мумија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 07:21:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мумија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Мумија“ стара 128 години добива соодветен погреб во САД (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mumija-stara-128-godini-dobiva-soodveten-pogreb-vo-sad-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mumija-stara-128-godini-dobiva-soodveten-pogreb-vo-sad-video/#respond Tue, 03 Oct 2023 07:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=884484

Мумифициран човек познат како „Камениот Вили“ ќе добие соодветен свечен погреб откако бил изложен 128 години во погребна куќа во Рединг, Пенсилванија, САД. Како што објави „Воис оф Америка“, покојникот бил алкохоличар кој починал од откажување на бубрезите в затвор на 19 ноември 1895 година. Тој потоа бил мумифициран од страна на погребник кој експериментирал со нови техники за балсамирање. Следствено, „мумијата“ била изложена облечена во костум со пеперушка и црвен појас преку градите. Бидејќи кога го уапсиле за ситна кражба, дал лажно име, неговиот вистински идентитет останал непознат. Но, вработените во погребниот дом успеале да откријат за кого всушност се работи. Од погребниот дом соопштија и дека ќе го откријат неговото име подоцна оваа недела, кога ќе го положат телото во идното вечно почивалиште. Пред погребот, Градот Рединг ќе му оддаде почит на човекот кој над столетие е дел од градскиот фолклор. А, тоа се совпаѓа со прославата на 275-годишнината од основањето на градот, пренесува „Ал џезира“. Мумифицираниот човек ќе биде изложен цела оваа седмица, пред своето последно патување низ улиците на Рединг в сабота. Тој ќе биде погребан на околните гробишта, а на надгробната плоча ќе стои неговото вистинско име.  (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mumija-stara-128-godini-dobiva-soodveten-pogreb-vo-sad-video/feed/ 0
ФОТО: Археолози во Перу открија мумија стара повеќе од 3.000 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-arheolozi-vo-peru-otkrija-mumija-stara-poveke-od-3-000-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-arheolozi-vo-peru-otkrija-mumija-stara-poveke-od-3-000-godini/#respond Fri, 23 Jun 2023 20:45:13 +0000 https://kurir.mk/?p=849110

Група перуански археолози открија добро сочувана машка мумија стара повеќе од 3.000 години во областа Римац за време на ископувањата на антички локалитет. Ова откритие е дел од програмата за обновување и валоризација „Huaca La Florida“, предводена од перуанската општина Римац, со поддршка на Националниот универзитет во Сан Маркос. Мумијата е пронајдена во одлична состојба во камена гробница, завиткана во гробно снопче направено од домороден памук. До мумијата биле откриени неколку предмети, вклучувајќи ѓердани, пченка и семиња. Министерството за култура им даде дозвола на археолозите да продолжат со ископувањата, овозможувајќи подлабоко разбирање на историјата на овој археолошки локалитет, кој е признат како светско културно наследство. „Huaca La Florida“ е предхиспански храм во форма на буквата У, кој датира од пред околу 4.000 години, што го прави еден од најстарите споменици во метрополитенската област Лима и најстариот во долината Римак. Откриената мумија е поврзана со последната фаза од изградбата на храмот и се проценува дека е стара помеѓу 3.000 и 3.500 години.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-arheolozi-vo-peru-otkrija-mumija-stara-poveke-od-3-000-godini/feed/ 0
Во Перу најдена мумија стара 3.000 години (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-peru-najdena-mumija-stara-3-000-godini-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-peru-najdena-mumija-stara-3-000-godini-video/#respond Thu, 15 Jun 2023 08:14:33 +0000 https://kurir.mk/?p=845951

