музичари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Apr 2023 10:09:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png музичари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голем дел од музичарите страдаат од одреден вид ментална болест – еве што покажа едно истражување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/golem-del-od-muzicharite-stradaat-od-odreden-vid-mentalna-bolest-eve-shto-pokazha-edno-istrazhuvane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/golem-del-od-muzicharite-stradaat-od-odreden-vid-mentalna-bolest-eve-shto-pokazha-edno-istrazhuvane/#respond Tue, 25 Apr 2023 10:09:44 +0000 https://kurir.mk/?p=827303

Истражувања спроведено пред неколку години покажаа дека 73 отсто од музичарите страдаат од некоја форма на ментална болест, додека само 19 проценти уживаат во условите што ги имаат во таа кариера. Ова истражување го спроведе „Ред Јуникорн“, компанија за дигитална дистрибуција, интервјуирајќи речиси 1.500 музичари од 21 март до 2 април. Деновиве повторно се споделуваат истите информации. Таа куќа објави дека дури три четвртини од испитаниците чувствуваат стрес, анксиозност и / или депресија, додека ја работеле својата работа. Бројките се уште полоши кога станува збор за помладата популација на возраст помеѓу 18 и 25 години, бидејќи кај нив се појавуваат пореметувања што ги следат целиот живот и тоа кај 80 проценти од испитаниците. -Нашето истражување вели дека нешто мора да се промени, вели Јохан Сванберг, извршен директор на компанијата. Истражувањето укажува дека е голем процентот на музичари кои добиваат напади на паника, додека 57 отсто се многу загрижени за своето ментално здравје (дури 41 отсто велат дека постојано се грижат за тоа во текот на денот). Само 39 отсто од испитаните музичари велат дека се обиделе да побараат стручна помош, додека 51 отсто се обидуваат да го решат тој проблем на свој начин со примена на свои тактики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/golem-del-od-muzicharite-stradaat-od-odreden-vid-mentalna-bolest-eve-shto-pokazha-edno-istrazhuvane/feed/ 0
Музичарите на свадбата кај внукот на Шауилиќ заработија цело богатство само со хитовите на Шабан – еве за каква вртоглава сума се работи! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/muzicharite-na-svadbata-kaj-vnukot-na-shauilikj-zarabotija-celo-bogatstvo-samo-so-hitovite-na-shaban-eve-za-kakva-vrtoglava-suma-se-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/muzicharite-na-svadbata-kaj-vnukot-na-shauilikj-zarabotija-celo-bogatstvo-samo-so-hitovite-na-shaban-eve-za-kakva-vrtoglava-suma-se-raboti/#respond Sat, 05 Jun 2021 09:03:16 +0000 https://kurir.mk/?p=519279

Фудбалерот Лука Аџиќ, внук на покојниот крал на народната музика Шабан Шауилиќ, се ожени со својата долгогодишна девојка Александар Личин, а музичарите добија голем бакшиш на свадбената веселба. Лука и бремената Александра се венчаа во Војводина, на фарма, во присуство на нивните најблиски, со избран тесен круг на луѓе, поради епидемиолошката состојба. Имено, братот на Рада Манојловиќ, Ненад и неговата колешка Марина Станкиќ беа задолжени за атмосферата на забавата, а судејќи според снимките, тие биле одлични. Гранд sвездите наводно добиле околу 10.000 евра бакшиш за песните на покојниот крал на народната музика. Најмногу галантен бил наводно младоженецот, како и неговиот чичко Михајло Шаулиќ, а тие ставиле пари во рацете на пејачите. На свадбата, тетката на Лука, Илда, исто така, пееше на микрофонот, пеејќи им ја песната „Немам друг дом“ на младенците, која беше песна на првиот танц. Вдовицата на Шабан, Гоца Шаулиќ, по венчавката, истакна дека чувствата на сите во семејството биле измешани. - Во текот на целиот ден, чувствата се мешаа во нас, од една страна бевме пресреќни што го видовме Лука како започнува ново поглавје во неговиот живот, а од друга страна, жалиме што Шабан не дочека да го види тоа. Лука беше нашата прва радост и Шабан секогаш имаше посебна врска со него, па затоа сум сигурна дека тој денес би бил најсреќен на светот - изјави претходно Гоца. - Животот сигурно мора да продолжи, и бидејќи нашиот Лука и неговата Александра наскоро ќе станат родители, пред нас се уште денови на неизмерна среќа и гордост - рече тогаш Гоца, по прославата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/muzicharite-na-svadbata-kaj-vnukot-na-shauilikj-zarabotija-celo-bogatstvo-samo-so-hitovite-na-shaban-eve-za-kakva-vrtoglava-suma-se-raboti/feed/ 0
