мз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Dec 2022 13:34:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МЗ воведе модул за електронско пријавување на несаканите ефекти од вакцинацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vovede-modul-za-elektronsko-prijavuvanje-na-nesakanite-efekti-od-vakcinacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vovede-modul-za-elektronsko-prijavuvanje-na-nesakanite-efekti-od-vakcinacijata/#respond Tue, 06 Dec 2022 13:34:23 +0000 https://kurir.mk/?p=771765

Министерството за здравство воведе модул преку кој електронски ќе можат да се пријават несаканите ефекти од вакцинацијата, информираше денеска Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем „Мој термин“. На денешниот брифинг поврзан со прашања за набавка, чување и пристап до информации за вакцините, во организација на Македонскиот институт за медиуми и УНИЦЕФ, Чаргоска истакна дека со помош на меѓународните организации во земјата е направен овој модул, а веќе е одржана и едукација за лекарите. -Веќе можат да ги пријават ефектите од вакцината преку матичните лекари или превентините тимови на пунктовите за вакцинација. Тие го пријавуваат настанот на „Мој термин“, потоа прави опис на реакциите што ќе бидат пријавени, а пријавата стигнува до надлежните односно до епидемиолозите од центрите за јавно здравје и Агенцијата за лекови, појасни Чаргоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vovede-modul-za-elektronsko-prijavuvanje-na-nesakanite-efekti-od-vakcinacijata/feed/ 0
Маж и жена барани со потерници приведени на скопскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-i-zena-barani-so-poternici-privedeni-na-skopskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-i-zena-barani-so-poternici-privedeni-na-skopskiot-aerodrom/#respond Thu, 24 Nov 2022 16:53:57 +0000 https://kurir.mk/?p=766023

Денеска (24.11.2022) на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(36) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната. Денеска (24.11.2022) на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишиле од слобода Ѓ.Р.(37) од Скопје. Таа била барана по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-i-zena-barani-so-poternici-privedeni-na-skopskiot-aerodrom/feed/ 0
И МЗ се огласи за мајмунските сипаници во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-mz-se-oglasi-za-majmunskite-sipanici-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-mz-se-oglasi-za-majmunskite-sipanici-vo-makedonija/#respond Fri, 12 Aug 2022 20:02:14 +0000 https://kurir.mk/?p=717852

Од Институтот за јавно здравје сме информирани дека е завршено испитувањето на брисот земен од пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници и резултатот е негативен, велат од Министерство за здравство. -Потсетуваме дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог. Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-mz-se-oglasi-za-majmunskite-sipanici-vo-makedonija/feed/ 0
ПРЕПОРАКА ДО СИТЕ ГРАЃАНИ, МАКЕДОНИЈА ОД ЧЕТВРТОК ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА: Земјата ќе биде зафатена од високи температури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaka-do-site-gragjani-makedonija-od-chetvrtok-vo-portokalova-faza-zemjata-kje-bide-zafatena-od-visoki-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaka-do-site-gragjani-makedonija-od-chetvrtok-vo-portokalova-faza-zemjata-kje-bide-zafatena-od-visoki-temperaturi/#respond Wed, 20 Jul 2022 14:27:50 +0000 https://kurir.mk/?p=707995

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните четири дена - од четврток до недела (21-24.07.2022), територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза и во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението. Во овој период, почнувајќи од четврток (21.07), сите региони во државата - скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на топлотен бран почнува да важи на целата територија на Републиката и со цел заштита на здравјето на населението, Министерството за здравство ги дава следните препораки: 1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се - бремените жени и хронично болни лица. 2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да укажат помош на постари, изнемоштени лица и бездомници. 4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик врз здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Потсетуваме дека населението во летниот период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето како што се: - Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. - Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор. - Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна. - Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. - При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. - Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката, како и избегнување термички необработени производи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaka-do-site-gragjani-makedonija-od-chetvrtok-vo-portokalova-faza-zemjata-kje-bide-zafatena-od-visoki-temperaturi/feed/ 0
MЗ изразува најдлабоко сочувство до семејството и најблиски на починатиот хрватски ракометар Денис Тот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-izrazuva-najdlaboko-sochuvstvo-do-semejstvoto-i-najbliski-na-pochinatiot-hrvatski-rakometar-denis-tot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-izrazuva-najdlaboko-sochuvstvo-do-semejstvoto-i-najbliski-na-pochinatiot-hrvatski-rakometar-denis-tot/#respond Sat, 09 Apr 2022 18:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=660760

