мвр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 09:19:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мвр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МВР: 213 санкции за брзо возење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-213-sanktsii-za-brzo-vozene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-213-sanktsii-za-brzo-vozene/#respond Fri, 03 Nov 2023 09:19:10 +0000 https://kurir.mk/?p=896085

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 213 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 113 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 100 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-213-sanktsii-za-brzo-vozene/feed/ 0
„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazhi-ne-na-drogata-da-na-zhivotot-preventivni-aktivnosti-na-mvr-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazhi-ne-na-drogata-da-na-zhivotot-preventivni-aktivnosti-na-mvr-2/#respond Thu, 02 Nov 2023 07:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=895604

Во рамки на редовните и плански организирани превентивни активности вчера (01.11.) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Охрид, Штип и Куманово, полициски службеници од овие сектори за внатрешни работи реализираа едукативни работилници со ученици од повеќе образовни институции на подрачјата на овие организациони единици на МВР. Така, во средните училишта во Прилеп – „Орде Чопела“ и во Крушево – “Наум Наумовски Борче“ се одржаа едукативни работилници посветени на врсничкото насилство и едукативно предавање на темата „Кажи не на дрогата, да на животот“, додека пак во охридското основно училиште „Христо Узунов“ го реализираа превентивно-едукативниот проект посветен на појавата на врсничко насилство. Исто така, за средношколците од штипското средно училиште „Јане Сандански“ беше одржана едукативна работилница „Кажи не на дрогата, да на животот“, а за учениците од основното училиште „Свети Јоаким Крчовски“ беше реализирана работилница посветена на превенција од врсничко насилство. Инаку вчера, покрај овие активности, на подрачјето на СВР Битола полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во централното подрачје на Битола реализира превентивни активност во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот „Не користи алкохол кога возиш“, а полициски службеници од Полициското одделение Новаци, реализираа превентивна активност на подрачјето на Новаци во делот на заштитата од кражби и измами на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazhi-ne-na-drogata-da-na-zhivotot-preventivni-aktivnosti-na-mvr-2/feed/ 0
МВР: 236 санкции за брзо возење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-236-sanktsii-za-brzo-vozene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-236-sanktsii-za-brzo-vozene/#respond Wed, 01 Nov 2023 09:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=895282

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на  Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 236 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 147 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место. -Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-236-sanktsii-za-brzo-vozene/feed/ 0
40 санкции за недавање првенство на минување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/40-sanktsii-za-nedavane-prvenstvo-na-minuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/40-sanktsii-za-nedavane-prvenstvo-na-minuvane/#respond Fri, 27 Oct 2023 08:22:13 +0000 https://kurir.mk/?p=893685

Во текот на вчерашниот ден (26.10.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 40 возачи. Од нив, 15 на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Битола... При контролата санкционирани се и 171 други видови на сообраќајни прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/40-sanktsii-za-nedavane-prvenstvo-na-minuvane/feed/ 0
Мицкоски: Има индиции дека врхушката на МВР соработува со криминални групи, кога ќе биде формирана новата влада ќе се спроведат истраги и ќе има одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ima-inditsii-deka-vrhushkata-na-mvr-sorabotuva-so-kriminalni-grupi-koga-ke-bide-formirana-novata-vlada-ke-se-sprovedat-istragi-i-ke-ima-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ima-inditsii-deka-vrhushkata-na-mvr-sorabotuva-so-kriminalni-grupi-koga-ke-bide-formirana-novata-vlada-ke-se-sprovedat-istragi-i-ke-ima-odgovornost/#respond Thu, 26 Oct 2023 11:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=893356

