мура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 05:59:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Саниран оштетениот насип на Мура во Словенија, стотици жители се вратија дома https://arhiva.kurir.mk/svet/region/saniran-oshteteniot-nasip-na-mura-vo-slovenija-stotitsi-zhiteli-se-vratija-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/saniran-oshteteniot-nasip-na-mura-vo-slovenija-stotitsi-zhiteli-se-vratija-doma/#respond Mon, 07 Aug 2023 05:59:17 +0000 https://kurir.mk/?p=864045

Противпожарните и хеликоптерски екипи во Словенија вчера успеаја да го санираат оштетениот насип на реката Мура кај селото Долња Бистрица, а неколку стотици жители се вратија во своите домови. Словенечкиот воен хеликоптер и хеликоптерот испратен од Хрватска поставија бетонски блокови долж оштетениот насип во должина од 20 метри, јави словенечката агенција СТА. Словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец ја посети областа, велејќи дека екипите работеле во текот на ноќта по пробивањето на насипот во саботата. Шарец ги пофали силите за цивилна заштита во регионот и ги предупреди граѓаните да не се приближуваат до насипот. Министерот истакна дека хрватскиот хеликоптер прв пристигнал да и помогне на Словенија, а Унгарија испраќа и хеликоптер и инженерски тим. Се испумпувала вода од поплавените куќи, а долж насипот за заштита се поставени вреќи со песок, бидејќи се стравува од поплави по целата река Мура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/saniran-oshteteniot-nasip-na-mura-vo-slovenija-stotitsi-zhiteli-se-vratija-doma/feed/ 0
Мурал посветен на инспирацијата – подарок за Скопје од dm дрогерие маркт https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mural-posveten-na-inspiracijata-podarok-za-skopje-od-dm-drogerie-markt/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mural-posveten-na-inspiracijata-podarok-za-skopje-od-dm-drogerie-markt/#respond Tue, 31 May 2022 08:13:53 +0000 https://kurir.mk/?p=684031

Влезот на „Максим Горки“, попозната и како улицата на јапонските цреши, од неодамна го краси делото „Будење“ („Awakening“), на стрит-арт муралиската Нина Симовска од Just Because. Целосната реализација и изработка на оваа креација е подарок од dm дрогерие маркт за Скопје и е дел од актуелната кампања „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“. Градејќи мост помеѓу уметноста и убавината, најголемиот дрогериски ланец во Европа има за цел да ја поттикне инспирацијата кај купувачите и соработниците за тие да одново да се пронајдат себеси.
- Имав идеја да биде насликан портрет на девојка која се наоѓа во полусон и е во фаза на „Будење“, па оттаму и насловот. Тој е во свежи бои што го означуваат будењето на природата, а истовремено целата композиција означува нова надеж. Женскиот портрет е претставен со сонце во заднината и е сместен во гранки од розеви цветови кои на целиот амбиент му додаваат свежина и леснотија - вели Симовска за делото.
Покрај одбележувањето на јубилејот по повод 10 години постоење на македонскиот пазар, dm ja стартува и кампањата чиј првичен фокус е инспирација од уметноста.
- Нашиот дрогериски ланец насекаде низ Европа ќе спроведе локални Street Art проекти, преку кои ќе ги инспирира купувачите и партнери да направат нешто ново, одново да се пронајдат себеси и да ги видат можностите на промените, да создадат средина и комуникација што ќе инспирира и поттикнува. Со ова, креативноста и инспирацијата сакаме да ги изразиме и на поинаков начин, не само преку советите и новите производи. Нина, како наш истакнат стрит-арт муралист и уметник беше првиот и вистинскиот избор за спроведување на оваа активност во Скопје - изјавија од dm.
Проектот се реализира во две фази - првата пред речиси две седмици, кога на 17 мај, на денот на отворањето на првите две дрогерии во Скопје, беше исцртан излогот на dm дрогеријата на улица „Даме Груев бр. 7“ во Центар. Втората, финална фаза, опфати изработка на муралот на зградата на улица „Максим Горки“. Симовска истакнува дека предизвиците за изработка на ваков мурал се големи, односно тие подразбираат многу планирање и логистика.
- Во изведбата учествуваше и стрит-артистот Драган Китановски - Драш со кој заеднички успеавме да го завршиме ова дело од речиси 100 квадратни метри за пет дена. Самата работа на височина од 15 метри и временските услови имаат директно влијание врз темпото на работа и не секогаш сѐ може да оди по пропишан план, но мислам дека завршивме одлична работа - открива Нина.
Таа укажува дека имала отворена креативна слобода во однос на уметничката форма на делото, а тоа според неа значи голема доверба од страна на dm дрогерие маркт.
- Секогаш сум расположена и отворена за соработка. Ваков голем и успешно завршен проект ми влева дополнителна мотивација, а dm како компанија се покажа како многу професионален соработник, што ми дава голема доза на оптимизам дека во иднина ќе можеме да реализираме уште многу други проекти, што дополнително ќе го разубават нашиот град - вели Симовска.
Како што откриваат од dm, новата кампања „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“ е наменета за сите - купувачите, партнерите, вработените.
- Инспирацијата сакаме да ја разбудиме, буквално, во секој поединец кој ќе дојде во контакт со dm. Затоа, преку сите комуникациски канали ќе се обидеме да допреме до секоја индивидуа и со специфични бои и текстури да ја разбудиме и да ја поттикнеме инспирацијата. Тука, секако, особено сакаме да ги истакнеме двата мурали што ги изработивме со Нина, кои служат како вистински eye-catcher и треба да ја разбудат инспирацијата кај сите нас. Навистина ни е драго што сме една од првите македонски компании, која во соработка со македонски артист успеа да изведе еден ваков убав проект и да им подари на сите жители и посетители на главниот град едно вакво прекрасно уметничко дело – истакнуваат од dm.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mural-posveten-na-inspiracijata-podarok-za-skopje-od-dm-drogerie-markt/feed/ 0
Шкендија убедливо поразена од Мура https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkendija-ubedlivo-porazena-od-mura/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkendija-ubedlivo-porazena-od-mura/#respond Tue, 13 Jul 2021 21:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=536351

