мжспп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Dec 2022 13:24:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мжспп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МЖСПП вели расчистен воздухот во Гостивар, Кичево и Кавадарци – мерките се укинуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-veli-raschisten-vozduhot-vo-gostivar-kichevo-i-kavadarci-merkite-se-ukinuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-veli-raschisten-vozduhot-vo-gostivar-kichevo-i-kavadarci-merkite-se-ukinuvaat/#respond Mon, 26 Dec 2022 13:24:11 +0000 https://kurir.mk/?p=780605

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираа дека од денеска во градовите Гостивар, Кичево и Кавадарци се укинуваат мерките и препораките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри, согласно измерените вредности. Имено, поради зголемено загадување на воздухот, од саботата стапија во сила препораките и мерките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од вчера и во Гостивар. Одлуката за стапување во сила на мерките и препораките ја донесе Владата по информации добиени од Министерството за животна средина и просторно планирање, откако на мерните места во овие градови во текот на два последователни дена беше надмината вредноста на ПМ10 честичките од 150 микрограми на метар кубен. Во Скопје и Струмица се уште се во сила донесените мерки и препораки.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-veli-raschisten-vozduhot-vo-gostivar-kichevo-i-kavadarci-merkite-se-ukinuvaat/feed/ 0
МЖСПП: Сите мерни станици за квалитет на амбиентниот воздух се во функција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-site-merni-stanici-za-kvalitet-na-ambientniot-vozduh-se-vo-funkcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-site-merni-stanici-za-kvalitet-na-ambientniot-vozduh-se-vo-funkcija/#respond Fri, 23 Dec 2022 15:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=779737

Сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција, но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни. Поради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон набавка на нова опрема. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во моментот новата серверска опрема е набавена и инсталирана и во тек е мигрирање на системите и базите од стара на нова серверска опрема. Додека се врши миграцијата, како што се наведува, можни се привремени прекини или недостапност до одредени сервиси во текот на следните неколку дена за што посочуват дека навремено ја известиле јавноста преку веб-страницата и социјалните мрежи на МЖСПП. Дополнително се спроведува и процесот на подесување на системот и заштита од надворешни упади преку интернет конекцијата. Од МЖСПП информираат дека се прават напори да се забрза постапката и во најскоро време сите сервиси да бидат достапни. Напоменуваат дека податоците од сите мерни станици се достапни за МЖСПП и се следат, а доколку бидат надминати праговите на информирање или алармирање јавноста/општините ќе бидат навремено информирани и на сила ќе стапат соодветните мерки. Најавуваат дека сите податоци што не биле достапни на јавноста со ставањето во функција на новата серверска опрема ќе бидат ретроактивно достапни/видливи. Заради транспарентност МЖСПП најави дека ќе објавуваат податоци за среднодневни концентрации од извршените мерења за РМ10 и РМ2,5 од претходниот ден. Повлечени се податоци од извршените мерења, со далечински онлајн пристап до логерите за податоци, од следните автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух: Миладиновци, Лисиче, Ректорат, Кичево, Велес 2, Центар, Лазарополе, Битола 1, Ѓорче Петров. Во моментот не е возможен пристап до податоците од мерните станици Карпош, Тетово, Струмица и Гевгелија. -Во моментот врз основа на добиените и анализираните податоци за концентрациите на РМ10 евидентно се забележува зголемување на загадувањето и надминување на среднодневната гранична вредност од 50 микрограми на метар кубен на повеќе мерни места. Прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 μg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат во Скопје на мерните места Центар и Лисиче и на мерните места во Гостивар, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Кичево и Велес.Податоците се следат од страна на Министерството и доколку има услови за надминување на прагот на алармирање на РМ10 и стапувањето на сила на мерките, граѓаните ќе бидат навремено информирани, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-site-merni-stanici-za-kvalitet-na-ambientniot-vozduh-se-vo-funkcija/feed/ 0
МЖСПП: Завршуваме со чистењето на линданот од Охис со УНИДО, продолжуваме со УНОПС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-zavrshuvame-so-chistenjeto-na-lindanot-od-ohis-so-unido-prodolzuvame-so-unops/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-zavrshuvame-so-chistenjeto-na-lindanot-od-ohis-so-unido-prodolzuvame-so-unops/#respond Tue, 06 Dec 2022 15:15:34 +0000 https://kurir.mk/?p=771866

Mинистерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи денеска го одржаа завршниот настан од проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со изомери на линданот во ОХИС“. Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, министерот Насер Нуредини, во своето воведно обраќање на настанот истакнал дека од клучно значење за успешната реализација на проектот била соработката на Владата на РСМ со сите релевантни чинители во земјава во сите фази на проектот. – Беа потребни повеќе од 15 години за да се создадат услови за спроведување на еден ваков специфичен проект, во кој се работи со високо токсичен материјал складиран во близина на урбана средина. Сепак, задоволство ми е да потврдам и дека во рамките на овој проект успеавме да ги исполниме сите планирани цели и задачи, како и одржливост на активностите за понатамошното чистење на останатиот дел од малата депонија, со мобилизирање на средства и од други извори на финансирање, истакнал Нуредини. Како што се наведува во соопштението имплементацијата на проектот започнала во 2015 година, а во текот на седумгодишниот период реализирани биле неговите главни зацртани цели: воспоставување правна рамка, подобрување на политиките и зајакнување на институционалните и технички капацитети за управување со контаминираните локации, како и воспоставување на финансиски и технички одржлив механизам за обезбедување на средства за продолжување на активностите до конечна ремедијација на контаминираната локација на HCH и други загадувачи во кругот на ОХИС. -Завршна фаза на целиот процес беше транспортирањето на отпадот и негово конечно отстранување од Македонија, преку соседна Република Грција до Франција и Холандија, каде се спроведе дополнително согорување или ремедијација на отпадните материи и почва. Но, чистењето на линданот и неговите изомери од малата депонија во Охис продолжува, при што имплементациона единица ќе биде УНОПС, а средстава се обезбедени преку Мултипартнерскиот Фонд за животна средина, специјално наменет за чистењето во ОХИС, во кој несебично контрибуираа Кралството Норвешка и Владата на РСМ, но и самото Министерство од сопствениот буџет, а финансиска поддршка даде и Европската делегација, стои во соопштението. Проектот е имплементиран преку UNIDO како имплементациона агенција, во соработка со проектната канцеларија за перзистентни органски загадувачи (POPs) при Министерството за животна средина и просторно планирање, а е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-zavrshuvame-so-chistenjeto-na-lindanot-od-ohis-so-unido-prodolzuvame-so-unops/feed/ 0
МЖСПП: Податоците од мониторинг станицата во Тетово не се видливи на веб сајтот поради технички проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-podatocite-od-monitoring-stanicata-vo-tetovo-ne-se-vidlivi-na-veb-sajtot-poradi-tehnichki-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-podatocite-od-monitoring-stanicata-vo-tetovo-ne-se-vidlivi-na-veb-sajtot-poradi-tehnichki-problemi/#respond Tue, 31 May 2022 09:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=684099

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека согласно ингеренциите, редовно ќе ги следи и ќе ги објавува податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Тетово, иако податоците не се видливи на веб страницата поради технички проблеми со главниот сервер. – Истите, МЖСПП редовно ги објавуваше, на секој час, во текот на попладневите и вечерните часови, а почнуваќи од 6 часот наутро се објавуваат и ќе бидат објавувани и во текот на денешниот ден, информираат од МЖСПП. Во соопштението се додава дека податоците се достапни на веб страницата и на официјалниот Фејсбук профил на Министерството. – Во моментот се забележува сосемо мало покачување на одредени параметри и нема место за паника, наведуваат од МЖСПП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-podatocite-od-monitoring-stanicata-vo-tetovo-ne-se-vidlivi-na-veb-sajtot-poradi-tehnichki-problemi/feed/ 0
Од денес забрана за пластични кеси, достапни само биоразградливи за 15 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-denes-zabrana-za-plastichni-kesi-dostapni-samo-biorazgradlivi-za-15-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-denes-zabrana-za-plastichni-kesi-dostapni-samo-biorazgradlivi-za-15-denari/#respond Wed, 01 Dec 2021 06:24:07 +0000 https://kurir.mk/?p=602221

