МЗЗПР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Apr 2021 05:17:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МЗЗПР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 25 загинати на работното место во 2020, МЗЗПР ќе го презентира годишниот извештај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/25-zaginati-na-rabotnoto-mesto-vo-2020-mzzpr-kje-go-prezentira-godishniot-izveshtaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/25-zaginati-na-rabotnoto-mesto-vo-2020-mzzpr-kje-go-prezentira-godishniot-izveshtaj/#respond Wed, 28 Apr 2021 05:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=503053

По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Македонското здружение за заштита при работа ќе го промовира редовниот Годишен извештај за случени несреќи на работните места во 2020 година. Во извештајот се опфатени бројот на потешки несреќи на работните места и загинати лица во 2020 година, поделени според работни дејности, локации, денови, месеци, пол, возраст, како и извори на информациите. Првиот ваков извештај, МЗЗПР го објави во 2008 година. Оттогаш, се објавува секоја година по повод овој Светски ден за безбедност и здравје при работа. Истовремено, продолжува иницијативата покрената од 2018 година за целосна реализација на проектот за создавање на најмалиот парк на светот. За таа цел, оваа година ќе бидат засадени и нови 25 дрвца, а бројот на садници ќе го отслика бројот на загинати на работното место во текот на минатата година. Светскиот ден за безбедоност и здравје при работа е посветен на оддавање почит на сите работници кои своите животи ги изгубиле поради повреда на работа или професионални болест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/25-zaginati-na-rabotnoto-mesto-vo-2020-mzzpr-kje-go-prezentira-godishniot-izveshtaj/feed/ 0
МЗЗПР со иницијатива до Уставен суд: 100% плата за сите работници заболени од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-so-inicijativa-do-ustaven-sud-100-plata-za-site-rabotnici-zaboleni-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-so-inicijativa-do-ustaven-sud-100-plata-za-site-rabotnici-zaboleni-od-kovid-19/#respond Wed, 07 Apr 2021 08:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=493518

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) испрати иницијатива до Уставниот суд за утврдување на законитоста и уставноста на точка 408 од Правилникот за професионални заболувања (Сл. Весник РСМ бр. 118/20). Здружението бара од Уставниот суд да ја поништи оваадискриминирачка одредба и да се донесе нова одредба со која секој работник кој работи на работни места, каде во согласност соЗаконот за Безбедност и здавје на работа е утврдено постоење на зголемен ризик за заразување со САРС-КоВ-2 вирусот и/или појава на болеста Ковид-19, во случај на инфекција или заболување,да може да ги оствари своите уставно загарантирани права за безбедна работа и еднаквост. -Целосно поддржуваме лекарите и целиот медицински персонал, како и ветеринарскиот и друг помошен персонал и во иднина да ги остваруваат своите права при заболување од Ковид-19 како професионална болест, како што е сега утврдено“, нагласуваат од МЗЗПР. Но, многу е важно конечно да бидат прифатени предложените измени со цел обезбедување на уставно загарантираните права на сите работници, односно признавање на Ковид-19 како професионално заболување за секој работник во земјата. На овој начин секој вработен, наместо досегашните 70% ќе оствари право на боледување со надомест во висина од 100% од својата плата. Ваквиот пристап е многу важен, особено во време кога се бориме за зачувување на секое работно место и егзистенција за секој граѓанин, истакна Милан Петковски, претседател на МЗЗПР. МЗЗПР во својата иницијативата до Уставен суд истакнува и дека сите останатите професии, кои се на првиот фронт на одговорво текот на целата оваа пандемиска криза (полициски службеници, припадници на Армијата, вработените во детските градинки и образованието, вработените во домовите за грижа на стари лица, службеници на шалтери, работници во малопродажба итн.) се изоставени од оваа одредба, со што се врши нивна дискриминација и им се оневозможува користење на нивните права како работници. Истовремено, следејќи ги актуелните законски одредби од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, МЗЗПР покрена и иницијатива за признавање на инфекцијата со САРС-КоВ-2 вирус и/или појавата на акутна болест Ковид-19 кај