муслимани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 06:19:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png муслимани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради Израел Бајден би можел да ги загуби гласовите на американските муслимани и Арапи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/#respond Thu, 26 Oct 2023 06:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=893206

Американските Арапи и муслимани го критикуваат одговорот на претседателот Џо Бајден на војната меѓу Израел и Хамас, барајќи тој да стори повеќе за да ја спречи хуманитарната криза во Газа или ќе ризикува да ја изгуби нивната поддршка на изборите во 2024 година. Многу Американци си арапско потекло го обвинуваат Бајден дека не направи доволно за хуманитарен прекин на огнот и покрај тоа што Палестинците гинат бегајќи од израелското бомбардирање на Појасот Газа, изјавија повеќе од десетина професори, активисти, членови на заедницата и претставници на администрацијата. Може ли Бајден да го загуби Мичиген? Растечката фрустрација би можела да влијае на реизборот на Бајден во трката во која негов најверојатен противник ќе биде поранешниот претседател Доналд Трамп. Во Мичиген, кој понекогаш гласа за демократи, а понекогаш за републиканци, американските Арапи сочинуваат пет отсто од гласачите. Во двопартиските држави како Пенсилванија и Охајо, арапската поддршка е од 1,7 до два отсто, изјави Џим Зогби, претседател на Арапскиот американски институт. Бајден во 2020 година го освои Мичиген со 50,6 отсто од гласовите, додека Трамп во оваа американска сојузна држава доби 47,8 отсто од гласовите. Пенсилванија беше за Бајден со 50,01 отсто од гласовите, а за Трамп гласаа 48,84 отсто, со разлика од помалку од 81.000 гласови. Малку е веројатно дека арапските и муслиманските Американци ќе го поддржат Трамп, но тие би можеле да се воздржат и да не гласаат за Бајден, наведуваат некои активисти. -Мислам дека тоа ќе го чини Мичиген, изјави Лајла Ел-Хадад, писателка и активистка од Газа со адреса на живеење во Мериленд. Абдула Хамуд, првиот арапски градоначалник на Дирборн, Мичиген, дом на најголемата американска муслиманска заедница, го критикуваше Бајден што не го осуди потегот на Израел да ги прекине водата и струјата за повеќе од два милиони Палестинци во Газа. „Израелското бомбардирање на Газа се граничи со геноцид. Ништо не можеше да не подготви за целосно бришење на нашите гласови и целосно замолчување на оние што ги избравме да не штитат и претставуваат“, напиша тој на платформата X. „Членовите на нашите семејства заробени во Газа се игнорирани, нашите повици за прекин на огнот се задушени од тапаните на војната“, додаде тој. Израелското бомбардирање на Газа „сега се граничи со геноцид насочен кон целото палестинско население“, соопшти CAIR, најголемата група за муслимански права во САД, додавајќи дека владините претставници ќе бидат „коодговорни за етничкото чистење на Газа“ доколку не интервенираат. „Ако ја погледнете реториката, неверојатно е дека сега тие се обидуваат да испумпаат милијарди и милијарди долари воена помош за Израел, заедно со 100 милиони долари хуманитарна помош за Палестинците“, рече Саед Атшан, американски квекер, кој предава мировни студии на Универзитетот Свартмор во Пенсилванија. Дури и поранешниот шеф на Бајден, претседателот Барак Обама, вообичаено страствен поддржувач на политиката на Бајден, во понеделникот јавно понуди остри совети, повикувајќи ги САД да продолжат да го водат светот „во забрзувањето на критичната помош и снабдувањето на сè поочајното население во Газа“. Хина]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/feed/ 0
Милион муслимански верници на аџилак во Мека https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milion-muslimanski-vernici-na-adzilak-vo-meka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milion-muslimanski-vernici-na-adzilak-vo-meka/#respond Wed, 06 Jul 2022 11:21:56 +0000 https://kurir.mk/?p=700952

