мухарем сербезовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 08:31:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мухарем сербезовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рамо до рамо за плачење https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ramo-do-ramo-za-plachene/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ramo-do-ramo-za-plachene/#respond Thu, 06 Apr 2023 08:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=820919

Додека Бугарија со сиот ум преку Милков бараше учество во македонската работна група за уставни измени, во Македонија неприкосновениот шампион во дисциплината „свивање раменици“ го стави своето уникатно и мега-свиено раме во кампања за избори. Соодветно, она кога безрбетници/„бескичмењаци“ одат во битка подвиени, коленичејќи, кукајќи, ползејќи и плачејќи за нов мандат. Како и секогаш, водени од мантрата „наведната глава меч не сече“. И така, Таче Замрзнувачот, познат меѓу македонскиот народ по пипкање леб и јајца по маркети и „надвор“ по своите ултра-свиени раменици (синоним за потчинетост и попуштање) храбро се реши за првпат во својот живот да оди на избори, понесен на крилјата на ултра-патетичната кампања „Рамо до рамо до победа“. Демек, сите од СДСССС здружени и братски, ќе направат мост и исто како во криминалот, тендерите и рушветот со заеднички сили и сплотени ќе одат во нова „победа“ за она на„С“. Туку, веројатно, многу ќе им недостигаат рамениците на Рашко, Димова, Мухи, Боро Малборо, Ване Цветанов, Дончев, Богоевски, Рускоска и една цела плејада шарени суртуци. Пола од екипата, во меѓувреме, им заврши во ќорка, онаму за каде другата половина која сега е на власт има резервација. Сега од катастрофата причинета од нив самите, ќе не спасуваат подвиените раменици на дечките кои демек носеа „живот“, а успејаа да донесат само срам, понижување и иселување. Ок, новина е што не се во истиот декор со црвени блузички, туку на истите само им додале бели ракавчиња и што наместо Црпко Први го имаат Црпко Втори алијас Таче. Со рејтинг во минус. Хохштаплерите кои за 6 години не успејаа ни да ги довршат автопатите кои им ги остави претходната влада, ама затоа сега орно ќе градат автопат кој ќе ги поврзе Албанија и Бугарија, по толку години незакована шајка, дуплиран долг во милијарди евра, уништено образование, срозан стандард, здравство на колена и армија со чатали и малихери, сега ќе одат во нова победа... Затоа, разберете го Милков, министер на земја која оди кон 6-ти избори во само две години, чиновниче со легитимитет како Таче. Бугарите знат дека деновите на Ќуран и СДССС се одамна избројани и дека ќе треснат јако на избори, па си бараат ли бараат пустите. Свесни се дека вакви политикантски радодајки од кои почесни и подостоинствени се и госпожите во „ред лајт дистрикт“, мајка еднаш раѓа. Знаат дека ваква шанса за успех никогаш нема да имаат. А, што е право, СДСССССССС одбра многу соодветно мото за кампањата, само го утнаа последниот дел од слоганот. Не РАМО ДО РАМО ЗА ПОБЕДА, ова е коалиција која на избори ќе оди РАМО ДО РАМО ЗА ПЛАЧЕЊЕ. Знаат „првенците“ што ги чека. Одговорност се вика. Свесни се дека по изборите, кога и да бидат, врхушката ќе си плаче и лелека, веќе резервирале еден на друг да си бидат „рамо за плачење“. Време кога без пари и моќ никој друг ни во партија нема да ги сака и ќе мораат сами да си се тешат, да си кукаат за поразот и судбата која ги снашла апашите. Рамо до рамо, кој во Шутка, кој во Идризово, кој во отворено одделение во Штип или Струга... А таму, онака Далтоновски во оделца со пругаст дезен ќе си ја певуцкаат нумерата на Мухарем Сербезовски. „Ееееј, Рамо, Рамо, Рамо друже мој, Рамо, Рамо друже мој, Дали чујеш јецај моооој...“   Арно ама, немало кој да ги чуе. Благодарение на дибидус-блескавата политика на Тачевци и Заевци, другарот Рамо, рамо до рамо со Аце, Џељал, Штерјо и Милорад одамна да ти заминал од Македонија...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ramo-do-ramo-za-plachene/feed/ 0
Тие биле ромските Ромео и Јулија – поранешната љубов на Есма раскажа дека таа го оставила поради една работа, пејачот станал неподнослив! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tie-bile-romskite-romeo-i-julija-poraneshnata-ljubov-na-esma-raskaza-deka-taa-go-ostavila-poradi-edna-rabota-pejachot-stanal-nepodnosliv/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tie-bile-romskite-romeo-i-julija-poraneshnata-ljubov-na-esma-raskaza-deka-taa-go-ostavila-poradi-edna-rabota-pejachot-stanal-nepodnosliv/#respond Tue, 07 Dec 2021 20:40:11 +0000 https://kurir.mk/?p=605554

Пејачот Мухарем Сербезовски раскажа дека повеќе од пет децении бил лудо заљубен во покојната Есма Реџепова. Малку кои знаеле дека уште како тинејџер, тој бил во врска со Есма. „Тоа беше многу одамна, кога имав 12 години. Настапував во разни културно-уметинчки друштва во Македонија и во една прилика ја сретнав тогаш младата, но, расна девојка која ја викнаа за да ја препее песната која јас ја пеев на ромски јазик, а другите не ја разбираа. Тоа беше Есма. Веднаш се заљубив во неа, а и таа во мене. Подоцна призна за некои медиуми кога ја прашувале за мене. Нашата љубов згасна кога станав неподнослив, веројатно затоа што станав познат и популарен пејач. Есма и јас бевме циганските Ромео и Јулија“, рече Мухарем. Тој им помогнал на многу колеги кои сега имаат успешна музичка кариера. Една од нив е и покојната пејачка Уснија Реџепова. „Режисерите не можеа да најдат девојка која би ја играле Коштана, а јас тогаш ја донесов Уснија и таа стана најпознатата Коштана. Таа беше циганска примадона, немаше некои квалитети како пејач, но, пленеше на друг начин. Беше многу интелегентна“, рекол пејачот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tie-bile-romskite-romeo-i-julija-poraneshnata-ljubov-na-esma-raskaza-deka-taa-go-ostavila-poradi-edna-rabota-pejachot-stanal-nepodnosliv/feed/ 0