мухамед сејдини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 27 May 2023 12:51:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мухамед сејдини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сејдини: Ќе продолжиме да бидеме сервис на фудбалот во Македонија! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-ke-prodolzhime-da-bideme-servis-na-fudbalot-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-ke-prodolzhime-da-bideme-servis-na-fudbalot-vo-makedonija/#respond Sat, 27 May 2023 12:47:33 +0000 https://kurir.mk/?p=839420

Во Хотелот “Хилтон“ во Скопје започна Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација. Како што се утврди, присутни се 60 од 62 делегати. Што значи дека сите одлуки ќе бидат важечки. Инаку тука се и новите делегати од ОФС Тетово, и тоа Јовица Илиевски, Мухадин Исмаили, Дритон Муслиу кои имаат мандат до 2025 година. Претставниците на ФИФА и УЕФА ги пренесоа поздравите од Џани Инфантино и Алексансер Чеферин и посакаа успех во работата за сите проекти на ФФМ. Свое овбраќање имаше и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини кој рече дека ФФМ ќе биде сервис на фудбалот во Македонија. -Ќе продолжиме да стоиме цврсто на земја и да бидеме сервис на фудбалот во Македонија. Само со силна желба и истрајност во работата можеме да стигнеме до посакуваните резултати, посочи Сејдини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-ke-prodolzhime-da-bideme-servis-na-fudbalot-vo-makedonija/feed/ 0
Сејдини повторно се огласи: Македонија на ЕП со досегашниот дрес, откри што се случило со изборот на новиот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-povtorno-se-oglasi-makedonija-na-ep-so-dosegashniot-dres-otkri-shto-se-sluchilo-so-izborot-na-noviot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-povtorno-se-oglasi-makedonija-na-ep-so-dosegashniot-dres-otkri-shto-se-sluchilo-so-izborot-na-noviot/#respond Sun, 30 May 2021 08:22:16 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516748

Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини по бројните реакции по јавноста откако беше презентиран новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација за настап на ЕП 2020, пресече и доцна синоќа соопшти дека Македонија ќе настапува во досегашниот дрес. Сејдини им се извини на навивачите, нагласувајќи дека ја превзема одговорноста, но и дека е испратен допис до УЕФА за промена на дресот на репрезентацијата. Во продолжение интегрално ви го пренесува писмото на Сејдини. -Драги навивачи на македонската репрезентација, како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство. Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на новиот дрес. Свесни сме дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер уште од најрана возраст. Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост на барање на фудбалерите. Тимот бараше нови репрезентативни дресови. Ние сакавме да го исполниме тоа барање. За жал, техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ. Федерацијата и службите во ФФМ целосно ја преземаат одговорноста за овој избор, но исто така ќе побараат одговорност и од техничкиот партнер. Како претседател на федерацијата ја преземам мојата одговорност за евентуални последици и најавувам дека на Европското првенство ќе играме со досегашните дресови. Тоа што не влијаев и имав доверба во работата на службите во ФФМ во креирањето на новиот дрес, не значи дека треба да молчиме кога пошироката јавност го искажува своето мислење. Инсистирам настапот на Европското првенство да биде запаметен по прекрасниот успех што го направивме и да не биде засенет со работи кои се полесни за решавање. Поради реакциите од бојата на дресот, ние како Фудбалска федерација на Македонија пративме допис до УЕФА со кој бараме натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надевам дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото. Со актуелниот репрезентативен дрес игравме на Европското првенство 2017, со тој дрес остваривме историски пласман на ЕУРО 2020 и со тој дрес ќе се претставиме на првенството кое со нетрпение го очекуваме. Ве повикувам со добра мисла да ги испратиме нашите херои на Европското првенство. Навивачкиот дух да им биде ветер во грб, пишува Сејдини во писмото до јавноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-povtorno-se-oglasi-makedonija-na-ep-so-dosegashniot-dres-otkri-shto-se-sluchilo-so-izborot-na-noviot/feed/ 0
Пуштен во употреба нов фудбалски терен со вештачка трева во Струмица https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pushten-vo-upotreba-nov-fudbalski-teren-so-veshtachka-treva-vo-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pushten-vo-upotreba-nov-fudbalski-teren-so-veshtachka-treva-vo-strumica/#respond Tue, 11 May 2021 15:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=509038