Милион муслимански верници се собраа денеска во светиот град Мека во Саудиска Арабија, со цел да учествуваат во аџилакот. Пандемијата од коронавирусот изминатите две години значајно го ограничи пристапот до едно од најголемите муслимански светилишта. Министерството за аџилак на Саудиска Арабија издаде дозволи за еден милион аџии од земјата и од странство да извршат аџилак, што почнува денеска. Станува збор за бројка помала од 2,5 милиони муслимани кои за таа намена допатуваа во 2019 година. Од Министерството соопштија дека годинава аџилакот е за лица помлади од 65 години, целосно вакцинирани. Муслимански верници кои доаѓаат од странство мора да ги почитуваат сите здравствени мерки на претпазливост и да имаат негативен резултат од ПЦР тест. Лицата се избрани меѓу милиони пријавени низ систем на лотарија на интернет. Само илјада верници можеа да извршат аџилак летото во 2020 година. Аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот. Секој муслиман е должен барем еднаш во животот да отиде на аџолак. Аџилакот се состои од патување во Мека, пристигнување и чествување на аџилакот, што вклучува девет основни обреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milion-muslimanski-vernici-na-adzilak-vo-meka/feed/ 0
Австрија: Се зголемува бројот на муслимани, православни и атеисти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-se-zgolemuva-brojot-na-muslimani-pravoslavni-i-ateisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-se-zgolemuva-brojot-na-muslimani-pravoslavni-i-ateisti/#respond Thu, 26 May 2022 10:56:13 +0000 https://kurir.mk/?p=681837

Верската слика во Австрија последните децении значително се измени. Додека бројот на католиците и протестантите постојано се намалува, бројот на муслиманите и на православците е значително зголемен, а покрај тоа, има се повеќе австриски граѓани кои не припаѓаат на ниту една верска заедница. Податоците на Заводот за статистика на Австрија покажуваат дека атеистите станале најбројната група во Виена. Според истите податоци, 77,6 отсто од австриските граѓани истакнуваат дека припаѓаат на една од верските заедници. Самиот развој на верските заедници е различен во изминатите децении. Додека во 1951 година 89 отсто од австриските граѓани изјавиле дека припаѓаат на римокатоличката верска заедница, тој број се намали на 87 отсто во 1971 година и оттогаш драстично се намалува, на 74 отсто во 2001 година, додека минатата година само 55 отсто од граѓаните на Австрија се изјасниле како римокатолици. Сличен развој е присутен и кај протестантите, чиј удел во населението се намали од 6,2 на 3,8 отсто во последните седум децении, а кај старокатолиците од 0,5 на 0,1 отсто. Муслиманската и православната заедница, пак, се развивале сосема поинаку, пред се поради имиграцијата. Така, во 1971 година, кога во Австрија првпат биле регистрирани податоците за припадниците на исламската вероисповед, учеството на муслиманите во населението било само 0,3 отсто. Минатата година уделот на муслиманите во популацијата на Австрија достигна 8,3 отсто. Се повеќе австриски граѓани велат дека не припаѓаат на ниту една верска заедница, а нивниот удел е зголемен од 12 на 22,4 отсто во изминатите две децении. Најголем дел „неверници“ има во Виена или 34 проценти. И православните и муслиманите најмногу живеат во Виена и тоа 11, односно 15 проценти. Од друга страна, во Виена само уште 32 отсто од граѓаните се изјаснуваат како католици. Во сите други провинции на Австрија католиците го сочинуваат мнозинството, во Тирол со 66,2 отсто дури имаат двотретинско мнозинство. Кога станува збор за апсолутни бројки, во Австрија која има околу 8,94 милиони жители, живеат 4,93 милиони католици, 645.600 муслимани, 436.700 православни, 340.300 протестанти, 5.400 Евреи, 4.900 старокатолици, но и два милиони атеисти. Тобијас Томас, генерален директор на Заводот за статистика на Австрија, таквиот развој на настаните го објаснува со се позначајната секуларизација, но и со забрзан тренд на верски диверзитет. Тој како пример го посочи податокот дека моментално во земјата има 26 илјади будисти, што со удел од 0,3 проценти моментално претставува побројна заедница отколку еврејската. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-se-zgolemuva-brojot-na-muslimani-pravoslavni-i-ateisti/feed/ 0
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам – празник за духовно и за телесно прочистување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muslimanite-go-slavat-ramazan-bajram-praznik-za-duhovno-i-za-telesno-prochistuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muslimanite-go-slavat-ramazan-bajram-praznik-za-duhovno-i-za-telesno-prochistuvanje/#respond Mon, 02 May 2022 07:12:22 +0000 https://kurir.mk/?p=670588

Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Рамазан Бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста. Празникот Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани во државава. По повод празникот Рамазан Бајрам, вчера Реисул Улема Шаќир Фетаи упати честитка до верниците од исламска вероисповед. -Празникот Рамазан Бајрам е триумф на доброто над злото, на духовноста над страста и емоциите, на моралот над неморалот, на искреноста над измамата, на акцијата над небрежност, на оптимизмот над очајот, на достоинство над нестабилност, на трпение над нетрпеливост, на божествено над сатанско. Сето тоа нас не прави личност на дејствување во негувањето на доброто и избегнувањето на злото. Ова е вистинскиот пат и ова е подигање на свеста на верникот кој во вистински момент е подготвен да даде одговори на предизвиците и ситуациите кои ги носи времето во кое живееме, вели реисот Шаќир Фетаи. Жедта и гладот за време на постот, како што се наведува, ја зајакнаа нашата грижа за човекот, така што ние денес на овој голем ден сме посолидарни и похумани од кога било досега, и овој принцип теоретски и практично го дефинира чувството на мир, толеранција, хуманизам и солидарност. -Да се биде достоен припадник на исламот и да се пости месецот Рамазан со најголема посветеност, значи да се биде чист во намерите и целите, во душата и срцето, во животот со луѓето и светот околу тебе, непоколебливи во провокациите и предизвиците на животот за да ги надминете, близок со луѓето, праведен во секојдневниот живот, простување на пропустите од другите, како и вистински помошник на луѓето, нагласува Фетаи. Според него, најголем предизвик денес е војната. – Рамазан со неговите вредности, како и овој голем ден, нас не учи дека војната е туѓа за исламот, додека мирот е најскапоценото на човекот и неговата главна цел и дека целиот потенцијал на верникот треба да се стави во негување на мирот и благосостојба меѓу луѓето каде и да живеат и работат, бидејќи според исламот, да се спаси човечки живот е како да се спаси целото човештво, а да се убие човечки живот е како да се убие целото човештво, посочува реисот Фетаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muslimanite-go-slavat-ramazan-bajram-praznik-za-duhovno-i-za-telesno-prochistuvanje/feed/ 0
Гостиварска болница доби посебна соба за молитва за сите пациенти и медицински персонал кои што се од муслиманска вероисповед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gostivarska-bolnica-dobi-posebna-soba-za-molitva-za-site-pacienti-i-medicinski-personal-koi-shto-se-od-muslimanska-veroispoved/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gostivarska-bolnica-dobi-posebna-soba-za-molitva-za-site-pacienti-i-medicinski-personal-koi-shto-se-od-muslimanska-veroispoved/#respond Tue, 13 Jul 2021 14:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=536211

Сите вработени лица во болницата во Гостивар, како и сите пациенти кои што се од муслиманска вероисповед ќе може да ја користат оваа посена соба за да ги извршуваат своите верски обичаи. Директорот Јакуп Јакупи вели дека оваа иницијатива дошла токму од самиот персонал и пациентите. - - Станува збор за неискористени простории на петти спрат во болницата и иницијативата е од активисти, граѓани, вработени и пациенти. Иницијативата не е од наша страна, ние не вложуваме ништо, имаше активисти кои го реновираа просторот и тоа ќе биде простор за молитви, каде што ќе можат и пациентите и вработените односно кој сака ќе може да оди, да се помоли и да се врати на работа, изјави Јакупи за ТВ24. На ова реагираше докторката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, којашто прашува дали ова треба да е приоритет на болницата и дали сите останати потреби за лекување на пациентите и за персоналот се задоволени. Дополнително вели останува дилемата дали е оправдано за време на работа да се извршуваат верски ритуали. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gostivarska-bolnica-dobi-posebna-soba-za-molitva-za-site-pacienti-i-medicinski-personal-koi-shto-se-od-muslimanska-veroispoved/feed/ 0
Муслиманите и Евреите загрижени поради свинскиот желатин во вакцините против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/muslimanite-i-evreite-zagrizeni-poradi-svinskiot-zelatin-vo-vakcinite-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/muslimanite-i-evreite-zagrizeni-poradi-svinskiot-zelatin-vo-vakcinite-protiv-kovid-19/#respond Fri, 25 Dec 2020 15:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=448354

Исламските и еврејските заедници во светот се загрижени поради свинскиот желатин, што е една од состојките во вакцините. Со тоа се доведува во прашање вакцинацијата на населението против Ковид-19. Поголемиот број вакцини содржат свински желатин што служи како стабилизатор при транспортот и складирањето. Поради муслиманите и Евреите швајцарската компанија Новартис произведе вакцина против менингитис без свински желатин, а саудиските и малезиските компании во моментот работат на слични вакцини. Но, Фајзер, Модерна и другите компаниите кои работат на развој на вакцина против Ковид-19 не гарантираат дека вакцините нема да содржат свински желатин. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/muslimanite-i-evreite-zagrizeni-poradi-svinskiot-zelatin-vo-vakcinite-protiv-kovid-19/feed/ 0
Ријана им се извини на муслиманите, откако ненамерно ги навреди со песна https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rijana-im-se-izvini-na-muslimanite-otkako-nenamerno-gi-navredi-so-pesna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rijana-im-se-izvini-na-muslimanite-otkako-nenamerno-gi-navredi-so-pesna/#respond Wed, 07 Oct 2020 08:44:02 +0000 https://kurir.mk/?p=413309

