МЗШВ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 12:37:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МЗШВ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МЗШВ: Распишан уште еден јавен оглас за ангажирање на практиканти во секторите и управите на министерството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-raspishan-ushte-eden-javen-oglas-za-angazhirane-na-praktikanti-vo-sektorite-i-upravite-na-ministerstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-raspishan-ushte-eden-javen-oglas-za-angazhirane-na-praktikanti-vo-sektorite-i-upravite-na-ministerstvoto/#respond Wed, 05 Jul 2023 12:37:25 +0000 https://kurir.mk/?p=853049

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распишa јавен оглас за ангажирање на шест практиканти, за практиканска работа во секторите и управите на министерството до крајот на годината, односно до 31.12.2023 година. Преку овој оглас, соопштија денеска од МЗШВ, право за аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти на завршна година студии од земјоделските, шумарски и ветеринарни високо образовни институции во државата. Односно студенти од областа на биотехничките науки (наука за земјиште и хидрологија, заштита на растенија, растително производство, пчеларство, овошатарство, лозарство, ветеринарна медицина, добиточно производство, рибарство, шумарство и холтикултура, преработка на дрво, биотехнологија, прехранбена технологија, преработка на анимлани производи), градежништво и водостопанство, правни науки, економски науки и-или природно-математички науки – хемија. Периодот за практиканската работа изнесува шест месеци со полно работно време. Практикантите за време на практиканската работа, појаснуваат од МЗШВ, остваруваат право на надоместок во висина од 70 проценти од минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа во период до три месеци и надомест во висина на минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа над три месеци, сметано од четвртиот месец. - Наша цел како министерство е мотивирање на младите и давање можност своето стекнато знаење да го дадат во развој на институциите, но и стекнување на ново знаење и вештини во струката, додаваат од министерството. Рокот за пријавуање на јавниот оглас е 10 дена од денот на неговото објавување на веб страната на министерството https://www.mzsv.gov.mk/, каде заинтересираните може да најдат и повеќе информации за апликацијата и потребните документи при апликацијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-raspishan-ushte-eden-javen-oglas-za-angazhirane-na-praktikanti-vo-sektorite-i-upravite-na-ministerstvoto/feed/ 0
Следат ниски температури: МЗШВ апелира за навремено преземање мерки за заштита на овошните насади https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledat-niski-temperaturi-mzshv-apelira-za-navremeno-prezemane-merki-za-zashtita-na-ovoshnite-nasadi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledat-niski-temperaturi-mzshv-apelira-za-navremeno-prezemane-merki-za-zashtita-na-ovoshnite-nasadi/#respond Mon, 27 Mar 2023 18:09:28 +0000 https://kurir.mk/?p=817055

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата. Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, - 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, - 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledat-niski-temperaturi-mzshv-apelira-za-navremeno-prezemane-merki-za-zashtita-na-ovoshnite-nasadi/feed/ 0
МЗШВ: Замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот нема да влијае на откупните цени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-zamrznuvaneto-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-nema-da-vlijae-na-otkupnite-tseni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-zamrznuvaneto-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-nema-da-vlijae-na-otkupnite-tseni/#respond Mon, 27 Mar 2023 16:23:07 +0000 https://kurir.mk/?p=817011

