Мускат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Feb 2020 10:21:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мускат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кои се луѓето со кои Заев во Малта имал тајни средби за бизниси – премиерот Мускат кој падна за криминал и Али Гафур тајкун на црните пари на Гадафи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-lugjeto-so-koi-zaev-vo-malta-imal-tajni-sredbi-za-biznisi-premierot-muskat-koj-padna-za-kriminal-i-ali-gafur-tajkun-na-crnite-pari-na-gadafi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-lugjeto-so-koi-zaev-vo-malta-imal-tajni-sredbi-za-biznisi-premierot-muskat-koj-padna-za-kriminal-i-ali-gafur-tajkun-na-crnite-pari-na-gadafi/#respond Sun, 02 Feb 2020 09:47:15 +0000 https://kurir.mk/?p=298125

Пред два дена албанските медиуми отворија нова афера која следеше по низата скандали во Малта. Тие пишуваат за постоење на тајни средби во Малта помеѓу малтешкиот премиер Џозеф Мускат, македонскиот Зоран Заев и контраверзниот тајкун Шаукат Али Гафур од Либија кои се случиле во септември оваа година, а на кој се зборело за влез во Македонија и партнерство со државата во македонското здравство на контраверзниот бизнисмен со либијско потекло, пишува Република. Али Гафур работи според однапред утврдена шема каде државата учествува во приватното партнерство со одредена сума, се додека таа не се испумпа надвор од државата по што основаните компании банкотираат, што и се случи во Малта поради што има обемна истрага. За неколку месеци од потпишувањето за превземање на малтешките болници од компанијата „VGH“, купена од компанијата на Али Гафур банкротирала во Малта. Иако биле ветувани 7 милијари евра инвестициски пакет, банкротот се случил откако државата инвестирала во проектот 51 милион евра. Корумпираниот договор води директно до врвот на малтешката влада. Концесијата од милијарди евра била купена од компанијата „Стјуард“ за 1 евро и тие веднаш потпишале друг Меморандум за разбирање со Црна Гора, а Меморандумот за разбирање со Албанија останал во сила. Либиецот Шаукат Али Гафур бил во контакт преку премиерот Мускат и со тогашниот македонски премиер Зоран Заев. Инаку Зоран Заев има најмалку две официјални средби со премиерот Мускат. Првата е на 14 ноември 2018 година во Скопје. Додека втората е во септември 2019 година во Малта кога и се случила споменуваната тајна средба помеѓу Малтешкиот премиер Мускат, Зоран Заев и тајкунот Шаукат Али Гафур. Интересно е што при посетата на Малта во делегацијата е и министерот за здравство Венко Филипче што само ги зголемува сомневањата дека во Малта се случила споменуваната тајна средба на која се разговарало за контраверзниот бизнис. Инаку Владата на Заев по официјалната средба испрати само во штуро соопштение каде напиша дека во фокус била темата здравство, без да посочи некои поголеми детали. -На средбата помеѓу премиерот Заев и Мускат се разговараше за интензивирање на односите помеѓу двете држави на неколку полиња, меѓу коишто, посебен фокус беше ставен на унапредување на соработката во областа на здравството. За таа цел од страна на премиерот на Малта, Мускат, е упатена покана за министерска посета од Владата на Република Македонија во Република Малта, со цел да се разменат искуства во овие области и да се разгледаат начините на соработка“ стои во владиното соопштение. Но кој е контраверзниот либијски тајкун со кој Заев договарал бизниси и кој перел пари во Малта- од милионер до човек кој раководи со црните фондови на Гадафи Шаукат Али Гафур е милионер кој доаѓа од Либија. Сопственик на безброј оф-шор компании, но и црни фондови. Политико.еу го врзува како човек кој влече пари од замрзнатите фондови на Гадафи во земјите во Европската Унија за што има и посебна истрага. (Оригиналниот текст на следниот линк) Тие излегоа со прецизна анализа – каде се правени исплати од замрзнатите сметки на Гадафи од сметки од Брисел на банкарски сметки во Луксембург и Бахреин. Таквите исплати најчесто оделе преку државниот фонд Libyan Investment Authority (LIA) а дел од структурите на овој фонд завршуваат и во Малта каде оперира токму пријателот на Заев, либиецот Шакур. Шаукат Али Гафур во Малта настапува откако стекнува пријателство со екс премиерот Џозев Мускат. Тој влегува во партнерство со државата од која испумпуваат пари кои завршуваат во компаниите на Гафур во странство. Скандалот со болниците се дознава кон крајот на минатата година по што медиумите во Малта пишуваа за блиските врски на премиерот на Малта кој делува како посредник во бизнисите на Шаукат. Пријателот на Заев, премиерот на Малта, Џозев Мускат, e соборен од позицијата поради вмешаност во атентат на новинарка и перење на пари по што е прогласен за криминалец на годината. Џозев Мускат беше директно посочен за одговорен за убиството на новинарката во Малта која пишуваше за криминалите на власта, Дафне Каруана Галиција. Најпрво во номеври 2019 година беше уапсен поранешниот шеф на кабинетот на премиерот на Малта, Кит Шембри во рамките на истрагата за убиството на новинарката Галиција кое инаку се случи во 2017 година. Со своите најнови откритија, таа посочи со прст на премиерот Џозеф Мускат и двајцата негови најблиски соработници, поврзувајќи ја оф-шор компанијата, со која тројцата се поврзани, со продажбата на малтешки пасоши и исплата од владата на Азербејџан. -Во изминативе две години во извештаите главно се фокусираше на откривањето на т.н. „панамски документи“, односно 11,5 милиони документи што протекоа од внатрешната база на податоци од четвртата најголема офшор правна фирма во светот Мосак Фонсека. Проектот за известување за организираниот криминал и корупцијата (ОЦЦРП) го избра пријателот на Заев, премиерот на Малта Џозеф Мускат за „криминалец на годината“. Главните фактори кои влијаеле врз одлуката се убиството на новинарката, матните офшор зделки и тоа што медитеранската државичка се најде во канџите на криминални интереси од голем обем, соопшти ОЦЦРП. Мускат овој јануари си поднесе оставка по масовните протести во Малта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-lugjeto-so-koi-zaev-vo-malta-imal-tajni-sredbi-za-biznisi-premierot-muskat-koj-padna-za-kriminal-i-ali-gafur-tajkun-na-crnite-pari-na-gadafi/feed/ 0