Фудбалската федерација на Македонија во Струмица официјално го пушти во употреба и го предаде на користење најновиот терен со вештачка трева (без полнење со вештачка гума) наменет за македонскиот прволигаш Академија Пандев. Проектот за целосна изградба на теренот со вештачка трева чини 280.000 евра, а нашата федерација средствата ги обезбеди преку Хет-трик програмата на УЕФА. „За Фудбалската федерација на Македонија денот како денешниот кога отвораме нови фудбалски терени секогаш се посебни и значајни. Овој терен е првиот со најмодерна вештачка трева во Македонија, без гранули и во вредност од 280. илјади евра како помош од ФФМ и УЕФА за фудбалскиот регион од кој секогаш произлегуваат македонски фудбалски репрезентативци. За нас е исклучително важно што докажавме дека ФФМ е способна да реализира важни проекти за македонскиот фудбал, од изградба на инфраструктура до обезбедување услови за најдобрата репрезентација за пласман на големи натпреварувања“.  Сигурни сме дека вложувањето во инфраструктурата ќе овозможи клубовите да поставуваат нови цели кои ќе значат успех и за нив, но и за нашите национални тимови. Токму затоа вложуваме во сите региони во државата. Сакаме да им помогнеме на сите, нашата цел е да направиме заеднички напори и вложувања со клубовите и општините, а сето она што се работи во европските фудбалски центри, мора да се направи и во Македонија. Со здравје да се користи новиот терен и нека биде поттик за сите други да вложуваат во фудбалот“, рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. На официјалното отворање на теренот за Академија Пандев покрај претставниците на ФФМ, присуствуваа градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и Мартин Алаѓозовски од Академија Пандев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pushten-vo-upotreba-nov-fudbalski-teren-so-veshtachka-treva-vo-strumica/feed/ 0
Мухамед Сејдини: Нема да дозволам никој по било која цена која што е надвор од фудбалот да ја наруши прекрасната атмосфера што владее во репрезентацијата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/muhamed-sejdini-nema-da-dozvolam-nikoj-po-bilo-koja-cena-koja-shto-e-nadvor-od-fudbalot-da-ja-narushi-prekrasnata-atmosfera-shto-vladee-vo-reprezentacijata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/muhamed-sejdini-nema-da-dozvolam-nikoj-po-bilo-koja-cena-koja-shto-e-nadvor-od-fudbalot-da-ja-narushi-prekrasnata-atmosfera-shto-vladee-vo-reprezentacijata/#respond Fri, 09 Apr 2021 18:06:24 +0000 https://kurir.mk/?p=495023

