набавка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Feb 2023 19:09:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png набавка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Асоцијација за цистична фиброза: Првите дози на ,,Трикафта” ги очекуваме на почетокот на март https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asotsijatsija-za-tsistichna-fibroza-prvite-dozi-na-trikafta-gi-ochekuvame-na-pochetokot-na-mart/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asotsijatsija-za-tsistichna-fibroza-prvite-dozi-na-trikafta-gi-ochekuvame-na-pochetokot-na-mart/#respond Thu, 09 Feb 2023 19:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=798604

Од Асоцијацијата за цистична фиброза информираат за заедничкиот договор кој произлегол по состанокот со премиерот во Владата. -Денес бевме на разговор во Влада, со премиерот и претставници од неговиот кабинет. Присуствуваше и директорката на фондот за здравство. Постигнат е заеднички договор околу: 1. Тим за промена на законите за: – јавни набавки – лекови – здравствено осигурување кои имаат за цел да ја овозможат директната набавка на лекот Трикафта од производителот. 2. Над 2 200 000 евра(140 000 000 денари) префрлени на Педијатрија за итна набавка на лекот за најкритичните од фондот по итна постапка, веднаш. Нема бројка на пациенти заради се уште недефинирана цена на лекот за Македонија. Минимум за 8, максимум за 30 груба проценка. Ја очекуваме до почеток на месец март 2023 година. 3.Три годишна програма за сите пациенти на кои им соодвестува лекот. Не 8, не 30, не 65 туку СИТЕ. Нови ќе влегуваат во таа рамка согласно возраста. 4. Доколку се реши вака и не потфрлат со ова, ќе имаме системско решение за сите и веќе никој нема да стравува дали е дел или не од група што ќе го добие.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asotsijatsija-za-tsistichna-fibroza-prvite-dozi-na-trikafta-gi-ochekuvame-na-pochetokot-na-mart/feed/ 0
Данела набавува мазут за ЈСП, дали ќе си поднесе кривична против себе? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-nabavuva-mazut-za-jsp-dali-ke-si-podnese-krivichna-protiv-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-nabavuva-mazut-za-jsp-dali-ke-si-podnese-krivichna-protiv-sebe/#respond Wed, 18 Jan 2023 17:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=789107

