музеи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 06:38:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png музеи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бесплатен влез и активности низ целата земја по повод Меѓународниот ден на музеите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplaten-vlez-i-aktivnosti-niz-tselata-zemja-po-povod-megunarodniot-den-na-muzeite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplaten-vlez-i-aktivnosti-niz-tselata-zemja-po-povod-megunarodniot-den-na-muzeite/#respond Thu, 18 May 2023 06:38:29 +0000 https://kurir.mk/?p=835622

„Музеи, одржливост и благосостојба“ е мотото под кое денеска се одбележува Меѓународниот ден на музеите - 18 Мај. Како што е најавено, музеите во земјава традиционално ќе ги отворат своите врати и ќе овозможат бесплатен влез за посетителите. Од Министерството за култура информираат дека во музеите денеска ќе бидат поставени изложби, ќе се организираат промоции, работилници и разни едукативни активности, со цел да се доближи движното културно наследство до што поголем дел од јавноста. Овој датум, музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година. -Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во промоцијата на одржливост и благосостојба, можат да инспирираат, да образоваат и да иницираат позитивни промени во различни аспекти на животот за сите нас. Постојат многу начини за музеите да придонесат за постигнување на целите за одржлив развој: од поддршка на климатските активности и поттикнување на инклузивноста, до справување со социјалната изолација и подобрување на менталното здравје, соопштија од Министерството за култура. Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се насочи вниманието на јавноста од целиот свет кон музејската дејност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplaten-vlez-i-aktivnosti-niz-tselata-zemja-po-povod-megunarodniot-den-na-muzeite/feed/ 0
Утре бесплатен влез во сите музеи низ земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/utre-besplaten-vlez-vo-site-muzei-niz-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/utre-besplaten-vlez-vo-site-muzei-niz-zemjava/#respond Wed, 17 May 2023 17:57:28 +0000 https://kurir.mk/?p=835480

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите - 18 Мај, Министерството со задоволство најавува бесплатен влез во сите музеи низ земјава. Утре ве покануваме да тргнете на волшебно патување низ македонското богато културно наследство и за момент да ги доживеете приказните од нашето минато, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на својот фејсбук профил. Според министерката, Меѓународниот ден на музеите нѐ потсетува на непроценливата улога што ја играат музеите во зачувувањето на нашиот културен идентитет и негувањето чувство на единство. - Од антички артефакти до современи ремек-дела, нашите музеи чуваат богатства што ќе ве инспирираат. Талкајте низ салите на нашите музеи, учествувајте во изложби кои предизвикуваат размислување и оставете ги приказните на нашите предци да ја пробудат вашата имагинација. Заедно, дозволете да го прославиме Меѓународниот ден на музеите потопувајќи се во магијата што нѐ чека во рамките на нашите музејски ѕидови, пишува Костадиновска Стојчевска на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/utre-besplaten-vlez-vo-site-muzei-niz-zemjava/feed/ 0
Бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ Македонија по повод 18-ти април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplaten-vlez-vo-site-muzei-i-lokaliteti-niz-makedonija-po-povod-18-ti-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplaten-vlez-vo-site-muzei-i-lokaliteti-niz-makedonija-po-povod-18-ti-april/#respond Thu, 13 Apr 2023 14:31:02 +0000 https://kurir.mk/?p=823694

По повод Светскиот ден на културното наследство - 18 Април ќе има бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата, објави денеска на фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска. Според неа, македонската култура и уметност е богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува. -Дојдете, посетете и истражете на 18-ти април, напиша Костадиновска - Стојчевска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplaten-vlez-vo-site-muzei-i-lokaliteti-niz-makedonija-po-povod-18-ti-april/feed/ 0
Бесплатен влез во музеите во Охрид секој први во месецот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplaten-vlez-vo-muzeite-vo-ohrid-sekoj-prvi-vo-mesecot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplaten-vlez-vo-muzeite-vo-ohrid-sekoj-prvi-vo-mesecot/#respond Mon, 31 Oct 2022 11:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=753136

