музеј на современа уметност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Jun 2021 05:40:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png музеј на современа уметност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува летната филмска програма во Музејот на современа уметност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-letnata-filmska-programa-vo-muzejot-na-sovremena-umetnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-letnata-filmska-programa-vo-muzejot-na-sovremena-umetnost/#respond Thu, 17 Jun 2021 05:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=524568

Од денеска почнува летната филмска програма во Музејот на современа уметност. На тремот под отворено небо во следните четири месеци, публиката ќе може да проследи десет креативни документарни филмови. Летното кино ќе биде отворено со кинеско-американскиот документарен филм „Нашата временска машина“ (2019) од режисерите Yang Sun и S.Leo Chiang, кој досега е прикажан на повеќе светски фестивали и добитник е на многу награди. Следната проекција ќе биде на 24 јуни кога ќе биде прикажан филмот „Музејски град“ на режисерката Џенидер Треинер, една од основачите на Музејот на современа уметност во Масачусетс. Дарко Набаков, одговорен за филмската програма и дел од стручниот тим на МСУ, вели дека сите филмови се внимателно избрани. – Станува збор за внимателно избрани филмови, кои во себе, не носат само дидактичка нишка, туку на повеќе нивоа ги отвораат прашањата поврзани со животот и делата на уметниците, општествените и егзистенцијалните теми, како и предизвиците на создавањата на делата и раководењето на музеите во 21 век, вели Набаков. Сите проекции на летното кино, како што најавуваат организаторите, ќе се одвиваат според пропишаните протоколи за услови на пандемија. Влезот е слободен, а капацитетот е ограничен на 50 седишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-letnata-filmska-programa-vo-muzejot-na-sovremena-umetnost/feed/ 0
Уметникот Глигор Стефанов му подари 21 дело на Музејот на современата уметност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/umetnikot-gligor-stefanov-mu-podari-21-delo-na-muzejot-na-sovremenata-umetnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/umetnikot-gligor-stefanov-mu-podari-21-delo-na-muzejot-na-sovremenata-umetnost/#respond Tue, 28 Jan 2020 10:33:53 +0000 https://kurir.mk/?p=295679

Уметникот Глигор Стефанов, кој минатата година имаше ретроспективна изложба во Музејот на современата уметност (МСУ), одлучи делата од оваа поставка, насловена „Грабење во просторот“, да му ги подари на музејот и да му ги пренесе своите авторски права за сите дела од поставката. – Горди сме што колекцијата на Музејот на современата уметност е побогата за една толку значајна збирка составена од 21 ремек-дело на нашиот уметник Глигор Стефанов, соопшти МСУ. Стефанов, кој повеќе години  живее и работи во Канада, изјави дека дарувањето е израз на благодарност и љубов. -Не можам да го заборавам оној тмурен ноемвриски ден во 1981 година, неколку месеци по моето дипломирање, кога како млад и анонимен уметник, без препораки и познанства, влегов во канцелариите на МСУ за да замолам ако некој сака да го погледне моето портфолио. Таа посета на МСУ го промени мојот живот. Марика Бочварова во последен момент ме вклучи во изложбата „Млада генерација”, Соња Абаџиева ме покани да учествувам во изложбата „Интервенции во простор”, Зоран Петровски ме предложи за наградата „Млад борец” а Мирослав Поповиќ ме избра во годишната изложба „Критичарите бираат”. Така почна веќе познатата долгогодишната соработка, истакнува Стефанов и додава дека подарувањето на делата од ретроспективната изложба на МСУ е упатување благодарност кон институцијата и кон секој со кој соработувал и работел во минатото и во деновите кога таа била подготвувана. Ретроспективната изложба, монографијата и сместувањето на делата во колекцијата на МСУ, вели Стефанов, се целина која ја заокружила неговата уметничка активност што интезивно се одвивала во 1980-тите и 1990-тите години и е директно поврзана со македонското поднебје и сензибилитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/umetnikot-gligor-stefanov-mu-podari-21-delo-na-muzejot-na-sovremenata-umetnost/feed/ 0
„Пејзажи на совеста“ во Музејот на современа уметност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pejzazi-na-sovesta-vo-muzejot-na-sovremena-umetnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pejzazi-na-sovesta-vo-muzejot-na-sovremena-umetnost/#respond Fri, 06 Dec 2019 06:56:48 +0000 https://kurir.mk/?p=274028

