МЗТ Скопје Аеродром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 09:21:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МЗТ Скопје Аеродром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дрес од МЗТ Скопје Аеродром за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dres-od-mzt-skopje-aerodrom-za-gradonachalnikot-na-nujork-erik-adams/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dres-od-mzt-skopje-aerodrom-za-gradonachalnikot-na-nujork-erik-adams/#respond Fri, 22 Sep 2023 09:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=880636

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски изминатите неколку денови учествуваше на Светскиот самитот кој се организира во рамки на Мрежата на силни градови, каде членува и Општина Аеродром. Во рамки на учеството тој на градоначалникот на Њујорк кој истовремено е домаќин на настанот му врачи дрес од кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром. Настанот кој е финансиран од страна на Европската унија и Стејт Департментот во Њујорк, на едно место ги собра повеќе од 70 градоначалници на општини и градови. Домаќин на настанот беше градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс кој е голем фан на кошарката. По тој повод од страна на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски му беше врачен дрес од македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром. Градоначалникот Тимчо Муцунски во својата објава на инстаграм истакна дека дресот на МЗТ Скопје Аеродром треба биде поттик за нови победи и симбол за меѓусебната поддршка и соработка. „Плаво белата боја на македонскиот шампион ќе биде дел од неговата канцеларија и во духот на спортот и спортските успеси на МЗТ, таа нека биде поттик за идни победи и симбол на меѓусебната соработка, поддршка и пријателство“, истакна Муцунски во објавата. Муцунски упати и апел до навивачите и љубителите на спортот во сабота во СРЦ Кале да дадат поддршка за МЗТ Скопје Аеродром во финалето од Суперкупот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dres-od-mzt-skopje-aerodrom-za-gradonachalnikot-na-nujork-erik-adams/feed/ 0
МЗТ Скопје Аеродром го комплетираше составот за новата сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-go-kompletirashe-sostavot-za-novata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-go-kompletirashe-sostavot-za-novata-sezona/#respond Wed, 02 Aug 2023 06:11:47 +0000 https://kurir.mk/?p=862499

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром  долго време беше мирен, неактивен на пазарот за да во кратко време ги реши најважните прашања, состави тим за натпреварувачката 2023/2024. Клубот од Аеродром одново ќе има највисоки амбиции на домашната сцена, а ќе проба и да се врати во елитната АБА лига. За успшени резултати треба да се погрижи тренерот Васко Атанасов и неговите соработници кои веќе знаат со кои играчи ќе располагаат. Најновата тројка која стави потписи на договорот со „штрковите“ се нашите репрезентативци Бојан Крстевски, Дамјан Робев и Љубомир Младеновски. Крстевски и Робер и во изминатиов период беа дел од МЗТ што значи дека ја продолжија соработката, додека пак за Младеновски ова е кам-бек во составот од „Јане Сандански“. Дресот на МЗТ ќе го носат браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Андоновски како и новите засилувања Марин Петков, Марко Миловановиќ, Душан Танасковиќ, Марко Баковиќ, Седрик Расел и Ејасу Ворку. Дел од екипата ќе бидат и неколкумина талентирани млади кошаркари предводени од Бојан Величковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-go-kompletirashe-sostavot-za-novata-sezona/feed/ 0
МЗТ Скопје Аеродром ангажира двајца Американци https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-angazhira-dvajtsa-amerikantsi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-angazhira-dvajtsa-amerikantsi/#respond Tue, 01 Aug 2023 04:03:07 +0000 https://kurir.mk/?p=862181

Двајца Американци се новите засилувања за македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром. Од таборот на сино-белите информираа дека бековите, Седрик Расел (24 год, 188 см) и Ејасу Ворку (24 год, 188 см). Расел зад себе има пет одлични години во елитната дивизија од НЦАА-лигата, од кои четири во дресот на Луизијана универзитетот. Тој лани настапуваше за српскиот прволигаш Тамиш, каде просечно реализираше 16,2 поени со 2,4 скока и 2,3 асистенции. Ворку, пак, е добро познат на македонската кошаркарска јавност. Тој пред две сезони настапуваше за екипата на Гостивар со просек од 16,8 поени, 5,1 скока и 7,2 асистенции. Европската авантура ја почна пред три години во хрватскиот тим Забок, за потоа да направи трансфер во Задар, каде што остави повеќе од солиден впечаток. Со ова бројката на потврдени играчи на МЗТ Скопје за следната сезона сега е девет (9). Вчера и завчера беа промовирани Душан Танасковиќ и Марко Баковиќ, односно Марин Петков и Марко Миловановиќ, а договорите беа продолжени со браќата Стојановски и Андреј Андоноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-angazhira-dvajtsa-amerikantsi/feed/ 0
МЗТ Скопје Аеродром ги претстави првите странски засилувања за новата сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-gi-pretstavi-prvite-stranski-zasiluvana-za-novata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-gi-pretstavi-prvite-stranski-zasiluvana-za-novata-sezona/#respond Sun, 30 Jul 2023 14:44:14 +0000 https://kurir.mk/?p=861750

