мутација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Jul 2022 09:20:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мутација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новата мутација на коронавирусот предизвикува загриженост кај експертите: Може да му олесни на вирусот да ги заобиколи антителата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-mutacija-na-koronavirusot-predizvikuva-zagrizenost-kaj-ekspertite-moze-da-mu-olesni-na-virusot-da-gi-zaobikoli-antitelata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-mutacija-na-koronavirusot-predizvikuva-zagrizenost-kaj-ekspertite-moze-da-mu-olesni-na-virusot-da-gi-zaobikoli-antitelata/#respond Mon, 11 Jul 2022 09:20:59 +0000 https://kurir.mk/?p=703163

Пандемијата на коронавирусот ги менува животите на луѓето ширум светот повеќе од две години, а за тоа време самиот вирус неколкупати мутираше и доби неколку варијанти со различни имиња. И покрај колективното чувство дека пандемијата на коронавирусот е завршена, вестите од светот на науката предупредуваат дека играта на надмудрување на Ковид-19 сè уште не е завршена. Моментално доминантните омикронски подваријанти BA.4 и BA.5 можеби не изгледаат позлобни од претходните видови, сепак, најновите научни податоци ја откриваат итрината на нивните мутации. Научниците велат дека варијантата, наречена BA.2.75, можеби ќе може брзо да се шири и да го заобиколи имунитетот од вакцините и претходните инфекции. Сè уште не е познато дали оваа варијанта предизвикува потешка болест од другите варијанти на омикрон, вклучително и глобално истакнатата БА.5. - Сè уште е рано да се извлечат премногу заклучоци, рече Метју Биникер, директор за клиничка вирологија на клиниката Мајо во Рочестер, Минесота. - Но, се чини дека, особено во Индија, стапките на пренос покажуваат некаков вид на експоненцијално зголемување, додаде тој. Сепак, Шиши Луо, шеф за заразни болести во Helix, нагласува дека новата мутација е веќе откриена во многу делови од светот, според Yahoo.com. Последната мутација на коронавирусот е откриена во десет други земји покрај Индија, вклучувајќи ги Австралија, Германија, Обединетото Кралство и Канада. Загриженоста на експертите е големиот број мутации кои ја одвојуваат оваа нова варијанта од нејзиниот претходник омикрон. Некои од тие мутации се во области поврзани со протеинот „шип“ и може да му овозможат на вирусот поефикасно да се врзува за клетките. Друга загриженост е дека генетските промени би можеле да му овозможат на вирусот полесно да ги заобиколи минатите антитела, или заштитните протеини што телото ги произведува како одговор на вакцина или инфекција од претходната варијанта. Како што велат експертите, бустерите и вакцините сè уште се најдобрата одбрана од корона вирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-mutacija-na-koronavirusot-predizvikuva-zagrizenost-kaj-ekspertite-moze-da-mu-olesni-na-virusot-da-gi-zaobikoli-antitelata/feed/ 0
Во Македонија доминира Омикрон „stealth“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-dominira-omikron-stealth/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-dominira-omikron-stealth/#respond Tue, 29 Mar 2022 06:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=654885

Продолжува намалувањето на бројот на заразени и хоспитализарани од Ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 март. Тестирани се вкупно 16.074 материјали, а регистрирани сe 1.696 нови позитивни случаи, што е за 7,5% помалку во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,0% до 14,3%, просечно 10,1%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.032; 60,8%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 224,2/100.000 и Скопје – 162,7/100.000. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена се лица над 60 години, а најмал бројот кај возрасната група од 0-9 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 1.738 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 1,7% помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 268 реинфекции, со намалување од 13,3%. Евидентирани се 17 смртни случаи, за 13,3% повеќе во однос на претходната недела (n=15). Најголем дел од нив се од Скопје (8). Во однос на возраста, 16 починати се над 60 години, а еден од возрасната група од 50-59 години. Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 95 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите. Во 5 (5,3%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 90 (94,7%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“. Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 82 лица (24,8% помалку во споредба со претходна недела), од нив 33 се на кислородна поддршка, а еден на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Заклучно со 24 март, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.855, а со трета доза 152.109 лица]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-dominira-omikron-stealth/feed/ 0
ЕМА предупредува: Сојот „Му“ е причина за загриженост https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-predupreduva-sojot-mu-e-prichina-za-zagrizenost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-predupreduva-sojot-mu-e-prichina-za-zagrizenost/#respond Fri, 10 Sep 2021 08:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=561867

