музеј на вмро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Mar 2018 10:32:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png музеј на вмро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Музејот на македонската борба на удар, се преиспитува оправданоста на неговото постоење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzejot-na-makedonskata-borba-na-udar-se-preispituva-opravdanosta-na-negovoto-postoenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzejot-na-makedonskata-borba-na-udar-se-preispituva-opravdanosta-na-negovoto-postoenje/#respond Thu, 22 Mar 2018 10:32:18 +0000 http://kurir.mk/?p=32122

Министерството за култура соопшти дека работна група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ - „Музеј на ВМРО” и „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим” одржала состанок и го извршила првиот директен увид во објектот. Од Министерството информираат дека работната група остварила средба со раководството, извршила првичен увид во музејската поставка и прибавила дел од неопходната документација потребна за подготовка на детална анализа за овој музеј. Работната група во состав д-р Александар Литовски, претседател, д-р Донка Барџиева Трајковска, д-р Елеонора Петрова, Златко Теодосиевски, м-р Гордан Николов и Жарко Трајановски, членови ќе има задача да изврши увид во целокупната документација поврзана со одлуката за основање и изградба Музејот, да изврши увид во целокупната документација поврзана со начинот на прибирање и откуп на музејскиот материјал, да направи проценка на музејската збирка, да изврши евалуација на начинот на експонирање на музејската збирка и пропратниот илустративен материјал, како и евалуација на начинот и условите на чување на музејскиот материјал, стои во соопштението. По разгледување на целосната документација и состојба, работната група ќе изработи елаборат за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ - „Музеј на ВМРО” и „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzejot-na-makedonskata-borba-na-udar-se-preispituva-opravdanosta-na-negovoto-postoenje/feed/ 0