на точак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Sep 2022 06:07:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png на точак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Десет години „НаТочак“: Незабележителни промени во безбедноста на велосипедистите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deset-godini-natochak-nezabelezitelni-promeni-vo-bezbednosta-na-velosipedistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deset-godini-natochak-nezabelezitelni-promeni-vo-bezbednosta-na-velosipedistite/#respond Wed, 21 Sep 2022 06:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=735507

Во пресрет на одбележувањето 10 години постоење, кое ќе се одржи в сабота на плоштад „Македонија“, граѓанската иницијатива „НаТочак“ соопшти дека во изминатата деценија има промени во велосипедскиот сообраќај во главниот град, но дека сме далеку, како што велат, од тоа што Скопје можеше да биде денес доколку постоеше институционална посветеност.

– Ако споредиме со деценија претходно, направено е многу, но, сепак, далеку сме од она што Скопје можеше да биде денес доколку имаше поголема посветеност од страна на институциите и посериозен пристап кон велосипедскиот сообраќај, е заклучокот на претставниците на оваа граѓанска иницијатива. Според нив,  „Скопје Велоград“ е сè уште визија, а не реалност, автомобилскиот сообраќај е сè уште приоритет при сообраќајното планирање, а изминатите десет години биле борба за докажување, поучување и прикажување примери од многу европски градови за тоа како изгледаат достојни услови за возење точак. -Таа борба ни оддалеку не е завршена и ќе трае бидејќи бројот на велосипедисти драстично се зголеми, а инфраструктурата и безбедноста заостануваат и не ги следат потребите на скопјани. Најгорчливите проблеми денес се во делот на безбедноста каде има незабележителни промени и таа тема сè уште третира на ниво на лична одговорност. Во 2022 година Скопје нема мултимодален транспорт и се дизајнираат улици и булевари без да се земат предвид велосипедистите. Од друга страна, имавме позитивни примери на стеснување на сообраќајни ленти за да се издвои велосипедска патека, велосипедситите  првпат влегоа во статистиката, а се уредија и постоечките патеки од 70-тите и 80-тите во функционална инфраструктура долж булеварите, наведуваат од иницијативата „НаТочак“, која пред десет години беше формирана од група велосипедисти  за покренување на свеста за велосипедот како превозно средство.

Одбележувањето на 10-годишнината на „НаТочак“ в сабота ќе почне со 90-тата Критична маса – од Плоштад Македонија во 11 часот и ќе заврши во МКЦ со музичка и забавна програма.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deset-godini-natochak-nezabelezitelni-promeni-vo-bezbednosta-na-velosipedistite/feed/ 0
„НаТочак“: Мостот „Обединети нации“ утрово непрооден за пешаци и велосипеди, градските власти им посакаа среќа следниот пат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/natochak-mostot-obedineti-nacii-utrovo-neprooden-za-peshaci-i-velosipedi-gradskite-vlasti-im-posakaa-srekja-sledniot-pat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/natochak-mostot-obedineti-nacii-utrovo-neprooden-za-peshaci-i-velosipedi-gradskite-vlasti-im-posakaa-srekja-sledniot-pat/#respond Mon, 22 Mar 2021 08:31:49 +0000 https://kurir.mk/?p=485926

Фејсбук групата „НаТочак“ преку статус објавуваат дека единствениот тротоар преку кој може да се помине реката Вардар ако сте пешки или на точак ова утро не е чист од снегот. Станува збор за мостот „Обединети нации“ во Влае. -Ова е главната врска на западниот дел на Скопје (Влае, Ѓорче, Сарај) со остатокот од градот. Единствено по овој тротоар може да се премине реката Вардар ако сте пешки и на точак. На железничкиот мост кај Фабриката Купрум нема ни тротоар. Утрово на тие што тргнаа на работа со кола Градот им рече: „Мислиме на вас“. На тие што излегоа пешки, на точак или со автобус им рече: „Повеќе среќа следниот пат, за посигурно - изберете кола“, стои во нивниот пост на Фејсбук.
Ова е главната врска на западниот дел на Скопје (Влае, Ѓорче, Сарај) со остатокот од градот. Единствено по овој... Posted by НаТочак - NaTochak on Понеделник, 22 март 2021