секој работник кој работи на работно место со зголемен ризик за инфекцијата и/или заболување, истото по автоматизам и веднаш да биде регистрирано како несреќа на работа. Ако ова се прифати, истакнуваат од најстарото здружение за заштита при работа, привременото отсуство од работа (боледувањето)тогаш ќе биде третирано како „несреќа на работното место“ и работникот ќе оствартува надоместок на плата во износ од 100% од износот на платата, за цело време на траење на боловањето. Регистрацијата на инфекцијата и/или болеста Ковид-19 како несреќа на работа, овозможува во понатамошниот период, доколку дојде до трајно влошување на здравствената состојба со последици по работна способност (пост-ковид, долготраен ковид и други форми на трајни здравствени последици), работникот да може, без други законски, административни и стручни проблеми, да го остварува правото на професионална болест, онака како што е тоа утврдено во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и изменетиот Правилник за Листата на професионални болести. -Следејќи ги законските одредби и практиката во областа на безбедноста и здравјето на работа кај нас, неопходно е час поскоро да се направи (пре)оценка на ризикот на работните места и во Изјавата за безбедност на работодавачот да се дефинираат оние, каде постои зголемен ризик за инфекција со новата биолошка штетност САРС-КоВ-2 вирусот и појава на Ковид-19. Тоа произлегува и од директивата на ЕУ од јуни месец минатата година, како и од препораките и политиките на Меѓународната организација на трудот, Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола на заразните болести. Истовремено, работниците по прележаниот Ковид-19, веднаш по нивното враќање на работното место, неопходно е да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а при тоа да биде (пре)оценета нивната работна способност по болеста. Ова е исклучително важно да се направи индивидуално, за секој работник посебно, особено доколку кај него се јавиле одредени ограничувања поради кои не е во состојба да ги исполнува работните задачи на работното место каде бил распореден пред заболувањата. Првенствена цел на оваа мерка е да се заштити здравјето и психо-физичкиотинтегритетот, но и социјалната сигурност на секој претходно заболен работник.  Потсетуваме, дека за оваа цел веќе ја изработивме првата национална методологија за проценка на ризик и утврдување на ковид-возраст кај професионално експонираните работници. Како алатка за пресметка на оваа т.н. ковид-возраст во јавна употреба веќе е пуштен и ковид-калкулатор, посочува претседателот на МЗЗПР, Милан Петковски. Инаку, првата ваква иницијатива МЗЗПР до Владата и другите надлежни институции ја даде уште на 14.5.2020 година. До сега, поддршка на оваа иницијатива дадоа и Конфедерацијата на Слободни Синдикати, Сојузот на Синдикати на Македонија, Здруженија на граѓани од областа на трудовото право, како и лекарите по медицина на труд и бојни инженери, стручни лица за безбедност при работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-so-inicijativa-do-ustaven-sud-100-plata-za-site-rabotnici-zaboleni-od-kovid-19/feed/ 0
МЗЗПР предлага КОВИД-19 да биде признато како професионално заболување за сите работни места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-predlaga-kovid-19-da-bide-priznato-kako-profesionalno-zaboluvanje-za-site-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-predlaga-kovid-19-da-bide-priznato-kako-profesionalno-zaboluvanje-za-site-rabotni-mesta/#respond Fri, 15 May 2020 10:48:11 +0000 https://kurir.mk/?p=346209

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) предлага да се иницира ревизија на национално ниво на Проценките на ризик на сите работни места каде има опасност од заразување на вработени лица со новиот коронавирус. Здружението смета дека професионалното заболување КОВИД-19 треба да биде признаено за сите работни места и усогласено во Правилникот за листата на професионални болести. Од 7 мај годинава, КОВИД 19 се смета за професионално заболување само за лекарите и медицинскиот персонал, ветеринарниот персонал, персоналот вработен во амбуланти и други здравствени организации за негата на луѓето, персоналот што работи во научно-медицинските лаборатории со заразни материјали и персоналот за сузбивање и научно-истражување на заразни болести. – МЗЗПР ја поздравува одлуката за дефинирање на КОВИД-19 како професионално заболување во нашата земја. Но, со ваквиот пристап се