По повод случувањата во Фудбалската федерација на Македонија и многубројните информации кои провејуваат во јавноста и на социјалните медиуми, првиот човек на македонската куќа на фудбалот, Муамед Сејдини денес се обрати во јавноста. Обраќањето на Сејдини го пренесуваме во целост: „Обично практикувам да комуницирам со вас секогаш кога најавуваме нови проекти, успеси и информации што значат промоција на македонскиот фудбал, особено во периодот кога ја живееме нашата долгоочекувана фудбалска бајка што е и единствено очекувано да се прави. Во една прилика јавно кажав: „Ако државата функционира како фудбалската репрезентација на Македонија, тоа ќе биде добро за сите” Тоа го мислам и денес, но принуден сум овој пат да се обратам до сите вас по повод пишувањата на одредени медиуми за мојот однос со селекторот на репрезентацијата. Се обидувам, но никако не можам да ја разберам потребата за новинарски сензации и наслови кои никому не му одат во прилог, а кои се целосно невистинити и најостро ги демантирам. Јас, Муамед Сејдини, потполно сум убеден дека во моментот ја имаме најдобрата генерација македонски фудбалери, генерација која го постигна најдобриот резултат во историјата на нашиот фудбал и верувајте, ќе продолжат уште повеќе да не радуваат сите нас. Ваквото мислење го имав и во текот на квалификациите за Европското првенство во јуни - септември 2019, кога голем број спортски работници и јавноста бараа смена на селекторот во периодот кога игравме со Израел Полска Австрија а немавме добри резултати. Но, јас верувам во континуитет и верувам дека брзите одлуки не се добри решенија. Цврсто стојам на ставот дека за секој успех треба и време и многу работа. Се потврди дека тоа е исправно. На радост на сите нас, резултатите дојдоа после две години. Тогаш бев цел на критики од јавноста, критиките ги трпам и сега, но сето тоа вреди кога имате искрена цел пред себе и единствено за што размислувате е успехот. Оваа Македонија е моќна и наша цел е континуиран настап на големите натпреварувања. На добар пат сме тоа да го постигнеме. Апсолутно не очекувам никој мене лично да ме пофали за истото, бидејќи јас ниту асистирам, ниту постигнувам голови, ниту правам тактика за натпреварите.Тоа го прават нашите златни момци и стручниот штаб. Колку малку е потребно за сите во Македонија да доживеат моменти на среќа и радост, покажаа деведесетте минути на натпреварот со Германија, а посебно после последниот свиреж на судијата. Моја најголема одговорност е оваа атмосфера во репрезентацијата, оваа фудбалска бајка да продолжи, да се надградува и никој од страна да не успее да ја расипе. Во спортот нормално е да има разговори и различни мислења. Тие се решаваат интерно и со договор бидејќи целта на сите нас е Македонија да оди само напред и никако поинаку. Секогаш практикувам и се обидувам да ги слушам советите на професионалците во својата област, така беше и во случајот со навивачката химна. Го одбравме тоа што беше сугерирано како најдобро решение, а никогаш не би дозволил да се мешам во туѓа работа, а посебно да негирам нечии заслуги.Тоа е една од најлошите особини што човек може да ги има. Сега е наше време сите да се обединиме зад фудбалската репрезентација на Македонија. Сега е наше време сите да помогнеме за успех на претстојното Европско првенство. А, јас во секое време сум на располагање за сите медиуми да одговарам на сите прашања. Ве уверувам, нема да дозволам никој по било која цена која што е надвор од фудбалот да ја наруши прекрасната атмосфера што владее во репрезентацијата.Тоа е моја должност и обврска. Да го зачуваме тоа што сите нас не прави среќни, горди и радосни. Сега е навистина наше време! Напред Македонија!“, напиша Сејдини за официјалната веб страница на федерацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/muhamed-sejdini-nema-da-dozvolam-nikoj-po-bilo-koja-cena-koja-shto-e-nadvor-od-fudbalot-da-ja-narushi-prekrasnata-atmosfera-shto-vladee-vo-reprezentacijata/feed/ 0
ОФС Гевгелија со поддршка за Мухамед Сејдини https://arhiva.kurir.mk/sport/ofs-gevgelija-so-poddrshka-za-muhamed-sejdini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ofs-gevgelija-so-poddrshka-za-muhamed-sejdini/#respond Sat, 06 Feb 2021 21:44:35 +0000 https://kurir.mk/?p=465287