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/natochak-mostot-obedineti-nacii-utrovo-neprooden-za-peshaci-i-velosipedi-gradskite-vlasti-im-posakaa-srekja-sledniot-pat/feed/ 0
Кога кај нас вака: Велосипедска патека долж брегот во Турција, „НаТочак“ апелира за вакви промени и во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-kaj-nas-vaka-velosipedska-pateka-dolz-bregot-vo-turcija-natochak-apelira-za-vakvi-promeni-i-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-kaj-nas-vaka-velosipedska-pateka-dolz-bregot-vo-turcija-natochak-apelira-za-vakvi-promeni-i-vo-makedonija/#respond Fri, 14 Aug 2020 10:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=390683

НаТочак, групата ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје, продолжува со активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство. Преку социјалните мрежи, групата ја сподели веста за новата велосипедска патека што во јули беше отворена долж брегот на Средоземното Море во Турција, долга 25 километри, една од најдолгите во регионот. Оваа патека е од големо значење за локалците, но и за туристите. Можете да се восхитувате на шумите од една и морето од друга страна. Патеката е дел од намерите на Турција за промовирање на поздрав стил на живот и намалување на загадувањето од возилата. Државата планира да изгради 4.775 километри велосипедски патеки до 2023 година по повод 100-годишнината од постоењето на Република Турција, нагласуваат од #НаТочак. Овие ленти и патеки на иницијатива на Турција ќе бидат интегрирани во ЕуроВело мрежата која се состои од 15 велосипедски рути на долги дистанци кои велосипедски го поврзуваат европскиот континент. На ОВОЈ линк може да најдете интерактивна мапа со информации за сите рути. #НаТочак потсетуваат дека две од нив, рута 11 и рута 13, е планирано да минуваат низ Македонија и нагласуваат дека „не ни треба иницијатива, треба само да ги спроведеме“. Според планот на Турција, велосипедски патеки се планирани за урбана средина, но и за природа, меѓу населени места и во рамки на национални паркови. На пример, велосипедска патека се планира да ги поврзе Измир и Анталија, рута која ќе поврзе повеќе популарни резорти за одмор, но и повеќе историски локалитети. Според правила и стандарди донесени во Турција во 2019 година, задолжителна е вклученоста на велосипедски патеки и велосипедски паркинг во урбанистичките планови. Исто така, велосипедските ленти се интегрираат со јавниот превоз. Стандардите за првпат дефинираат и „велопати“ (велосипедски автопати), велосипедски мостови и тунели, значајна промена за држава во која во моментов велосипедистите се изложени на огромен ризик делејќи го просторот со автомобилите, објави групата, цитирајќи го текстот на турски Daily Sabah.
„Ваква промена сакаме да видиме и кај нас. За тоа ни треба Министерство за транспорт и врски со визија за 21-ви век. Ова Министерство е надлежно за сите стандарди за урбанистичко планирање, низ него минуваат сите урбанистички планови и инфраструктурни проекти. Ова Министерство треба да донесе Правилник за велосипедска инфраструктура и како носител (во соработка со други министерства) Стратегија за развој на велосипедскиот сообраќај на ниво на државата. Па секој Град да мора да ги носи урбанистичките планови во склад со Планови за одржлива мобилност и да мора да вклучуваат мрежа на велосипедски патеки во рамки на градот. Па да видиме велосипедски поврзувања меѓу населени места и туристички дестинации... Па да се спроведат Еуровело рутите по текот на Вардар и низ источна Македонија... Да се шири железничката мрежа и да се интегрира со велосипедскиот сообраќај...“, апелираат од #НаТочак.
Во прилог, од групата ја споделуваат нивната Црвена линија бр 3. Меѓуградски велосипедски сообраќај и велосипедски туризам од 10-те #ЦрвениВелоЛинии испратени до сите политички партии уште во март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-kaj-nas-vaka-velosipedska-pateka-dolz-bregot-vo-turcija-natochak-apelira-za-vakvi-promeni-i-vo-makedonija/feed/ 0