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство попладнево соопшти дека подготвило и до Министерството за економија доставило анализа на цените за земјоделските производи, пред се на овошје и зеленчук. Од МЗШВ нагласуваат дека ги следат трошоците кои земјоделците ги имаат за производството и согласно тоа се креираат мерките за поддршка на домашното производство. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посочува дека даваат поддршка за замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот, бидејќи, како што велат, таквото замрзнување во овој период нема да влијае на намалувањето на откупните цени за земјоделците. - Притоа следиме два параметри преку кои ги креираме мерките, а тоа е системот за следење на производствената цена на фарма, односно колку се реалните трошоци за производство на земјоделците и пазарниот информативен систем каде се следат цените на големо и мало за земјоделските производи. Истите се формирани од производствените трошоци кои ги имаат земјоделците и од маржата на трговците со земјоделски производи. Оттука, согласно анализите, сакаме да напоменеме дека цената на пазарот е значително повисока од цената која што ја добива самиот производител и кај продажната цена голема улога има маржата поставена од откупувачите и трговците, се наведува во соопштението на МЗШВ. Од Министерството потенцираат дека врз основа на сите параметри, крајната одлука по ова прашање ја има Министерството за економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-zamrznuvaneto-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-nema-da-vlijae-na-otkupnite-tseni/feed/ 0
Објавен јавен повик за организирање на локални манифестации и саеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-javen-povik-za-organizirane-na-lokalni-manifestatsii-i-saemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-javen-povik-za-organizirane-na-lokalni-manifestatsii-i-saemi/#respond Tue, 14 Mar 2023 17:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=811910

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на веб страната го објави јавниот повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој, за организирање на локални манифестации и саеми. Повикот е отворен 30 дена почнувајќи од денес и ќе трае до 12 април. Има доволно време сите заинтересирани да ја подготват потребната документација и да аплицираат. Соопштението на МЗШВ го пренесуваме во целост: На повикот можат да аплицираат здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, јавни научни установи и истражувачи, образовни институци, единици на локалната самоуправа, стопанските комори и задруги . Предлогот се доставува во еден оригинален примерок, напишан на сопствен меморандум, потпишан и заверен со печат од корисникот на техничката поддршка. Еден ист корисник може да аплицира само за едно барање и неможе да се појавува како основач или овластено лице во други предлози за учество. Прифатливи трошоци за поддршката се инвестиции за закуп на простор; изнајмување на штандови и/или бина; изнајмување на аудио и видео опрема, озвучување и осветлување, маси, столици и штандови, огласување во печатени и електронски медиуми и набавка на промотивен материјал покани, постери, флаери, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама. Максималниот износ по корисник изнесува 120.000 денари. Постапката за избор на корисници ја спроведува посебна комисија, врз основа на евалуација за исполнување на пропишните критериуми. Министерството секоја година издвојува средства за поддршка на локални манифестации, минатата година поддржавме рекорден број и доделивме 47 договори за поддршка на веќе познати локални манифестации и саеми, но и на нови кои се одржуваа за прв пат. Вкупната финансиска поддршка беше во износ од 5. милиони денари, а оваа година ја дуплираме вредноста и ставме на располагање 10. милиони денари за сите оние кои имаат добри и издржани идеи и кои ќе ги исполнат условите дефинирани во повикот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-javen-povik-za-organizirane-na-lokalni-manifestatsii-i-saemi/feed/ 0
МЗШВ со заштеда на струја над 20 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-so-zashteda-na-struja-nad-20-protsenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-so-zashteda-na-struja-nad-20-protsenti/#respond Wed, 25 Jan 2023 14:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=791810

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека по самоиницијативното воведување на мерките за намалени трошоци во работењето, но и по препораките на Владата за рационално трошење електрична енергија, ја исполни обврската и забележа заштеда од над 20 проценти. -Денес, половина година по носењето на планот и упатството за штедење, можеме да констатираме дека воведените мерки одлично ги исполнуваат зацртаните цели. Евидентиравме заштеда на трошоци за канцелариски материјали на крајот од второто полугодие во однос на првото со изразен процент од 39 отсто, заштеда од 31 процент на трошоците за работно време подолго од редовното работно време на крајот од второто полугодие 2022 година, а заштеда од седум отсто е евидентирана во делот на