Археолози пронајдоа мумија стара околу 3.000 години во Лима, Перу. Истражувачите и студентите од Универзитетот „Сан Маркос“ при ископувањето прво ги забележале остатоците од косата и од черепот на мумијата обвиени во памук, а потоа и другите останки. Мумијата најверојатно потекнува од културата Манчај, којашто живеела по долината Лима, меѓу 1500 и 1000 година п.н.е., смета археологот Мигел Аквиљар. Наодот е поврзан со изградбата на храмови во облик на потковица, свртени кон изгрејсонцето, јави „Глобал њуз“. - Оваа личност била оставена тука или жртвувана при завршувањето на изградбата на храмот. Стара е околу 3.000 години, рече Аквиљар. Археолозите пронашле и предмети закопани покрај телото, како пченка, листови од кока и семиња, коишто најверојатно биле составен дел од жртвувањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-peru-najdena-mumija-stara-3-000-godini-video/feed/ 0
ФОТО: Стара мумија пронајдена во торба-ладилник во Перу – „Таа ми е духовна девојка, ме казнува ако сум лош“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-stara-mumija-pronajdena-vo-torba-ladilnik-vo-peru-taa-mi-e-duhovna-devojka-me-kaznuva-ako-sum-losh/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-stara-mumija-pronajdena-vo-torba-ladilnik-vo-peru-taa-mi-e-duhovna-devojka-me-kaznuva-ako-sum-losh/#respond Wed, 01 Mar 2023 07:47:06 +0000 https://kurir.mk/?p=806412

Перуанската полиција соопшти дека изминатиов викенд запленила мумија стара 600 до 800 години во торба-ладилник за испорака на храна. Сопственикот на торбата притоа рекол дека „неговата“ мумија долго време му била „состанарка“. Мумијата била пронајдена во областа Пуна на Андите. Хулио Сезар Бермехо (26) е притворен. Министерството за култура нареди заплена на мумијата заради заштита и зачувување на културното наследство, соопштија перуанските власти. Бермехо одрекува дека сакал да ја продаде мумијата, но признал дека ја чува во ладилник за да ѝ ја покаже на пријател, а потоа би ја дал во музеј. Тој раскажал и дека татко му ја зел мумијата пред 30 години од полицаец, кој му должел пари и археолошкиот наод го викал „Хуанита“. „Таа е во мојата соба, спие со мене. Се грижам за неа, ја чувам. Таа ми е како духовна девојка“, изјавил младиот човек додавајќи дека мумијата „има енергија и го казнува ако тој се однесува лошо“. Како и да е, стручните анализи велат дека „таа“ не е „Хуанита“, т.e. черепот е од маж, висок 151 сантиметар, кој починал на околу 45 години. Според властите, мумијата веројатно е пронајдена во источниот дел на Перуанските Анди и е стара 600 до 800 години.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-stara-mumija-pronajdena-vo-torba-ladilnik-vo-peru-taa-mi-e-duhovna-devojka-me-kaznuva-ako-sum-losh/feed/ 0
Пронајдена мумија прекриена со злато- затворена во саркофаг кој не е отворен 4.300 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdena-mumija-prekriena-so-zlato-zatvorena-vo-sarkofag-koj-ne-e-otvoren-4-300-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdena-mumija-prekriena-so-zlato-zatvorena-vo-sarkofag-koj-ne-e-otvoren-4-300-godini/#respond Fri, 27 Jan 2023 09:02:30 +0000 https://kurir.mk/?p=792673