занемарува Законот за безбедност и здравје при работа и се дискриминираат останатите работници кои работат на други професии заради тоа што, иако аргументирано можат да бидат заразени од новиот корона вирус на работното место и да ја развијат КОВИД-19 болеста, истата нема да им биде признаена како професионално заболување, велат од МЗЗПР. Со воведувањето на професионалното заболување КОВИД -19, сите заболени ќе имаат право да им биде исплатена плата во полн износ, отсуството за работа ќе биде заведено како „професионално заболување“, а по враќањето на работа вработените ќе бидат препратени на медицински прегледи со цел да се утврди нивната работна способност. – Ова е исклучително важно за секој од нив индивидуално доколку се јават одредени ограничувања во можностите за нивно целосно исполнување на работните задачи, а со првенствена цел да се заштити здравјето, интегритетот на работникот, како и работното место, појаснува МЗЗПР. Оттаму информираат дека за ова писмено се обратиле до Владата, Министерството за труд и социјална политика и до Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-predlaga-kovid-19-da-bide-priznato-kako-profesionalno-zaboluvanje-za-site-rabotni-mesta/feed/ 0
МЗЗПР со донација од маски и ракавици за Испекцискиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-so-donacija-od-maski-i-rakavici-za-ispekciskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-so-donacija-od-maski-i-rakavici-za-ispekciskiot-sovet/#respond Sat, 25 Apr 2020 15:04:09 +0000 https://kurir.mk/?p=337222

Грижата за здравјето на секој човек во огромна мера се огледа преку почитувањето на стандардите за безбедност и здравје при вршење на работните активности. Токму затоа, обврска и поширок национален интерес е заштитата на инспекциските службеници од сите потенцијални ризици при вршењето на нивните тековни обврски – ова беше заеднички констатирано од страна на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска и претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, Милан Петковски. За таа цел, земајќи ја во предвид вонредната состојба со цел превенција од ширење на корона вирусот, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и нејзините членки,следбено на остварената комуникација и потврда за потребата на лична заштитна опрема, на Инспекцискиот совет донира лична заштитна опрема во висина од 183.600 денари која се состои од: -1.700 маски за повеќекратна употреба изработени од материјал кој се употребува во здравство, испитан по стандард MKC F.C2.401; -1.700 ракавици плетени од полиамед обложени со полиуретан Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, за време на примопредавањето на заштитната опрема, ја истакна важноста од оваа донација која директно придонесува за подобрување на БЗР стандардите во институцијата. -Вложуваме огромни напори, но првенствено сакаме преку личен пример да покажеме дека законите важат за сите, а заштитата на здравјето на луѓето секогаш е наш врвен приоритет. Инспекциските служби се секојдневно на терен и се најдиректно изложени на ризикот поврзан со коронавирусот. Како институција и како Влада правиме сè што е во наша моќ за да го заштитиме нивното здравје. Би сакала да искажам голема благодарност до МЗЗПР кои ја препознаа оваа наша потреба и со донацијата директно придонесуваат во реализацијата на заложбата на Советот, посочи Филиповска-Грашкоска. Претседателот на МЗЗПР, Милан Петковски ја истакна важноста на превентивната улога на БЗР и изрази уверување дека ваквиот потег ќе претставува дополнителен поттик за сите општествено одговорни организации со цел дополнителна поддршка и заштита на сите работници во земјата. -Предавањето на донацијата е уште една потврда дека Македонското здружение за заштита при работа се залага да ги оствари своите цели, односно активно делува на полето на безбедноста и здравјето при работа. Очекувам дека оваа симболична, но важна донација која значи зачувување на здравјето на луѓето и потенцијално спасување на човечки животи, ќе биде поттик и мотивација за други здруженија, поединци и општествено одговорни компании кои на сличен начин ќе дадат поддршка на оние кои катадневно се наоѓаат на првите линии, непосредно изложувајќи се на ризикот од Ковид-19. Наша заедничка обврска е да направиме сè и да ги заштитиме на нивните работни места!, истакна Петковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-so-donacija-od-maski-i-rakavici-za-ispekciskiot-sovet/feed/ 0