мухамед асани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Feb 2023 08:47:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мухамед асани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Условна казна за докторот кој ѝ ги извади органите на родилката, породувал жени на „црно“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-za-doktorot-koj-gi-izvadi-organite-na-rodilkata-poroduval-zheni-na-tsrno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-za-doktorot-koj-gi-izvadi-organite-na-rodilkata-poroduval-zheni-na-tsrno/#respond Thu, 02 Feb 2023 08:47:58 +0000 https://kurir.mk/?p=795006

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега, гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд. „Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат“, вели Веапоска за „Макфакс“. Пресудата доаѓа две години откако ДСЗИ изврши вонреден надзор во нелегалната ординација. Тогашната директорка на инспекторатот, Ирина Сотирова – Бухова, констатираше дека гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и поднесе кривична пријава. Веапоска за „Макфакс“ додава дека ова е само почеток. „Тоа е почеток, казната што ја доби од судот. Тоа му е прва пресуда. Дај Боже на пресудата за вадењето на моите органи, да се казни со затвор. Сакам повеќе да не е доктор. Да не осакатува други жени. Затоа и тргнав во оваа работа“, додава родилката. Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен. Според родилката, тој и натаму работи во болницата и обавува обврски како доктор. Со оваа пресуда не му е изречена забрана за вршење дејност. Ваепоска води уште една битка пред струшкиот суд. Тој се гони затоа што по породување со царски рез во струшката болница, и извадил три органи на Веапоска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-za-doktorot-koj-gi-izvadi-organite-na-rodilkata-poroduval-zheni-na-tsrno/feed/ 0
Скандал ги тресе изборите во Лекарската комора: Контроверзниот гинеколог Асани сака повторно да е во раководството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-gi-trese-izborite-vo-lekarskata-komora-kontroverzniot-ginekolog-asani-saka-povtorno-da-e-vo-rakovodstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-gi-trese-izborite-vo-lekarskata-komora-kontroverzniot-ginekolog-asani-saka-povtorno-da-e-vo-rakovodstvoto/#respond Mon, 30 May 2022 07:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=683303

Изборите за нов прв човек на Лекарската комора на Македонија и воопшто избор на ново раководство минуваат со низа на скандали. Еден од нив, како што тврдат извори на Република, е случајот со струшкиот гинеколог Мухамед Асани. Доктор Мухамед Асани, беше посочуван како главен виновник за скандалот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска. Сега гинекологот сака и по трет пат да биде делегат во Собарнието, а дури и по трет пат дел од Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија. -Асани овие денови е повторно активен со сомнителни чекори. Имено тој свикува средба на огранокот на Комората во Струга за понеделник (денес), а тоа го прави со лепење листови во Болницата во текот на викендов. Или состанокот е закажан за понеделник (денес, 30 мај), а тој ги свикуваше докторите викенодов (28-ми и 29-ми мај).Идејата е што помалку доктори да дознаат за средбата“, коменираат извори на порталот. Во јавноста најмногу негативни реакции за Асани имаше во врска со случајот на Веапоска. Во извештајот токму од Лекарсаката комора, подготвен од комисија чии членови не се обелоденуваа во јавност, доктор Асани рекол дека породил машко дете во случајот на дебарчанката Веаповска, а нејзиното дете е женско. Во истиот пишува и дека бубрегот и бил изваден оти имало повреда на артеријата. Инаку Веапоска по породување во август минатата година, се жалела на болки во стомакот. По ова е извршена уште една интервенција, при што и биле извадени бубрегот, матката и јајникот. За овие органи во извештај од патолгија се вели истите биле здрави. Целата вест прочитајте ја на РЕПУБЛИКА  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-gi-trese-izborite-vo-lekarskata-komora-kontroverzniot-ginekolog-asani-saka-povtorno-da-e-vo-rakovodstvoto/feed/ 0
„На родилка и се извадени три здрави органи, Филипче ги брани Здравствениот инспекторат и Лекарската комора, одговорност мора да има“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-rodilka-i-se-izvadeni-tri-zdravi-organi-filipche-gi-brani-zdravstveniot-inspektorat-i-lekarskata-komora-odgovornost-mora-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-rodilka-i-se-izvadeni-tri-zdravi-organi-filipche-gi-brani-zdravstveniot-inspektorat-i-lekarskata-komora-odgovornost-mora-da-ima/#respond Sat, 20 Mar 2021 08:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=485083

