МВС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 07:44:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МВС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По шест месеци на МВС, четворица астронаути успешно слетаа на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-shest-mesetsi-na-mvs-chetvoritsa-astronauti-uspeshno-sletaa-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-shest-mesetsi-na-mvs-chetvoritsa-astronauti-uspeshno-sletaa-na-zemjata/#respond Mon, 04 Sep 2023 07:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=874257

По шестмесечен престој на Меѓународната вселенска станица (МВС), четворица астронаути утрово успешно се вратија на Земјата. Капсулата на „Спејс-Икс“ слета на површината на Атлантскиот Океан близу брегот на американската сојузна држава Флорида. Астронаутите на американската НАСА - Стивен Бовен и Ворен Вуди Хобург, Русинот Андреј Федаев и Султан ал Неџади од Обединетите Арапски Емирати, се вратија, по одложувањето за еден ден поради лошото време. На МВС во мигов има седум астронаути. Уште една промена на екипажот ќе се случи подоцна овој месец, кога двајца Руси и еден Американец кои минаа една година на МВС ќе се вратат на Земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-shest-mesetsi-na-mvs-chetvoritsa-astronauti-uspeshno-sletaa-na-zemjata/feed/ 0
Роскосмос ја напушта МВС https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-ja-napushta-mvs/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-ja-napushta-mvs/#respond Tue, 03 May 2022 10:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=671053

Генералниот директор на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин потврди дека Русија ја напушта Меѓународната вселенска станица (МВС). Тој рече дека Москва одлучила да ја напушти МВС поради економските санкции кон Русија по инвазијата на Украина. Овој потег го означува крајот на ерата на глобална соработка и е своевидна кулминација на лошите односи. САД и Русија веќе имаат планови кои не ја вклучуваат застарената МВС, а Русите и претходно јасно ставија до знаење дека имаат намера да ги продолжат своите вселенски операции без да соработуваат со Американците. Руските новински агенции објавија дека изјавата на Рогозин е и официјална крајна одлука. – Одлуката е веќе донесена и не сме обврзани јавно да зборуваме за тоа. Само едно можам да кажам, согласно нашите обврски – ќе ги информираме нашите партнери за прекин на нашата работа на МВС со објавување една година порано, рече Рогозин. Набргу откако Русија го почна нападот врз Украина, САД и кога други земји воведоа санкции кон Русите, како што се наведува – Рогозин на шега рече дека Американците отсега би можеле да вршат вселенски лансирања „користејќи метли“, бидејќи повеќе не можат да сметаат на руските ракети „Сојуз“. Тој ги осуди санкциите на Западот и најави прекин на соработката со американската вселенска агенција НАСА и европската ЕСА. Американскиот милијардер и визионер Илон Маск изјави дека неговата компанија „Спејс-Икс“ може да помогне во функционирањето на МВС. Соопштението на Роскосмос го означува крајот на успешната научна соработка меѓу Москва и Вашингтон. Русија, САД, Канада, Јапонија и ЕСА соработуваат на МВС од 1998 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-ja-napushta-mvs/feed/ 0
Првата приватна научна мисија на МВС во подготовка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvata-privatna-nauchna-misija-na-mvs-vo-podgotovka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvata-privatna-nauchna-misija-na-mvs-vo-podgotovka/#respond Fri, 08 Apr 2022 11:37:49 +0000 https://kurir.mk/?p=660297

Првата целосно приватна мисија на Меѓународната вселенска станица – МВС, почнува денеска со четиричлен екипаж од новата компанијата „Аксиом спејс“ (Axiom Space). Потегот беше поздравен од НАСА, која го гледа тоа како клучен чекор во комерцијализацијата на оваа област на Вселената позната како Ниска орбита на Земјата. Полетувањето е закажано за 17:17 часот по македонско време (15:17 ч. по Гринич) од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида (САД), со ракета на „Спејс-Икс“. Командант на мисијата „Аксиом-1“ е поранешниот астронаут на НАСА, Мајкл Лопез-Алегрија, кој има и американско и шпанско државјанство. Нему му се придружуваат тројца платени членови на екипажот – американскиот инвеститор во недвижности Лери Конор, канадскиот бизнисмен Марк Пати и поранешниот израелски борбен пилот и претприемач Ејтан Стибе. Добро познатата цена на билетот – која вклучува осум дена на полигонот – е 55 милиони долари. Но, за разлика од неодамнешните суборбитални летови од висок профил на „Блу ориџин“ и „Вирџин галактик“, мисијата на „Аксиом“, велат оттаму, не треба да се смета за туризам. На МВС, којашто се наоѓа на 400 километри над Земјината површина, квартетот ќе спроведе истражувачки проекти околу стареењето во Вселената, експерименти со матични клетки и технолошка демонстрација на самосклопувачко вселенско летало. – Разликата е во тоа што нашите момчиња нема да одат таму осум дена, да фотографираат и да гледаат од куполата, изјави Дерек Хасман, главен оперативен директор на „Аксиом“, на брифингот пред лансирањето. – Мислам… Имаме многу интензивен и истражувачки план за нив. Екипажот ќе живее и работи со редовниот екипаж на станицата. Таму сега има тројца Американци и еден Германец во американскиот дел и тројца Руси на руската страна. „Аксиом“ соработува со „Спејс-Икс“ во вкупно четири мисии, а НАСА веќе ја одобри втората нивна заедничка. „Аксиом“ го гледа патувањето како прв чекор кон поголема цел – изградба на сопствена приватна вселенска станица. Првиот модул е ​​планиран да биде лансиран во септември 2024 година, според претседателот и извршен директор Мајкл Суфредини. Планот е првично да биде прикачен на МВС, а потоа самостојно да продолжи кога таа ќе се повлече кон Земјатам според планот по 2030 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvata-privatna-nauchna-misija-na-mvs-vo-podgotovka/feed/ 0
Четворица астронаути полетаа кон МВС https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chetvorica-astronauti-poletaa-kon-mvs/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chetvorica-astronauti-poletaa-kon-mvs/#respond Thu, 11 Nov 2021 08:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=593988