трошоците за исплата на патни и девни расходи, информира МЗШВ. Веднаш по почнувањето на економско-енергетската криза, МЗШВ самоиницијативно во јуни воведе план за штедење со сет мерки кои предвидуваа намалување на трошоите од работењето, како одговор на негативните влијанија од кризата која го зафати светот. Мерките имаа за цел да направат промени во начинот на вршење на работата во институцијата, а предвидуваа намалување на трошоците за електрична енергија, гориво и други режиски трошоци, намалување на потрошувачката на канцелариски материјал, трошоци за прекувремена работа како и патни и дневни расходи на ниво на одржлив минимум за нормално и редовно функционирање на работата на Министерството. Во август, пак, Владата донесе сет препораки, мерки и задолженија за заштеда на електрична и топлинска енергија по што беше донесено упатство за заштеда на министерството. Фокусот на МЗШВ беше да се заштеди електрична енергија и да се заштедат буџетски средства. -Со воведување домаќински мерки за штедење, остваривме заштеди во трошењето на електрична енергија во периодот јули – декември, при што намалувањето на потрошувачката на електрична енергија опаѓаше во просек по осум проценти секој месец од воведувањето на мерките до крајот на календарската година. Во оваа насока, целосно ги исполнивме и таргетите поставени од Владата со носењето на планот за рационализација на трошоците при што Министерството за земјоделство во споредбените периоди за септември, октомври и ноември со истите месеци од 2021 година прогресивно напредуваше од 19 отсто кон 33 проценти заштеда и ја исполни целта заштедата на ниво на институција да надминува 20 отсто, наведува МЗШВ. Министерството информира и дека почна иницијатива за поставување фотоволтаици на централниот објект, проект чија реализација во 2023 година, како што додава, ќе придонесе за натамошно генерирање заштеди и употреба на буџетските средства за намени кои ќе обезбедат развој и раст на националната економија. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-so-zashteda-na-struja-nad-20-protsenti/feed/ 0
МЗШВ: Базата на Mинистерството е сигурна и етапно се враќа во функција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-bazata-na-ministerstvoto-e-sigurna-i-etapno-se-vrakja-vo-funkcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-bazata-na-ministerstvoto-e-sigurna-i-etapno-se-vrakja-vo-funkcija/#respond Sun, 25 Sep 2022 13:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=737218

Вработените во секторот за информатички технологии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно работат за целосно отстранување на проблемот во електронскиот систем поради хакерскиот напад што се случи на 12-ти овој месец. Поради превенција, во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во фунцкија, соопшти МЗШВ. Оттаму упатуваат извинување до граѓните поради неможноста навремено и брзо да ги вршат услугите, а дополнително МЗШВ ќе ја информира јавноста за отстранувањето на проблемот и повторното подигнување на системот. Како што наведуваат од МЗШВ, електронскиот систем на МЗШВ на 12-ти овој месец беше цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група „Black Byte“. Нападот предизвика блокирање на редовниот работен процес во Министерството и оневозможување на тековните работни процеси. – МЗШВ уште дента на нападот веднаш ги извести граѓаните, а траснпарентно изминативе денови даде одговор на сите новинарски прашања поврзани со хакерскиот напад, соопшти Министерството. Нападот, како што посочуваат, е пријавен во Министерството за внатрешни работи за понатамошно истражување и постапување, а превентивно поради сериозноста на нападот времено вон функција биле ставени сите системи на Министерството. – Со нападот извршено е оштетување, односно декриптирање на податоци од офис документи (word, excel, pdf), додека пак апликациите на Министерството како на пример ЕРЗС системот, ФАДАН, системот за идентификација на земјоделски парцели и други апликации не се оштетени од овој напад, но превентивно веднаш по нападот беа исклучени и сега повторно се активни. Исто така архивата на министерството е оспособена и истата работи, ниту еден документ не е исчезнат или оштетен, посочуваат од МЗШВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-bazata-na-ministerstvoto-e-sigurna-i-etapno-se-vrakja-vo-funkcija/feed/ 0