Пејачката и дизајнерка Ријана им се извини на своите обожаватели муслимани, затоа што во своето интернет-шоу беше употребена навредлива песна. Се работи за нумерата „Doom“ на лондонскиот продуцент Куку Клои. Песната се наоѓа на официјалниот саундтрак на шоуто, но меѓу другото, таа вклучува и верски исламски стихови, поточно – „ремикс“ на прераскажувањето на Хадит на зборовите на пророкот Мухамед за крајот на времето и судниот ден. Тоа, многу муслимани – следачи на дизајнерката, го оценија како навредливо. „Би сакала да им се заблагодарам на муслиманите што укажаа на огромниот превид што ненамерно се случи, и беше навредлив, во нашето шоу ‘Севиџ икс Фенти’. И, што е уште поважно, сакам да Ви се извинам за оваа чесна, а сепак невнимателна грешка. Ние разбираме дека повредивме многу од нашите браќа и сестри муслимани, и тоа многу ме погоди во срце! Благодарам за Вашата прошка и за разбирањето“, напиша Ријана на Инстаграм. Видеото со песната беше тргнато.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rijana-im-se-izvini-na-muslimanite-otkako-nenamerno-gi-navredi-so-pesna/feed/ 0
Помпео: Шокантни и вознемирувачки се наводите дека Кина присилно ги стерилизира муслиманите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-shokantni-i-voznemiruvachki-se-navodite-deka-kina-prisilno-gi-sterilizira-muslimanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-shokantni-i-voznemiruvachki-se-navodite-deka-kina-prisilno-gi-sterilizira-muslimanite/#respond Tue, 30 Jun 2020 06:51:16 +0000 https://kurir.mk/?p=365499

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера ги оцени како шокантни и вознемирувачки наводите дека Комунистичка партија на Кина користи принудна стерилизација и абортуси против муслиманите. Помпео повикувајќи се на извештајот за ситуацијата во Синџијанг на германскиот истражувач Адриан Ценц наведе дека Комунистичката партија на Кина „покажува крајно непочитување на светоста на човековиот живот и основното човеково достоинство“. – Апелираме до Комунистичката партија на Кина веднаш да ја прекна оваа ужасна пракса и бараме од сите земји да им се придружат на САД во барањето за престанок на тоа нехумано злоставување, истакна Помпео. Ценц тврди дека анализата на кинеските владини документи покажува дека природниот наталитет на жителите во Синџианг „драматично се намалил“ односно во двете најголеми ујгурски муслимански префектури стапката на раст се намалиле за 84 проценти во периодот од 2015 до 2018, како и во 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-shokantni-i-voznemiruvachki-se-navodite-deka-kina-prisilno-gi-sterilizira-muslimanite/feed/ 0
Во сенка на коронавирусот: Муслиманите ќе го одбележат Рамазан како никогаш досега https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-senka-na-koronavirusot-muslimanite-kje-go-odbelezat-ramazan-kako-nikogash-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-senka-na-koronavirusot-muslimanite-kje-go-odbelezat-ramazan-kako-nikogash-dosega/#respond Wed, 22 Apr 2020 08:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=335397

