„На зајдисонце“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Jul 2023 08:53:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „На зајдисонце“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Трпејца почнува 12 издание на манифестацијата „На зајдисонце“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-trpejtsa-pochnuva-12-izdanie-na-manifestatsijata-na-zajdisontse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-trpejtsa-pochnuva-12-izdanie-na-manifestatsijata-na-zajdisontse/#respond Wed, 19 Jul 2023 08:53:42 +0000 https://kurir.mk/?p=858009

Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид од утре до 28 јули по 12 пат оваа туристичка населба и гостите ќе „дишат“ во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“. Сцената ќе биде отворена утревечер со изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија што се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама. И оваа година манифестацијата ќе понуди повеќе културно-забавни содржини, со историски часови, презентации на трудови, проекции на документарни филмови, панорамски прошетки, изложби, спортски активности...Кај рекреативните и забавни содржини се издвојува атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца. Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески – Мац . Општата цел и концептот на манифестацијата е преку промоција, пред се на познати и признати уметници секој во својата област, со поддршка и отворена афирмација на млади таленти кои потекнуваат од Трпејца и Охрид, но и земјата, па дури и од странство да се збогати културната понуда во ова туристичко место. Здружението „За Трпејца со љубов“ освен културолошка димензија и градење публика за културни настани во една селска средина има за цел и реализација на забавни содржини кои ќе ја подигнат туристичката понуда на Трпејца која е веќе позната на туристичката мапа во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-trpejtsa-pochnuva-12-izdanie-na-manifestatsijata-na-zajdisontse/feed/ 0