МЖ Транспорт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Aug 2023 18:29:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МЖ Транспорт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МЖ Транспорт: Никој не врши притисок врз вработените, месечната плата на машиновозачите е поголема од 40.000 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzh-transport-nikoj-ne-vrshi-pritisok-vrz-vrabotenite-mesechnata-plata-na-mashinovozachite-e-pogolema-od-40-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzh-transport-nikoj-ne-vrshi-pritisok-vrz-vrabotenite-mesechnata-plata-na-mashinovozachite-e-pogolema-od-40-000-denari/#respond Thu, 31 Aug 2023 18:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=873159

Раководството на „МЖ-Транспорт“ ја демантира изјавата на претседателот на синдикалната организација Тони Димовски. Во соопштението испратено попладнево се наведува дека не е точно дека менаџментот на претпријатието врши притисок врз вработените. - За извршување на работните задачи на машиновозачите на почетокот на месецот се прави месечен план за работа, според кој секој машиновозач точно знае кога треба да дојде на работа и да се јави кај надзорниот раководител. Од него добива патен лист во кој е наведено кој воз треба да го вози на соодветната релација. Сакаме да потенцираме дека суспендирани се само оние кои не сакале да го земат патниот лист според месечниот план за работа. Тоа претставува тешка повреда на работниот ред и дисциплина според Правилникот за работен ред и дисциплина. Во истиот стои дека за ваков прекршок следува отказ, се вели во соопштението. Во однос на месечните примања на машиновозачите, од „Железници“ велат дека не е точна изјавата на Димовски дека месечната плата со вклучени надоместоци е максимум 40.000 денари. - Никаде во неговата изјава не е споменат т.н. километар што просечно изнесува нешто помалку од 20.000,00 денари месечно, се вели во соопштението и се посочува дека за мај, јуни и јули просечните примања на машиновозачот во кои спаѓаат, плата, додатоци на плата и километар изнесуваат 67.640 денари. Основната плата од 25.000 денари, како што се посочува во соопштението, ја зема машиновозачот, ако во соодветниот месец воопшто не вози, што значи дека и сега кога штрајкуваат и не работат, пак им следи плата по 25.000,00 денари. Менаџерскиот тим на претпријатието посочува дека со ваквиот бојкот се врши економски удар врз претпријатието и приватните комитенти кои ги користат услугите. - Ќе потенцираме дека нема да се толерираат никакви уцени, закани од Синдикатот и вработените и по секоја активност спротивна од Правилникот за работен ред и дисциплина ќе биде соодветно постапувано. И покрај тешките услови во кои функционира фирмата, поради лошата инфраструктура во регионот, каде сообраќаат товарните возови, менаџерскиот тим во соработка со Владата прави напори за редовно исплаќање на платите, кои во периодот од 2017 година до денес понекогаш задоцнувале најмногу неколку дена во наредниот месец и тоа само вториот дел од платата, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzh-transport-nikoj-ne-vrshi-pritisok-vrz-vrabotenite-mesechnata-plata-na-mashinovozachite-e-pogolema-od-40-000-denari/feed/ 0
МЖ – транспорт од 1 јули укина 10 железнички стојалишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzh-transport-od-1-juli-ukina-10-zheleznichki-stojalishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzh-transport-od-1-juli-ukina-10-zheleznichki-stojalishta/#respond Thu, 20 Jul 2023 19:41:29 +0000 https://kurir.mk/?p=858553

Македонски железници - траснпорт од 1 јули, годинава укина десет железнички постојки-стојалишта долж пругите во земјава: Стоби, Смоквица, Нова Смоквица, Милетково, Ореше, Пчиња, Кадина Река, Клисура, Згрополци и станицата „Даме Груев“. Како што појаснија од МЖ за МИА, укинувањето е поради тоа што овие стојалишта не биле рентабилни односно никој од патниците подолго време не се симнувал на нив. Тоа било заклучено по повеќе од едногодишното истражување спроведено од нивни тимови. Воедно, појаснија дека со тоа МЖ ќе заштеди финансиски средства, бидејќи само едно запирање на возот, МЖ транспорт го чини 300 евра. Тие појаснија и дека од три воза, два не запираат на овие станици. Како што посочија и со примери, увидено е дека голем дел од поранешните жителите од село Ореше кои таму одат повремено, користат сопствен превоз - автомобил. Тие, пак, кои патуваат со возот не запираат на станицата во Ореше, туку во Богомила, а потоа со такси до село Ореше. На новинарско прашање на МИА, што со групи граѓани кои сакаат да одат на пример до археолошкиот локалитет Стоби, како и за останатите стојалишта, кои се укинати, тие појасније дека е потребно писмено или преку меил да достават барање до МЖ транспорт, кое треба да се одобри, во кој ден и час бараат возот повторно да запре на дадена постојка - стојалиште. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzh-transport-od-1-juli-ukina-10-zheleznichki-stojalishta/feed/ 0
Протест на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт, најавена блокада на железничкиот сообраќај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-mashinskiot-i-izvrshniot-personal-na-mzh-transport-najavena-blokada-na-zheleznichkiot-soobrakaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-mashinskiot-i-izvrshniot-personal-na-mzh-transport-najavena-blokada-na-zheleznichkiot-soobrakaj/#respond Fri, 31 Mar 2023 12:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=818496

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт денеска од 12 часот почна бојкот, а во 14:30 часот, како што најавуваат, нема да тргне ниту возот за Битола. Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите и исплата на намален број на извршители согласно член 168 од колективниот договор. Од синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што, како што велат, уште во февруари имаат испратено барање до Министерството за транспрот и врски, Министерството за финансии и до Владата. - Бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата. И да пуштат плата денес, бојкотот ќе продолжи додека не бидат исполнети сите барања, изјави Тони Димовски, претседател на машиновозачите и претставник на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт. Според Димовски, досега нема најави за средба со менаџментот на компанијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-mashinskiot-i-izvrshniot-personal-na-mzh-transport-najavena-blokada-na-zheleznichkiot-soobrakaj/feed/ 0
Во прекин железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prekin-zeleznichkiot-soobrakjaj-veles-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prekin-zeleznichkiot-soobrakjaj-veles-gevgelija/#respond Tue, 02 Oct 2018 05:50:11 +0000 https://kurir.mk/?p=109298

Железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија од денеска ќе биде во прекин поради појавени деформации на бетонски мост што се наоѓа помеѓу станица Градско и крстосница Кукуричани. Како што соопштуваат од МЖ Транспорт, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Во меѓувреме, возовите кои сообраќаа на релација Скопје-Гевгелија и Гевгелија-Скопје, ќе сообраќаат само до Велес и обратно. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prekin-zeleznichkiot-soobrakjaj-veles-gevgelija/feed/ 0