Египетски археолози соопштија дека е пронајдена мумија со златни лисја на себе, затворена во саркофаг којшто не е отворен 4.300 години. Се работи за посмртни останки на човек по име Хекашепес, и се сметаат за еден од најстарите скоро целосни невладетелски тела откриени во Египет. Мумијата е откриена во окно длабоко 15 метри, на антички гробишта јужно од Каиро – во Сакара, каде што се пронајдени уште три гробници. А, едниот гроб му припаѓал на „чуварот на тајните“… Тој е именуван Мери – висок функционер во државата кој ја добил таа титула која му дозволувала да врши посебни верски обреди. Се верува дека најголемата од мумиите откриени на овие древни гробишта е извесен Хнумџедеф – свештеник, инспектор и надгледник на благородниците. А пак, во четвртиот гроб бил погребан судија и писател по име Фетек. Тука е откриена збирка од она што се верува дека се најголемите статуи кои некогаш се пронајдени во целата оваа област. Ископани се и повеќе предмети, вклучително и ќерамика. Археологот Захи Хавас, поранешен министер за антиквитети на Египет, смета дека сите наоди датираат од околу 25. до 22. век п.н.е. – Ова откритие е прилично важно, бидејќи ги поврзува владетелите со луѓето што живеат околу нив, изјави Али Абу Дешиш, друг археолог вклучен во ископувањата. Сакара е некропола што содржи гробови кои се датираат во временски распон од над 3.000 години. Сместена во древниот египетски главен град Мемфис, таа е дом на повеќе од 12 пирамиди – вклучувајќи ја и Степенестата пирамида, во близина на местото каде што се пронајдени и новооткриените мумии. Подрачјето е прогласено е за светско наследство на УНЕСКО. Египет со овие големи археолошки откритија последниве години, цели, меѓу другото – да го заживее и својот туризам.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdena-mumija-prekriena-so-zlato-zatvorena-vo-sarkofag-koj-ne-e-otvoren-4-300-godini/feed/ 0
Шок откритие во Египет: Мистериозна мумија на дете со златно срце https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shok-otkritie-vo-egipet-misteriozna-mumija-na-dete-so-zlatno-srtse/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shok-otkritie-vo-egipet-misteriozna-mumija-na-dete-so-zlatno-srtse/#respond Thu, 26 Jan 2023 19:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=792508

Радиологот Саха Салем од Универзитетот во Каиро и нејзините колеги дигитално ја погледнаа малата мумија покриена со злато и открија 49 амајлии од 21 тип. Дигиталното скенирање на египетска мумија откри дека мумифицираното тело на тинејџерот содржи дополнително срце од злато, како и десетици други амајлии за кои древните Египќани верувале дека се важни за задгробниот живот. Покрај тоа што научниците во телесната празнина на мумијата пронајдоа златен скараб (измет) од 3 сантиметри, кој го симболизира срцето, открија и златен јазик во черепот, амајлија до пенисот и други религиозни предмети изработени од злато, полускапоцени камења и керамика во светли бои.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shok-otkritie-vo-egipet-misteriozna-mumija-na-dete-so-zlatno-srtse/feed/ 0
Тајната на бремената мумија: Мистерија за која цел свет веќе седум дена зборува (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tajnata-na-bremenata-mumija-misterija-za-koja-cel-svet-vekje-sedum-dena-zboruva-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tajnata-na-bremenata-mumija-misterija-za-koja-cel-svet-vekje-sedum-dena-zboruva-foto/#respond Wed, 05 May 2021 11:17:27 +0000 https://kurir.mk/?p=505945

Научниот свет со денови зборува за откритието на полските египетолози, кои со детално скенирање откриле мумифицирана бремена жена. Поради коскената структура на малите деца, нивните остатоци ретко се наоѓаат. Состојбата со фетусите на починати бремени жени е уште потешка, па затоа ова откритие е од голема важност. Тоа исто така зборува за фактот дека античкото египетско верување во задгробниот живот било вкоренето. Тие верувале дека нероденото дете е живо и затоа го оставиле во утробата на починатата мајка за да се преселат со неа во другиот свет. Процесот на мумификација вклучувало отстранување на сите внатрешни органи и ткива што може да го оштетат телото на починатиот за време на процесот на распаѓање. Проектот започна во 2015 година, а најсовремената технологија беше искористена за испитување на артефактите. Целиот процес на истражување се случи во Националниот музеј во Варшава, а неколку научници учествуваа во самиот проект. Претходно, мумијата се сметaла за свештеник, но рендгенските снимки откриле дека станува збор за жена во подоцнежните фази од бременоста. Експертите кои работеле на проектот сметаат дека остатоците најверојатно и припаѓаат на жена која потекнувала од повисока класа, на возраст од 20 до 30 години и се верува дека починала во 1 век п.н.е.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tajnata-na-bremenata-mumija-misterija-za-koja-cel-svet-vekje-sedum-dena-zboruva-foto/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Откриена првата бремена египетска мумија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-otkriena-prvata-bremena-egipetska-mumija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-otkriena-prvata-bremena-egipetska-mumija/#respond Sat, 01 May 2021 15:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=504383