Дали сите субјекти што користат мазут се и загадувачи? Дали тоа значи дека сите треба да сносат санкции? Барем, според она што е објавено во Јавни набавки на е-набавки.гов.мк, испаѓа дека државни установи и јавни претпријатија се загадувачи на животната средина. Нормално, за да се користи мазутот влијаат многу параметри, така што паушално не може да се каже дека се загадувачи, како што тоа не треба да се прави и со други правни субјекти за нечии лични хирови. Минатата година на 30 ноември ЈСП Скопје набавило мазут (М1 ХЦ) во вредност од 105.528 евра. Исто така и ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација Скопје набавиле мазут. И Заводот за рехабилитација набавил мазут. Мазут набавил и Студенсткиот дом Кочо Рацин од Битола. Дали Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска смета дека и овие субјекти се загадувачи? И дали кај нив се направени проверки? Од друга страна, испаѓа дека Арсовска набавува мазут, односно директорите поставени од нејзе. Дали таа ќе поденесе тужба на Данеча Аровска? Секако, овој енергенс дека е неопходен во моментов за нивното функционирање во време на енергетска криза. Тогаш, зошто едни се кабает а други не? Ќе потсетиме дека Државниот инспекторат за животна средина му наложи на „УСЈЕ“ дека мора за пет дена да почне да се грее на гас наместо со мазут, бидејќи резултатите од мерењата покажувале дека оџакот од котларата за парно греење која користела мазут на УСЈЕ испуштала многу повеќе азотни оксиди и изнесува 711,9 mg/Nm3. Арсовска, пак, вчера на прес-конференција свикана за аерозагадувњето во градот тврдеше дека цементарницата Титан Усје била еден од причинителите за енормните загадувања на метрополата, потпирајќи се на фактите од анализите кои ги имале направено. Од компанијата велат дека тие ангажираат независни релевантни лаболатории кои редовно вршат мерења кои потвдувале дека емисиите се и под дозволените граници согласно законските одредби. Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот. Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Производството запира доколку филтрите не работат. Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон. – Цементарница Титан Усје. Денес Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) соопшти дека цементарницата „Усје“ ги исполнила задолженијата што и ги постави во врска со емисијата на штетни гасови од двата котли за греење во цементарницата. Како што се наведува во соопштението на Инспекторатот објавено на Фејсбук, цементарницата „Усје“ почнала со користење природен гас (наместо мазут н.з.) како гориво во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати во котларата за загревање на фабриката. Согласно А-интегрираната еколошка дозвола што ја има добиено, фабриката извела соодветен приклучок за мерење на емисиите на штетни гасови со акредитирана метода и почнала со мерење на емисијата на гасови од оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина. Од ДИЖС информираат оти утврдиле дека една од двете печки, конкретно печката број 4 во саботата престанала со редовна работа и ќе биде на ремонт, кој ќе трае 45 дена, а потоа ремонт кој ќе трае исто така 45 ќе се прави и на печката број 3. За ова, како што се наведува, Државниот инспекторат бил писмено известен. Претходно, по спроведените мерења на емисија на гасови во Цементарницата „Титан – Усје“ во Кисела Вода , кои покажаа трипати поголеми количини на гасови од дозволеното, ДИЖС на 12 јануари ѝ определи задолженија на фабриката што треба да ги исполни во рок од пет дена поради утврдените недостатоци. Со законот за заштита на животна средина кој предвидува воведување на регистар за загадувачи и контрола на издадените интегрираните дозволи досега се регистрирани само 30 правни лица а според податоците на градот листата треба да се прошири со уште најмалку 1000 други правни субјекти кои би морале и треба да побараат А или Б интегрирана еколошка дозвола и да вршат соодветна контрола на емисијата на штетни гасови во воздухот.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-nabavuva-mazut-za-jsp-dali-ke-si-podnese-krivichna-protiv-sebe/feed/ 0
Риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра- Владата продолжува да се луксузира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/riba-oktopod-i-morski-plodovi-za-20-500-evra-vladata-prodolzuva-da-se-luksuzira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/riba-oktopod-i-morski-plodovi-za-20-500-evra-vladata-prodolzuva-da-se-luksuzira/#respond Wed, 21 Sep 2022 14:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=735828

Свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра за Владата иако се продлабочува економската криза. Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила три договори со фирма од Скопје од која ќе ја снабдува храната, пренесува Алсат. Првиот договор е вреден 787.500 денари или повеќе од 12.800 евра. За оваа сума, договорната компанија е должна да ја снабдува Владата само со свежа риба. Вториот договор е вреден 262.500 денари или 4.268 евра. За оваа сума Владата ќе се снабдува со замрзната риба и октопод. Додека третиот договор меѓу Владата и фирмата добавувач бил направен за морски плодови и бил вреден 210.000 денари или 3.415 евра. Вкупната вредност на трите договори е 1.260.000 денари или околу 20.487 евра. Од Владата велат дека се работи за редовно годишно снабдување и додаваат дека најверојатно нема да се изврши целокупната набавка предвидена во договорот. „Станува збор за редовно годишно снабдување кое се врши етапно. Ќе се плаќа онолку колку што ќе се потроши, во зависност од бројот на посети на делегациите во текот на оваа година“, рекоа од Владата, додава Алсат. За да не е само со риба и октопод, Владата неодамна потроши и 37 илјади евра за лажици, вилушки и луксузни чинии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/riba-oktopod-i-morski-plodovi-za-20-500-evra-vladata-prodolzuva-da-se-luksuzira/feed/ 0
Парите од набавката за која е осомничен Зеќири завршиле во хрватската фирма, Русковска се чуди како тој не се консултирал со никого https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parite-od-nabavkata-za-koja-e-osomnichen-zekjiri-zavrshile-vo-hrvatskata-firma-ruskovska-se-chudi-kako-toj-ne-se-konsultiral-so-nikogo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parite-od-nabavkata-za-koja-e-osomnichen-zekjiri-zavrshile-vo-hrvatskata-firma-ruskovska-se-chudi-kako-toj-ne-se-konsultiral-so-nikogo/#respond Fri, 29 Apr 2022 19:47:14 +0000 https://kurir.mk/?p=669961

