музеј на град скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Dec 2021 06:53:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png музеј на град скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ретроспективна изложба на Данчо Кал’чев во Музејот на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektivna-izlozba-na-dancho-kal-chev-vo-muzejot-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektivna-izlozba-na-dancho-kal-chev-vo-muzejot-na-grad-skopje/#respond Wed, 15 Dec 2021 06:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=608618

Во Музејот на Град Скопје вечерва ќе биде отворена ретроспективна изложба на македонскиот сликар Данчо Кал’чев. Ова е прво вакво ретроспективно претставување на творештвото на уметникот со ваков карактер, при што ќе бидат презентирани дела од сите главните фази во неговото сликарство. На изложбата ќе бидат претставени дела од сите негови сликарски циклуси почнувајќи од 1992 година („Траги“, „Идоли“, „Генесис“) до најновиот циклус од 2021 година. За посетителите на изложбата важат препораките за мерките против КОВИД-19. Данчо Кал’чев (1957) е еден од најреномираните македонски сликари денес, активен на полето на ликовната уметност кај нас речиси веќе 30 години. Неговата творечка биографија бележи повеќе самостојни и групни изложби, а негови дела се наоѓаат во бројни домашни и странски музеи и галерии. Кал’чев дипломирал на Педагошката академија – отсек сликарство – во Скопје (1980) во класата на проф. Ванчо Ѓорѓиев и на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на прф. Димитар Кондовски (1986). Меѓу денес малкутемина навистина посветени македонски сликари, сликари коишто сликарството го сфаќаат како сериозна професија и животна определба, Данчо Кал’чев секако зазема доминантно место. Тој го смета сликарството за„(…) сериозна, тешка и одговорна работа“ којашто не трпи импровизации, самоволие и забава. Впрочем, и неговото досегашно целокупно сликарство сведочи за комплетна посветеност на еден вистински сликарски мајстор кој ништо не препушта на случајот или првичната импресија, туку гради Слика со голема почетна буква, создава дела со специфична пластична (синтаксна) и семантичка структура, јасно препознатлива во современото македонско сликарство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektivna-izlozba-na-dancho-kal-chev-vo-muzejot-na-grad-skopje/feed/ 0
Самостојна изложба Ивана Самандова во Музејот на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/samostojna-izlozba-ivana-samandova-vo-muzejot-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/samostojna-izlozba-ivana-samandova-vo-muzejot-na-grad-skopje/#respond Tue, 26 Oct 2021 05:34:17 +0000 https://kurir.mk/?p=585406

Самостојна изложба на Ивана Самандова ќе биде отворена денеска во Музејот на Град Скопје. Изложбата е во рамки на проектот произлезен од договорот со семејството на Борко Лазески кое на Музејот на Град Скопје му ги подари картоните од овој уметник употребени за реализација на големата „Фреска за НОБ“ реализирана во аулата на Старата железничка станица во Скопје во 1958. Музејот на Град Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Овојпат тоа е Ивана Самандова. Самандова е родена во Скопје, 1997 година. Во 2016 ги започнува студиите на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломира во 2020 година, на отсек сликарство и модул реставрација и конзервација. Нејзиното творештво опфаќа процеси на опсервации и истражувања, најчесто насочени со интерес кон општествените проблематики, однесувања, интерконекции и прогрес, подоцна пренесувајќи ги преку интердисциплинарна медиумска уметничка практика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/samostojna-izlozba-ivana-samandova-vo-muzejot-na-grad-skopje/feed/ 0
Изложбата на Александар Кондев во Музејот на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozbata-na-aleksandar-kondev-vo-muzejot-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozbata-na-aleksandar-kondev-vo-muzejot-na-grad-skopje/#respond Wed, 06 Oct 2021 06:03:25 +0000 https://kurir.mk/?p=573742

Во Mузејот на Град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на македонскиот уметник Александар Кондев со наслов „Го сакам Скопскиот кич”, на која ќе бидат претставени фотографии од „Скопје 2014” . Александар Кондев е роден 1950 година во Скопје каде завршува основно и средно образование, за потоа да студира на Економскиот факултет. Со фотографија почнува да се занимава уште во школските денови, а професионално од 1970 година. Во својата кариера како фотограф членува во фото клубовите „Вардар” и „Клуб 25”, а потоа работи како самостоен автор. Учесник е на голем број самостојни и групни изложби. Живее и работи во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozbata-na-aleksandar-kondev-vo-muzejot-na-grad-skopje/feed/ 0
Маж починал додека извршувал работни задачи во Музејот на град Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-pochinal-dodeka-izvrshuval-rabotni-zadachi-vo-muzejot-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-pochinal-dodeka-izvrshuval-rabotni-zadachi-vo-muzejot-na-grad-skopje/#respond Thu, 11 Feb 2021 17:10:10 +0000 https://kurir.mk/?p=467496