Музичарите побараа укинување на забраната за настапи во угостителски објекти, 15 месеци не смеат да работат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzicharite-pobaraa-ukinuvanje-na-zabranata-za-nastapi-vo-ugostitelski-objekti-15-meseci-ne-smeat-da-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzicharite-pobaraa-ukinuvanje-na-zabranata-za-nastapi-vo-ugostitelski-objekti-15-meseci-ne-smeat-da-rabotat/#respond Fri, 04 Jun 2021 11:53:08 +0000 https://kurir.mk/?p=518996

Музичарите денеска излегоа пред Владата и побараа по 15 месеци да може да почнат со работа сите музичари и укинување на забраната за настапи во угостителски објекти. Петар Младеновски од Управниот одбор на Здружението на музичари „Музика сега“, познат како Пеце од „Суперхикс“ изјави дека треба да се дозволи работа на сите оние што настапуваат, не само на свадби, туку и на сите што настапуваат во угостителски објекти бидејќи, како што рече, протоколи веќе постојат. -Забраната за настапување на вакви места е на сила и нема никаква логика. Треба да биде час поскоро укината, смета Младеновски. Од Здружението прашуваат кои се лиценцираните музичари кои ќе можат да настапуваат на свадбените прослави. -И тоа најмногу не збунува бидејќи лиценцирани музичари во оваа држава не постојат. Ниту има Комора која би ги застапувала и би ги издавала лиценците, ниту здружение кое тоа го прави и бараме одговор на ова прашање, на ова нејаснотија, изјави Младеновски. Додаде дека уште минатото лето имаат доставено протоколи до Владата и до сите релевантни фактори за настапи во локали. Младеновски додаде дека преку Здружението праќале соопштенија, давале изјави, имале средби, разговори, преговори и додаде оти имаат доставено барања и протоколи за сигирност при работа на музичарите. Според него, досега мал дел опд нивните барања се ислушани и уважени и очекуваат во најскоро време да им биде дозволено да работат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzicharite-pobaraa-ukinuvanje-na-zabranata-za-nastapi-vo-ugostitelski-objekti-15-meseci-ne-smeat-da-rabotat/feed/ 0
Музичарите денеска излегуваат на протест пред Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzicharite-deneska-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzicharite-deneska-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/#respond Fri, 04 Jun 2021 08:46:28 +0000 https://kurir.mk/?p=518887

Голем дел од естрадните уметници не се согласуваат со одлуката жива музика да смее да има само на свадби, а не и во кафулиња и други локали. Освен тоа, Владата бара музичарот да смее да свири или да пее само ако е член на некое од здруженијата на уметници во земјава. Инаку, во однос на протоколите за работа на свадбите, музичарите сметаат дека се добри, но колку ќе се почитуваат, ќе се види на самата прослава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzicharite-deneska-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/feed/ 0
НУК: Новите препораки за организирање прослави ќе предизвикаат хаос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-novite-preporaki-za-organiziranje-proslavi-kje-predizvikaat-haos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-novite-preporaki-za-organiziranje-proslavi-kje-predizvikaat-haos/#respond Tue, 01 Jun 2021 08:07:10 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517519

Независната угостителска комора (НУК) смета дека новите протоколи од Комисијата за заразни болести поврзани со организирањето на прослави, веселби и свадби наместо позитивно да влијаат, ќе предизвикаат хаос во работењето на угостителските објекти. Оттаму реагираат што не се консултирани претставници од оваа фела при носењето на овие протоколи. – Доколку се точни медиумските најави за нови препораки, и се восхитуваме на умешноста на Комисијата за заразни болести кои од една страна со предлог-мерките дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор додека од друга страна постави нови правила и ограничувања за музичарите чие присуство со истата мерка е ограничено само при организирање на свадби, се вели во денешното соопштение. Бараат од Владата при усвојување на протоколите да го врати членот 13 со кој ќе со дозволи организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот во сите угостителски објекти согласно протоколите за работа, а постојната препорака за јачина на музиката со која се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели, да ја укине во целост. Се бара да се дозволи и на иста маса да седат повеќе од шест лица доколку се од иста фамилија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-novite-preporaki-za-organiziranje-proslavi-kje-predizvikaat-haos/feed/ 0
