Мун Џе-ин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Sep 2018 11:50:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мун Џе-ин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Многу скапо и премногу чудно: Што му подари Ким Џонг-ун на својот јужнокорејски колега? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mnogu-skapo-i-premnogu-chudno-shto-mu-podari-kim-dzong-un-na-svojot-juznokorejski-kolega/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mnogu-skapo-i-premnogu-chudno-shto-mu-podari-kim-dzong-un-na-svojot-juznokorejski-kolega/#respond Thu, 20 Sep 2018 11:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=103614

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари два тона од ретката печурка „Мацутаке" на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин. - Додека претседателот Мун и неговата сопруга беа во посета на Северна Кореја, до нас пристигна подарок на Ким Џонг-ун. Два тона печурки пристигнаа утрово во Сеул со авион, јави новинската агенција Јонхап. Овие печурки се меѓу најскапите во светот. Според извор од Кабинетот на Мун, претседателот на Јужна Кореја наредил печурките да им се поделат на членови на раздвоените семејства кои не успеале да се сретнат со своите роднини во Северна Кореја на средбата организирана на меѓудржавно ниво минатиот месец. Мун Џе-ин денеска ја заврши својата тридневна посета на Северна Кореја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mnogu-skapo-i-premnogu-chudno-shto-mu-podari-kim-dzong-un-na-svojot-juznokorejski-kolega/feed/ 0
Мун разгледува прекин на воените вежби со САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mun-razgleduva-prekin-na-voenite-vezbi-so-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mun-razgleduva-prekin-na-voenite-vezbi-so-sad/#respond Thu, 14 Jun 2018 10:03:35 +0000 https://kurir.mk/?p=65760

Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин изјави денеска дека таа држава би можела да разгледа прекин на заедничките воени вежби со САД во обид да помогне за изградба на доверба и намалување на тензиите со Северна Кореја. – Мун смета дека доколку Северна Кореја усвои мерки за денуклеаризација и ако продолжи со искрен дијалог меѓу двете Кореи, како и Северна Кореја и САД за намалување на непријателските односи, државата мора да го промени притисокот врз Северна Кореја во духот на изградба на меѓусебна доверба, како што е договорено во декларацијата од Панмунџом, се вели во соопштение од Кабинетот на Мун. Јужнокорејскиот претседател тоа го изјавил на седница на Националниот совет за безбедност и додал дека Јужна Кореја мора да продолжи со блиската соработка со САД. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mun-razgleduva-prekin-na-voenite-vezbi-so-sad/feed/ 0
Мун: Средбата Ким-Трамп го внесе регионот во мир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mun-sredbata-kim-tramp-go-vnese-regionot-vo-mir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mun-sredbata-kim-tramp-go-vnese-regionot-vo-mir/#respond Thu, 14 Jun 2018 06:38:44 +0000 https://kurir.mk/?p=65646

Самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун придонесе од ера на непријателство, регионот да влезе во ера на дијалог, мир и просперитет, изјави јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин по  средбата во Сеул со американскиот државен секретар Мајк Помпео. Американскиот државен секретар >има задача да ги информира сојузниците на САД, Јужна Кореја и Јапонија, како поминала средбата меѓу Трамп и Ким во Сингапур. Мун се заблагодари за телефонскиот повик од Трамп при враќањето од Сингапур во Вашингтон. Јужнокорејскиот претседател изјави пред Помпео дека сака да слушне како страните можат „сеопфатно и експедитивно да го реализираат одличниот договор". - Има многу анализи за резултатот од средбата, но, според мене, најважното е што граѓаните низ светот, вклучително и тие во САД, Јапонија и Корејците, успеаа да ја избегнат заканата од војна, нуклеарно оружје и ракети,  рече Мун пред средбата.Уверен сум дека во Сингапур остваривме многу корисен, суштински чекор, истакна американскиот државен секретар пред трилатералниот состанок во Сеул со своите колеги од Јужна Кореја и Јапонија. Помпео истакна дека Пјонгјанг се ангажирал да се откаже од својот нуклеарен арсенал, но, рече дека тоа е процес и тој нема да биде лесен. - Ким Џонг-ун разбра дека нуклеарното разоружување на Северна Кореја треба да е брзо и оти санкциите од ОН ќе бидат повлечени само по целосна  дунекларизација, истакна Помпео. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mun-sredbata-kim-tramp-go-vnese-regionot-vo-mir/feed/ 0
Двете Кореи разгледуваат склучување мировен договор, Ким сака средба со Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvete-korei-razgleduvaat-skluchuvanje-miroven-dogovor-kim-saka-sredba-so-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvete-korei-razgleduvaat-skluchuvanje-miroven-dogovor-kim-saka-sredba-so-tramp/#respond Sun, 27 May 2018 07:20:51 +0000 https://kurir.mk/?p=58741