Од денеска стапува на сила забраната за пластични кеси. За граѓаните ќе бидат достапни само биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари, средства што ќе бидат наменети за специјалниот фонд за животна средина. Според Министерството за животна средина и просторно планирање, граѓаните лесно ќе се адаптираат на промената, што е од големо значење за животната средина. – На долг рок оваа одлука ќе придонесе кон решавање на низа прашања во однос на животната средина, од причина што собраните средства ќе се користат за инвестирање во животната средина, бидејќи ќе одат на посебна сметка за таа намена. Тоа би значело инвестирање во иновативни, чисти технологии, во системот за управување со отпад, садови за селектирање, намалување на притисокот врз животната средина и слично, наведоа за МИА од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во однос на тоа каков фидбек очекуваат од граѓаните, од МЖСПП нагласија дека очекуваат промената да биде лесно прифатена. – Да, очекуваме дека ќе биде прифатено. Се уште е живо колективното сеќавање кога пазеревме со торби на пазар. Сега има многу стимулативни алатки како што се вендинг машините и слично. Нашите сознанија се дека и луѓето се свесни дека тоа не е голем напор, само е добра навика, нагласија од МЖСПП. Околу забраната за достапност на пластични кеси, Давор Пехчевски, проект-координатор во Еко-свест, за МИА изјави дека како организација ја поддржуваат одлуката да се преземат мерки за да се намали употребата на пластични кеси. – Очекуваме со правилно спроведување таа да има позитивно влијание врз намалувањето на отпад од пластика и микропластика. Исто така, ова би требало да повлече и понатамошен развој на циркуларната економија и да стимулира селекција на отпад кога ќе се создаде инфраструктура за тоа. Сепак, ова е само првиот чекор во борбата со пластичното загадување, па очекуваме во блиска иднина да се пристапи и кон регулирање на другите производи од пластика за еднократна употреба, како цевки, чаши или прибор за јадење, нагласи Пехчевски. Имено, како што соопштија од МЖСПП од денеска, 1 декември, стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Со Законот се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот во Република Северна Македонија, се забранува пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во земјата, а по исклучок од ставот (1) на овој член, со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот во Република Северна Македонија биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки (чијшто дебелина е пониска од 15 микрони). Надоместокот, како што информираа од МЖСПП, кој треба да го плаќаат крајните корисници за биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба. – Целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „загадувачот плаќа“, потенцираа од МЖСПП. Од Министерството наведуваат дека производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост. – Напоменуваме дека стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон, а пропишани во 2013 година. Новиот правилник за стандардите за биоразградливост е донесен и се очекува неговото објавување во наредниот број на Службен весник на Република Северна Македонија. До неговото стапување на сила важи постојниот Правилник, посочија од МЖСПП. Откако минатиот месец беше донесена одлуката за забрана за употреба на пластични кеси, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини истакна дека идејата за цената на пластичните кеси е за да се намали употребата на пластиката. – Фондот што ќе се создаде од овие 15 денари за секое купување на пластично кесе ќе отиде на посебен фонд којшто ќе се инвестира во животната средина, но и ќе се инвестира во совеста на граѓаните како да менаџираме со отпадот во нашата држава. Идејата е тој што загадува тој и да плати, и на тој начин производителите коишто ќе донесат производи во нашата држава треба да контрибуираат и во тоа, и со ова ќе се натера да придонесат за инфраструктурата со различни контејнери во нашата држава каде што ние како граѓани ќе ги селектираме отпадите и со ова ќе креираме систем којшто самите граѓани ќе го селектираат отпадот, појасни тогаш Нуредини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-denes-zabrana-za-plastichni-kesi-dostapni-samo-biorazgradlivi-za-15-denari/feed/ 0
МЖСПП апелира да не се палат бадникови огнови на отворено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-apelira-da-ne-se-palat-badnikovi-ognovi-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-apelira-da-ne-se-palat-badnikovi-ognovi-na-otvoreno/#respond Sat, 05 Jan 2019 12:04:03 +0000 https://kurir.mk/?p=148835

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска преку соопштение упатува апел до граѓаните на Република Македонија да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух. Исто така, од Министерството ја поздравуваат одлуката на Град Скопје и скопските општини да не донираат дрва за бадниковите огнови и во исто време апелираат до другите општини во државата да се приклучат кон оваа иницијатива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-apelira-da-ne-se-palat-badnikovi-ognovi-na-otvoreno/feed/ 0
Да не се излегува без потреба и да се користи јавен превоз – препораки за аерозагадувањето од надлежното министерство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-ne-se-izleguva-bez-potreba-i-da-se-koristi-javen-prevoz-preporaki-za-aerozagaduvanjeto-od-nadleznoto-ministerstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-ne-se-izleguva-bez-potreba-i-da-se-koristi-javen-prevoz-preporaki-za-aerozagaduvanjeto-od-nadleznoto-ministerstvo/#respond Tue, 04 Dec 2018 11:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=135551

Поради загадувањето на воздухот и надминување на прагот на информирање утврден на вредноста од 100 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови Министерството за животна средина и просторно планирање упатува препораки до населението. Од Министерството за животна средина и просторно планирање се препорачува да се користи јавен превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материја, како и правилно да се користат печките за дрва Воедно Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ препорачува ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација меѓу кои се децата, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го вршат на отворен простор во загадените зони на градот. Препораките се активираат врз основа на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели  е надминат на мерните места Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Куманово, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци. Информацијата за надминување на прагот на информирање од Министерството за животна средина и просторно планирање е доставена до Институт за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот со надминување на прагот на информирање. Последните мерења покажуваат концентрации од 237 микрограми во Центар, 189 во Карпош, 256 кај Ректорат, 232 во Миладиновци и 163 во Бутел.  Мерки за заштита од загадувањето се активираат согласно уредбата доколку среднодневните концентрации надминат 200 микрограми на две мерни станици во два последователни денови. Утре, според најавите од УХМР,  се очекуваа поволни временски услови, односно облачно и студено со засилен северен ветер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-ne-se-izleguva-bez-potreba-i-da-se-koristi-javen-prevoz-preporaki-za-aerozagaduvanjeto-od-nadleznoto-ministerstvo/feed/ 0