музички фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Aug 2022 10:40:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png музички фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Натпревар од Лига 1 одложен поради лошата состојба на теренот по музички фестивал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/natprevar-od-liga-1-odlozen-poradi-loshata-sostojba-na-terenot-po-muzichki-festival/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/natprevar-od-liga-1-odlozen-poradi-loshata-sostojba-na-terenot-po-muzichki-festival/#respond Sun, 14 Aug 2022 10:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=718289

Натпреварот од второто коло во францускиот шампионат меѓу Лориен и Лион е одложен за друг термин. Оваа одлука е донесена поради лошата состојба на тревникот на „Стад ду Мустоар“ во Лориен. Од 6 до 11 август во арената се одржуваше музички фестивал, поради што тревникот, покриен со церада, беше сериозно оштетен. Лион на официјалната веб-страница го изрази своето жалење што Лориен не направи сЕ што е можно за да ја спречи оваа ситуација. Натпреварот Лориен – Лион требаше да се одигра денес од 13 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/natprevar-od-liga-1-odlozen-poradi-loshata-sostojba-na-terenot-po-muzichki-festival/feed/ 0
Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/raspishan-konkurs-za-internacionalniot-muzichki-festival-ohrid-fest-ohridski-trubaduri-2022/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/raspishan-konkurs-za-internacionalniot-muzichki-festival-ohrid-fest-ohridski-trubaduri-2022/#respond Fri, 15 Apr 2022 07:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=663349

Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 29-ти пат распишува конкурс за нови композиции, што ќе го имаат премиерното издание на 2 и 3 септември, преку Фолк и Интернационалната вечер, на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид. Фолк- вечер ќе се случува на 2 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори – од регионот и пошироко. Интернационалната вечер е закажана за 3 септември 2022 година. И годинава фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 29-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер. Демо-снимките од нивните композиции треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара. Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“ се: * Да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик; * Наслов на композицијата; * Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк, Интернационална); * Композициите да не се изведувани; * Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации. На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството, а рокот за поднесување на пријавите е 20 мај 2022 година. Своите композиции авторите треба да ги испратат на следните адреси: [email protected], [email protected] и [email protected].]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/raspishan-konkurs-za-internacionalniot-muzichki-festival-ohrid-fest-ohridski-trubaduri-2022/feed/ 0
ВИДЕО: Инцидент на фестивал во Шпанија, повредени 260 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-incident-na-festival-vo-shpanija-povredeni-260-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-incident-na-festival-vo-shpanija-povredeni-260-lica/#respond Mon, 13 Aug 2018 07:56:52 +0000 https://kurir.mk/?p=87185

Над 260 лица се повредени кога пропаднал дел од пристаниште на еден музички фестивал кој се одржувал во Шпанија. Најмалку пет лица се сериозно повредени со скршеници на рацете и нозете и со повреди на главата, а инцидентот се случил во приморскиот град Виго. Кога пристаништето пропаднало во морето, настанала паника и многу од посетителите паднале во водата едни преку други. Нуркачите и пожарникарите проверувале дали некој во морето останал заробен. Шпанските медиуми јавуваат дека до инцидентот дошло кога започнал настапот на музичката хип-хоп ѕвезда Rels B, кој ги повикал посетителите да скокаат. -Тоа беше најлош момент во мојот живот, вели еден од посетителите на фестивалот. Истрагата за инцидентот е во тек. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-incident-na-festival-vo-shpanija-povredeni-260-lica/feed/ 0