Музичарите цела година се дискриминирани: Свадби без оро и без музика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzicharite-cela-godina-se-diskriminirani-svadbi-bez-oro-i-bez-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzicharite-cela-godina-se-diskriminirani-svadbi-bez-oro-i-bez-muzika/#respond Wed, 03 Mar 2021 20:28:25 +0000 https://kurir.mk/?p=476869

Музичарите не се согласуваат со новиот протокол за работата на свадбарската индустрија, бидејќи се исклучени од него. Бараат и тие да добијат дел од колачот, односно да бидат опфатени со рестартирањето на угостителскиот сектор. Според нив, жива музика треба да има, но секако со почитување на здравствените протоколи. Музичарите реагираат и дека поради корона кризата се препуштени на милост и немилост. Настапи речиси и да немаат, а приходите им се сведени на минимум. Инаку вчера претставниците на рестораните за свадби го изготвија новиот протокол за работа. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маска. Работното време ќе биде до 21 часот. Се надеваат дека комисијата ќе го прифати протоколот, во спротивно, најавија дека од следната недела повторно ќе протестираат. Претходно освен свадбарите, протестираа и музичарите. Прилогот на Сител, погледнете го во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muzicharite-cela-godina-se-diskriminirani-svadbi-bez-oro-i-bez-muzika/feed/ 0
Владата ги заборави музичарите: Тие се меѓу најпогодените од кризата, бараат финансиска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-zaboravi-muzicharite-tie-se-megju-najpogodenite-od-krizata-baraat-finansiska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-zaboravi-muzicharite-tie-se-megju-najpogodenite-od-krizata-baraat-finansiska-pomosh/#respond Sun, 31 Jan 2021 10:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=462197

Музичарите што членуваат во шесте здруженија од целата земја синоќа одржаа состанок во Охрид, при што потпишаа Меморандум за соработка и заеднички настап пред државните органи и институции. На средбата е анализиран петтиот пакет мерки на државата за финансиска поддршка, при што повторно е посочено дека музичарите заедно со угостителите се најзагрозена категорија во постојните услови на криза, со барање за нивно вклучување во петтиот пакет мерки за финансиска подршка. -Ги почитуваме мерките донесени од Комисијата за здравство, имаме разбирање и ги почитуваме одлуките на Владата, но бараме разбирање за нашето право на егзистенција затоа што најголемиот дел на нашите членови заработуваат и живеат од музички настапи во живо кои веќе десет месеци се забранети така што и немаат можност да работат и заработат за основните потреби. Затоа уште еднаш апелираме до надлежното министерство и до Владата музичарите како најоштетени од корана кризата да бидат вклучени во 5-тиот пакет за финансиска помош, стои во соопштението издадено после состанокот. На средбата се усвоени и одлуки за проширување на законските одредби околу музичко-естрадното работење, со кои естрадните уметници би можеле да регистрираат дејност не само како ДООЕЛ, трговец-поединец или самостоен занаетчија според постојниот закон, туку и паушално да можат да ги подмируваат обврските кон државата како категорија работници без редовни и планирани приходи. Исто така, одлучено е да се продлабочи соработката со Министерството за култура и останатите државни институции во правец на изнајдување на механизми за заштита на македонската музика и македонските музички артисти во склоп со останатите соседни држави. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-zaboravi-muzicharite-tie-se-megju-najpogodenite-od-krizata-baraat-finansiska-pomosh/feed/ 0
Балканот се уште тагува по нив: Легенди кои заминаа во 2020 година https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/balkanot-se-ushte-taguva-po-niv-legendi-koi-zaminaa-vo-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/balkanot-se-ushte-taguva-po-niv-legendi-koi-zaminaa-vo-2020-godina/#respond Sun, 27 Dec 2020 11:26:25 +0000 https://kurir.mk/?p=449006

