МВП – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 11:39:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МВП – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американската новинарка му го реши проблемот на Јокиќ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanskata-novinarka-mu-go-reshi-problemot-na-jokik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanskata-novinarka-mu-go-reshi-problemot-na-jokik/#respond Thu, 15 Jun 2023 11:39:58 +0000 https://kurir.mk/?p=846098

Откако Никола Јокиќ изјави дека нема поим каде е неговиот МВП трофеј, стигна информација дека пехарот е пронајден. Впрочем, тој не ни бил изгубен, само што најдобриот кошаркар во НБА бил помалку заинтересиран за пехарот од другите лауреати пред него. Во интервју со новинарката Малика Ендрјус на ЕСПН, Јокиќ рече дека не знае каде е му е трофејот и дека би сакал да му биде вратен. – Навистина не знам каде е пехарот – изјави Јокиќ на прашањето од новинарката зошто со себе не го носи вредниот трофеј. Сепак, „мистеријата“ за МВП пехарот набрзо беше решена, а среќната вест на Јокиќ, колку и да не се потресуваше за трофеите, му ја соопшти токму новинарката на ЕСПН. -Бидете сигурни, долгогодишниот економски гуру на Нагетс, Спарки Гонзалес, го исчисти трофејот и го подготви за парадата во четврток – објави Малика Ендрјус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanskata-novinarka-mu-go-reshi-problemot-na-jokik/feed/ 0
Никола Јокиќ го загуби трофејот МВП на финалето https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nikola-jokik-go-zagubi-trofejot-mvp-na-finaleto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nikola-jokik-go-zagubi-trofejot-mvp-na-finaleto/#respond Thu, 15 Jun 2023 07:55:24 +0000 https://kurir.mk/?p=845943

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ призна дека го загубил трофејот МВП од финалето на НБА во 2023 година. Водителката на „ESPN“, Малика Ендрјус, рече дека и е прв пат да интервјуира МВП играч на финалето, кој дошол без трофеј во рака. - Навистина не знам каде е. Го оставив во просториите на нашиот менаџер за опрема, а потоа пехарот исчезна некаде. Така што поим немам. Се надевам дека некако ќе заврши кај мене дома, рече Јокиќ. Србинот стана првиот играч во историјата на НБА кој е лидер во плејофот во поени, скокови и асистенции. Денвер нагетс ја освоија првата титула во историјата, победувајќи го Мајами хит во финалната серија со 4:1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nikola-jokik-go-zagubi-trofejot-mvp-na-finaleto/feed/ 0
Ти Џеј Шортс – МВП на сезоната во кошаркарската Лига на шампиони https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ti-dhej-shorts-mvp-na-sezonata-kosharkarskata-liga-na-shampioni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ti-dhej-shorts-mvp-na-sezonata-kosharkarskata-liga-na-shampioni/#respond Sat, 13 May 2023 14:42:05 +0000 https://kurir.mk/?p=833845

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс го доби најласкавото индивидуално признание во Кошаркарската Лига на Шампионите откако денеска беше прогласен за МВП на сезоната. Својата награда, Шортс ја доби на специјална церемонија одржана денеска во Концертната сала „Марија Кристина“ во Малага каде се одржува завршниот турнир од ова натпреварување. Епилогот е апсолутно очекуван имајќи предвид дека во најголемиот дел од сезоната, Шортс беше најдобар стрелец и играч со највисок индекс во Кошаркарската Лига на Шампионите. „Ова беше прекрасно патување, вистински ролеркостер од емоции. Благодарен сум на сите кои ме поддржуваа и се надевам на добар натпревар против Хапоел во финалето“, изјави Шортс. Во досегашниот дел од сезоната, тој просечно постигнуваше по 18,9 поени, 7,1 асистенции и 3,8 скока, а во вчерашното полуфинале против Уникаха беше најефикасен со 21 поен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ti-dhej-shorts-mvp-na-sezonata-kosharkarskata-liga-na-shampioni/feed/ 0
Војдан Стојановски МВП на Купот на Македонија во кошарка https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-mvp-na-kupot-na-makedonija-vo-kosharka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-mvp-na-kupot-na-makedonija-vo-kosharka/#respond Sun, 19 Feb 2023 07:16:23 +0000 https://kurir.mk/?p=802185

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, апсолутно заслужено се закити со признанието МВП на завршниот турнир од Купот на Македонија. Војдан даде значаен придонес и во одбраната и заслужено за првпат се закити со ова индивидуално признание, во третиот освоен куп-пехар во кариерата. Војдан Стојановски во финалето постигна 16 поени, надополнети со осум скокови, три асистенции и три украдени топки, притоа изнудувајќи и седум прекршоци од противничките кошаркари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-mvp-na-kupot-na-makedonija-vo-kosharka/feed/ 0
Евролигатата ги објави кандидатите за МВП наградата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroligatata-gi-objavi-kandidatite-za-mvp-nagradata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroligatata-gi-objavi-kandidatite-za-mvp-nagradata/#respond Sat, 18 Feb 2023 04:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=801981

Евролигата ја објави листата на кандидати за наградата што му се доделува на најкорисниот играч на сезоната, а во потесниот избор се најдоа неколку познати имиња. Меѓу фаворитите одново е одличниот српски плејмејкер Василије Мициќ од Ефес, а тука се и кошаркарите на Олимпијакос, Костас Слукас и Александар Везенков, центарот на Реал Мадрид, Валтер Тавареш, евролигашкиот руки од Фенербахче Џонатан Мотли и центарот на белградски Партизан, Матијас Лесор. Треба да се нагласи дека минатогодишниот добитник на МВП наградата Никола Миротиќ не се најде во оваа конкуренција, бидејќи поради повреда пропушти голем дел од сезоната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroligatata-gi-objavi-kandidatite-za-mvp-nagradata/feed/ 0
Кој ќе го освои трофејот „Мајкл Џордан“? https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/koj-kje-go-osvoi-trofejot-majkl-dzordan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/koj-kje-go-osvoi-trofejot-majkl-dzordan/#respond Thu, 15 Dec 2022 06:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=775736