„МЗШВ не кажува дали има трајно уништени документи од архивата – дали ваквата хаварија прикрива нечиј криминал и злоупотреби“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-ne-kazuva-dali-ima-trajno-unishteni-dokumenti-od-arhivata-dali-vakvata-havarija-prikriva-nechij-kriminal-i-zloupotrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-ne-kazuva-dali-ima-trajno-unishteni-dokumenti-od-arhivata-dali-vakvata-havarija-prikriva-nechij-kriminal-i-zloupotrebi/#respond Sun, 25 Sep 2022 07:32:01 +0000 https://kurir.mk/?p=737121

Министерството за земјоделство водостопанство и шумарство премолчи и пак не кажа колкав дел од архивата е достапен после наводниот хакерски напад, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Министерството и министерот Љупчо Николовски молчат и кријат дека проблемот е далеку поголем. Тие не демантираа дека се недостапни голем дел од документите од архивата, како на пример електронски податоци од фарм регистарот, регистри за откупувачи за вино, за земјоделските задруги, за органско производство, преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, вклучително и листа на должници. Ова се важни документи, за кои Министерството не кажува дали се зачувани или изгубени во целост или делумно, се наведува во соопштението на партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ нејасните и нецелосни одговори на министерството отвораат сомнежи и прашања. -Дали наводниот сајбер напад трајно уништил документи и податоци? Колкава штета ќе имаат земјоделците од ваквата хаварија? Дали од ваквата хаварија некој има ќар бидејќи на тој начин се прикривани злоупотреби и криминали?, прашуваат од партијата. Антимакедонската СДС се што фати запусти. Тоа мора да престане. За сите дубари на власта на СДС мора да има одговорност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-ne-kazuva-dali-ima-trajno-unishteni-dokumenti-od-arhivata-dali-vakvata-havarija-prikriva-nechij-kriminal-i-zloupotrebi/feed/ 0
Трипуновски: Исчезнати се голем дел од документите од архивата на МЗШВ, дали хакерскиот напад е обид за прекривање на криминал и злоупотреби на Николовски и власта? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-ischeznati-se-golem-del-od-dokumentite-od-arhivata-na-mzshv-dali-hakerskiot-napad-e-obid-za-prekrivanje-na-kriminal-i-zloupotrebi-na-nikolovski-i-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-ischeznati-se-golem-del-od-dokumentite-od-arhivata-na-mzshv-dali-hakerskiot-napad-e-obid-za-prekrivanje-na-kriminal-i-zloupotrebi-na-nikolovski-i-vlasta/#respond Sat, 24 Sep 2022 10:10:09 +0000 https://kurir.mk/?p=736865

Официјалната страница за МЗШВ веќе десетина дена не е во функција, а министерството се правдаат дека се под хакерски напад без притоа да ја информираат јавноста за каков сајбер напад станува збор. Но, проблемот не завршува тука. Имено од извори во министерството дознаваме дека исчезнати се голем дел од документите од архивата која што се вод во министерството, обвинува Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ. -Според нашите информации со кои располагаме, а за кој МЗШВ крие, документите кој недостасуваат во електронска форма се податоци од фарм регистарот и сите активни регистри кој што ги води МЗШВ за откупувачи за вино,за земјоделските задруги, за органско производство,преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, а нема ниту листа на должници.  Исто така изгубена е целосно евидентацијата за сите постапки кои што се поврзани со закон за управна постапка и дополнително не може да се постапува и да се завршат тековните започнати управни постапки, вели тој. Обвинува дека недостасуваат и важечките договори за концесии риби и дивеч. -Поради овој хакерскиот напад земјоделците не можат да извадат потврди и уверенија кои по разни основи ги бараат од министерството како релевантен документ за во министерството за труд и социјална политика. Во секторот за финансиски прашања недостасуваат документи за преглед на исплати како и доцнење при исплата на доспеани обврски, додека пак во секторот за човечки ресурси на министерството недостасуваат персоналните досиеја на вработените и целокупната документација за сите вработени во МЗШВ. Молкот од страна на првиот човек на министерството Љупчо Николовски отвора сериозен сомнеж дали се работи за хакерски напад или пак во прашање е прекривање на криминални дејствија и злоупотреби од страна на Владата на антимакедонската СДС, истакнува Трипуновски. Тој посочува: „Николовски мора да одговори пред јавноста дали од документацијата недостасуваат и голем број на спорни договори и постапки, кои можело да го инкриминираат врвот на министерството, како и кој го одржувал софтверот на министерството и колку народни пари се исплатени за одржување? Токму затоа бараме отворање на целосна истрага и посериозен пристап од страна на МВР и органите на прогонот“. -Николовски да не се крие позади партиските соопштенија и да излезе и да ја информира јавноста што до сега е преземено за целосно расчистување на случајот, во спротивно тој е највиновен и најодговорен, и секој кој свесно се огрешил пред законот мора да одговара.