на магистри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Mar 2023 11:07:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png на магистри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДЗС: Намален бројот на доктори на науки и на магистри во 2022 во споредба со претходната година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-namalen-brojot-na-doktori-na-nauki-i-na-magistri-vo-2022-vo-sporedba-so-prethodnata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-namalen-brojot-na-doktori-na-nauki-i-na-magistri-vo-2022-vo-sporedba-so-prethodnata-godina/#respond Mon, 27 Mar 2023 11:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=816878

Звање доктор на науки минатата 2022 година стекнале 197 лица, што е намалување за два процента во споредба со 2021 година. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС), најголем број  (31.0 проценти) докторирале во здравството и социјалната заштита,  17.8 отсто во бизнисот, администрацијата и правото, 10.2  отсто во општествените науки, новинарството и информирањето, 9.1 проценти во  уметноста и хуманистичките, а останатите области се со помал процент на застапеност. Лани докторска дисертација одбраниле 99 жени, што е 50.3 проценти од вкупниот број лица што докторирале во 2022 година. -Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 25.9 отсто, ја вршат својата професија во дејностите на здравствената и социјалната заштита, наведува ДЗС во објавата. Звање магистер на науки и специјалист, пак, во 2022 година стекнале 1883 лица, од кои 1590 или 84.4 проценти се магистри и 293 или 15.6 проценти се специјалисти. Во споредба со 2021 година, наведува ДЗС, бројот на магистри и специјалисти е намален за 4.7 отсто. Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2022 година е 61.3 проценти. Најголем број од магистерските трудови лани, 611 или 38.4 отсто, биле од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 18.5 проценти се од областа на инженерството, производството и градежништвото. Потоа следуваат општествените науки со 15.1 отсто, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-namalen-brojot-na-doktori-na-nauki-i-na-magistri-vo-2022-vo-sporedba-so-prethodnata-godina/feed/ 0