Во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар. По повод смртта на прерано починатиот хрватски ракометар, Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски!, стои во соопштението на МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-izrazuva-najdlaboko-sochuvstvo-do-semejstvoto-i-najbliski-na-pochinatiot-hrvatski-rakometar-denis-tot/feed/ 0
МЗ: 76% од новите случаи и 81% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-76-od-novite-sluchai-i-81-od-hospitaliziranite-so-kovid-19-se-nevakcinirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-76-od-novite-sluchai-i-81-od-hospitaliziranite-so-kovid-19-se-nevakcinirani/#respond Fri, 08 Oct 2021 14:05:19 +0000 https://kurir.mk/?p=575525

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 7 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 7.10.2021 на територија на државата 38.019 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 24% биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81%, додека само 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 7.10.2021 на територија на државата починале 1277 пациенти со Ковид 19, 1070 пациенти од починатите,односно 84% не биле вакцинирани, а само 16%, односно 207 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, велат од МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-76-od-novite-sluchai-i-81-od-hospitaliziranite-so-kovid-19-se-nevakcinirani/feed/ 0
МЗ: Вкупно аплицирани 1.540.027 дози вакцини, а ревакцинирани 44% од полнолетните граѓани во државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vkupno-aplicirani-1-540-027-dozi-vakcini-a-revakcinirani-44-od-polnoletnite-gragjani-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vkupno-aplicirani-1-540-027-dozi-vakcini-a-revakcinirani-44-od-polnoletnite-gragjani-vo-drzavata/#respond Fri, 08 Oct 2021 12:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=575432

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 се аплицирани како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vkupno-aplicirani-1-540-027-dozi-vakcini-a-revakcinirani-44-od-polnoletnite-gragjani-vo-drzavata/feed/ 0
Министерството за здравство демантира дека по грешка замениле починти лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-demantira-deka-po-greshka-zamenile-pochinti-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-demantira-deka-po-greshka-zamenile-pochinti-lica/#respond Wed, 25 Aug 2021 21:11:05 +0000 https://kurir.mk/?p=555062

Министерството за здравство ја демантира информацијата дека по грешка замениле починти лица. -Министерството за здравство информира дека вечерва на неколку медиуми беа објавени неточни информации дека Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби по грешка испратиле тело на починат пациент, кај семејство во Врапчиште гостиварско. Ја информираме јавноста дека ниту една здравствена установа во државата, ниту КИБФС не направила таква грешка. Сите болници и ковид центри во целост го почитуваат протоколот за постапување со тела на починати лица во болнички услови сомнителни или потврдени на Ковид 19. По настапувањето на смртта и подготовка на телото согласно протоколите за заштита од Ковид 19, веднаш се повикува Јавно комунално претпријатие на општината или Бутел-погребен сервис АД Скопје за Град Скопје на кои им се предава телото. Погребалните претпријатија, а не болниците, го доставуваат телото на семејството и го организираат погребот, стои во демантот од МЗ. Инаку, денеска ТВ21 објави дека се случил невообичаен настан во село Врапчиште. Имено, едно семејство наместо телото на нивната почината мајка, добило тело на непознат маж. Во изјава за ТВ21 семејството вели дека нивната мајка починала на Инфективната клиника во Скопје, а откако го прифатиле телото, забележале дека наместо нивната мајка, во ковчегот се наоѓа тело на непознат маж, па затоа се упатиле кон Инфективна. По повеќечасовно барање, телото било конечно пронајдено во Гостивар, каде по грешка било испратено од болницата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-demantira-deka-po-greshka-zamenile-pochinti-lica/feed/ 0
МЗ: Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-otvoreni-termini-za-zakazuvanje-vakcinacija-na-gragjani-od-73-i-74-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-otvoreni-termini-za-zakazuvanje-vakcinacija-na-gragjani-od-73-i-74-godini/#respond Tue, 13 Apr 2021 18:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=496719