Промените како во земјоделството, така и во секој сектор ќе се случат. На граѓаните и државата им требаат сериозни луѓе со сериозен и професионален пристап кои ќе ги решаваат нивните проблеми, а не луѓе како од антимакедонската СДС кои што само создаваат проблеми, истакна Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-ischeznati-se-golem-del-od-dokumentite-od-arhivata-na-mzshv-dali-hakerskiot-napad-e-obid-za-prekrivanje-na-kriminal-i-zloupotrebi-na-nikolovski-i-vlasta/feed/ 0
МЗШВ: Интервентната програма се дополнува со поддршка за вештачко ѓубриво, сливи и зелка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-interventnata-programa-se-dopolnuva-so-poddrshka-za-veshtachko-gjubrivo-slivi-i-zelka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-interventnata-programa-se-dopolnuva-so-poddrshka-za-veshtachko-gjubrivo-slivi-i-zelka/#respond Tue, 13 Sep 2022 13:58:12 +0000 https://kurir.mk/?p=732214

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека Интервентната програма ќе биде дополнета со нови мерки – за поддршка на вештачко ѓубриво, сливи и зелка. Новите мерки кои се предлог на МЗШВ, денеска беа прифатени од Владата. Како што најавува Министерството, во наредниот период Интервентната програма ќе биде дополнета и со мерка за финасиска поддршка за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. -Нова дополнителна мерка се обезбедува за финасиска поддршка од три денари по килограм за произведена и предадена зелка за период 13 април 2022 до 07 мај 2022 година. Корисници на оваа мерка се регистрирани земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат производство на зелка и поднесено барање по Програмата за финасиска поддршка во земјоделството за 2022 година и производството го имаат предадено во регистрирани откупувачи започани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во Министерството. Максималната прифатлива количина на зелка за која се обезбедува поддршката е 30.000 килограми по хектар пријавена површина, информира МЗШВ. Нова дополнителна мерка се обезбедува и за финасиска поддршка за произведена и предадена слива кај регистрирани откупувачи од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во производствената 2022 година имаат овошен насад од слива со поднесено барање за исплата на директни плаќања и производството го имаат предадено во регистрирани откупувачи запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски проиводи на Министерството. Максималната прифатлива количина на сливи за која е обезбедена поддршката е 17.000 килограми по хектар пријавена површина. Висината на финасиската поддршка за откупена слива за август изнесува два денара по килограм, додека висината за финасиската поддршка за откупена слива за септември е четири денари. -Како успешна мерка ја продолжуваме финасиската поддршката на земјоделците за набавка на вештачко ѓубриво при производството на житни култури, однсно за производство на пченица и јачмен. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои оваа есен имаа засеани површини со пченица и јачмен и земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал согласно закон. Корисниците треба вештачкото ѓубриво за посевите да го имаат набавено од 01 август до 31 октомври 2022 година. Висината на финасиската поддршка изнесува 3.000 денари по хектар приватлив трошок за набавка на вештачки ѓубрива и тоа во количина од најмалку 200 килограми по хектар за пченица и јачмен, наведува МЗШВ. Според Министерството, Интервентната програма донесена во рамки на Националниот план за производство на храна, ги постигна очекуваните резултати за брза и навремена поддршка на земјоделците. -Изминатиов период преку Интервентата програма на земјоделците обебедивме навремена и брза поддршка во услови на криза, со која им помогнавме во намалување на трошоците за производство. Радуваат постигнатите резултати со интервентните мерки и големата заинтересираност кај земјоделците. Успеавме без проблеми да го спроведеме планираниот систем за прибирање на апликациите и брзата исплата кон земјоделците, подвлекува МЗШВ. На почетокот од годината кога се донесе