Полски научници објавика дека ја откриле првата бремена египетска мумија во светот додека скенирале 2000 години стари посмртни останки кои се чуваат во Националниот музеј во Варшава. -Мојот сопруг Станислав, египетски археолог и јас ги погледнавме рентгенските снимки и забележавме во стомакот позната глетка за родители на три деца, мало стапало, изјавила пред новинарите Марзена Озарек-Шилке, антрополог и археолог од Универзитетот во Варшава. Деталната анализа покажала цел фетус. Научниците кои работат на проектот веруваат дека жената имала меѓу 20 и 30 години и дека била бремена 26 до 30 недели. -Не знаеме зошто фетусот не бил изваден од покојната при мумифицирањето. Оваа мумија затоа е навистина единствена. Не можевме да пронајдеме друг случај, изјавил соработник на проектот. Врз основа на анализа, за мумијата прво се мислело дека е свештеник кој ивеел меѓу првиот век пред новата ера и првиот век од новата ера. Научниците сега веруваат дека можеби мумијата е постара и ја истражуваат причината за смртта. Мумијата не била отворана, но еден скен покажал дека имала долга виткана коса до рамена. -Ова е прв случај на балсамирано тело на трудница. Отвора нови можности за истражување на бременоста во древните времиња и пракси поврзани со мајчинството, се наведува во текстот на магазинот "Journal of Archaeological Science". Мумијата во Полска била донесена во 19 век и станала дел од збирката антиквитети на Универзитетот во Варшава. Во Националниот музеј се чува од 1917 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-otkriena-prvata-bremena-egipetska-mumija/feed/ 0
Научници го пресоздадоа гласот на мумија стара 3000 години, еве како звучи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-go-presozdadoa-glasot-na-mumija-stara-3000-godini-eve-kako-zvuchi-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-go-presozdadoa-glasot-na-mumija-stara-3000-godini-eve-kako-zvuchi-video/#respond Fri, 24 Jan 2020 08:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=293943

Научници oд кралскиот Холовеј колеџ во Лондон соопштија дека го пресоздале гласот на 3.000 години стара египетска мумија, со помош на медицински скенери, 3-Д печатачи и електронски душник. Во трудот објавен во списанието „Сајентифик рипортс“, авторите истакнуваат дека техниката им овозможила да го произведат само звукот „е”. Како што истакнуваат научниците, тонот веројатно не бил прецизен одраз на говорот на египетскиот свештеник Несијамун, со чие мумифицирано тело истражувачите и работеле, оти неговиот јазик изминативе три илјадалетија изгубил голем дел од својот квантитет. Самиот модел не е доволен за да се реконструираат цели зборови или пак, реченици, се вели во написот. -Но, тоа е нешто на кое работиме и ќе биде изводливо еден ден, смета Дејвид М. Хауард, еден од авторите на истражувањето.  (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-go-presozdadoa-glasot-na-mumija-stara-3000-godini-eve-kako-zvuchi-video/feed/ 0
Во древноегипетска гробница пронајдена мумија на мачка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-drevnoegipetska-grobnica-pronajdena-mumija-na-machka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-drevnoegipetska-grobnica-pronajdena-mumija-na-machka/#respond Mon, 12 Nov 2018 09:26:53 +0000 https://kurir.mk/?p=126762

Во новооткриена древноегипетска гробница во местото Сакари, јужно од Каиро, е пронајдена мумија на мачка стара 4.000 години. Месноста е остаток од градот Мемфис кој 2000 години бил престолнина на Египет. Во неодамна откриената гробница пронајдени се седум саркофази од времето на владетелот Усеркаф, а во три од нив има мумифицирани мачки. Локалните експерти истакнуваат дека ваквите археолошки наоди во египтологијата се ретки. Старите Египќани ги сметале мачките за свети животни, па така, во гробницата има и бронзена статуа од мачка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-drevnoegipetska-grobnica-pronajdena-mumija-na-machka/feed/ 0