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години. Термините се отворени од вечерва и граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација. Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. Вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизција со приоритет врз основа на возраст,  во оваа фаза ќе бидат опфатени возрасни лица, односно постари - категорија што секако е опфатена со најголем број на хронични болести, со висок ризик за тешка форма на ковид 19 болест, компликации и смртен исход.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-otvoreni-termini-za-zakazuvanje-vakcinacija-na-gragjani-od-73-i-74-godini/feed/ 0
ФОТО: ПРОТЕСТ ПРЕД ЗДРАВСТВО- Да го измиеме срамот на Филипче, толпата снимана и фотографирана од просториите на министерството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-protest-pred-zdravstvo-da-go-izmieme-sramot-na-filipche-tolpata-snimana-i-fotografirana-od-prostoriite-na-ministerstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-protest-pred-zdravstvo-da-go-izmieme-sramot-na-filipche-tolpata-snimana-i-fotografirana-od-prostoriite-na-ministerstvoto/#respond Sat, 10 Apr 2021 10:59:15 +0000 https://kurir.mk/?p=495240

Пред Министерство за здравство, во организација на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ денеска се одржа протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“. Учесниците на протестот беа снимани и фотографирани од простории во Министерството. На протестот се обратија повеќе говорници. Панова до Филипче: Вашите гревови се човечките животи, тоа не може да се надомести Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова на протестот пред Министерството за здравство упати остри критики за работата на Министерот за здравство Венко Филипче. – Јас не сум медицинско лице, по струка сум правник, па ајде како правник да Ви посочам „министре за смрт” дека не работите согласно Закон! А, оној кој не работи согласно Закон, местото не му е во оваа институција позади мене, туку во некоја друга институција, каде денес лежат невини луѓе, напомена Панова. Ели Панова го прозва Министерот за здравство Венко Филипче дека неговото министерување требаше да се темели врз законот за здравствена заштита. Доколку имавте барем малку совест и етика, при отпочнување на Вашата функција истиот ќе го прочитавте и веќе ќе имавте сфатено дека секој ден го кршите тој закон, ги кршите членовите 2 и 3 со вашето, незачувување, неспречување, ненавремено лекување, никој нагласувам никој, па ни Вие не смее да го загрозува здравјето на другите. – Вашата неспособност за менаџирање го загрозува здравјето на обичниот граѓанин, па денес во Македонија имаме рекордна смртност од 4.108 луѓе како последица на КОВИД, според вчерашниот извештај на Економист, Македонија са наоѓа на трето место по смртност во светот!ПОЛОШИ СМЕ ДУРИ И ОД ИТАЛИЈА ВО МОМЕНТОВ. Министре Вие го кршите и членот 6 или начелото на ДОСТАПНОСТ, со кое здравствената заштита треба да биде географски, физички, и економски достапна! Епа министре, општите болници низ Македонија се полни, истите немаат основни медицински средства, се сликате позерски на ДОНИРАНИ , ДОНИРАНИ ВАКЦИНИ, ОПРЕМА, бидејќи не сте способни да набавите, а преживуваат само оние граѓани кои имаат да платат, истакна пратеничката Ели Панова. – Ефикасни сте министре единствено во пребројување на починатите, Континуирана е единствено Вашата борба за ПРОВИЗИИ, А ПРАВИЧНИ СТЕ во дискриминацијата, оној кој ќе се јави за кревет и ќе плати може и ќе преживее. Од вашето присподобување видовме само ходници полни со пациенти, чекање еден да почине за на друг да му биде дадена боцата со кислород, медицинските лица сами да купуваат опрема и да работат до исцрпување, роднините на пациентите сами да се нудат да им дадат голтка вода, порача Панова. Пратеничката потсети на немилиот настан од пред неколку дена и го запраша Министерот: Во член 284-Во вонредни услови и кризна состојба Министерот за здравство соработува со ЦУК; Дирекцијата