На зајдисонце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jul 2022 09:00:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png На зајдисонце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почна 11. „На зајдисонце“ во Трпејца https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-11-na-zajdisonce-vo-trpejca/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-11-na-zajdisonce-vo-trpejca/#respond Thu, 21 Jul 2022 09:00:01 +0000 https://kurir.mk/?p=708310

Со изложба на слики од уметникот Мајкл Клос од Канада и настап на бендот „8balls“ синоќа во охридското село Трпејца почна 11. издание на „На зајдисонце“. Организатор на манифестацијата е здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“, со поддршка на Општина Охрид. Советникот и претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации Перчо Божиноски во име на Локанлата самоуправа ги поздрави присутните со уверување дека и годинава културно-забавното лето во Трпејца ќе понуди сплет од креативна сценска програма, со уметнички, спортски и едукативни содржини, кои ќе привлечат многубројна публика. – Престојот овде, во овој живописен амбиент на брегот на Охридското Езеро, што плени со најпрекрасните пејсажи кои природата секојдневно ги подарува, носи едно неописливо чувство на мир и хармонија. Секој момент поминат тука ни носи нова убавина и нова привилегја за неповторливо доживување, рече Божиновски. Со сета своја уникатност, нагласи, оваа крајбрежна населба е своевидна атракција, која незапирливо го привлекува вниманието на гостите и туристите, а ваквите настани само ја надополнуваат и ја збогатуваат туристичката понуда. На летната сцена вечер ќе настапат младите од Црвен крст-Охрид со поетско-музичкиот перформанс „Треба да бидеме подобри“. Во наредните седум дена манифестацијата „На зајдисонце“ пред домашната и странска публика ќе прикаже културни, забавни и спортски содржини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-11-na-zajdisonce-vo-trpejca/feed/ 0
Почнува традиционалното „На зајдисонце“ во Трпејца https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-tradicionalnoto-na-zajdisonce-vo-trpejca/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-tradicionalnoto-na-zajdisonce-vo-trpejca/#respond Wed, 20 Jul 2022 10:42:02 +0000 https://kurir.mk/?p=707845

Со изложба на слики од уметникот Мајкл Клос од Канада и настапот на бендот „8balls“, денеска почнува 11. издание на Културно-забавната манифестација „На зајдисонце“ во Трпејца, во организација на здружението „За Трпејца со љубов“. Според организаторот, годинашната манифестација, што ќе се одржува до 28 јули ќе понуди низа интересни содржини со кои ќе го привлечат вниманието на гостите кои летуваат во Трпејца. – На летната сцена под ведро небо, в четврток ќе настапат младите од Црвен крст – Охрид со поетско-музичкиот перформанс „Треба да бидеме подобри“. Следниот ден е резервиран за поетесите Вера М. Самарјанин и Марика Тапанџиева и пејачот Драган Мијалковски, соопшти здружението. В сабота своја видео презентација на тема „Трпејца низ вековите“ ќе има Петар Симоноски, а ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ во режија Димитрија Османли. Настап ќе има и гитаристот Горан Кичеец. Традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање ќе се одржат в недела, а вечерта мини концерт ќе одржи дуото „Black Moon“ од Охрид. – Следната вечер ќе почне нова содржина наменета за забава на гостите, односно ќе се одржи трката со куфери по скалинадата во Трпејца. За тројцата најбрзи ќе има интересни награди. Предвидено е и запознавање со „Богатството на Охридското Езеро“ и концерт на класична музика насловен „Млади надежи“, информира „За Трпејца со љубов“. Наредните денови најмладите преку цртежи ќе го овековечат зајдисонцето во Трпејца, нивните трудови ќе бидат и претставени пред гледачите. – По традиција ќе биде поставена и изложба на дела од минатогодишната четврта Уметничка колонија која секој септември се одржува во Трпејца. Ќе настапи танчерската група „Dancing Angels“, а вечерта ќе биде заокружена со гостувањето на д-р Анис Сефиданис, кој ќе се обиде гледачите на популарен и интерактивен начин да ги воведе во светот на компјутерите и роботиката, стои во најавата. Претпоследната вечер од годинашното „На зајдисонце“ е резервирана за видео изложбата на фотографии направени со мобилен „Трпејца низ објективот на туристите“ и настапот на пејачката група и оркестар на ансамблот „Ѓердан од бисери“ од Охрид. Културно-забавното лето во Трпејца ќе биде заокружено со вечер посветeна на познатиот македонски хармоникаш и композитор Гоце Џуклески, градскиот хор „Вокс Лихнидос“ и пејачот Мирко Вретовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-tradicionalnoto-na-zajdisonce-vo-trpejca/feed/ 0
Десетто јубилејно културно-забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/desetto-jubilejno-kulturno-zabavno-leto-na-zajdisonce-vo-trpejca/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/desetto-jubilejno-kulturno-zabavno-leto-na-zajdisonce-vo-trpejca/#respond Mon, 19 Jul 2021 05:44:46 +0000 https://kurir.mk/?p=538396