Северна и Јужна Кореја разгледуваат отпочнување преговори за склучување мировен договор, кој би офатил и ветување од САД за ненапаѓање, соопшти висок претставник на властите во Сеул. - За успех на средбата на врвот Северна Кореја-САД разгледуваме различни начини да ја смириме севернокорејската вознемиреност по прашањето на бебзедноста. Тоа би вклучило крај на непријателските односи, взаемно ветување за ненапаѓање и почетокт на прегооври за мировен договор, што ќе ја замени сегашната спогодба за примиерја, нагласи истиот извор. Во исто време, јужнокорескиот претседател Мун Џе-ин изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на вчершаната нивна средба му ја потврдил својата желба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 12 јуни во Сингапур. - Ким Џонг-ун ја потврди и својата посветеност на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров, изјави денеска Мун на прес-конференција во Сеул, посветена на неговата вчерашна средба со севернокорејскиот лидер во пограничното место Панмунџом.

Мун наглaси дека Пјонгјанг е вознемирен поради тензиите во односите со Вашингтон и затоа сака билатерални средби со САД за гарантирање на безбедноста на земјата. - Се надевам дека по успешните преговори меѓу лидерите на САД и Северна Кореја, ќе се одржи и трилатерана средба на врвот со учество и на Јужна Кореја, на која ќе биде потпишан и документ за официјално завршување на Корејската војна, додаде Мун. Трамп синоќа изјави дека САД продолжуваат да се залагаат за одржување на првиот во историјата американско-севернокорејски самит на 12 јуни во Сингапур и подготовките за него се одвиваат добро.

- Многу добро се подготвуваме во врска со средбата на врвот со Северна Кореја. Се се одвива убаво. Ќе видиме на 12 јуни во Сингапур. Тоа не се промени, Ќе видиме што ќе се случи, изјави Трамп по средбата со Американнецот Џошуа Холт, кој вечера беше ослободен од Венецуела, по две години минати во затвор. Трамп во четвртокот ја откажа неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, закажана за 12 јуни во Сингапур, поради, како што нагласи, меговиот „огромниот гнев и отвореното непријателство во неодамнешната изјава“. - Се радував однапред дека ќе бидам таму со вас. За жал, поради огромниот гнев и отвореното непријателство манифестирано во последната изјава, сметам дека е непримерно, во овој момент, да се одржи овој долго планиран состанок, напиша Трамп во писмо упатено до севернокорејскиот лидер, со кое ја откажа средбата. Меѓутоа, Трамп во петокот изјави дека сепак е можно да се сретне со Ким на 12 јуни во Сингапур, како и што беше планирано. Тој порача дека ќе почека да види што ќе се случи во услови кога „сите играат игри", додавајќи дека првичниот датум за средбата и натаму е во игра.

Белата куќа вчера соопшти дека нејзин тим ќе отпатува за Сингапур како логистичка поддршка за подготовка на евентуална средба меѓу Трамп и Ким. Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека логистичкиот тим ќе отпатува за Сингапур за да го подготвува самитот, како што било планирано и пред откажувањето на средбата од страна на Трамп. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvete-korei-razgleduvaat-skluchuvanje-miroven-dogovor-kim-saka-sredba-so-tramp/feed/ 0