ХИНА – Загреб Во деновите пред светиот месец Рамазан, исламскиот свет се соочува со парадокс што го предизвика пандемијата на коронавирусот: присилно раздвојување во време кога дружењето е речиси свето. Но, со затворени џамии, полициски час поради коронавирусот и забрани за масовни молитви од Сенегал до Југоисточна Азија, околу 1,8 милијарди муслимани се соочуваат со Рамазан како никогаш порано. Ширум муслиманскиот свет, пандемијата создаде нови нивоа на загриженост пред светиот пост, кој започнува околу четврток. Во Алжир, Јасмин Хермахе (67), обично прима роднини и соседи во својот дом и ги нуди со чај и ладни пијалоци во текот на месецот на постот од зори до самрак. Но, тој стравува дека ќе биде поразлично оваа година. „Можеби нема да ги посетиме ниту тие нема да дојдат“, вели таа во солзи. „Коронавирусот ги исплаши сите, дури и истакнатите гости“, додаде таа. Во земја во која џамиите се затворени, нејзиниот сопруг Мохамед Џемуди (73) се грижи за нешто друго. „Не можам да го замислам Рамазан без теравих-намаз“, рече тој, осврнувајќи се на дополнителни молитви во џамиите што се изведуваат по ифтар, вечерен оброк по цел ден пост. Во Јордан, Владата, во координација со соседните арапски земји, се очекува да објави фетва што укажува кои римазански ритуали ќе бидат дозволени, но милиони муслимани веќе ја чувствуваат разликата. Од Африка до Азија, коронавирусот фрли сенка на вознемиреност и неизвесност. „Најлоша година досега“ За Каиро, град со 23 милиони луѓе што никогаш не спие, коронавирусот е катастрофален. „Луѓето не сакаат да доаѓаат во продавниците. Тие се плашат од болести. Ова е најлошата година досега”, вели Самир ел-Хатиб, кој има штанд до историската џамија на Саид Зеинаб. „Во споредба со минатата година, не продадовме четвртина“, додаде тој. За време на Рамазан, уличните продавачи во египетската престолнина ги организираат своите маси со слатки плодови, со традиционални фенери на кулите на градските ѕидови. Оваа година, сепак, властите воведоа полициски час и забранија заеднички молитви и други активности, така што многу луѓе не ја гледаат поентата за купување фенери. Насер Салах Абделкадер (59), менаџер на египетската берза, е еден од ретките кој се вклучи во тоа. „Оваа година воопшто нема рамазанска атмосфера“, рече тој. „Обично би доаѓал на пазар и од самиот почеток тие обично пуштаа музика, седеа наоколу, скоро живееја на улица“, опиша тој. Со прекин на свеченостите и пред да почнат, коронавирусот го отежнуваше и другиот дел од Рамазан, ера кога постот и добротворноста се сметаа за задолжителни. Во Алжир, сопствениците на ресторани се прашуваат како да им дадат ифтар на сиромашните кога нивните простории се затворени, додека добротворните организации во Абу Даби, каде што слабо платените работници од Јужна Азија добиваа ифтар, не се сигурни што да прават со сега затворените џамии. Мохамед Аслам, инженер од Индија, кој живее во трособен стан во центарот на Абу Даби со 14 други, е невработен поради коронавирусот. Откако неговата зграда била ставена во карантин затоа што еден станар бил позитивен на коронавирус, тој се потпирал на добротворна помош за храна. Постојат планови да продолжат да прават добротворни цели во Сенегал, иако на ограничен начин. Во главниот град Дакар, добротворни организации делат „Ндогоу“ на карактеристичен начин, колачињата покриени со чоколадо, шеќер и млеко на оние кои имаат потреба, ќе ги дистрибуираат во училиштата за Куран, а не на улица. Во Индонезија, земја со најголемо муслиманско население во светот, некои ќе се сретнат со блиските – на далечина. Прабово, кој се претстави само со името, рече дека ќе го одбележи Еид ал-Фитр на крајот на месецот на постот само со разговори преку интернет мрежата Зум наместо да си оди дома. „Загрижен сум за коронавирусот“, рече тој. „Нема да има никаква причест. Нема заеднички ифтар, нема заедничка молитва во џамијата, дури и разговори со пријателите“, додаде тој. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-senka-na-koronavirusot-muslimanite-kje-go-odbelezat-ramazan-kako-nikogash-dosega/feed/ 0
Во знак на протест поради изјава против муслиманите момче му скрши јаце на глава на сенаторот Фрејзер Анинг (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-znak-na-protest-poradi-izjava-protiv-muslimanite-momche-mu-skrshi-jace-na-glava-na-senatorot-frejzer-aning-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-znak-na-protest-poradi-izjava-protiv-muslimanite-momche-mu-skrshi-jace-na-glava-na-senatorot-frejzer-aning-video/#respond Sun, 17 Mar 2019 13:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=175637

Aвстралискиот сенатор, Фрејзер Анинг, припадник на екстремната десница, бил погоден со јајце од страна на младо момче, а сето тоа се случило во момент кога Фрејзер давал изјава пред телевизиските камери. На ова политичарот реагирал силно и го удрил момчето со тупаница. Момчето го скршил јајцето од неговата глава во знак на протест поради изјавата против муслиманите, после нападот на двете џамии на Нов Зеланд. Анинг предизвикал полемика бидејќи нападот на Нов Зеланд, го препишал на програмата за имиграција која според него им “овозможувала на муслиманските фанатици да одат на Нов Зеланд”. “Треба да бидеме јасни. Ако муслиманите денеска се жртви, тие обично се и извршители”, рекол Анинг и додал дека “муслиманската религија е едноставно насилна идеологија на еден деспот од шестиот век кој се маскирал во верски водач”. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-znak-na-protest-poradi-izjava-protiv-muslimanite-momche-mu-skrshi-jace-na-glava-na-senatorot-frejzer-aning-video/feed/ 0