Продолжуваат активностите на Општинските фудбалски сојузи во пресрет на најавеното изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија. Во Дојран се одржа и Собранието на ОФС Гевгелија на кое присуствуваа 17 од поканети 27 делегати. За претседател на ОФС Гевгелија избран е Боро Истатов, а воедно е дадена е и едногласна поддршка на кандидатурата на Муамед Сејдини за нов мандат како прв човек на Фудбалската федерација на Македонија. Боро Истатов од ОФС Гевгелија е предложен како кандидат за член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ofs-gevgelija-so-poddrshka-za-muhamed-sejdini/feed/ 0
ОФС Кичево го кандидира Сејдини за нов претседателски мандат во ФФМ https://arhiva.kurir.mk/sport/ofs-kichevo-go-kandidira-sejdini-za-nov-pretsedatelski-mandat-vo-ffm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ofs-kichevo-go-kandidira-sejdini-za-nov-pretsedatelski-mandat-vo-ffm/#respond Wed, 03 Feb 2021 19:59:04 +0000 https://kurir.mk/?p=463837

Актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини денеска ја доби поддршката на ОФС Кичево и официјално се кандидира за нов мандат на функцијата прв човек на македонскиот фудбал. Сејдини на денешното собрание на ОФС Кичево ја доби целосната поддршка од делегатите со што е предложен како кандидат за нов мандат на претседателската функција во пресрет на изборното собрание. Првиот човек на македонскиот фудбал функцијата претседател ја извршува две години и во неговиот мандат македонската фудбалска репрезентација обезбеди учество на едно големо натпреварување како ЕП. Сејдини кој претходно беше и потпретседател на ФФМ неколкупати најави дека ќе се кандидира само доколку добие поддршка од својата база со што од денеска неговата кандидатура е и официјална. На Собранието на ОФС Кичево присуствувал и заменик директорот на АМС кој на присутните им посакал успешна година на фудбалски план.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ofs-kichevo-go-kandidira-sejdini-za-nov-pretsedatelski-mandat-vo-ffm/feed/ 0
Сејдини: Чекориме кон историски резултат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sejdini-chekorime-kon-istoriski-rezultat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sejdini-chekorime-kon-istoriski-rezultat/#respond Mon, 03 Feb 2020 11:16:27 +0000 https://kurir.mk/?p=298531

Една година откако е на чело на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини зборува за главниот фокус во работата на федерацијата, особено осврнувајќи се на националниот тим и крупните инфраструктурни проекти. Одговарајќи на прашање од интервјуто за локалната телевизија „Гурра“ од неговиот роден град, Кичево, Сејдини истакна дека успехот на првиот човек во „Куќа на фудбалот“ посебно се вреднува со резултатите на националните селекции. Не можам, а да не бидам задоволен со тоа што го постигна нашата А селекција. Во квалификациите за ЕП го освоивме третото место, наш најдобар пласман досега, а преку Лига на Нации ја бараме шансата за место на Европското првенство. Не очекуваат најмалку 180. минути до историски успех и остварување на сонот на многу генерации. Се разбира за да се оствари тоа треба најпрвин да го совладаме Косово, а потоа да се фокусираме на одлучувачкиот меч. Оптимист сум дека ќе успееме да ја оствариме целта, вели Сејдини. Претседателот на ФФМ, одговори и за квалитетот на нашиот домашен, клупски фудбал, потенцирајќи дека влегувањето на силни спонзори во нашата лига го зголемува квалитетот, а тоа се докажа со Вардар и Шкендија кои во последните години имаа значителен успех во нивните европски настапи. Инфраструктурата игра голема улога во фудбалот, особено за помладите категории. ФФМ не гради стадиони, туку помага во реализација на крупни проекти. Ние сме работеле на неколку проекти кои се реализирани и се уште работиме на подобрување на условите на неколку стадиони. Како што знаете во тек се инфраструктурни работи на стадионот во Битола, Охрид и во Чаир. Запрашан за стадионот во Тетово зошто не се работи на подобрување на условите, во смисла да ги исполнува критериумите за меѓународни натпревари, Сејдини рече дека одговорот треба да го побараме во општина Тетово, бидејќи делот од договорот што како обврска го имаше Фудбалската федерација на Македонија одамна е завршен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sejdini-chekorime-kon-istoriski-rezultat/feed/ 0