Поминуваат и последните денови од 2020 година, која освен по коронавирусот, ќе се памети и по големиот број јавни личности од Балканот кои го загубија животот. Долга е листата на оние по кои целиот Балкан тагува. Рајко Дујмиќ Некогашниот член на групата Нови фосили почина на 4 август на 65 годишна возраст, неколку дена откако со автомобил слетал во провалија од 11 метри. Мустафа Надаревиќ На 22 ноември легендарниот актер почина по долга борба со ракот на белите дробови на 77 години. Во јануари ја изненади јавноста со искрено интервју во кое проговори за прв пат за својата болест. Иван Бекјарев Познатиот актер Иван Бекјарев, почина на 16 ноември на 75 годишна возраст како последница од коронавирус. Џеј Рамадановски Легендата на народната музика Џеј Рамадановски почина ненадејно на 56 годишна возраст на 6 декември откако во сон му застанало срцето. Во неговиот дом лекарска екипа се обидела да го реанимира, но не успеала. Крунослав Кичо Слабинац Пејачот Кичо Слабинац (76) почина на 13 ноември во болница во Загреб каде бил хоспитализиран три месеци. Исидора Бјелица Писателката почина на 5 август во домот на своите родители на 53 години. Таа го години храбро и со насмевка на лицето се бореше со карцином на јајниците, кој се смета за еден од најопасните видови рак. Мирослав Миша Алексиќ Последнот збогум оваа година љубителите на „Рибља чорба“ му кажаа на басистот на групата кој почина на 29 ноември од последици од коронавирусот. Тој почина на 68 годишна возраст, а неговото тело беше кремирано. Тихомир Тика Арсиќ Актерот почина на 64 години. Случајно, на детален преглед, дознал дека има рак на главата на панкреасот. Во тоа време се подготвувал за филмска улога на човек кој умира од рак, па размислувал дали прво да го сними филмот и да оди на операција или да се откаже од улогата поради здравјето. Бојан Златановиќ Токан Музиката остана и без тапанарот на „Амадеус Бенд“ кој на 45 годишна возраст ја загуби битката со коронавирус. Почина на 24 ноември. Мирко Бабиќ Актерот почина на 73 годишна возраст. Беше познат кај широката народна маса, особено кај оние кои ја гледаа серијата „Село гори, а баба се чешла“. Борислав Бора Дрљача Пејачот на народна музика на 11 октомври ја загуби битката со опасната болест. Бора имаше 80 години, а неколку пати беше хоспитаизиран и опериран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/balkanot-se-ushte-taguva-po-niv-legendi-koi-zaminaa-vo-2020-godina/feed/ 0
Здружението на музичари бара итна средба со институции и ревизија на протоколите за да можат повторно да работат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-muzichari-bara-itna-sredba-so-institucii-i-revizija-na-protokolite-za-da-mozat-povtorno-da-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-muzichari-bara-itna-sredba-so-institucii-i-revizija-na-protokolite-za-da-mozat-povtorno-da-rabotat/#respond Wed, 14 Oct 2020 11:10:08 +0000 https://kurir.mk/?p=416277

Итна средба со сите релевантни институции, ревизија на сите протоколи кои се однесуваат на музичарите со цел нивна измена и дополнување, месечни состаноци со Комисијата за заразни болести и поголема застапеност на македонските музичари во медиумите побара денеска Здружение за унапредување на правата на музичарите „Музика – сега“. Од Здруженито велат дека за сите протоколи предложени од Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на музичките настапи не биле контактирани ниту еднаш. Според нив, ограничувања за музиката изразени во децибели се смешни, и појаснуваат дека голем дел од музичарите во земјава се на работ на егзистенција. Како што велат, потребно е веднаш да се преземат мерки за да можат да работат. -Бараме итна средба со сите релевантни институции на која ќе бидат продискутирани сите актуелни проблеми на целата фела, и ќе пробаме заеднички да изнајдеме механизми за помош и поддршка од Владата, а притоа ние како Здружение, заедно со сите негови членови, односно разни групи и музички проекти од коишто сме дел, ќе се понудиме да помогнеме и да организираме музички настани ширум целата држава, при што би биле опфатени сите музички правци и со правична застапеност на сите етникуми во