мустафа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 14 Dec 2019 08:04:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мустафа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Курти и Мустафа денеска на нова средба во обид да формираат влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-i-mustafa-deneska-na-nova-sredba-vo-obid-da-formiraat-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-i-mustafa-deneska-na-nova-sredba-vo-obid-da-formiraat-vlada/#respond Sat, 14 Dec 2019 08:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=277394

Лидерите на двете победнички партии на октомвриските парламентарни ибори во Косово, Албин Курти на Движењето Самоопределување (ВВ) и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), заедно со членови на партиските раководства, ќе се состанат денеска, во нов обид да постигнат договор за формирање на идната косовска влада, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата, по синоќешната средба на Курти и Мустафа, ја потврдија шефовите на пратеничките групи на двете партии во последниот собраниски состав, Глаук Коњуфца (ВВ) и Авдулах Хоти (ЛДК), нагласувајќи дека во двата табори постои оптимизам оти договор ќе се постигне. Обајцата најавија интензивирање на средбите на партиските раководства во наредните денови, со цел да се надминат и последните разлики во ставовите околу идната структура на власта. – Денеска имавме долга и конструктивна средба за размена на ставовите за сите позиции околу договорот кој се очекува да се постигне меѓу нашите два субјекти. Се согласивме да ги продолжиме средбите на дневна основа, се додека не ги затвориме преговорите, изјави Хоти. Неговиот собраниски колега од редовите на ВВ рече дека утрешниот состанок „не би се случил доколку немаше приближување на позициите меѓу двете партии“. – Токму поради тоа што видовме напредок во нашите позиции во правец на постигнување договор се согласивме нашите средби во иднина да бидат почести. И токму од таа причина ние утре повторно ќе се состанеме и ќе продолжиме од таму каде што застанавме, изјави Коњуфца. Пред продолжувањето на средбата на работните групи, лидерите на двете досега опозициски партии за денеска свикаа седници на партиските претседателства. ВВ соопшти дека Курти ќе го собере Претседателството во 9 часот, додека од ЛДК објавија дека Мустафа ја свикал седницата за во 11 часот. До застој во преговорите меѓу двете партии, кои започнаа веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето на 6 октомври, дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи. Конститутивната седница на новиот, седми по ред, состав на Собранието на Косово, претседателот на државата, Тачи првично ја свика за 24 овој месец, а вчера ја промени својата одлука и го помести датумот за 26 декември. Тоа е последниот законски рок за одржување на седницата, со оглед дека конечните резултати од гласањето на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври Централната изборна комисија на Косово ги објави на 27 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-i-mustafa-deneska-na-nova-sredba-vo-obid-da-formiraat-vlada/feed/ 0
Без договор заврши средбата Курти – Мустафа за формирање на новата влада на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-dogovor-zavrshi-sredbata-kurti-mustafa-za-formiranje-na-novata-vlada-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-dogovor-zavrshi-sredbata-kurti-mustafa-za-formiranje-na-novata-vlada-na-kosovo/#respond Wed, 11 Dec 2019 19:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=276257

Средбата на лидерите на двете партии победнички на октомвриските парламентарни ибори во Косово, Албин Курти на Движењето Самоопределување (ВВ) и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), што се одржа вечерва во Собранието на Косово, заврши без договор за формирање на идната косовска влада, јави дописникот на МИА од Приштина. Портпаролот на ЛДК Бесиан Мустафа, по средбата на лидерите на двете досега опозициски партии, изјави дека вечерва е постигнат договор состаноците да се интензивираат до постигнувањето договор за заедничко владеење. – Само овие информации ги имам од двајцата лидери кои излегоа од состанокот. Верувам дека многу наскоро ќе се случи новата средба и се договоривме да ги интензивираме состаноците и да ги одржуваме речиси секој ден, изјави портпаролот Мустафа. Истото, преку соопштение до медиумите, го потврди и партијата на Курти. – Претседателот (на ВВ) се сретна денеска во Собранието на Косово со претседателот (на ЛДК) Мустафа. Тие ќе ги продолжат и ќе ги интензивираат состаноците речиси секојдневно до постигнувањето на договорот, соопшти ВВ. Косовскиот претседател Хашим Тачи, порано денеска, за 24 декември ја свика конститутивната седница на новото, седмо по ред, Собрание на Косово по војната во 1998-99 година. Вонредните парламентарни избори во Косово се одржаа на 6 октомври, а конечните резултати, според кои ВВ освои речиси 26 отсто, а ЛДК околу еден процент помалку гласови, беа сертификувани од страна на Централната изборна комисија на 27 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-dogovor-zavrshi-sredbata-kurti-mustafa-za-formiranje-na-novata-vlada-na-kosovo/feed/ 0