбите… Од колекцијата од 24 слики, некои се во карикатурален стил и ја посочуваат окупираноста на Али со прашањата за верска и социјална правда. Некои дела го прикажуваат и самиот автор во боксерскиот ринг. Аукциската куќа „Бонамс“ очекува колекцијата да се продаде за 40.000 до 60.000 американски долари. – Многумина се изненадени бидејќи не знаеја дека тој бил уметник. Затоа има голем интерес, изјави Хелен Хол, директорка на одделот за поп-култура во „Бонамс“. Поранешниот светски шампион во тешка категорија, кој го прифати исламот во 1964 година, почина во 2016 година на 74-годишна возраст, по долга битка со Паркинсоновата болест. Сликата од 1967 година „Гладни деца во Мисисипи“ прикажува човек во шорцеви што вели „Сакам да се борам за да ги нахранам сиромашните црнци“.
– Една слика е спомен од расните немири во Лос Анџелес и Њујорк во 1956 и 1967 година. Друга е посветена на исламот. Создадена е кога тој се преобрати, вели Хол. Меѓу делата се и оние од 1967 година „Америка: Големиот затвор“ и „Војна во Америка“. Се проценува дека тие би можеле да се продадат од 25.000 до 35.000 долари. Боксерот таа 1967 година се судри со властите во САД, бидејќи тој одби да учествува во војната во Виетнам, за што беше осуден на затвор, но сепак го избегна тоа, а му беше изречена парична казна и забрана за бокс од три години.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-crtezi-na-bokserskata-legenda-muhamed-ali-odat-na-aukcija-so-crtanje-se-opushtal-megju-borbite/feed/ 0