Македонија, за кои секако музичарите би добивале хонорари со кои ќе можат да ги преживеат следните четири/пет месеци, додека гледаме рестриктивните мерки и протоколи се заоструваат, рече на денешната прес-конференција претседателот на Здружението, Трајко Симоновски. На овој начин тој верува дека ќе можат да го одржат и постојано да го креваат нивото на култура, во соработка со постоечките и функционални Домови на културата и општините во кои би се одржувале овие настани. Од Здружението бараат и итна ревизија на сите протоколи што се однесуваат на музичарите, за кои како што велат, во најскоро време ќе предложат измени и дополнувања на веќе постоечките протоколи и мерки. Според нив, и Комисијата за заразни болести барем еднаш месечно треба да одржува состанок со музичките здруженија каде би присуствувале максимум по еден до две претставници од секое здружение, на кој би се разгледувале тековните и актуелните проблеми. -Искрено се надеваме дека може и ќе продложиме до Владата и Министерството за култура да се одвојува дел од годишните општински буџети за организирање на музички настани на територијата на цела држава, а исто така и децентрализација на буџет преку Министерството за култура кое смета дека треба да биде наш заштитник, поддржувач и помагател на сите проекти кои вредат и заслужуваат да бидат претставени пред јавноста на крајот на краиштата овие органи треба да постојат за унапредување на културата, културно издигнување на индивидуалецот, посочи претседателот на Здружението. Од „Музика – сега“ бараат и поголема и правична застапеност на македонските музичари во медиумите, поточно во електронските медиуми, тв, радио, каде ќе можат да остваруваат за неколку проценти поголеми приходи од Здружението за заштита на авторски права, средства кои би помогнале во дополнително инвестирање во музиката, нова опрема, снимање на албум, видео запис]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-muzichari-bara-itna-sredba-so-institucii-i-revizija-na-protokolite-za-da-mozat-povtorno-da-rabotat/feed/ 0
(Е)страдните уметници на протест пред владата, „ѕвездите“ си останаа дома: Раздор до срж’… до коска! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/e-stradnite-umetnici-na-protest-pred-vladata-dzvezdite-si-ostanaa-doma-razdor-do-srz-do-koska-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/e-stradnite-umetnici-na-protest-pred-vladata-dzvezdite-si-ostanaa-doma-razdor-do-srz-do-koska-foto/#respond Thu, 08 Oct 2020 09:08:21 +0000 https://kurir.mk/?p=413811

Музичарите, естрадните уметници, ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите… вчера, среда, 7-ми октомври 2020 година, го одржаа најавениот на протест пред владата на Република Македонија. Бројката од околу 1000 нивни преставници и преставниците на нивните здруженија беше доволна, а гласноста многу посилна од владините пропишани „55 децибели“  да се слушне нивниот глас за можност да го остварат своето елементарно право на вршењето на својата работа и дејност, а со тоа и остварување на сопствената егзистенција за нив и нивните семејства, како и за нивните вработени и нивните фамилии, пишува Вистина.мк Иако масовноста не беше мала, сепак можеби многумина очекуваа протесниот собир да биде уште помасовен, особено што на него не се појавија токму оние „уметници“ кои не ретко знаат да бидат најгласни токму во реакциите на социјалните мрежи, по кулоарите, па и во кабинетите и канцелариите по институциите… Особено кога се делат државни или поточно, наши, народни пари за разни нивни „тезги“, платени настапи за различни прослави, партиски или изборни митинзи, манифестации, нови години, плоштади, питијади, пиво, вино, не знам веќе какви се’ не фестови и фестивали, каде токму истите се први во редот да се закачат на „државна цицка“, па да качат на сцена! Тогаш се најгласни, најбунтовни, најкритизерски расположени…! Ги гледавме пред владата по шаторите и бината кога нивните ментори и финансиери беа во опозиција, ги гледаме и сега кога истите се на власт, па и тие со нив,  во уште подобра позиција да „цицаат“ од веќе споменатата „државна цицка“, од „вимето“  наречено буџет, за што и да е! Но, тоа е само едната страна, едното лице на длабоката поделеност во сите сегменти кај народот на оваа земја, за некои се’ уште само Македонија, за споменатите прекрстена во Северна! Покрај