Влезот во музеите и галериите во Охрид ќе биде бесплатен секој први во месецот, почнувајќи од утре, 1 ноември, соопшти денеска охридскиот Завод и Музеј. Граѓаните ќе можат бесплатно да ги посетат Куќата на Робевци, Самуиловата тврдина, Музејот на вода во Градиште и Галеријата на икони. – Во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од први ноември годинава заклучно со први април 2023 година. Бесплатен влез секој прв ден од месецот во музеите и локалитетите кои се под надлежност на НУ Завод и Музеј – Охрид се реализираше и лани.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplaten-vlez-vo-muzeite-vo-ohrid-sekoj-prvi-vo-mesecot/feed/ 0
Венеција: Музеите ги отвораат вратите за посетители https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-muzeite-gi-otvoraat-vratite-za-posetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-muzeite-gi-otvoraat-vratite-za-posetiteli/#respond Wed, 28 Apr 2021 09:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=503190

По повеќе од една година заклучени врати, музеите и галериите во Венеција ги отвораат вратите за посетители. Агенцијата Анса јавува дека познатата галерија „Пеги Гугенхајм“ денес ќе ги прими првите посетители кои ги резервирале картите однапред. Поставена е изложба во чест на 1.600 години од постоењето на градот на вода. За денеска се планирани отворања на неколку музеи и галерии. -Многу е важно што отвораме постепено откако предолго бевме затворени и без посетители. Тоа е знак за надеж. Сите сме изморени и обесхрабрени и добро е што за публиката ги отвраме културните установи бидејќи се дел од нашиот идентитет и секојдневен живот, изјавил директорот на галеријата „Пеги Гугенхајм“. Посетителите ќе бидат примени, но со строги анти ковид правила, обезбедена резервација, носење заштитна маска, ограничен број посетители и почитување на физичката дистанца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-muzeite-gi-otvoraat-vratite-za-posetiteli/feed/ 0
Во државата Њујорк повторно се отвораат музеите и теретаните https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-drzavata-njujork-povtorno-se-otvoraat-muzeite-i-teretanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-drzavata-njujork-povtorno-se-otvoraat-muzeite-i-teretanite/#respond Tue, 25 Aug 2020 15:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=395321

Музеите низ американската држава Њујорк и теретаните во делови од државата надвор од градот Њујорк повторно ќе можат да продолжат со работа во понеделник, согласно олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот. Според упатствата кои ги објави гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, максималниот број на посетители дозволени во музеите ќе се намали на 25 проценти од вообичаено, а билетите ќе важат ограничено време. Куомо исто така рече дека теретаните и фитнес центрите од понеделник ќе можат да работат со третина од капацитетот, но градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио информира дека теретаните во градот ќе останат затворени најмалку до 2 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-drzavata-njujork-povtorno-se-otvoraat-muzeite-i-teretanite/feed/ 0
Онлајн одбележување на Меѓународниот ден на музеите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-muzeite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-muzeite/#respond Thu, 14 May 2020 13:02:09 +0000 https://kurir.mk/?p=345858

Поради коронакризата и неможноста да отвори пригодна изложба, Музејот на Репулика Македонија ќе го одбележи онлајн Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај и на јутјуб-каналот ќе постави повеќе документарни филмови во согласност со темата на годинашното одбележување „Музеите за еднаквоста: Различност и инклузија“. – Пошироката јавност преку овие филмови ќе има можност да се запознае со културата на Македонците и другите етнички заедници коишто кохабитираат во нашата земја. На тој начин, дел од разноличниот мозаик на етнолошко наследство на Република Македонија ќе биде достапен за сите луѓе подеднакво, соопшти Музејот. Поради пандемијата од вирусот, оневозможен е физичкиот пристап до постојаните поставки, тематските изложби и другите содржини во музеите во поголем дел од светот. Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се обединат креативните аспирации и напори и да се насочи вниманието на јавноста во целиот свет на нивната дејност. На овој ден музите во светот традиционално ги отвораат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите, поставуваат изложби, организираат промоции или други настани со цел да го доближат движното културно наследство до што поголем дел од публиката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-muzeite/feed/ 0