за спасување , Црвениот крст, државни установи и здруженија на граѓани. Со кој соработувате Вие министре кога 90 годишната мајка го грееше телото на својот син пред да почине? СО ХЕЛИКОПТЕРИ И МОТОРИ МОЖЕТЕ ДА СЕ ВОЗИТЕ САМО ВИЕ, обичниот народ нека умира! Vе потсетувам на родилката од Битола, Ве потсетувам на Родилката од Струга. Каде се постапките кои ги отворивте? Власта е неспособна да го заштити здравјето на народот, ама затоа е способна за криминал, корупција и соработка со мафијата. Крими – скандали се вашето секојдневие во власта. – Да само од вчерашниот ден Македонија ја тресат нови скандали за Ваши другарчиња, како на пример: – Шоферот на Заев фатен со дрога вредна 800.000 евра, во акцијата на ДЕА и Интерпол заедно со него уловен е и Началникот на Полицијата во Прилеп, издадени 94 000 изводи без евиденциски број,турските медиуми полни зошто му е издаден Македонски пасош на шефот на турската Мафија, уапсен уште еден нарко – бос со македонски пасош во Шпанија, заклучи Ели Панова. Стојаноски: Приоритет на власта е да го снима протестот, додека имаме 4.150 починати лица, тоа е како преку ноќ да го снема Крушево Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денес на протестот во организација на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“ се обрати и посочи дека на она кое што треба да биде протест пред министерство за здравство во последниве три недели излезе дека е протест пред министерството за провизии и смрт. „Горе десно има човек кој што ја снима толпата која што протестира, видете што им е приоритет, наместо да се растрчаат по светот и по Европа за да обезбедат вакцини за македонскиот народ. До денеска до овој момент имаме загубено 4.150 граѓани на Република Македонија. Тоа е како преку ноќ да го снема Крушево, Вевчани, некои помали градови. А, она што е најтрагично е што таа стапка не се намалува. Па можеме да видиме секој ден по социјалните медиуми дека некој бара помош за да се лекува, да се собираат донации, луѓето се почесто ни кажуваат дека не сакаат да ги отворат социјалните медиуми заради тоа што личат на некролози. Приморани сме поради овие неспособни луѓе секој ден да се збогуваме од наши блиски роднини и пријатели“, нагласи Стојаноски. Стојаноски додаде дека се можеше поинаку, бидејќи на 2-ри февруари се тргнаа сите пречки во законот за јавни набавки за да луѓето кои што седат во министерството да започнат со набавка на вакцини. Но, 60-тина дена по тоа, ниеден закон не е поминат, и тоа не е поради опозицијата, туку поради власта бидејќи Заев ги примора неговите пратеници да му гласаат доверба. „И поради неспособноста на власта, ние граѓаните понижени чекаме пред граничните премини на нашите соседни држави да го бараме спасот таму за вакцини“, рече Стојаноски. Стојаноски посочи дека власта протестот го смета за пречење. Зар треба граѓаните на власта да и дозволат да штанцаат пасоши и да дилаат дрога, дури и да пренесуваат дрога низ Република Македонија. Тоа граѓаните нема никогаш да и дозволат на власта. Тоа никогаш нема да им помине. „Ние сме тука собрани, не за политички поени. Ние сме тука само заради една работа да ги симнеме овие, затоа што се додека се овие таму каде што се нашиот народ ќе умира. Што треба да се направи? Една приоритетна работа, и јас ве уверувам дека од тој момент се ќе тргне подобро, оставка на Заев и Филипче. Една година имаме пандемија и една година покажаа дека се тотално неспособни да ја администрираат и менаџираат“, појасни Стојаноски. Стојаноски порача дека овој хорор ќе заврши само со оставка на Заев и Филипче. Попов: Македонија го помина италијанското сценарио, додека Филипче се вози со мотори и хеликоптери Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на денешниот протест пред министерството за здравство под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“, истакна дека Македонија веќе го помина италијанското сценарио во смртност на граѓани на популација од 1 милион жители, додека министерот за здравство се вози со мотори