политичката поделеност, протестот на музичарите, ДЈ-ите, продуцентите, ивент индустријата… ги покажа всушност сите лица на поделбите по разно-разни основи! И што е најинтересно кога е голата егзистенција во прашање, тие не се нималку по национална основа, зашто, како што спомена и организаторот во своето обраќање, а можеше да се види и на самиот протест, а и на бината, својот револт и незадоволство го изразија преставници на естрадно-музичко-угостителската фела од сите националности кои живаеат во Македонија. Нивни претставници, но не по национална, туку по еснафска основа говореа од бината за своите маки и проблеми предизвикани од Ковид 19 пандемијата, која не погаѓа сите. Поделбите се многу почудни и понелогични. Очигледно беше дека најбројни на протестот беа „народњаците“. И тоа од оние најголемите македонски пејачки и свирачки фолк ѕвезди, како Наум Петрески, Благоја Грујовски, Ферус Мустафов, Ванчо Тарабунов, Мишко Крстевски, Маријан Коцев, Ирена Спасовска, Сузана Гавазова, Сани Гроздановска, Тања Јовановска – Трајкова, Кате – Соната, Адријана – Кеш, Ирена Вељовска… и уште еден куп соло изведувачи и членови на групи како „Респекти“, „Балкан бенд“, „Скопски боеми“… Па дури и некои млади македонски „Гранд ѕвезди“ како Стефан Величковски на пример или модната фела преставувана од Мики Црнокрак,  беа пред владата. Кој повеќе, кој помалку погоден и обесправен, ама сепак дојдоа и да протестираат за себе, а  и да им дадат поддршка на колегите. Покрај нив стотици други помалку или повеќе познати музичари беа со нив. Колку и да изгледа за пофалба нивната сплотеност, човечка или заради заедничката мака што ги мачи, повеќе од очигледно беше дека другата страна од естрадната фела изостана. Имено, таканаречените „забавњаци“, особено “ѕвездите“ од македонската поп или ар ен би естрада никаде ги немаше. Додека најголемите, најпопуларните и најпознатите кај фолкерите излегоа на улица, овие си останаа дома! Приказните што веднаш почнаа да кружат се сведоа на божемни оправдувања и квалификации дека тие не припаѓале помеѓу „народњаците и тезгарите“, дека нема што да бараат со „сељаците“?!!  Доколку е навистина така, тогаш е крајно неколегијално, навредливо, срамно, тажно и трагично! А всушност зад тоа се крие нешто сосема друго. Најмногу политика, помалку страв и плашливост, а најмалку инертност и безволност. Првото – заради личните интереси, релации и корелации со власта, нејзините и нивни спонзори од олигархијата и поситните „трговци“, второто – стравот да не се биде обележан и ставен во немилост при добивањето државни тезги и спонзорства, последното – опшатата апатија и неверување дека било што во оваа земја може да се промени! Секоја чест на оние од рок ен рол фелата, помалку или повеќе познати лица кои се појавија на протестот пред владата, како некои од членовите на „Меморија“, „Ласт Експедишн“, „Суперхикс“… и музичарите од останатите повеќе или помалку познати рок бендови. Како и на малкумината, кои на прсти можеа да се избројат од „џез, поп, ар-ен-би, рап…“ сцената како Џон Илија Апелгрен, Панчо – ДНК или Тони – Зен и секако ДЈ-ската фела, кои покажаа и желба и волја и „ма*иња“ да кажат дека вака веќе не оди! Алтернативната сцена  тесно поврзана со „шарената револуција“  и нејзините „шарени колективи“ кои денес дебело цицаат од Град Скопје, МКЦ, Универзална сала, КИЦ… и другите државни „вимиња“, не мора ни да споменеме дека беа „први перјаници на улицата“ само додека не седнаа во удобните фотелји на власта и нејзините институции. Сега нивниот сон од „улични глувци“ еден ден да станат „канцеларсики стаорци“ е остварен, па зошто тогаш би се бунтувале и протестирале, нели? Кај ивент индустријата истата приказна. Поделени на оние со и против власта, на бивши и сегашни „цицачи“, а некои и тогаш и сега, некои ниту тогаш , ниту сега… Едните не ги поддржуваат другите, а со тоа ниту протестот на кој тие што ќе се појават на него, автоматски се против другите. Раздор до срж’… до коска! Распукано по сите шавови, расцеп по многу основи, а проблемот еден ист за сите: Како да се живее и преживее од музика? Од добра заработка, очигледно сме сите далеку! Или можеби, не баш сите!!? извор: Вистина.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/e-stradnite-umetnici-na-protest-pred-vladata-dzvezdite-si-ostanaa-doma-razdor-do-srz-do-koska-foto/feed/ 0