Основната јавна обвинителка Вилма Русковска вечерва обелодени дека паричните средства од набавката за која Обвинителството го гони поранешниот генсек на Владата, Мухамед Зеќири биле префрлени на сметките на хрватската консултантска куќа. На прашањето дали е можно некој да му наложил на Зеќири да ја спроведе набавката без да распише тендер, Русковска во емисијата „Топ тема“ посочи дека тој досега не кажал такво нешто. -Дури и да каже треба да се обезбедат докази за евентуално да се гони тоа лице, рече Русковска. Таа се чуди како Зеќири не се консултирал со никого со оглед на тоа, дека за секоја набавка од над 400.000 евра треба да има и меѓународен тендер, но во случајов не е побарана ниту согласност од Биро за јавни набавки. Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за изигрување на тендерска постапка. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле 145.400 евра. Зеќири доби 30-дневен притвор, додека за хрватските државјани сознанијата се дека се надвор од земјата, поради што ќе се бара помош од Хрватска. Според сознанијата на обвинителството, Зеќири во периодот од април 2021 до јануари 2022, како генерален секретар на Владата, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parite-od-nabavkata-za-koja-e-osomnichen-zekjiri-zavrshile-vo-hrvatskata-firma-ruskovska-se-chudi-kako-toj-ne-se-konsultiral-so-nikogo/feed/ 0
МВР се пофали: Нови 8.550 пара високи специјални чизми – Удобни, лесни и издржливи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-pofali-novi-8-550-para-visoki-specijalni-chizmi-udobni-lesni-i-izdrzlivi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-pofali-novi-8-550-para-visoki-specijalni-chizmi-udobni-lesni-i-izdrzlivi/#respond Fri, 29 Apr 2022 07:51:40 +0000 https://kurir.mk/?p=669571

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека континуираното вложување во современа опрема на припадниците на македонската полиција е еден од приоритетите. -Деновиве во магацините на МВР, врз основа на потребите на Министерството за внатрешни работи, a согласно планот за материјално-техничко унапредување на условите за работа на полициските службеници, вклучително и специјалните единици на МВР, пристигна набавката од 8550 високи специјални чизми со врвен квалитет. Од нив 550 пара се за припадниците на Единицата за брзо распоредување, а 8000 за останатите припадници на полицијата. Вкупната вредност на набавката изнесува нешто над 46 милиони денари без вклучен ДДВ, односно со единечна цена на пар од 5390 денари без вклучен ДДВ, се наведува во соопштението. Од МВР додаваат дека со ова се комплетираат испораките од спроведените јавни набавки на униформа во 2021 година, а се дел од инвестициите во полицијата коишто важат како најголеми по опфатот на служби досега. -Во изминатиот период биле распределени 16.000 летни и зимски панталони и здолништа, ремени и 8.000 зимски јакни. Претходно, сите организациони единици добија униформи, при што униформираната полиција доби по 10.000 пара полувисоки чевли, како и чевли со подебел ѓон, по 10.000 кошули зимски и летни, со долг ракав и со краток ракав, по исто толку летни и зимски капи и ремени, 6.950 машки и 1050 женски маици со кратки ракави со јака. Приправниците добија 670 комплети униформи, а обезбедени се и 2.330 парчиња флоуресцентни елеци. За Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на БЈБ обезбедени се 427 цивилни одела и по 427 цивилни кошули и обувки, а униформи и опрема за воздухопловен персонал доби и Хеликоптерската единица кој се состоеше од зимска летачка јакна и заштитен комбинезон, се наведува во соопштението.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-pofali-novi-8-550-para-visoki-specijalni-chizmi-udobni-lesni-i-izdrzlivi/feed/ 0
При крај е истрагата за набавката на кинеските вакцини отворена во март, вели Ивановска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pri-kraj-e-istragata-za-nabavkata-na-kineskite-vakcini-otvorena-vo-mart-veli-ivanovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pri-kraj-e-istragata-za-nabavkata-na-kineskite-vakcini-otvorena-vo-mart-veli-ivanovska/#respond Thu, 16 Dec 2021 10:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=609247

Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, во претпладневната емисија на ТВ24 рече дека Антикорупциска е при крај со истрагата за набавка на вакцините од кинескиот производител Синофарм која ја отвори уште во март. Изминатата пролет ДКСК ја нарече оваа истрага „комплексна“. Антикорупциска во мај информираше дека добила од Народна банка документ за извршена исплата на седум милиони и 800 илјади долари за увоз на стока кое Министерството за здравство го има исплатено на 15 февруари, а НБ го има реализирано во корист на Стабри Интернешенел од Хонг Конг. - При крај е предметот за набавката на вакцините, ќе излеземе во јавност со јасни докази, информираше кусо Ивановска во студиото на ТВ24. Од МЗ известиле дека немаат исплатено аванс на правно лице за купување кинески вакцини, туку на почетокот на оваа година има извршено уплата на средства на име гаранција со цел да се изврши резервација на 200 илјади дози вакцини од производителот Синофарм од Кина, врз основа на заклучоци од затворена владина седница одржана на 5.февруари. Парите што биле префрлени на Стабри се вратени назад и нема извршено никаква исплата. Владата потоа склучила договор директно со производителот Синофарм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pri-kraj-e-istragata-za-nabavkata-na-kineskite-vakcini-otvorena-vo-mart-veli-ivanovska/feed/ 0
Мицкоски: ЕЛЕМ за 10 дена купила скапа струја од 12 милиони евра, само затоа што владата е неспособна и криминална https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-elem-za-10-dena-kupila-skapa-struja-od-12-milioni-evra-samo-zatoa-shto-vladata-e-nesposobna-i-kriminalna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-elem-za-10-dena-kupila-skapa-struja-od-12-milioni-evra-samo-zatoa-shto-vladata-e-nesposobna-i-kriminalna/#respond Fri, 19 Nov 2021 09:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=597310

Состојбата е алармантна. Денес добив информација дека ЕСМ Трејд поранешно ЕЛЕМ Трејд набавило електрична енергија за потребите на граѓаните за 10 дена во ноември од 21 до 30 ноември во вредност од замислете 12 милиони и 100 илјади евра. Само за 10 дена, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на емисијата Утрински брифинг. -Сега правиме анализа колку се потрошени пари за набавка на електрична енергија во ноември од страна на ЕЛЕМ поранешно, сегашно ЕСМ и мислам дека ќе дојдеме до фрапантна бројка која ќе биде еднаква на оние пари кои ги повлече владата од државните резерви, рече Мицкоски. Тој укажа дека станува збор за пари на граѓаните, на народот. -Тоа се ваши пари некаде околу 65 милиони евра. А допрва доаѓа зимата, допрва доаѓаат студентите месеци како декември, јануари, февруари, па би рекол и март во зависност од тоа каква ќе биде зимата, кажа Мицкоски. Да се изразам фикуративно, рече тој, пациентот е пред хируршка интервенција и прашањето е зошто не се делувало превентивно, да не дојдеме во ваква ситуација. -Уште во 5-6-ти месец предупредував дека ова ќе дојде, ама ме критикуваа, наместо да ја превенираат ситуацијата, рече Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-elem-za-10-dena-kupila-skapa-struja-od-12-milioni-evra-samo-zatoa-shto-vladata-e-nesposobna-i-kriminalna/feed/ 0
ЕСМ денеска ќе соопшти која е фирмата што ќе го добие тендерот на набавка и испорака на 900 илјади тони јаглен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-deneska-kje-soopshti-koja-e-firmata-shto-kje-go-dobie-tenderot-na-nabavka-i-isporaka-na-900-iljadi-toni-jaglen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-deneska-kje-soopshti-koja-e-firmata-shto-kje-go-dobie-tenderot-na-nabavka-i-isporaka-na-900-iljadi-toni-jaglen/#respond Fri, 05 Nov 2021 12:16:06 +0000 https://kurir.mk/?p=591320