Интервентата програма, вкупниот интервентен фонд изнесуваше 400 милиони денари, а со ребалансот на буџетот фондот се дополни со уште 500 милиони денари или вкипно достигна 900 милиони. -Преку досегашните мерки со Интервентната програма дававме поддршка за земјоделците за набавка на вештачко ѓубриво во производството на стратешки важните житни култури како пченица, јачмен, пченка и сончоглед. Поддршката за оваа мерка изнесуваше 4 000 денари за набавени вештачки ѓубрива за површини засеани со пченица и пченка со употребени минимум 200 килограми ѓубриво по хектар и 2 500 денари за површини засени со јачмен и сончоглед со употребени минимум 200 килограми ѓубриво по хектар за јачменот, односно употребени 100 килограми по хектар кај сончогледот. Досега мерката за набавка на вештачко ѓубриво ја искористиле 6 895 апликанти за кои се исплатени 112,9 милиони денари. Министерството потсетува и дека поддршка преку мерки од Интервентната програма се обезбедени и за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет, за одгледани и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет и за мерката одгледување на кокошки несилки. Овие мерки ги искористиле вкупно 1 810 апликанти со вкупна исплата во висина од 219,7 милиони денари. -Наша задача е да понудиме решенија за сите проблеми кои ги мачат земјоделците. Одиме стабилно и со план, пари се обезбедени за сите земјоделски гранки. Секој земјоделец добива досега рекордна поддршка и субвенција. Тоа е поддршка за секој човек, поддршка стабилно и зголемено домашно производство на храна, велат од МЗШВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-interventnata-programa-se-dopolnuva-so-poddrshka-za-veshtachko-gjubrivo-slivi-i-zelka/feed/ 0
Вработени од АД „Водостопанство“ на протест за неисплатени плати, МЗШВ уверува дека го решава проблемот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraboteni-od-ad-vodostopanstvo-na-protest-za-neisplateni-plati-mzshv-uveruva-deka-go-reshava-problemot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraboteni-od-ad-vodostopanstvo-na-protest-za-neisplateni-plati-mzshv-uveruva-deka-go-reshava-problemot/#respond Fri, 02 Sep 2022 16:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=727981

Вработени од АД „Водостопанство“ попладнево протестираа пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, барајќи исплата на три заостанати плати како и здравствено осигурување за два месеца. Раководството на Синдикатот во АД „Водостопанство“ најави дека ќе стапат во штрајк доколку не добијат одговор за исплатата во наредните два до три дена. Претседателот на Синдикалната органзиација на АД „Водостопанство“, Коста Малзарков изјави дека работниците се разочарани и без основни услови за пристоен живот. -Протестираме затоа што немаме земено три плати, два месеци немаме здравствено осигурувањ, вчера почна школската година, децата тргнаа во училиште самонашите работници не можеа да ги испратат децата со тетратки моливчиња и ранци не можеа да им дадат по пари за оброк, немаат платено сметки за вода и струја, немаат платено рати за кредити секој ден им се јавуваат извршители, изјави Малзарков. Тој додаде дека се уште немаат никаков одговор од Министерството за нивните барања. -Од Министерството нè не испочитуваа, министерот не е тука, заменик министерот си отиде, државниот секретар си отиде, останатите ги пуштија три саати порано од работа, од државниот врв со месеци ги убедува дека утре ќе има пари, само уште нешто да се изгласа, само уште нешто да се пресмета. Тоа утре никако да дојде, се жалат од Синдикатот. Од Министерството пак, во соопштение објавено непосредно пред почетокот на најавениот протест, информираа дека во интерес на вработените заедно со Владата работат на решавање на проблемот. -Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата одговорно го разгледуваат прашањето со обезбедување на дополнителни финасиски средства за АД Водостопанство. Владата веќе одобри дополнителна финансиска помош за АД Водостопанство до 200 милиони денари со кои ќе се реши овој проблем. Во интерес на јавноста сакаме да напоменеме и за околноста дека АД Водостопанство е посебен орган кој работи самостојно со сопствен буџет и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема никаква законска можност за распределба или управување со нивните средства, особено за платите кон вработените,  се наведува во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraboteni-od-ad-vodostopanstvo-na-protest-za-neisplateni-plati-mzshv-uveruva-deka-go-reshava-problemot/feed/ 0