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека варијантата на коронавирусот позната како „Му“ може да биде причина за загриженост, иако сe уште нема докази дека ќе го надмине во моментот доминантниот сој Делта. „Му“, кој првпат беше идентификуван во Колумбија во јануари и е научно познат како Б.1.621, е класифициран претходно овој месец како „варијанта што предизвикува интерес“ од Светската здравствена организација. ЕМА, иако се фокусираше главно на многу заразна варијанта Делта, „разгледува други мутации кои би можеле да се шират, како што се Ламбда (идентификувана во Перу) и, од неодамна, Му, изјави шефот на стратегијата за вакцинирање на ЕМА Марко Кавалиери на прес-конференција. – Сојот „Му“ потенцијално повеќе загрижува поради евентуалното зголемено имунолошко бегство кое може да го покаже“, истакна Кавалиери. Регулаторот со седиште во Амстердам, што тестира лекови за 27-члената ЕУ, ќе разговара со производителите на вакцини за ефикасноста на тековните лекови во справувањето со варијантата Му. – Сепак, морам да кажам дека се уште немаме податоци за да покажеме дека варијантата Му се шири толку брзо и дали ќе има шанси да ја надмине мутацијата Делта како доминантен сој, објасни Кавалиери. ЕМА анализира ширење на пет мутации меѓу кои е и „Му“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-predupreduva-sojot-mu-e-prichina-za-zagrizenost/feed/ 0
Откриена нова мутација на коронавирус, ја има во најмалку седум земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-nova-mutacija-na-koronavirus-ja-ima-vo-najmalku-sedum-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-nova-mutacija-na-koronavirus-ja-ima-vo-najmalku-sedum-zemji/#respond Mon, 30 Aug 2021 19:36:54 +0000 https://kurir.mk/?p=556930

Јужноафрикански научници открија нова варијанта на коронавирус со повеќе мутации, но треба да се утврди дали е повеќе заразна или отпорна на имунитет стекнат со вакцинација или со претходна зараза. Новата варијанта, позната како Ц.1.2, е откриена во мај и досега се прошири во повеќето провинции во Јужна Африка и уште седум земји во Африка, Европа, Азија и Океанија, се наведува во истражувањето. Се додава дека содржи голем број мутации поврзани со другите варијанти, со зголемена трансмисија и намалена чувствителност на неутрализирачки антитела, но тие се јавуваат во различни комбинации и научниците се уште не се сигурни како влијаат врз однесувањето на вирусот. Лабораториските тестови се изведуваат за да се утврди степенот до кој антителата можат да ја неутрализираат варијантата. Јужна Африка беше првата земја што ја откри бета варијантата, една од четирите „грижи“ според Светската здравствена организација (СЗО). Се верува дека бета се шири полесно од оригиналната верзија на коронавирусот што предизвикува Ковид-19 и има докази дека вакцините против неа се помалку ефикасни, така што некои земји ги ограничија патувањата од и кон Јужна Африка. Ричард Леселс, специјалист за заразни болести и еден од авторите на истражувањето, рече дека појавата на Ц.1.2. „кажува дека пандемијата се уште не е завршена и дека вирусот се уште бара начини потенцијално да стане позаразен“. Леселс додаде дека луѓето не треба да бидат премногу вознемирени во оваа фаза и дека варијантите со повеќе мутации ќе продолжат да се појавуваат во пандемијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-nova-mutacija-na-koronavirus-ja-ima-vo-najmalku-sedum-zemji/feed/ 0
Кинеските научници подготвуваат вакцина против делта сојот на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-nauchnici-podgotvuvaat-vakcina-protiv-delta-sojot-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-nauchnici-podgotvuvaat-vakcina-protiv-delta-sojot-na-koronavirusot/#respond Fri, 06 Aug 2021 12:44:46 +0000 https://kurir.mk/?p=547244