При денешната посета на општина Ѓорче Петров, во рамките на активноста „Важно е! Од тебе зависат промените“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на престрелката среде најпрометниот трговски центар и коментар на тоа што Спасовски вели дека Скопје е безбеден град, истакна дека Спасовски е министер речиси 8 години и срамота е со позицијата со која излегува во јавност но има индиции дека врхушката на МВР во изминатите 6 години соработувала со криминални групи и за тоа ќе бидат формирани работни групи и ќе има одговорност. -Па човекот ако се земе оној период кога беше во техничката влада во 2016 е речиси 8 години министер за внатрешни работи со исклучок на неколку месеци кога беше технички премиер и тогаш ја опструираше работата на тогашниот технички министер за внатрешни работи преку тогашната заменичка сега министерка за одбрана славјанка Петровска. Срамота е што после 8 години тој истиот на очиглед на сите излегува во јавноста со позиција која што е смешна и трагична. Тие што требаше да бидат подземје и тие што требаше да бидат гонети и да одговараат за криминалот се сега над земја. Јас мислам дека овој човек треба да биде сериозно загрижен по промената на владата во Македонија затоа што има многу информации кои што доаѓаат и многу индиции кои што доаѓаат до нас за тесна соработка помеѓу врвот на внатрешни работи со овие криминални групи без разлика дали едната криминална група носи име на едно населено место не далеку од овде или другата криминална група носи име на населено место малку подалеку од овде но повторно во околината на Скопје, рече Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека има индиции дека заедно многу озбилно, ортачки работеле во изминативе 6 години од како се влада а малку подолг период од како овој е министер за внатрешни работи. -И мислам дека е исплашен, мислам дека е исплашен и загрижен и затоа се обидува сега претпоставувам да се наметне како претседателски кандидат, па сега и таму гледаме како со Пендаровски се натпреваруваат кој повеќе ќе му се додвори на Артан Груби, на Али Ахмети и на овие криминални групи но после изборите овие што треба да бидат подземје ќе треба да бидат озбилно гонети но и овие кои што биле нивни коалициони партнери а дел од врхушката на МВР ќе одговараат, има многу за истрага и многу за одговорност уште од првиот ден кога ќе биде формирана новата влада имаме и формирано тим да бидам попрецизен неколку тимови кои што само со тоа ќе се занимаваат. Кои што  само со тоа ќе се занимаваат што се случувало овие 6 години затоа што граѓаните мора да ја знаат вистината, како беа крадени, како беа пљачкани, како беа понижувани изминативе 6 години и без разлика што имаме каубојска измена со злоупотреба на европско знаме на кривичниот законик има многу начини како овие лица да одговараат, нагласи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ima-inditsii-deka-vrhushkata-na-mvr-sorabotuva-so-kriminalni-grupi-koga-ke-bide-formirana-novata-vlada-ke-se-sprovedat-istragi-i-ke-ima-odgovornost/feed/ 0
Казни за 224 возачи за брзо возење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-224-vozachi-za-brzo-vozene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-224-vozachi-za-brzo-vozene/#respond Thu, 26 Oct 2023 07:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=893250

Во текот на вчерашниот ден (25.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 116 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место. -Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-224-vozachi-za-brzo-vozene/feed/ 0
Познат идентитетот на вториот ранет во Ист Гејт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-vtoriot-ranet-vo-ist-gejt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-vtoriot-ranet-vo-ist-gejt/#respond Wed, 25 Oct 2023 14:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=892987

Министерството за внатрешни работи денеска во билтенот информира за пукањето во трговиот центар „Ист Гејт“ кое се случи вчера. -Околу 15 часот од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје во СВР Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и веднаш се упатени полициски екипи за расчистување на случајот. Утврдено е дека машко лице со пиштол пукало кон Р.Т. (36) и Д.Т. (23) од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во ГОБ "Св.Наум Охридски“, се наведува во полицискиот билтен. Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска потврди дека вчерашното пукање во Ист Гејт е криминална пресметка. -Точно се знае и беграундот на лицето во коешто е пукано и конфликтите што ги имате, практично тие се групи криминални, кои се разбиени во најголемиот дел и за кои јас и информирав пред некое време, во многу оперативни акции што сме ги презеле, секојдневно. Самите сте сведоци дека во последниот месец имаме приведено тројца, како дел од групите коишто беа во така наречената оперативна акција „Планина“ итн, говори за еден висок степен на ангажираност и за конфротација помеѓу тие криминални групи, коишто 30 години некој ги создавал, рече Спасовски. Прашан како можеше да се дозволи вчерашниот инцидент, пукање во молот во Скопје и тоа втор по ред инциденти, Спасовски со одговор дека во Скопје и во други градови во земјава криминални активности се случуваат секојдневно и какошто вели работата на полицијата е да работи перманентно во подобрувањето на безбедноста и тоа не само во делот на криминалитетот, туку и во сообраќајот и во секој дел, во којашто е таргетиран безбедноста на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-vtoriot-ranet-vo-ist-gejt/feed/ 0
Повредените од „Ист Гејт“ се уште во животозагрозувачка состојба, еве каде имаат прострелни рани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-od-ist-gejt-se-ushte-vo-zhivotozagrozuvachka-sostojba-eve-kade-imaat-prostrelni-rani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-od-ist-gejt-se-ushte-vo-zhivotozagrozuvachka-sostojba-eve-kade-imaat-prostrelni-rani/#respond Tue, 24 Oct 2023 19:24:21 +0000 https://kurir.mk/?p=892713