Шкендија претрпе убедлив пораз со 5:0 вечерва во Словенија на реванш натпреварот од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Така, македонскиот претставник со два пораза (0:1 прв натпревар) од Мура и без постигнат гол го заврши настапите во квалификациите за ЛШ. Стрелци на головите за словенечкиот тим вечерва беа: Лука Бобичанец (25. и 45+1. минута), Михаел Клепац (55. и 87. минута) и Жига Кус во 64. минута. Шкендија настапите на евро-сцената ќе ги продолжи во второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkendija-ubedlivo-porazena-od-mura/feed/ 0
ЛШ: Шкендија ја чека полн стадион на утрешниот реванш против Мура https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lsh-shkendija-ja-cheka-poln-stadion-na-utreshniot-revansh-protiv-mura/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lsh-shkendija-ja-cheka-poln-stadion-na-utreshniot-revansh-protiv-mura/#respond Mon, 12 Jul 2021 17:36:20 +0000 https://kurir.mk/?p=535676

Македонскиот фудбалски првак Шкендија пред полн стадион ќе го игра утрешниот реванш натпревар против словенечкиот претставник Мура во кој ќе се обиде да ја надомести негативата од 0:1 од првиот натпревар и да избори пласман во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ). Како што јавуваат словенечките медиуми, натпреварот против Шкендија предизвикува голем интерес меѓу навивачите на Мура и стадионот „Фазанерија“ во Мурска Собота ќе биде максимално исполнет за утрешниот натпревар што започнува во 20 часот. Стадионот во Мурска Собота има капацитет од 5.500 седишта, но поради ковид-протоколот, во продажба за дуелот против Шкендија се пуштени 4.000 влезници. Екипата на Шкендија денеска со чартер-лет пристигна во Словенија и вечерва ќе го одржи единствениот тренинг на стадионот „Фазанерија“. Победникот од двомечот меѓу македонскиот и словенечкиот првак за противник во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони ќе го има поуспешниот од пресметката меѓу Лудогорец од Бугарија и Шахтјор Солигорск од Белорусија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lsh-shkendija-ja-cheka-poln-stadion-na-utreshniot-revansh-protiv-mura/feed/ 0