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ги официјализираше првите странски засилувања кои доаѓаат од Србија и Хрватска. Душан Танасковиќ и Марко Баковиќ ќе водат борба под кошевите за македонскиот првак. Танасковиќ потекнува од школата на Партизан, негов последен тим беше АБА2-лигашот Борац Бања Лука каде играше заедно со Теодор Симиќ. Душан имаше просек од 14,2 поени и 6,1 скокови и треба да биде добра опција за тренерот Атанасов. Баковиќ е поискусен, има 30 години и во Скопје доаѓа од шпанска Леида. Освен борбата во рекетот, негов заштитен знак е и одличниот шут за тројка, со оглед што често во кариерата имал и скоро 50-отстотна прецизност од оваа позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-gi-pretstavi-prvite-stranski-zasiluvana-za-novata-sezona/feed/ 0
Петков и Миловановиќ ќе играат за МЗТ Скопје Аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/petkov-i-milovanovik-ke-igraat-za-mzt-skopje-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/petkov-i-milovanovik-ke-igraat-za-mzt-skopje-aerodrom/#respond Sun, 30 Jul 2023 05:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=861571

Младинските кошаркарски репрезентативци на Македонија Марко Миловановиќ (21) и Марин Петков (20) се новите кошаркари на МЗТ Скопје, објави македонскиот шампион. „И двајцата се во долгорочните планови на нашиот стручен штаб, но не само како перспективи, туку и како кошаркари кои веднаш ќе дадат значаен придонес на патот кон одбраната на двојната круна во националниот шампионат и враќањето во Јадранската елита“, се вели во соопштението. Миловановиќ, успешно ги мина сите младински селекции на Македонија и веќе има покана за настап во најдобриот тим на „жолто-црвените“, што доволно говори за неговиот квалитет. Тој во МЗТ Скопје дојде од Италија, каде претходните четири сезони настапуваше за тимот на Јуви од Кремона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/petkov-i-milovanovik-ke-igraat-za-mzt-skopje-aerodrom/feed/ 0
Васко Атанасов останува на клупата на МЗТ Скопје и наредната сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vasko-atanasov-ostanuva-na-klupata-na-mzt-skopje-i-narednata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vasko-atanasov-ostanuva-na-klupata-na-mzt-skopje-i-narednata-sezona/#respond Thu, 27 Jul 2023 16:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=860850

Првакот на Македонија во кошарка, МЗТ Скопје потврди дека и во следната сезона на екипата ќе ја предводи Васко Атанасов, кој на чело на тимот беше и во завршницата на минатиот шампионат. “Станува збор за 29-годишен перспективен стратег, кон не е само светла иднина на нашиот клуб туку и на македонската кошарка во целост. Тој одамна е дел од аеродромската светост, прво како дел од младинската школа, а потоа и како помошник во стручниот штаб. По заминувањето на Драган Николиќ пред крајот на минатото првенство, Атанасов го прифати предизвикот и лидерската палка и успешно го доведе нашиот тим до посакуваната шампионска титула – десетта во клупската историја. Зад нашиот предводник од клупата е искуство од водење неколку екипи како прв тренер и тоа БАС Академи, Струмица и молдавскиот прволигаш Адмиралс”, се вели во соопштението објавено на клупската веб страница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vasko-atanasov-ostanuva-na-klupata-na-mzt-skopje-i-narednata-sezona/feed/ 0
Војдан и Дамјан остануваат во МЗТ Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-i-damjan-ostanuvaat-vo-mzt-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-i-damjan-ostanuvaat-vo-mzt-skopje/#respond Thu, 13 Jul 2023 04:37:35 +0000 https://kurir.mk/?p=856073