Двајцата повредени при денешното пукање во „Ист гејт мол“ сѐ уште се во животозагрозувачка состојба, потврдија за МИА, директорите на болниците каде беа оперирани, директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи. Арсенков појасни дека едното лице е се уште ставено на апарат, на машина за дишење. - Се работи за сериозни повреди. Следуваат испитувања. Уште е во животозагрозувачка состојба. Има прострелна рана во стомакот, во градниот кош, така да, многу е рано да даваме некои прогнози за тоа како ќе биде, изјави тој за МИА. И директорот Јакупи, исто така, не можеше да даде каква било прогноза за состојбата на другиот пациент. - Направена е опширна операција на градниот кош и на рамото, има повеќе прострелни рани, уште е во животозагрозувачка состојба. Ќе видиме како ќе биде. Ноќва ќе ја помине во шок соба на КАРИЛ, појасни Јакупи во изјава за МИА. Министерството за внатрешни работи објави фотографија од лицето кое со огнено оружје пукаше кон двете лица во скопскиот трговски центар „Ист гејт“. - На фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето кое го изврши кривично - правниот настан. Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат какви било сознанија за него или корисна информација што може да помогне во истрагата, што СВР Скопје ја води во координација со јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112, се наведува во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-od-ist-gejt-se-ushte-vo-zhivotozagrozuvachka-sostojba-eve-kade-imaat-prostrelni-rani/feed/ 0
ФОТО: Ова е лицето кое пукаше во Ист Гејт, МВР ги повикува граѓаните да го пријават ако го видат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/foto-ova-e-litseto-koe-pukashe-vo-ist-gejt-mvr-gi-povikuva-graganite-da-go-prijavat-ako-go-vidat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/foto-ova-e-litseto-koe-pukashe-vo-ist-gejt-mvr-gi-povikuva-graganite-da-go-prijavat-ako-go-vidat/#respond Tue, 24 Oct 2023 16:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=892632

МВР објави фотографија, од како што велат, лицето што денеска пукаше  кон две лица во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје. Во нападот, тешко повредени се двете лица, кои беа пренесени во болница за укажување лекарска помош. -Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112м, велат од МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/foto-ova-e-litseto-koe-pukashe-vo-ist-gejt-mvr-gi-povikuva-graganite-da-go-prijavat-ako-go-vidat/feed/ 0
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ: Врз Раде Штекли е пукано како во див запад! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-video-od-pukaneto-vo-ist-gejt-vrz-rade-shtekli-e-pukano-kako-vo-div-zapad-voznemiruvachko-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-video-od-pukaneto-vo-ist-gejt-vrz-rade-shtekli-e-pukano-kako-vo-div-zapad-voznemiruvachko-video/#respond Tue, 24 Oct 2023 14:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=892591

Курир ексклузивно дојде во видеото од денешното пукање во Ист гејт мол. На видеото се гледа како двајцата сега веќе повредени излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали. Од зад грб приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив и бега. Инаку по денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.
– Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани, појасни Арсенков. Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање во овој скопски трговски центар, екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.
Инаку само пред три дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека речиси целосно ги разбил криминалните групи од Грчец, Арачиново и Чаир. Но, сепак денешното пукање е уште еден доказ дека Македонија е како див запад и дека граѓаните не се безбедни каде и да се движат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-video-od-pukaneto-vo-ist-gejt-vrz-rade-shtekli-e-pukano-kako-vo-div-zapad-voznemiruvachko-video/feed/ 0