Од утре до 28 јули во Трпејца ќе се одржи десеттото културно-забавно лето „На зајдисонце“. Манифестацијата се одржува под покровителство на Општина Охрид, а веќе втора година е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, како и од други бројни спонзори и помагатели. Во чест на десетгодишнината ќе биде прикажан и видео материјал под наслов „Ние на зајдисонце“. Вечерта ќе биде заокружена со концерт на познатите „Силви Бенд“. Следните седум дена трпејчани и гостите ги очекуваат средбите со Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со авторите на Рибарскиот алманах, проф. д- р Теон Џинго, доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе и презентерот Славчо Новески, како и настанот работно насловен „Еден поглед на Трпејца од ономастички аспект“ со проф. д-р Мери Јосифовска. Десеттото „На зајдисонце“ се вклучува во одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на големиот Блаже Конески со вечер „Поезијо чувствата ми ги будиш“ на која со избор од поезија од Конески и од други домашни светски поети ќе настапат Марија Кондовска, Симон Јаковлев – Писин во придружба на Лео Спасески – Охридски ( синтисајзер). На листата на учесници се и младите Христијана Матеска – хармоника и Марија Џуклеска – виолина. Тие ќе настапат на Вечерната променада наречена „Со кајче по езерото“ а во Трпејца свои концерти ќе одржат дуото „BLACK MOON“ , бендот „Броз“, Градскиот хор „Вокс Лихнидос“, ансамблот „Билјана“ и пејачката група и оркестар од Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид. Од културните настани во рамките на летото се и традиционалната изложба на дела од Ликовната колонија „Трпејца 2020“ и настанот „Цртаме на зајдионце“. Во рекреативниот дел се традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и Малиот пливачки маратон помогнати од Асоцијацијата „Спорт за сите“ и традиционалната прошетка по патеката „Чоколско“. Сите содржини во рамки на манифестацијата се бесплатни и под отворено небо. Вечерните настани започнуваат од 20:30 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/desetto-jubilejno-kulturno-zabavno-leto-na-zajdisonce-vo-trpejca/feed/ 0
Забава за сите „На зајдисонце“ во Трпејца https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabava-za-site-na-zajdisonce-vo-trpejca/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabava-za-site-na-zajdisonce-vo-trpejca/#respond Mon, 27 Jul 2020 12:28:21 +0000 https://kurir.mk/?p=382087

Уште два дена до крајот на културно – забавната манифестација „На зајдисонце“ исполнети со атрактивни содржини кои се очекува да привлечат уште повеќе гледачи на летната сцена во крајезерската населба Трпејца. Денеска заинтересираните за рекреативно пешачење ќе ја откријат патеката Чоколско која е на дофат на Трпејца, а е дел од Националниот парк „Галичица“. Во вечерниот термин од 20 часот ќе гостува поп групата „Броз“ која до пред пандемијата од Ковид – 19 ги полнеше кафетериите при секој свој настап во Охрид. И викендов што остана зад нас во одлично посетената Трпејца од туристи, почитувајќи ги сите мерки за заштита од коронавирусот организаторот на културно – забавното лето понуди интересни содржини. Петтата вечер, во петокот помина во знакот на класичната музика и театарот. На брегот крај езерото за трпејчани и гостите, а подоцна и на фестивалската сцена настапија: Леона Неделкоска (флејта), Наум Палоски (кларинет) и Андреј Пувтоски (хармоника) обајцата од Пештани. Со два раскази и една народна приказна веднаш потоа се претстави Театарската работилница предводена од актерката составена од деца летувалци и деца од Трпејца. Ден потоа се одржа забавно-рекреативниот настан „Фаќаме риба на јадица”, а вечерта мина во знакот на Концертот на евергрин музука со Емилија Маринова и Јане Тодороски. Тие со овации беа испратени од страна на публиката и два биса, како доказ за прекрасниот флуид и штимунг на сцената и меѓу публиката. Вчера се одржа традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ како потсетување на славното време на Кајакарскиот клуб „Рибар“ од Трпејца. Вечерта на сцената Кај бунарот помина во знакот на творештвото на македонскиот писател, новинар, публицист и хроничар Данило Коцевски. Неговата ќерка – новинарката Јана Коцевска и актерката Марија Кондовска потсетија на неговите раскази од книгата „патување за Аркашон“ во којаДанило Коцевски има објавено неколку раскази сврзани со Трпејца и трпејчани. -Тоа ни дава за право да кажеме дека Коцевски освен што е хроничар на Скопје ( патем настанот се поклопи со 57 годишнината од скопскиот земјотрес ) дека Данило е хроничар и на Трпејца , рече Јана Коцевска. Синоќа пред нова публика репризно беше прикажана репортажата „Трпејца на дланка“ премиерно прикажана во средата. Деветтото „На зајдисонце“ утревечер ќе биде заокружено со настапот на анасамблот „Билјана“ и изложбата на слики од минатогодишната Втора меѓународна ликовна колонија одржана во Трпејца а во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“. Годинашното „На зајдисонце” е под покровителство на Општина Охрид, финансиски поддржано од Министерството за култура и од Делегацијата на ЕУ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabava-za-site-na-zajdisonce-vo-trpejca/feed/ 0