Неколку кинески производители на вакцини против коронавирусот соопштија дека изолирале високо заразна варијанта на делта сојот на вирусот и се подготвени да развијат вакцини за овој нов вид, што веќе се прошири во повеќе од 130 земји и региони од светот, јави денеска кинеската медиумска група (ЦМГ). Компанијата „Шенжен Кангтаи Биолоџикал Продакт“, со седиште во провинцијата Гуангдонг, соопшти дека изолирала неколку делта соеви во рамките на својата истражувачка програма чија цел е да создаде нова верзија на инактивираната вакцина, која посебно ќе ја таргетира оваа варијанта. Интерактивната вакцина од првата генерација на оваа компанија во мај беше одобрена за итна употреба во Кина. Лабораториските тестови покажуваат дека таа може да создаде добри неутрализирачки ефекти и да обезбеди заштита од новите варијанти, додава ЦМГ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-nauchnici-podgotvuvaat-vakcina-protiv-delta-sojot-na-koronavirusot/feed/ 0
Директорот на СЗО предупредува: Можна е појава на поопасна варијанта коронавирус од Делта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-szo-predupreduva-mozna-e-pojava-na-poopasna-varijanta-koronavirus-od-delta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-szo-predupreduva-mozna-e-pojava-na-poopasna-varijanta-koronavirus-od-delta/#respond Wed, 21 Jul 2021 06:21:46 +0000 https://kurir.mk/?p=539488

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус во Токио, пред 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид коронавирус отколку варијантата Делта. – Колку е пораспространет (вирусот), толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат неранливи на вакцините – и сите ќе се вратиме на почетокот, рече Тедрос. Според него, пандемијата на коронавирусот е тест со кој светот сè уште не се справил. – Често ме прашуваат: кога ќе заврши пандемијата. Навистина, вирусот и пандемијата не ставија пред многу прашања. Пандемијата е тест и светот не се справува со тоа, рече Гебрејесус, додавајќи дека до крајот на Олимписките игри во Токио, на 8 август, се проценува дека во светот од коронавирус може да починат повеќе од 100.000 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-szo-predupreduva-mozna-e-pojava-na-poopasna-varijanta-koronavirus-od-delta/feed/ 0
Четврти случај на делта сојот во државава, засега не се планираат нови мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvrti-sluchaj-na-delta-sojot-vo-drzavava-zasega-ne-se-planiraat-novi-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvrti-sluchaj-na-delta-sojot-vo-drzavava-zasega-ne-se-planiraat-novi-merki/#respond Wed, 07 Jul 2021 05:44:10 +0000 https://kurir.mk/?p=533075

Четврти случај на индискиот делта сој на коронавирус е потврден во државава. Пациентот е со лесна клиничка слика и се лекува во болницата во Велес. Според здравствените власти, засега не се планираат мерки во однос на штитењето на границите од делта сојот, но деновиве, најдоцна до почетокот на следната недела ќе го имаат конечниот став. Министерот за здравство Венко Филипче смета дека државите во регионот треба да имаат поорганизиран пристап во однос на ширењето на делта сојот. Тој вчера посочи дека ќе разговара со колегите министри од земјите во регионот за да заземат заеднички ставови. Во делот на клиничката слика, сè уште нема точни податоци дали има потешка клиничка слика како што имаше британскиот сој кога се појави. Некои публикации, укажуваат дека нема, но Фолипче смета дека сè уште е рано тоа да го потврдат. Министерството за здравство вчера соопшти дека ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот на SarsCov2 не е вакциниран за Ковид-19. По направените анкети со пациентите било утврдено дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани. – Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој осум-девет дена откако појавил симптоми на Ковид-19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација, информираа од МЗ. Во болниците во моментов нема притисок, ниту за прегледи. Од вчера во болницата во Битола не се лекува ниту еден пациент, а во Охрид само уште едно лице. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје регистрирани се 16 нови случаи со Ковид-19 од 2.873 тестирања. Од нив четири во Тетово, по три во Скопје и Струмица, два во Куманово, и по еден во Прилеп, Гостивар, Охрид и Струга. Починати пациенти не се регистрирани, а оздравеле четворица. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројот на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а на активни случаи изнесува 142. Од следната недела треба да почне теренската вакцинација против Ковид-19. Ќе ја организира секој директор на здравствен дом, во зависност од бројот на жители во помалите места. Во однос на ефикасноста на вакцините, Филипче нагласува дека дефинитивно штитат од потешки форми на болеста и од смрт. Оваа недела, како што соопшти вчера, се вакцинираат над 60 илјади граѓани кои се пријавени за вакцинација. Сите граѓани кои од сега натаму ќе се пријават, вакцинацијата ќе се закажува во пунктовите во здравствените домови и во поликлиниките во Скопје. – Во салите ќе продолжи ревакцинацијата заклучно со последните денови од јули, за во август да функционираат пред се здравствените домови и поликлиниките, појасни Филипче. Во државата вкупно се аплицирани 613.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 232.595 граѓани. Министерството за здравство вчера реагираше на дел од објавите и пренесените ставови во медиумите дека кинеската вакцина „Синовак“ не штити од делта сојот и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина. – Ова тврдење е апсолутно неточно, нема ниту една студија или научен доказ кој ова го потврдува. Апелираме медиумите да не пласираат непроверени тези од поединци кои не се засновани на официјални информации од меѓународните здравствени институции. Досегашните анализи и официјални инофрмации на СЗО која ја одобри оваа вакцина, покажуваат дека истата е ефикасна 51 проценти при заштита на асимптоматските случаи и штити 100 отсто од развој на тешка форма на болеста, велат од МЗ. Министерот Филипче вели дека се уште е рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Тоа ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу од епидемиолошката ситуација во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvrti-sluchaj-na-delta-sojot-vo-drzavava-zasega-ne-se-planiraat-novi-merki/feed/ 0
Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за нови мерки против делта сојот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-deneska-kje-odluchuva-za-novi-merki-protiv-delta-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-deneska-kje-odluchuva-za-novi-merki-protiv-delta-sojot/#respond Mon, 05 Jul 2021 05:10:21 +0000 https://kurir.mk/?p=531881

Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа и ќе процени дали тестовите се вистинската мерка со која ќе може да се заштитиме. Сите сега препорачани мерки во овој период остануваат на сила засега, рече во петокот министерот за здравство Венко Филипче, нема план да се направи промена. -Разговараме и евентуално би носеле некаква одлука во однос на штитење на границите, во однос на тестовите. Да се процени ризикот, дали е тоа вистинска марка со која навистина може да се заштитиме, објасни министерот. Во моментов ресорното Министерството најмногу е фокусирано на вакцинацијата и се очекува до петок да бидат вакцинирани околу 500.000 граѓани. Вакцинацијата се одвива во сите пунктови во земјава и поделени се сите вакцини, согласно бројот на пријавени граѓани. Здравствените власти сметаат дека тоа е недоволно и апелираат граѓаните да се пријават за вакцинација. Во зголемувањето на бројот на имунизирани лица треба да придонесе и теренската вакцинација, која е веќе почната кај нас. Властите најавуваат дека теренската вакцинација ќе се интензивира и ќе придонесе да се вакцинираат жителите кои се хронично болни и помалку подвижни, а кои живеат во оддалечените места околу големите градови. Во петокот министерот за здравство Венко Филипче најави дека денеска ќе има состанок со директорите на сите здравствени домови. Стигнати се малите фрижидери, кои, како што рече, треба да се дел од опремата за теренската вакцинација. Во однос на вакцинирањето на трудниците и доилките, министерот посочи дека ставот на Стручниот комитет е дека за нив треба да се преферира вакцината на „Фајзер“. Од ресорното Министерство уверуваат дека сите граѓани кои изразиле желба за вакцинација ќе се вакцинираат и додаваат дека процесот оди многу брзо и оти располагаат и со голем број вакцини. Најавуваат дека периодов ќе пристигнуваат дополнителнтелни пратки вакцини кои ги купивме во директни преговори со „Фајзер“, „Спутник В“, како и вакцини преку Ковакс механизмот. Во земјава има и понатаму има значителен пад на бројот на пациенти заразени со Ковид-19. Во деноноќието меѓу саботата и неделата се направени 2.760 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на КОВИД-19, по два во Скопје и Тетово. Нема починати, а регистрирани се шест оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 890.381 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 151. Во Струга, Кочани, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран нема активни случаи со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-deneska-kje-odluchuva-za-novi-merki-protiv-delta-sojot/feed/ 0
ШОКАНТНИ ИНФОРМАЦИИ ДОАЃААТ ОД РУСИЈА: Откриена нова мутација на коронавирус – ја намалува ефикасноста на вакцините и лековите! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-informacii-doagjaat-od-rusija-otkriena-nova-mutacija-na-koronavirus-ja-namaluva-efikasnosta-na-vakcinite-i-lekovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-informacii-doagjaat-od-rusija-otkriena-nova-mutacija-na-koronavirus-ja-namaluva-efikasnosta-na-vakcinite-i-lekovite/#respond Fri, 18 Jun 2021 17:26:05 +0000 https://kurir.mk/?p=525202