Музејот на современата уметност вечер од 20 часот ќе ја отвори изложбата „Пејзажи на совеста“ која ги истражува врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување. Ќе  бидат изложени 11 фотографии и осум видеоинсталации, како и четири филмски уметнички дела кои ќе бидат прикажани од утре до 10 декември од 18 часот. „Пејзажи на совеста“ ќе  претстави дела на 12 уметници: Мила Паниќ, Карлос Касас, Урсула Биман, Арјуна Нојман и Дениз Фереира да Силва, Јунес Бен Слимане, Патрик Содерлунд, Ругил Барзџукаите, Хироацо Сузуки и Росана Торес, Тамер Хасан и Арманд Јервант Туфенкиан. Ќе понуди и разговори со двајца од авторите: Мила Паниќ (БиХ / Германија) и Карлос Касас (Шпанија). Изложбата е дел од програмата на филм и видео на МСУ и се реализира во соработка со фестивалот „Право људски Филм“ од Сараево. Кураторкa на изложбата e Кумјана Новакова, во соработка со Диого Переира. -„Пејзажи на совеста“ во фокусот ја става потребата за поголема политичка, сеизмичка промена, гледајќи го светот како вмрежан екосистем составен од различнo-конфигурирани, историско-динамични контакт зони наместо како збир од различни, одвоени екосистеми, соопшти МСУ. Изложбата ќе може да се посети до 10 декември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pejzazi-na-sovesta-vo-muzejot-na-sovremena-umetnost/feed/ 0
„Трета страна на стварноста“ – изложба во Музејот на современа уметност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/treta-strana-na-stvarnosta-izlozba-vo-muzejot-na-sovremena-umetnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/treta-strana-na-stvarnosta-izlozba-vo-muzejot-na-sovremena-umetnost/#respond Thu, 24 Oct 2019 05:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=255402

Музејот на современата уметност вечер од 20 часот ќе отвори изложба „Трета страна на стварноста“ со дела од неговата колекција, која е курирана од Ивана Васева. Централно место ќе има  инсталацијата „Архиликс“ на архитектот и уметник Срѓан Јовановиќ Вајс, која е специјално создадена за оваа изложба. Вајс е архитект и урбанист кој живее и работи во Њујорк. Во склоп на изложбата, утревечер од 19 чаасот тој ќе одржи предавање во МСУ. – Поставката отвора повеќе дилеми. Еден од можните начини за критичко преиспитување на солидарноста и современоста е колекцијата и архивата т.е. нивната селекција, пристапот, начинот на изложување и претставување ја одредува и нивната идентитетска и идеолошка политика и позиција, соопшти МСУ за изложбата, со која се одбележуваат и 55 години од неговото формирање како музеј на солидарноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/treta-strana-na-stvarnosta-izlozba-vo-muzejot-na-sovremena-umetnost/feed/ 0
Изложба на графики од збирката на Музејот на современа уметност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-grafiki-od-zbirkata-na-muzejot-na-sovremena-umetnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-grafiki-od-zbirkata-na-muzejot-na-sovremena-umetnost/#respond Fri, 14 Sep 2018 05:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=100707

Музејот на современата уметност (МСУ) вечер од 20 часот ќе отвори изложба на дела од неговата графичка колекција која има повеќе од 2000 отпечатоци изработени во различни графички техники. Поголем дел од графиките припаѓаат на меѓународната збирка на Музејот што е прогласена за културно наследство од особено значење. За изложбата е подготвена и публикација за разновидните истражувања на уметниците и нивните индивидуални стремежи преку графичкиот ликовен израз, како и  за развојот на графичката уметност и широкиот спектар стилски определби - фигуративниот, нефигуративниот, апстрактни тенденции сè до поп-уметноста и концептуалниот дискурс. Изданието содржи и преглед на графичките техники застапени во збирката на МСУ. Тоа ќе може да се види низ делата на авторите што ја одбележале историјата на ликовната сцена во 20 век: Ханс Хартунг, Виктор Вазарели, Андре Масон, Бернард Бифе, Ники де Санфал, Георг Базелиц... Куратор на изложбата е Благоја Варошанец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-grafiki-od-zbirkata-na-muzejot-na-sovremena-umetnost/feed/ 0