муса џафери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Feb 2023 10:55:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png муса џафери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Високи функционери на ДУИ: Алијанса за Албанците свесно го спасува Артан Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visoki-funktsioneri-na-dui-alijansa-za-albantsite-svesno-go-spasuva-artan-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visoki-funktsioneri-na-dui-alijansa-za-albantsite-svesno-go-spasuva-artan-grubi/#respond Tue, 14 Feb 2023 10:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=800307

Жителите на Лажани ги пречекаа високите партиски функционери на ДУИ, на средба на која се разговараше за тешката економска состојба во селото, како и во општините Долнени и Крушево, незаинтересираноста на извршната власт за овој регион, како и сериозната криза на Демократската унија за интеграција. Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека отсекогаш имал посебна почит кон регионот, поради неговата оддалеченост од другите населби со доминантно албанско население како и поради тешката економска состојба која владее тука. Џафери рече дека актуелната власт на ДУИ, предводена од Артан Груби со прст не мрднала за Долнени и што е најлошо не дава никаква сметка за тоа, што не се случило со ниедна влада до сега. Џафери предупреди дека во група незадоволни од овие политики на Груби, ќе се приклучи и градоначалникот на општина Долнени Урим Ибески, но рече дека ќе треба да помине уште некое време. Потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити рече дека од овде во Лажани меѓу жителите на Долнени и Крушево, поставува прашање зошто овие области се целосно заборавени од оваа извршна власт? -Лесно е да тераш големи политики во Скопје и Тетово, но овде ситуацијата е поинаква, вие сте помалку на број, а ви треба поддршка, па мора да прашате зошто извршната власт не доаѓа да ве посети, зошто пратениците од ИЕ 5, Талат Џафери и Исмаил Јаоски не ве посетуваат? Имаме министри кои не ги сакаат ниту дома, ниту Чаир, ниту Скопје, па се среќаваат меѓу себе, со функционери, со советници со телохранители, кои ги тераат да доаѓаат на овие средби, но никогаш не се сретнуваат со граѓаните, со гласачите, рече Меџити. -Во Собранието, додаде Меџити, имаме циркус, рекоа Алијансата влегува за да направи 81 пратеник, сега не знаат дали имаат 61? Артан Груби ја стави ДУИ во минус уште пред да се формира владата, имаме помалку министри, помалку заменици министри, помалку државни секретари, помалку директори, рече Меџити. Организацискиот секретар и градоначалник на општина Сарај Блерим Беџети рече дека навредливиот дух на Артан Груби и неговите портали кон сопартијците даде резултати, и сега секој ден ДУИ има помала моќ. -Треба да се цени трудот и вложувањето на секој поединец во ДУИ, јас го познавам овој регион затоа што сум работел многу овде, и сум дал отчет за мојата работа, затоа бараме и оваа извршна власт на чело со Груби да каже зошто ништо не направиле за Долнени и Крушево, рече Беџети. Башким Хасани рече дека од денеска се чувствува уште поудобно да ја продолжи активноста, бидејќи сега на дело е и отуѓувањето на ДУИ, со самиот факт за да се спаси Артан Груби се прави коалиција со оние кои до вчера го имаат навредено цела ДУИ. -Алијанса за Албанците свесно го спасува Артан Груби, бидејќи знае дека на овој начин ја ослабува ДУИ, рече Хасани. Високите функционери на ДУИ најавија дека средбите со граѓаните ќе ги продолжат и понатаму во сите населени места. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visoki-funktsioneri-na-dui-alijansa-za-albantsite-svesno-go-spasuva-artan-grubi/feed/ 0
Џафери: Да го спасиме Ахмети од Артан Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-da-go-spasime-ahmeti-od-artan-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-da-go-spasime-ahmeti-od-artan-grubi/#respond Tue, 31 Jan 2023 09:52:41 +0000 https://kurir.mk/?p=794103