Руската Федерална агенција за биомедицина (ФМБА) откри нова мутација на коронавирусот, која е способна да ја намали ефикасноста на лекувањето и превентивните лекови, вклучувајќи ги и вакцините, соопшти денеска агенцијата. –Руски научници од ФМБА открија нови варијанти на SARS-CoV-2 вирусот. Мутациите се откриени примарно во S протеинот и во доменот на врзување за човечките рецептори. Може да ги промени биолошките својства на вирусот и клиничките знаци на инфекцијата, а може да ја намали и ефикасноста на лекувањето и постојните вакцини, кои се тестирани на претходните видови на Ковид-19, наведува ФМБА. Засега се уште не е познато името на откриената мутација на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-informacii-doagjaat-od-rusija-otkriena-nova-mutacija-na-koronavirus-ja-namaluva-efikasnosta-na-vakcinite-i-lekovite/feed/ 0
Потврден прв случај на индискиот сој во Македонија, за вакцина по избор и без закажаување македонските државјани одат во Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrden-prv-sluchaj-na-indiskiot-soj-vo-makedonija-za-vakcina-po-izbor-i-bez-zakazauvanje-makedonskite-drzavjani-odat-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrden-prv-sluchaj-na-indiskiot-soj-vo-makedonija-za-vakcina-po-izbor-i-bez-zakazauvanje-makedonskite-drzavjani-odat-vo-srbija/#respond Tue, 08 Jun 2021 06:02:25 +0000 https://kurir.mk/?p=520282

Опаѓа бројот на заболени и починати од Ковид-19, во земјава детектиран прв случај на „индискиот“ сој Продолжува да се намалува бројот на новозаболени и починати од Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден беше регистриран само еден нов случај на заболен, поточно од Куманово. Минатата недела во државата беше детектиран и „индиски“ сој на вирусот, и тоа кај еден пациент хоспитализиран во приватна болница, кој претходно бил во Ирак. Според извештајот на Министерството за здравство, вчера беа направени 1.375 тестирања, а регистриран е еден нов случај на Ковид-19 од Куманово. Вкупно се регистрирани 204 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени 815.893 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.418. Оздравени пациенти се 149.496, а починале вкупно 5.458. Бројот на активни случаи изнесува 464. Во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 126 ковид пациенти, и има околу 500 слободни кревети во ковид центрите. Што се однесува до главниот град, таму вчера беа хоспитализирани двајца нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град, а во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 75 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. – Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациенти и еден нови заболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент, се наведува во извештајот на Министерството за здравство. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31 мај до 6 јуни тестирани се вкупно 19.672 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 9,1 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5 отсто во однос на минатата недела. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка. Министерството за здравство вчера соопшти дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. Инаку, минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно десет дена бил болен и хоспитализиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Надлежните соопштија дека состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик. Министерот за здравство Венко Филипче вчера на Фејсбук повторно апелираше до сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација да го сторат тоа што поскоро. Филипче синоќа на Фејсбук објави дека пристигнале дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Според најавите државава треба да добие 30.000 вакцини „Синовак“ од Турција, а се очекува неделава да пристигнат и 500.000 дози од овој производител. Вакцинацијата против Ковид-19 во државава започна на 17 февруари. Заклучно со 6 јуни аплицирани се: 60.526 дози на „Фајзер/Бионтек“ (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза), 45.168 дози на „Спутник В“ (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза), 32.875 дози на „Астра Зенека“ (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и 251.705 дози „Синофарм“ (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).До завчера во државава вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица. Во меѓувреме, македонските граѓани одат да се вакцинираат и во соседна Србија. Во Врање досега се вакцинирани вкупно 2.032 Македонци, а без закажување е можно вакцинирање и во Ниш и Нови Сад. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според последните податоци на Градскиот штаб за вонредни состојби во Врање за време на викендот вакцинирани се 927 граѓани на Република Северна Македонија. Од ПР службата на Здравствениот дом во Врање соопштија дека досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 граѓани на Северна Македонија. Македонските државјани можат да се вакцинираат и на главниот пункт за вакцинација во Врање, во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци. Од Здравствениот дом во Ниш за МИА изјавија дека и во овој град македонските државјани можат да се вакцинираат без закажување преку е-Управа.Покрај граѓаните на Србија, македонските граѓани и граѓаните на БиХ, можат да се вакцинираат и во Нови Сад без покана од е-управа. Достапни се вакцините на Синофарм, АстраЗенека и Фајзер, додека „Спутник В“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е- Управа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrden-prv-sluchaj-na-indiskiot-soj-vo-makedonija-za-vakcina-po-izbor-i-bez-zakazauvanje-makedonskite-drzavjani-odat-vo-srbija/feed/ 0