на сила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Jan 2021 09:55:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png на сила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стапи во сила Договорот за забрана на нуклеарното оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapi-vo-sila-dogovorot-za-zabrana-na-nuklearnoto-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapi-vo-sila-dogovorot-za-zabrana-na-nuklearnoto-oruzje/#respond Sat, 23 Jan 2021 09:55:42 +0000 https://kurir.mk/?p=458868

Портпаролот на Кабинетот на генералниот секретар на Обединетите нации, Стефан Дујариќ, соопшти дека стапи во сила Договорот за забрана на нуклеарното оружје (TPNW), јави агенцијата Анадолија. Дујариќ истакна дека тоа е прв меѓународен договор за забрана на нуклеарното оружје што стапил во сила. Раководството на Обединетите нации го поздрави стапувањето во сила на договорот, што се случи откако потребните 50 членки на ОН го ратификуваа документ. Последна земја што го направи тоа беше Хондурас, потсетува Анадолија. Договорот за забрана на нуклеарното оружје беше усвоен на 7 јули 2017 година со гласовите на 122 од вкупно 193 членки на Генералното собрание на ОН. Целта на договорот е уништување на нуклеарното оружје и забрана на развојот на ново оружје во целиот свет. Од усвојувањето досега, параф на договорот ставија 84 земји, а 50 од нив изречно бараа целосно да се забрани развојот, производството, тестирањето и складирањето на нуклеарното оружје. Договорот не го потпишаа земјите што поседуваат нуклеарно оружје – САД, Русија, Велика Британија, Кина, Франција, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел, јави Анадолија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapi-vo-sila-dogovorot-za-zabrana-na-nuklearnoto-oruzje/feed/ 0
Стапија во сила новите уставни амандмани во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapija-vo-sila-novite-ustavni-amandmani-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapija-vo-sila-novite-ustavni-amandmani-vo-rusija/#respond Sat, 04 Jul 2020 16:43:52 +0000 https://kurir.mk/?p=369012

Денеска во Русија во сила стапија измените на Уставот што беа усвоени на референдумот, со што претседателот Владимир Путин има можност да се кандидира за уште два шестгодишни мандати и да остане на власт до 2036 година. Путин вчера го потпиша извршниот налог за поставување на 4 јули како датум на влегување во сила на амандманите, за кои на референдумот гласаа речиси 78 проценти од гласачите, а исходот од гласањето Кремљ го оцени како „триумф“. Освен што новиот Устав сега на Путин ќе му овозможи уште два мандата, до 2036 година, тој на сите поранешни руски претседатели им дава и имунитет од гонење. Според новиот устав, исто така, бракот е дефиниран како заедница меѓу маж и жена, свое место во него доби и рускиот јазик, а се споменува и „вербата на Русите во Бога“, иако земјата останува секуларна држава. Забрането е руска територија да и се даде на други земји, што аналитичарите ја поврзуваат со анексијата на Крим. Промените го оневозможуваат најголемиот противник на рускиот претседател, опозиционерот Алексеј Навални, да се кандидира за највисока политичка функција во следните 15 години, забележува Хина, затоа што секој претседателски кандидат мора да живее во Русија најмалку 25 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapija-vo-sila-novite-ustavni-amandmani-vo-rusija/feed/ 0
Стапува на сила нов Закон, игнорирањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права значи разрешување за судијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapuva-na-sila-nov-zakon-ignoriranjeto-na-presudite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-znachi-razreshuvanje-za-sudijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapuva-na-sila-nov-zakon-ignoriranjeto-na-presudite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-znachi-razreshuvanje-za-sudijata/#respond Wed, 16 May 2018 21:19:55 +0000 https://kurir.mk/?p=55014

Стапува на сила Законот за измена и дополнување на законот за судовите според кои судот е должен да ги земе во предвид и да посвети посебно внимание на праксата на Европскиот суд за човекови права и ставовите изразени во конечните пресуди, особено имајќи ги во предвид одредбите од Законот за измена и дополнување на законот за судови. (Службен весник бр.83 од 08.05.2018), каде законодавецот во членот 17 предвидел дека еден од основите за разрешување на судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврдени со закон се смета дека е исполнет ако: -Е донесена пресуда од страна на Европскиот суд за човекови права во која е утврдена повреда од членовите 5 и 6 од Европската конвенција за човекови права. А во членот 18 предвидел дека доколку судијата при одлучувањето не ги применува ставовите изразени во конечните пресуди на Европскиот суд за човекови права, се смета дека прави потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на  одговорност на судија како основ за разрешување. Судијата Добрила Кацарска во предметот Тенк против Груевски е првата која ќе треба да ги примени измените. Во текот на глвната расправа одбраната постојано изнесуваше приговори повикувајќи се на пресуди на Европскиот суд за човекови права, но судот ги игнорираше. Од денес па натаму, игнорирањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права значи разрешување за судијата!  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapuva-na-sila-nov-zakon-ignoriranjeto-na-presudite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-znachi-razreshuvanje-za-sudijata/feed/ 0