музичка продукција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 May 2018 13:40:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png музичка продукција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавна расправа за рестартирање и ревитализација на Музичката продукција на МРТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/javna-rasprava-za-restartiranje-i-revitalizacija-na-muzichkata-produkcija-na-mrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/javna-rasprava-za-restartiranje-i-revitalizacija-na-muzichkata-produkcija-na-mrt/#respond Wed, 09 May 2018 13:40:15 +0000 https://kurir.mk/?p=52150

Во малата сала на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово денеска се одржа четвртата јавна расправа за рестартирање и ревитализација на Музичката продукција на Македонската радио-телевизија. На собирот присуствуваа советничката за култура на премиерот Зоран Заев, Цветанка Ласкова, како и автори и стручњаци од оваа област кои се предлагачи на моделот за рестартирање на Музичката продукција на МРТ меѓу кои се проф. Живоин Глишиќ, Славе Димитров, Кире Костов, Љупчо Мирковски. - Целта е да се возобноват студијата, но и оркестрите и посебните редакции за секоја област во МРТВ за секој месец да имаме продукција од народната, забавната, детската и другите видови музика. За таа цел мора да има и стручни лица што ќе ги обираат ваквите квалитетни композиции што потоа ќе се снимаат и изведуваат. Изминатиот период имаше приватни студија каде секој што ќе платеше можеше да снима што и како сака. Ние сакаме акцентот да го ставиме на квалитетот и тоа да биде еден вид водилка и за другите, рече Ласкова. Според модераторот на трибината и посебниот советник во министерството за култура, Петрит Сарачани музичката продукција на МРТВ овозможила тука да бидат снимани првите песни на јазиците на сите националности во Македонија што тие ги чувствуваат како дел од нивниот културен идентитет, но, оти во последните десеттина години тоа замрело. - Наместо преку музичката продукција на МРТВ во изминатиот период ова се реализираше со Законот за подршка на музичката продукција и иако низ повеќе конкурси што се рализираа во МРТВ беа потрошени околу еден милион евра наместо поголема продукција и квалитет на песни тоа беше користено како инструмент за послушност и корупција на уметниците, а таквите песни или музички спотови не добија широка популарност. Со враќање на музичката продукција на МРТВ ќе се врати модел што функционираше и што остави трајни вредност,и рече Сарачини. На средбата во Тетово учествуваа професори од Музичката академија, кореографи и истакнати музичари и автори од повеќе ансамбли и културно-уметнички друштва и фестивали од Тетово и тетовско, претставници на приватните електронски медиуми и други заинтересирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/javna-rasprava-za-restartiranje-i-revitalizacija-na-muzichkata-produkcija-na-mrt/feed/ 0
Во Битола дебата за ревитализација на Музичката продукција во МРТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitola-debata-za-revitalizacija-na-muzichkata-produkcija-vo-mrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitola-debata-za-revitalizacija-na-muzichkata-produkcija-vo-mrt/#respond Wed, 02 May 2018 12:48:12 +0000 https://kurir.mk/?p=48751

Музичката продукција на Македонската радио телевизија треба да се обнови бидејќи тоа е во функција на квалитетот на нашето културно наследство, посочи Цветанка Ласкова, советник за култура на премиерот. Грижата и негувањето на домашното музичко творештво, развојот и одржливоста на нашата музичка продукција, како и вреднувањето на авторите и изведувачите е важен дел од културните политики на Владата, нагласи Ласкова. -Идејата за повторно активирање и ревитализирање на музичката подукција на МРТ е прифатена без никакво двоумење. Таа претставува важен дел од музичката култура и дел од националните стратешки пристапи во зачувување, поттикнување и производство на нови музички содржини од домашни автори со различни музички жанрови, истакна Ласкова. Според Цветанка Ласкова, советник за култура, член на кабинетот на премиерот на Владата на Република Македонија, за МРТ, освен финансирање од буџетот, во програмата на Владата е овозможено финансирање на МРТ и од други средства меѓу кои и од приходи остварени со продажба на програма произведена во МРТ, а заживувањето на музичката продукција во МРТ може да биде вистински импулс во оваа насока, рече Ласкова на јавната дебата во Битола која заедно со професорот Живоин Глишиќ, Кире Костов и Љупчо Мирковски, остварија интеркативна комуникација со претставници на културниот сектор од Битола. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitola-debata-za-revitalizacija-na-muzichkata-produkcija-vo-mrt/feed/ 0