НБА објави нови имиња за наградите во лигашкиот дел од сезоната, па новиот МВП ќе го освои трофејот „Мајкл Џордан“. Како што беше најавено, од оваа сезона наградата за најдобар и најкорисен играч трофеј же се вика „Мајкл Џордан“. Исто така, новина се уште неколку награди. Ако сте најдобриот дефанзивец на годината, наградата повеќе не е „DPOY“, туку трофејот „Хаким Олаџувон“. Дебитантите со години ја добиваа наградата „ROY“, но од оваа сезона таа се нарекува трофеј „Вилт Чембрлен“. Најдобриот шести кошаркар ќе се закити со трофејот „Џон Хавличек“, додека играчот што најмногу напредувал, ќе добие награда по името на легендарниот „Џорџ Мајкан“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/koj-kje-go-osvoi-trofejot-majkl-dzordan/feed/ 0
Пешевски е МВП на турнирот во Струга, Лесјак најдобар голман – Талески најдобар стрелец https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/peshevski-e-mvp-na-turnirot-vo-struga-lesjak-najdobar-golman-taleski-najdobar-strelec/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/peshevski-e-mvp-na-turnirot-vo-struga-lesjak-najdobar-golman-taleski-najdobar-strelec/#respond Sun, 21 Aug 2022 07:14:45 +0000 https://kurir.mk/?p=721607

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски е избран за МВП играч на 50. јубилејно издание на турнирот во Струга. Новото засилување на битолчани покажа најконстантна форма на турнирот и заслужено го доби признанието. Три од четирите трофеи што се доделија ги добија битолчани. Покрај Пешевски, со трофеј заминува и голманот Урбан Лесјак кој беше еден од позаслужните за триумфот на пенали на Еурофарм Пелистер против Целје. Со 24 постигнати гола најдобра стрелец е Филип Талески од Вардар. а во негово отсуство наградата ја прими тренерот Владо Недановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/peshevski-e-mvp-na-turnirot-vo-struga-lesjak-najdobar-golman-taleski-najdobar-strelec/feed/ 0
Димитриевски МВП на дуелот со Барселона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-mvp-na-duelot-so-barselona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-mvp-na-duelot-so-barselona/#respond Sun, 14 Aug 2022 08:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=718240

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е прогласен за најкорисен играч на синоќешниот дуел што го имаше неговиот тим Рајо Ваљекано со Барселона. Димитриевски ја зачува „сува“ својата мрежа (0:0) и е најзаслужен за освоениот бод на Рајо на гостувањето на „Камп Ноу“. Со десетина одбрани Димитревски веќе трет натпревар по ред успева да не прими гол од шпанскиот фудбалски великан. Инаку, во текот на минатата сезона, токму Барселона пројавуваше интерес за да го потпише македонскиот чувар на мрежа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-mvp-na-duelot-so-barselona/feed/ 0
Никола Миротиќ е МВП на Евролигата за оваа сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nikola-mirotikj-e-mvp-na-evroligata-za-ovaa-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nikola-mirotikj-e-mvp-na-evroligata-za-ovaa-sezona/#respond Wed, 18 May 2022 15:22:31 +0000 https://kurir.mk/?p=678565

Кошаркарот на Барселона Никола Миротиќ е прогласен за најкорисен играч во Евролига пред почетокот на фајнл-фор завршницата во Белград.

Тој оваа сезона има просек од 16,6 поени, со шут за два поени од 65,6 отсто и 45,5 за три, 5,1 скок и 1,2 асистенции.

„За мене е голема чест што тренер како Жељко Обрадовиќ ми ја додели оваа награда. Ова е тимски успех, пред неколку дена Ник Калатес ми рече дека ќе ја добијам оваа награда и да не заборавам да го спомнам. Тој ми го олеснува животот на теренот“, рече Миротиќ.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nikola-mirotikj-e-mvp-na-evroligata-za-ovaa-sezona/feed/ 0
НБА: Тројца кандидати за титулата МВП https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-trojca-kandidati-za-titulata-mvp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-trojca-kandidati-za-titulata-mvp/#respond Mon, 18 Apr 2022 15:14:14 +0000 https://kurir.mk/?p=664826

Кошаркарот на Денвер и актуелен МВП, Никола Јокиќ, ѕвездата на првакот Милвоки, Јанис Антетокумпо и играчот на Филаделфија, Џоел Ембид, се тројцата кандидати за титулата најкорисен играч сезонава во НБА лигата. Јокиќ во регуларниот дел од сезоната во просек постигнуваше по 27.1 поени, 13.8 скокови и 7.9 асистенции и го однесе Денвер до шестото место на Западот. Ембид во просек постигнуваше 30.5 поени со 11.7 скокови и 4.2 асистенции, додека Антетокумпо имаше просек од 29.9 кошеви, 11.6 скокови и 5.8 асистенции. За тренер на годината се номинирани Тејлор Џенкинс (Мемфис), Ерик Споелстра (Мајами) и Монти Вилијамс (Феникс). Наградите ќе бидат доделени во текот на разигрувањето за титулата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-trojca-kandidati-za-titulata-mvp/feed/ 0