Педесет и осумгодишен работник вчера починал при извршување работни задачи во Музејот на град Скопје, соопшти МВР. Ѕ. Ј. од Скопје бил вработен во приватна фирма. Лекар од итната медицинска помош на самото место констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-pochinal-dodeka-izvrshuval-rabotni-zadachi-vo-muzejot-na-grad-skopje/feed/ 0
Музејот на Град Скопје ќе одбележи 70 години постоење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzejot-na-grad-skopje-kje-odbelezi-70-godini-postoenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzejot-na-grad-skopje-kje-odbelezi-70-godini-postoenje/#respond Wed, 12 Feb 2020 06:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=302659

Музеј на Град Скопје денеска ќе одбележи седум децении постоење со промоција на монографијата „70 години Музеј на Град Скопје“, изложба и видеопроекција. Во монографијата, која ќе ја промовира академик Вера Битракова-Грозданова, претставени се сите значајни предмети и уметнички дела од збирките на музејот, наведени се значајни настани и печатени изданија што се резултат на работата на неколку генерации музејски работници. По повод јубилејот, од 20 часот во Музејот ќе има и изложба и видеопроекција. – Видеопрезентацијата преку фотографии во проекција од 360 степени, првпат изработена на нашите простори во 3Д-мапинг технологија, ќе ја опфати музејската и галериската работа во изминатите седумдесет години поделена на декади. Во секоја декада, почнувајќи од основањето до денес, се презентира Музејот и неговата досегашна работа, соопшти МГС. На изложбата ќе биде претставен дел од најзначајните експонати од збирките на Музејот, уметнички дела и преглед на најзначајните настани (изложби, археолошки ископувања и истражувања, промоции и презентации…) и избор од најзначајните публикации во седумдесетте години од постоењето на институцијата. Видеопроекцијата ќе може да се види само вечер, а изложбата ќе може да се посети до 12 март 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzejot-na-grad-skopje-kje-odbelezi-70-godini-postoenje/feed/ 0
70 години од основањето на Музеј на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/70-godini-od-osnovanjeto-na-muzej-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/70-godini-od-osnovanjeto-na-muzej-na-grad-skopje/#respond Tue, 04 Feb 2020 08:41:31 +0000 https://kurir.mk/?p=298979

Музејот на град Скопје одбележува седумдесет години од основањето. Тој е формиран во 1949 година од страна на Градскиот народен одбор на Скопје како Народен музеј на град Скопје. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година и санацијата на објектот на Железничката станица (од 1968 до 1970 година, проект на дипл. инж. арх. Светислав Петровиќ), Музејот на град Скопје се вселил во новите простории од адаптираната зграда на Железничката станица во 1970 година. Остварувајќи ја својата основна мисија, Музејот на град Скопје уште од почетокот стана место на непосредно фактографирање на историскиот, општествениот, стопанскиот и културниот живот на градот. Набргу, импозантниот број реализирани музејски презентации и манифестации во земјава и во странство, археолошки и теренски истражувања, организирани збирки и музејски поставки преку кои се афирмира културното наследство на град Скопје, од Музејот создаваат значаен културен центар. Музејот на град Скопје остварува богата научно-истражувачка дејност и врши собирање, средување, стручна обработка, чување, заштита, презентација и публикување на музејски материјал од областа на археологијата, етнологијата, историјата, историјата на уметноста и историјата на архитектурата. Врши археолошки истражувања на територијата на град Скопје. Врши заштита на археолошките, етнолошките, историските и уметничките предмети на подрачјето за кое е основан. Преку постојани изложбени поставки, повремени и подвижни изложби, предавања, семинари, курсеви и други форми на дејствување, врши едукативна функција, развивајќи интерактивна комуникација со посетителите. Музејот го презентира музејскиот материјал и преку сопствената издавачка дејност. Музејот го збогатува фондот од музејски предмети преку теренски истражувања, археолошки ископувања и откупи на артефакти, го збогатува фондот на уметнички дела и овозможува пошироката публика да се запознае со актуелниот творечки опус на современите уметници од земјава и од светот. Музејот од своето основање до денес го обезбедува правото на култура и на еднакви можности за пристап до културата за сите корисници. Музејот веќе седумдесет години ја привлекува публиката преку интерактивни проекти, изложби и презентации како на културното богатство, така и на современите културни производи и го подига општото културно рамниште на граѓаните на град Скопје. Благодарение на работата на неколку поколенија музејски работници Музејот денес стана значаен центар за чување, заштита и презентација како на нашето културно наследство, така и на современата култура и уметност. Седумдесет години од постоењето (1949 - 2019) и педест години од користење на музејскиот објект Железничка станица (1970-2020) е јубилеј што ќе биде одбележан со пригодна манифестација на 12 февруари 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/70-godini-od-osnovanjeto-na-muzej-na-grad-skopje/feed/ 0
Изложба за 500 години од смртта на Леонардо да Винчи во Музеј на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-za-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi-vo-muzej-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-za-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi-vo-muzej-na-grad-skopje/#respond Tue, 26 Nov 2019 07:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=269102