ЕСМ денеска ќе соопшти која е фирмата што ќе го добие тендерот на набавка и испорака на 900 илјади тони јаглен неопходни за ставање во погон на Блок 3 во РЕК Битола. Се очекува да биде отриена и висината на тендерот како и динамиката на испорака на јаглен до депонијата на комбинатот. За 24 часа, за производство на струја, еден блок троши пет илјади тони јаглен. Предлогот за прогласување на енергетска кризна состојба во текот на денов ќе биде доставен до Влада, а ќе се разгледува на седница во вторник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-deneska-kje-soopshti-koja-e-firmata-shto-kje-go-dobie-tenderot-na-nabavka-i-isporaka-na-900-iljadi-toni-jaglen/feed/ 0
МЗ: Потпишан договор за набавка на 40 илјади дози четиривалентни вакцини против грип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-potpishan-dogovor-za-nabavka-na-40-iljadi-dozi-chetirivalentni-vakcini-protiv-grip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-potpishan-dogovor-za-nabavka-na-40-iljadi-dozi-chetirivalentni-vakcini-protiv-grip/#respond Fri, 15 Oct 2021 09:33:39 +0000 https://kurir.mk/?p=579489

Министерството за здравство потпиша договор за набавка на 40.000 дози четиривалентни вакцини против грип. Достапноста и испораката на вакцините зависи од производителите. Ова за МИА го информираа од Министерството за здравство од каде посочуваат дека навремено ја спровеле набавката на вакцини за сезонски грип. – Граѓаните кои се вакцинирале со вакцина против Ковид-19, во рок од две недели, односно 14 дена, по примената втора доза, може да се вакцинираат со вакцина против сезонски грип – е препораката на Комисијата за имунизација, потенцираат за МИА од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-potpishan-dogovor-za-nabavka-na-40-iljadi-dozi-chetirivalentni-vakcini-protiv-grip/feed/ 0
Николоски: Набавката на индиски ореви и виски од страна на директорот на ЈП Македонски железници го покажува дното и забеганоста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-nabavkata-na-indiski-orevi-i-viski-od-strana-na-direktorot-na-jp-makedonski-zeleznici-go-pokazuva-dnoto-i-zabeganosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-nabavkata-na-indiski-orevi-i-viski-od-strana-na-direktorot-na-jp-makedonski-zeleznici-go-pokazuva-dnoto-i-zabeganosta/#respond Wed, 29 Sep 2021 14:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=570122

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира набавката на индиски ореви и виски од страна на ЈП Македонски железници, рече дека ова само го покажува дното што го имаат допрено, како и дека во услови кога железничката инфраструктура е катастрофална покажува само колку забегале. Видов во текот на вчерашниот ден објава на Бирото за јавни набавки, каде што директорот на Македонски железници на фирма која што, да знае јавноста, 6 месеци касни со платите на вработените, објави тендер за набавка на обично виски, на виски старо 12 години, не знам ни како ги знаат вака, како ги разликуваат, очигледно има добар вкус, па на индиски ореви, лешници, па на бадеми, па на ф’стаци, па на чисто чоколадо, па на чоколадо мешано со ф’стаци, па на чоколадо мешано со ореви - исто така очигледен добар вкус што само го покажува дното што го имаат допрено, а тоа е дека немаат никакво чувство за реалноста, ниту имаат чувство на кој народ се власт во овој момент и кого претставуваат во услови кога возови во Македонија не возат, кога железничката инфраструктура е катастрофална да одат со тендер за лешници, бадеми, ф’стаци, индиски ореви и 12 годишно виски покажува колку забегале, вели Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-nabavkata-na-indiski-orevi-i-viski-od-strana-na-direktorot-na-jp-makedonski-zeleznici-go-pokazuva-dnoto-i-zabeganosta/feed/ 0