На родилка и беа извадени три здрави органи. И што се случи? Едвај се направи комисија, па едвај се разреши директорот на струшката болница, па сега Филипче најави и некој нова комисија. Одговорност-што беше тоа? Каде се надлежните институции. Станува збор за лекар кој вршел јавна функција, директор на Болницата во Струга, а паралелно имал своја ординација, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Државниот санитарен и здравствен инспекторат изгледа спие. И во јавноста ништо не се слушна, на пример како работи ординацијата, што со орданицијата во иднина. А и Филипче молчи. Ја нема ни Лекарската комора. Напарви некоја комисија, а комисијата речиси и да не работеше според тоа што јавноста го виде и слушна. А како може и да се очекува, една ваква институција на фелата, да реагира. Тоа е истата онаа Лекарска комора за чија претседателка има Одлука од Антикорупцикска дека има судир на интереси, велат од партијата. - Зошто не реагира? Затоа што претседателката на Лекарска комора е и директора на Клиниката за гастроентерохепатологија. Или има судир на интереси затоа што Лекарската комора ја цени работата на директорите на јавните здравствени институции. Или претседатеката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова ја контролира директорката на Гастро, Калина Гривчева Старделова. Антикорупциска и вели не може така, ама на претседателката и директорката не и гајле. Зошто таква една личност да се грижи за тоа што една пациентка е осакатена. И Филипче пак молчи. Не го интересира кои лица ги водат јавните здравстевни институции, или едноставно, Филипче ја штитити Гривчева Старделова. Токму поради ова, поради сите пропусти кои ги дозволи во случајот со родилката, Филипче треба да одговара и да си оди од функцијата! Оставки треба и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од претседателката на Лекарската комора, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-rodilka-i-se-izvadeni-tri-zdravi-organi-filipche-gi-brani-zdravstveniot-inspektorat-i-lekarskata-komora-odgovornost-mora-da-ima/feed/ 0
По разрешувањето на функцијата се огласи Асани: Совеста ми е чиста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-razreshuvanjeto-na-funkcijata-se-oglasi-asani-sovesta-mi-e-chista/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-razreshuvanjeto-na-funkcijata-se-oglasi-asani-sovesta-mi-e-chista/#respond Thu, 18 Mar 2021 08:51:01 +0000 https://kurir.mk/?p=484064

По разрешувањето од функцијата директор на струшката Општа болница, доктор Мухамед Асани преку фејсбук-статус се обрати до јавноста, во кој тврди дека одговорно ја извршувал својата работа и оти совеста му е чиста. Во однос на обвинувањата за извадени органи на пациентка од Дебар, гинекологот посочува дека таа своерачно потпишала дека се согласува со царски рез и можните ризици и дека бубрегот и го отстраниле хирурзи кои биле на операцијата. – До денеска не се изјаснив, не затоа што немав што да коментирам или затоа што совеста не ми е чиста, како што и мислеа некои луѓе. Сето тоа го направив во почит на одлуката на соодветните установи. Иако против мене имаше толку обвиненија со цел да ми го уништат авторитетот, сепак мислев дека првично својот став треба да го кажат соодветните одговорни институции. Но сфатив дека во дел од јавноста ова е погрешно сфатено, вели Асани. Тој обвини дека дел од порталите воделе кампања против него, не како лекар, туку како директор на Општа болница – Струга, функција која ја извршува повеќе од една година. Во однос на случајот со пациентката од Дебар, наведува дека била примена во болница и направена и била предоперативна подготовка по протокол. – Беше втор царски рез кај пациентката и, нормално, како по секој оперативен зафат, ризикот и можноста за компликации се зголемуваат во секој нареден зафат. На пациентката детално и е објаснета операцијата, ризиците, интра и постоперативните компликации и таа свесно со своерачен потпис се согласила. Постоперативно пациентката беше под надзор секој ден од дежурните екипи (двајца лекари специјалисти гинеколози – акушери и четири сестри акушерки), кои констатирале дека пациентката секој ден била стабилна, пишува Асани. Петтиот постоперативен ден, според него, состојбата на пациентката се комплицирала (интраабдоминална хеморагија), хеморагичен шок, животозагрозувачка состојба ако не се интервенира навреме и брзо. – Итно влеговме во операциона сала екипа од двајца гинеколози, двајца хирурзи и двајца анестезиолози, секој работејќи на својата област. После една екстремно тешка и вонредна работа, која траеше цели осум часа, успеавме да и го спасиме животот на пациентката. Сакам да нагласам дека гинекологот не вади бубрег. Бубрегот е изваден од страна на хирурзите, кои во моментот имале индикација за тоа, зашто само на тој начин можело да го спречат крвавењето кое потекнувало од таму (сето ова е документирано), пишува довчерашниот директор на Болницата во Струга. Тој нагласува дека се соочиле со многу тешка операција, која се прави во специјализирани клиники, но оти со голема посветеност и упорност од целата екипа, завршила успешно. Потоа пациентката била препратена во КАРИЛ за интензивен мониторинг и понатамошна евалуација. Вели дека интервенцијата била извршена професионално и тоа позитивно била оценето уште при приемот на пациентката на КАРИЛ, а потоа и од комисијата формирана од Лекарската комора. – По деталната анализа за случајот, донесена е одлука: Не е констатирано ниту еден прекршок во тек на инервенцијата, не е најдено никаква лекарска грешка и секој чекор бил по медицинските протоколи, пишува Асани. Вели дека со својата посветена работа повеќе од 30 години докажал дека не е несовесен лекар и оти го жртвувал времето за семејството за да биде во служба на секој што имал потреба од него. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-razreshuvanjeto-na-funkcijata-se-oglasi-asani-sovesta-mi-e-chista/feed/ 0
Разрешен директорот на струшката болница по случајот со родилката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-direktorot-na-strushkata-bolnica-po-sluchajot-so-rodilkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-direktorot-na-strushkata-bolnica-po-sluchajot-so-rodilkata/#respond Wed, 17 Mar 2021 10:30:26 +0000 https://kurir.mk/?p=483608