„Во слава на Леонардо“ е насловена изложбата по повод 500 години од смртта на Леонардо да Винчи, која ја организира Асоцијацијата за култура ИКОН и ќе биде отворена денеска во Музеј на Град Скопје. Ќе бидат претставени дела од 12 уметници инспирирани од сликарското творештво на Да Винчи – Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Доне Милјановски, Атанас Ботев, Росица Лазеска, Костадин Качев, Дијана Томиќ-Радевска, Александар Ацо Станковски, Илија Спасовски Чендо, Денис Тенев, Новица Трајковски и Бернхард Холеман. Од ИКОН посочуваат дека се придружуваат во светското одбележување половина милениум од смртта на, како што велат, бесмртниот ликовен и интелектуален маг на италијанската ренесанса, чиј дух и дело се светско културно наследство. – Раскошен дух и денес архетип за ренесансна личност во која се остварува големата синтеза на уметноста и науката. Сликар, вајар, архитект, биолог, воен технолог, антиципатор на хеликоптерот и авионот, падобранот и уште редица други нешта кои ќе бидат остварени подоцна и ќе го потврдат неговиот поливалентен гениј. Во ликовната уметност Леонардо е средишна фигура во епохата на ренесансата, нејзин царски печат. Генијален цртач и сликар, пронаоѓач на техниката на сфуматото, која ќе му даде нов тон на сликарството и ќе го помести него во просторот на безвременото, метафизичкото, велат од ИКОН. Светската изложба по повод 500 години од смртта на Леонардо да Винчи (1452 – 1519) беше отворена во октомври во Париз по повеќе од една деценија подготовки и дипломатски преговори. Во парискиот музеј Лувр, каде што е домот на неговата „Мона Лиза“, изложени се повеќе од 160 слики и цртежи на Да Винчи. За оваа пригода тие се донесени од други музеи во светот и од приватни колекции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-za-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi-vo-muzej-na-grad-skopje/feed/ 0
Музејот на Град Скопје гостува во Подгорица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzejot-na-grad-skopje-gostuva-vo-podgorica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzejot-na-grad-skopje-gostuva-vo-podgorica/#respond Mon, 28 Oct 2019 06:58:45 +0000 https://kurir.mk/?p=256717

Музејот на Град Скопје од денеска до 23 ноември ќе гостува во Подгорица со изложбата „Една слика за темната страна на римската историја, Скупи – гробница со масовно погребување/архео – антрополошка и форензичко – антрополошка презентација”. На изложбата во Музеи и галерии на Подгорица ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата на едно исклучително и несекојдневно откритие од Југоисточната некропола на римската колонија Скупи (Colonia Flavia Scupinorum). Станува збор за масовна гробница во која биле погребани околу двесте возрасни мажи, некогашни војници, припадници на римската воена камарила, од кои повеќето биле насилно усмртени, најчесто со обезглавување. Изложбата претставува пионерски потфат како во однос на мултидисциплинарниот пристап поради паралелната примена на археологијата, физичката и форензичката антропологија, така и поради мултимедијалниот начин на презентација со примена на повеќе класични и современи уметнички дисциплини (фотографија, видео, дводимензионални и тродимензионални реконструкции на ). Изложбата и каталогот се реализирани со финансиска подршка на Град Скопје, а во соработка со Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје и Музеи и галерии на Подгорица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzejot-na-grad-skopje-gostuva-vo-podgorica/feed/ 0
Промоција на „ТАОР рановизантиско утврдување и населба од праисторијата до средниот век“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-taor-ranovizantisko-utvrduvanje-i-naselba-od-praistorijata-do-sredniot-vek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-taor-ranovizantisko-utvrduvanje-i-naselba-od-praistorijata-do-sredniot-vek/#respond Thu, 10 Oct 2019 08:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=249987

Во просториите на Музеј на град Скопје на 16-ти октомври во 12 часот, ќе биде промовирана монографијата „ТАОР рановизантиско утврдување и населба од праисторијата до средниот век“ од авторот м-р Киро Ристов. Монографскиот труд што е претставен во книгата претставува резултат на повеќегодишни археолошки истражувања вршени од страна на Музеј на град Скопје. Почнувајќи од 2000 година кога локалитетот Градиште, с.Таор, општина Зелениково, Скопје за прв пат беше започнат да се истражува, со мали прекини истражувањата се одвиваа до 2017 година под раководство на авторот м-р Киро Ристов. Од 2008 година локалитетот се вброи во рамките на капиталните археолошки проекти иницирани од Владата на Република Македонија во координација на Управата за заштита на културното наследство, финансирани од  Министерството за култура. Монографијата содржи 358 страни. Во нејзината содржина поместени се содржини од истражувањата и тоа: - Праисториски период (рано бронзено време од 2200 – 1800 год. пред н.е.), - Хеленистичкиот период од III – II век пред н.е., - Раноримскиот период од II – IV век, - Рановизантиски период  од IV – VII век, - Средновековен период од X - XIII век и - Доцносредновековна некропола од XV - XVII век. Стручниот дел завршува со Заклучни согледувања. Покрај стручниот дел, во книгата посебно се обработуваат:
  • Наоди на 546 откриени монети, преку каталог во кој е обработена секоја монета
  • Каталог на 407 откриени наоди со истражувањата
  • Библиографија на користената литература.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-taor-ranovizantisko-utvrduvanje-i-naselba-od-praistorijata-do-sredniot-vek/feed/ 0