и хеликоптери. – 4150 мртви е бројка која покажува највисока смртност во свет. За жал веќе се повеќе млади починуваат од Ковид 19. Најмладиот починат имаше само 19 години, пред тоа 22, пред тоа 24, пред тоа 29. Веќе пандемијата не е опасна само за возрасните лица и ризичните групи на граѓани. Нефункционалноста на здравствениот систем, коруптивноста, незаинтересираноста и непосветеноста на властите, не донесе до ниво да секојдневно ни умираат педесетина луѓе, изјави Попов. Тој вели дека огромна тага и празнина е во душата, што младите наместо да се собираат по конференции, натпревари, борби за знаење, времето го трошат протестирајќи против погрешните политики на власта. – Но нема како и нема поинаку. Ние ќе го правиме ова, за генерациите после нас да не мораат, да го прават. Тажна држава, тажен народ. Луксузот на Филипче и Заев да се возат со хеликоптер е поважен од животот на еден човек, кој Љупчо путерот го нарече само овчар и ништо повеќе. Жално, тажно и срамно. И го слушам вчера Венко Филипче на телевизија, лут и ироничен кон Унијата на млади сили, вели во Британија се цртале црвени графити срциња во знак на почит на починатите од корона, а тука цртале црни и сме ја користеле ситуацијата за политички поени ситуацијата, рече Попов. Тој во име на младите од ВМРО-ДПМНЕ на Филипче му порача дека Велика Британија од близу 60 милиони популација, има вакцинирано над 30 милиони народ затоа што државата прави се што може за своите граѓани. – Тука, наместо да вакцинирате народ, се возите со хеликоптери и мотори, додека одите по луксузни одмори како власт, додека шверцувате дроги и делите идентитети и пасоши на нарко босови, луѓе овде секојдневно умираат. Затоа што се оставени сами на себе, потенцираше Попов. Попов се осврна и на младите за кои власта велеше дека ќе ги врати, но наместо тоа дели пасоши на нарко босови. Така надокнадивте?. Затоа вие министре треба да се засрамите, нормално ако воопшто имате срам. Да имавте срам немаше да го правите сето ова и најмалку што ќе направевте е ќе се извиневте и ќе поднесевте оставка, нагласи Попов. Нелоски: Ако Венко симулира вакцинирање зошто ние да не симулираме миење на срамот на Филипче и Заев Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се протестот мред Министерството за здарвство под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“, им порача на припадниците на МВР наместо да го чуваат министерството и министерот да одат да си ја работат работата. „Поздрав за припадниците на МВР, кои наместо да одат и да ловат нарко босови и шверц на дрога ги натерале да бидат тука и да го чуваат Венко. Од што се плашиш Венко? Тука сме четврта сабота за да им порачаме да дадат оставка, а им ја бараме затоа што не им текнува, а ако дадат оставка ќе го немаат хиликоптерот да се провозат, нема да им се затвораат планини за да се возат со моторни санки или да им затвораат автопати за да се возат со скапите мотори. Минатата сабота се обидовме да го измиеме срамот и стигнаа пораки зошто со толку малку балони вода сме го миеле срамот, па велам ако они прават симулација на вакцинирање ние можеме да пробаме симулација на миење на срамот“, рече Нелоски. Нелоски рече денес е тажен ден, како и сите денови од оваа недела кога губевме по двоцифрен број на лица. „Сега ве повикувам повторно со балоните со вода да им го исчистиме срамот, да го поздарвиме и господинот кој не снима, сега одете вака снимајте го шоферот на Заев“, рече Нелоски коментирајќи ја постапката на лице кое од просториите на Минситерството за здравство го снимаше собирот и додаде „драги снимачи од внатре се надевам дека го снимивте протестот ако планирате да казнувате да знаете нема да не исплашите, следната недела пак доаѓаме тука пред Министерството за здавство и за провизија на Венко и Зоран за да им кажеме дека треба да си одат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-protest-pred-zdravstvo-da-go-izmieme-sramot-na-filipche-tolpata-snimana-i-fotografirana-od-prostoriite-na-ministerstvoto/feed/ 0