Како што пренесува спортскиот портал СПОРТМЕДИА во дресот на МЗТ Скопје останува братскиот тандем, капитенот Дамјан Стојановски и Војдан Стојановски. Дамјан во МЗТ Скопје е од 2012 година, тој е заштитен знак на овој клуб. Низ годините беше една од главните причини за доминацијата на тимот од Аеродром, како и титулите кои ги освои. Војдан, кој после повеќе од една деценија се врати во македонскиот шампионат, на дело покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари на денешницата. Капитенот на македонската репрезентација е пример за идните генерации, како треба да изгледа еден професионалец на теренот, и надвор од него. Тој во финалето на плеј-офот беше нерешлива енигма за Пелистер, битолчани немаа решение за неговата шампионска игра. Војдан сезоната што измина беше прогласен за МВП на финалето и Купот на Македонија. МЗТ Скопје ростерот ќе го гради со домашни играчи, а потоа ќе се решава прашањето за странски засилувања. foto: sportmedia.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-i-damjan-ostanuvaat-vo-mzt-skopje/feed/ 0
МЗТ Скопје лесно го преслуша Пелистер за прв триумф во финалната серија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-lesno-go-preslusha-pelister-za-prv-triumf-vo-finalnata-serija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-lesno-go-preslusha-pelister-za-prv-triumf-vo-finalnata-serija/#respond Sun, 28 May 2023 18:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=839810

Кошаркарите на МЗТ Скопје лесно и убедливо го совладаа Пелистер (84-64) во вечерашниот прв меч од финалната плејоф-серија, со што го направија првиот од потребните три чекори на патот кон јубилејната десетта титула. Кошаркарите на МЗТ Скопје лесно и убедливо го совладаа Пелистер (84-64) во вечерашниот прв меч од финалната плејоф-серија, со што го направија првиот од потребните три чекори на патот кон јубилејната десетта титула.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-lesno-go-preslusha-pelister-za-prv-triumf-vo-finalnata-serija/feed/ 0
Кошаркарското дерби во Аеродром за само 100 денари https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarskoto-derbi-vo-aerodrom-za-samo-100-denari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarskoto-derbi-vo-aerodrom-za-samo-100-denari/#respond Wed, 10 May 2023 04:35:35 +0000 https://kurir.mk/?p=832432

Првиот полуфинален плејоф-меч од македонскиот кошаркарски шампионат меѓу екипите на МЗТ Скопје и Работнички е веќе закажан и тоа за в сабота (20.15 часот) на домашен терен. Од вчера во продажба се пуштени билетите за саботниот спектал во „Јане Сандански“ и тоа со цена од по 100 денари за сите блокови. Влезниците веќе може да се купат преку интернет и тоа на www.karti.com.mk и www.mktickets.mk , како и преку продажните места на „МК Тикетс“ ширум државата. На денот на натпреварот билетите ќе се продаваат и на билетарницата пред арената во населба Аеродром и тоа од 12 часот па сѐ до почетокот на мечот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarskoto-derbi-vo-aerodrom-za-samo-100-denari/feed/ 0
Драган Николиќ доби жестока казна од Федерацијата, ќе следи и отказ од МЗТ Скопје! https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dragan-nikolik-dobi-zhestoka-kazna-od-federatsijata-ke-sledi-i-otkaz-od-mzt-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dragan-nikolik-dobi-zhestoka-kazna-od-federatsijata-ke-sledi-i-otkaz-od-mzt-skopje/#respond Tue, 02 May 2023 13:44:58 +0000 https://kurir.mk/?p=829740

Драган Николиќ неславно ќе ја заврши својата кариера како тренер на МЗТ Скопје, откако српскиот стратег најпрвин не успеа да обезбеди опстанок во АБА1, за потоа апсолутно да се посрамоти со своето однесување на првиот плејоф меч со Кожув. За подсетување Николиќ турна противнички кошаркар кој беше тргнат во акција кон кошот на аеродромци, по што само поради прибраната реакција на членовите на двата тима не дојде до уште посериозен инцидент. Поради оваа реакција Николиќ доби суспензија од огромни десет натпревари, што практично ќе значи дека Србинот нема да може да седи на клупата на МЗТ до крајот на овој плејоф. Дисциплинецот Милојевиќ не покажа милост, апсолутно заслужено доделувајќи му ригорозна казна на стратегот на актуелниот првак, кој е познат по својот темперамент, но овојпат се надмина себеси со неспортскиот однос. Неофицијално оваа казна ќе го означи и крајот на Николиќ како стратег на МЗТ Скопје. Негов наследник ќе биде Васко Атанасов, младиот стратег под чие водство МЗТ славеше сезонава на гостувањето против Сплит. Се очекува овој стратег најпрвин да го води тимот до крајот на плејофот, а ако успее да ја оправда фаворитската улога и да стигне до титулата по што ќе остане на чело на МЗТ Скопје и за наредната натпреварувачка сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dragan-nikolik-dobi-zhestoka-kazna-od-federatsijata-ke-sledi-i-otkaz-od-mzt-skopje/feed/ 0