НАСА и „Спејс-Икс“ испратија четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС) во земјината Орбита, каде што треба да пристигнат утре. Астронаутите од екипажот „Кру-3“ – Раџа Чари, Кајла Барон и Том Маршбурн од САД, и Матијас Маурер од Германија полетаа со капсула „Кру драгон“ прикачена на ракета „Фалкон 9“ синоќа во 21:03 часот по локално време од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида. Мисијата е дел од партнерството на НАСА со „Спејс-Икс“ на Илон Маск, чија цел е да се обнови капацитетот на САД за вселенски летови со луѓе. Летот првично беше закажан за 31 октомври, но беше одложен, прво поради временските услови, а потоа и поради „ситни медицински проблеми“ поврзани со посадата. НАСА соопшти дека овие причини немаат врска со Ковид-19. Астронаутите ќе минат шест месеци на МВС и ќе спроведат различни истражувања кои треба да дадат потребни податоци за идните истражувања на подалечното вселенско пространство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chetvorica-astronauti-poletaa-kon-mvs/feed/ 0
Берба на првите чили-пиперки во Вселената https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berba-na-prvite-chili-piperki-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berba-na-prvite-chili-piperki-vo-vselenata/#respond Wed, 03 Nov 2021 12:11:55 +0000 https://kurir.mk/?p=590264

НАСА соопшти дека успешно ги одгледала првите чили-пиперки во Вселената, а астронаутите на Меѓународната вселенска станица ги ставиле во „тако“. Американската вселенска агенција соопшти дека чили-пиперките се одгледувани во експериментот „Плант хабитат-04“. „Истражувањето вклучува микробна анализа со цел – осознавање на односите меѓу растенијата и микробите во Вселената и проценка на екипажот за вкусот, текстурата и исхраната на првите пиперки одгледани во вселената“, се вели во соопштението на НАСА. Пиперките, кои растат на МВС од јули, се од родот „Еспањола импрувд“. Во 2019 година, НАСА објави дека оваа-чили пиперка ќе биде првото овошје што ќе се одгледува на МВС во потрагата по култури и плодови што астронаутите би можеле да ги однесат и на Марс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berba-na-prvite-chili-piperki-vo-vselenata/feed/ 0
На арапскиот космонаут на МВС му се зголемила главата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-arapskiot-kosmonaut-na-mvs-mu-se-zgolemila-glavata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-arapskiot-kosmonaut-na-mvs-mu-se-zgolemila-glavata/#respond Thu, 03 Oct 2019 11:29:17 +0000 https://kurir.mk/?p=247486

Првиот космонаут од Обединетите Арапски Емирати, Хаза ал Мансури минатата седмица пристигна на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Кусо по доаѓањето, тој откри промени кај самиот себе – главата му се зголемила за некој сантиметар. Сѐ тоа има совршено рационално стручно објаснување, и веројатно, космонаутот го знае тоа. Тоа се случува со сите коишто престојуваат во Земјината Орбита. Органите, како и целото тело во бестежински простор, ја задржуваат масата, но не се соочуваат со силата наречена тежина. Тоа пак, резултира со подувување, издолжување или растење на делови од телото. И, сѐ тоа е сосем нормално. Хазал денеска се враќа од МВС. Кога арапскиот космонаут ќе се врати на Земјата, сѐ ќе се врати во првобитната положба, но и тогаш тој ќе треба да мине низ одредени фази необични и чудни за обичниот човек, истакнуваат стручните лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-arapskiot-kosmonaut-na-mvs-mu-se-zgolemila-glavata/feed/ 0
Јапонскиот вселенски брод „Конотори-7“ се поврза со МВС https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-vselenski-brod-konotori-7-se-povrza-so-mvs/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-vselenski-brod-konotori-7-se-povrza-so-mvs/#respond Fri, 28 Sep 2018 06:57:13 +0000 https://kurir.mk/?p=107253

Јапонскиот беспилотен вселенски брод „Конотори-7“ („Штрк-7") успешно се поврза со Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти Јапонската воздухопловна вселенска агенција Јакса. Товарниот брод беше лансиран на 23 септември со помош на ракета Х2Б од космодромот Танегашима. На платформата на бродот има нешто над шест тони товар, меѓу кои и залихи за екипажот и литиум-јонски батерии - главниот извор на енергија на МВС. „Конотори-7“ на МВС однесе и два микросателити „Старс-ми".]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-vselenski-brod-konotori-7-se-povrza-so-mvs/feed/ 0