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во врска со случајот со родилката во Дебар, вчера донесол одлука за формирање на нова Комисија. -Првата комисија беше формирана од МЗ преку Лекарската комора, но со оглед на неколку интервенции прво од семејството на родилката, но и од неколку институции (Хелсиншки комитет), новата комисија ќе ја водат директорите на КАРИЛ, Урологија, Гинекологија и ќе треба да направат анализа на случајот. Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и нов ќе се назначи во текот на денешниот или утрешниот ден, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-direktorot-na-strushkata-bolnica-po-sluchajot-so-rodilkata/feed/ 0
Ивановска ја повика Лекарската комора: Веднаш да се побара одговорност од Асани, не може туку така здрави органи да се вадат на пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-ja-povika-lekarskata-komora-vednash-da-se-pobara-odgovornost-od-asani-ne-moze-tuku-taka-zdravi-organi-da-se-vadat-na-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-ja-povika-lekarskata-komora-vednash-da-se-pobara-odgovornost-od-asani-ne-moze-tuku-taka-zdravi-organi-da-se-vadat-na-pacienti/#respond Fri, 12 Mar 2021 09:01:41 +0000 https://kurir.mk/?p=481176

Треба да се утврди одговорност за целиот процес кој што се случува на родилката. Мене навистина не ми е јасно како може некој да влезе во болница, да биде се во ред, и да излезе без три органи. Мислам дека тоа како граѓанин си го поставувам прашањето. Дотолку повеќе што според мене лиценцата што ја добива еден доктор значи дека тој е одговорен, дека тој е образован и дека тој е професионалец, и дека професионално ќе си ја заврши работата. И таа на некој начин треба да гарантира и безбедност на пациентите, мислам на овој начин навистина се губи довербата и во белите мантили, посочи Билјана Ивановска, претседател на ДКСК при јавување на „Утрински Брифинг“. Ивановска повика Лекарската Комора да реагира и да побара одговорност од директорот на струшката болница. - Она што можеби ние ќе го детектираме како случај во ДКСК е позицијата на господинот Асани како директор на клиниката. Бидејќи за него се утврдува дека има и ординација која што работи на диво. Значи тој не може да раководи, тоа е веќе конфликт на интерес кој може да гарантира дека тој не ги пренасочува своите пациенти во дивата ординација, појасни Ивановска. Ивановска укажа дека од аспект на судир на интереси кај докторот Асани може да одлучува ДКСК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-ja-povika-lekarskata-komora-vednash-da-se-pobara-odgovornost-od-asani-ne-moze-tuku-taka-zdravi-organi-da-se-vadat-na-pacienti/feed/ 0
Дури четири пациентки досега го пријавиле доктор Асани: ДСЗИ му издаде забрана за извршување на здравствена дејност во неговиот дом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-chetiri-pacientki-dosega-go-prijavile-doktor-asani-dszi-mu-izdade-zabrana-za-izvrshuvanje-na-zdravstvena-dejnost-vo-negoviot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-chetiri-pacientki-dosega-go-prijavile-doktor-asani-dszi-mu-izdade-zabrana-za-izvrshuvanje-na-zdravstvena-dejnost-vo-negoviot-dom/#respond Tue, 26 Jan 2021 15:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=460137

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот за директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани, кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е во постојна комуникација со инспекторатот за сите преземени активности. ДСЗИ ги презема сите мерки во рамки на законските надлежност за постапување со конкретниот случај, соопштуваат од Кабинетот на Николовски. ДСЗИ во ординацијата која се наоѓа во домот на д-р Асани, веќе изврши вонреден инспекциски надзор со полициска асистенција, како што налагаат правилата за надзор во објект каде нема обележано дека постои приватна здравствена устанува. При надзорот, е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за која нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма. Во меѓувреме, до ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот, посочуваат од кабинетот на Николовски. Една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред осум години. Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на д-р Мухамед Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом. Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе постапи согласно надлежностите и ќе ги извести сите надлежни институции за констатираната состојба во ординацијата сместена во домот на д-р Асани, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-chetiri-pacientki-dosega-go-prijavile-doktor-asani-dszi-mu-izdade-zabrana-za-izvrshuvanje-na-zdravstvena-dejnost-vo-negoviot-dom/feed/ 0