Муса Џафери, еден од предводниците на „огнените“ и претседател на надзорниот одбор на ДУИ, вчера од собирот во Кичево порача лидерот на ДУИ Али Ахмети да го спасат од Артан Груби. Тој го обвини Груби за узурпирање на партијата и дека преку пропаганда дезинформира за незадоволните и за целите на „огнената група“. Џафери рече дека толку многу се вложиле во ДУИ што не ни помислуваат да и наштетат и дека никогаш не ја нападнале фигурата на нејзиниот претседател Ахмети. „Артан Груби само се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети. Тој заедно со другите министри треба да се појави пред граѓаните и да даде отчет и да покаже колку инвестиции направил во Кичево. Која е причината за неинвестирање во Чаир? Каде одат парите од буџетот“, праша Џафери.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-da-go-spasime-ahmeti-od-artan-grubi/feed/ 0
Муса Џафери: Ќе испитаме дали Талат Џафери може да учествува во раководството на ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musa-dzaferi-kje-ispitame-dali-talat-dzaferi-moze-da-uchestvuva-vo-rakovodstvoto-na-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musa-dzaferi-kje-ispitame-dali-talat-dzaferi-moze-da-uchestvuva-vo-rakovodstvoto-na-dui/#respond Sun, 16 Oct 2022 16:23:31 +0000 https://kurir.mk/?p=746084

Муса Џафери за ТВ21 изјави дека ќе се консултира Надзорниот совет на ДУИ за учеството на спикерот Талата Џафери во раководството на партијата. Џафери изјави дека ќе се испита дали тоа е во согласност со законот и Уставот. -Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме со учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот, рече меѓу другото Муса Џафери за ТВ21. Порпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска изјави дека не гледа проблем за присуството на Талат Џафери на состанокот, иако според закон, претседателот на Собранието не смее да има партиски функции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musa-dzaferi-kje-ispitame-dali-talat-dzaferi-moze-da-uchestvuva-vo-rakovodstvoto-na-dui/feed/ 0
Муса Џафери: Или оставка на Груби или политичката војната во ДУИ ќе ескалира! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musa-dzaferi-ili-ostavka-na-grubi-ili-politichkata-vojnata-vo-dui-kje-eskalira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musa-dzaferi-ili-ostavka-na-grubi-ili-politichkata-vojnata-vo-dui-kje-eskalira/#respond Fri, 30 Sep 2022 14:54:52 +0000 https://kurir.mk/?p=739661

Еден од членовите на „огнената група“ во ДУИ, Муса Џафери во изјава за „Слободен печат“ порача дека во партијата мора да има промени. Во спротивно, се заканува со политичка војна. Додека Џафери најави отворена војна ако нема смена на министри, Груби  негира дека има раскол во ДУИ и вели сите се построени зад лидерот Ахмети. За Ахмети, пак, незадоволството на членовите не е загрижувачо и смета дека преку дебата ќе се надмине. И додека Беџети и Меџити не открија детали од разговорите со партискиот лидер освен дека останале на позициите за смена на министрите, Џафери во разговор за „Слободен печат“ отворено му порачува на Ахмети дека политичките проблеми и барања во партијата не може да ги решава со ограноците и така да го амортизира незадоволството. -Артан Груби барем малку ако го слуша незадоволството во партијата од него, самиот треба да се повлече од функциите прв вицепремиер и министер за политички систем. Освен него, оставки од функциите треба да поднесат и други министри или Ахмети да ги смени. Во спротивно ќе има политичка војна во ДУИ. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка бидеќи така нема да се решат проблемите. Не може политичките проблеми и барања во партијата да се решаваат со средби со членови од ограноците, вели Џафери, пренесе Слободен печат.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musa-dzaferi-ili-ostavka-na-grubi-ili-politichkata-vojnata-vo-dui-kje-eskalira/feed/ 0
Шилегов им даде тендер на синовите на Муса Џафери во износ од 1,1 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-im-dade-tender-na-sinovite-na-musa-dzaferi-vo-iznos-od-1-1-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-im-dade-tender-na-sinovite-na-musa-dzaferi-vo-iznos-od-1-1-milioni-evra/#respond Wed, 11 Aug 2021 15:31:59 +0000 https://kurir.mk/?p=549294

Компанијата за трговија и снабдување со електрична енергија У-Повер, чиј косопственик е синот на поранешниот министер и вицепремиер од ДУИ, Муса Џафери, само оваа година добила тендери во вредност од над два милиони евра. Меѓу институциите кои склучиле договор со оваа фирма се МЕПСО, ТЕЦ Неготино, Управа за јавни приходи, Агенција за вработување и дел од општините. Највисокиот тендер е склучен со Град Скопје, во износ од 67.500.000 денари. Како управител на фирмата се јавува извесен Васко Симовски. оваа компанија е основана во 2016 година од страна на синот на Џафери – Аријанит Џафери, кој е партнер заедно со Фитим Ибрахими, син на Азби Ибрахими, сопственик на тетовската градежна компанија што поседува и две мали хидроцентрали, АК-Инвест. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-im-dade-tender-na-sinovite-na-musa-dzaferi-vo-iznos-od-1-1-milioni-evra/feed/ 0