набљудувачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Aug 2022 13:50:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png набљудувачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДИК ги усвои измените на финансискиот план, прифати барања на набљудувачи и го утврди гласачкото ливче за дополнителните локални избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-usvoi-izmenite-na-finansiskiot-plan-prifati-baranja-na-nabljuduvachi-i-go-utvrdi-glasachkoto-livche-za-dopolnitelnite-lokalni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-usvoi-izmenite-na-finansiskiot-plan-prifati-baranja-na-nabljuduvachi-i-go-utvrdi-glasachkoto-livche-za-dopolnitelnite-lokalni-izbori/#respond Thu, 11 Aug 2022 13:50:36 +0000 https://kurir.mk/?p=717175

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 60-та седница, ја усвои Предлог-одлуката за измена и дополнување на финансискиот план за распределба на средства за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово. ДИК ги усвои и барањата за акредитација на набљудувачи на изборите поднесени од Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце, – девет набљудувачи и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) – шест набљудувачи. Четвртата точка, утврдување на изгледот на гласачкото ливче, поради безбедносни причини за заштита и тајноста на содржината, ДИК ја разгледуваше без присуство на медиуми. Пред да биде усвоена првата точка, потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, ја образложи потребата од донесување одлука за измени на финансискиот план за изборите. – Според барањата кои ни пристигнаа од Комисијата за јавни набавки, пристигнати се понуди повисоки од финансискиот план, кој ДИК го усвои претходните избори. Бидејќи немаме време да објавуваме нови постапки, треба да донесеме одлука за измени и дополнување на финансискиот план. Се работи за три ставки, и тоа во делот на паравани, гласачки ливчиња и беџови за набљудувачи. Во делот за беџови на набљудувачи треба да додадеме 5.000 денари, за паравани 30.000 денари и за гласачки ливчиња околу 600.000 денари, соопшти потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху. Таа истакна дека за одреден дел на постапки имаат само еден понудувач. – Треба да направиме анализа зошто ни се случува за гласачките ливчиња да имаме само по еден понудувач, нагласи Шеху. Изборите за градоначалниви на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово треба да се одржат на 20 август. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-usvoi-izmenite-na-finansiskiot-plan-prifati-baranja-na-nabljuduvachi-i-go-utvrdi-glasachkoto-livche-za-dopolnitelnite-lokalni-izbori/feed/ 0
Акредитирани 1598 набљудувачи, новинари и преведувачи за вториот изборен круг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akreditirani-1598-nabljuduvachi-novinari-i-preveduvachi-za-vtoriot-izboren-krug/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akreditirani-1598-nabljuduvachi-novinari-i-preveduvachi-za-vtoriot-izboren-krug/#respond Sun, 31 Oct 2021 05:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=588322

За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи. Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251. Од домашните најбројни се од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 и од Здружението ЦИВИЛ, а останатите се од Центар за слобода Скопје, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак-Сонце, од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје, од Национален ромски центар, од Граѓанска превенција „Превенција за време на избори“ и од Здружението Млади европски федералисти – ЏЕФ. Меѓу странските најмногу се од Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР и од американската Амбасада, а изборите ќе ги следат и набљудувачи од ИФЕС, британската Амбасада, амбасадите на Франција, на Унгарија, на Албанија, на Русија, Холандија, Италија, Чешка, Хрватска, Косово, Грција, Бугарија, Шпанија, Летонија и Австрија, како и од Централната изборна комисија на БиХ. Акредитирани се и 10 странски новинари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akreditirani-1598-nabljuduvachi-novinari-i-preveduvachi-za-vtoriot-izboren-krug/feed/ 0
Акредитирани 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи за изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akreditirani-1045-domashni-i-stranski-nabljuduvachi-i-preveduvachi-za-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akreditirani-1045-domashni-i-stranski-nabljuduvachi-i-preveduvachi-za-izborite/#respond Sun, 17 Oct 2021 04:48:24 +0000 https://kurir.mk/?p=580352

За Локалните избори 2021 што се одржуваат денеска акредитирани се вкупно 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи. Според податоците од Државната изборна комисија, изборите ќе ги мониторираат 714 домашни набљудувачи. Акредитирани се 512 набљудувачи од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 Скопје, 190 набљудувачи од Здружението ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје, како и 12 набљудувачи од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје. Акредитирани за набљудување се и 219 меѓународни набљудувачи и 40 преведувачи. Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 217 набљудувачи, Американската амбасада 15, Британската амбасада Скопје 7, Амбасадите на Франција и на Унгарија по 6, ИФЕС и амбасадата на Албанија по 5, амбасадите на Русија, Холандија и Италија по 4, амбасадите на Чешка и Хрватска, и Централната изборна комисија на БиХ по 3 набљудувачи, амбасадите на Грција, Бугарија и на Шпанија по двајца и амбасадата на Белгија еден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akreditirani-1045-domashni-i-stranski-nabljuduvachi-i-preveduvachi-za-izborite/feed/ 0
Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-kje-gi-sledat-nad-2-000-domashni-i-stranski-nabljuduvachi-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-kje-gi-sledat-nad-2-000-domashni-i-stranski-nabljuduvachi-2/#respond Sun, 12 Jul 2020 13:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=374605

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Досега се акредитирани вкупно 2.148 набљудувачи, од кои 2.018 домашни и 130 странски. Од домашните најбројни се на НВО МОСТ 905, на АКСИОС 2017 – 797, Цивил – Центар за слобода ќе има 278 и Националниот ромски центар – Куманово 38. Меѓу акредитираните меѓународни набљудувачи, според информациите објавени на веб страницата на ДИК, 47 се од ОБСЕ/ОДИХР, Амбасадата на САД ќе има 40, ИФЕС четворица, Француската амбасада 13, Амбасадата на Унгарија 10, на Албанија 4, на Австрија и на Швајцарија по 3, на Бугарија и на Црна Гора по 2 и амбасадите на Холандија и на Канада по еден набљудувач. За известување од изборите досега се акредитирани и десеттина странски новинари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-kje-gi-sledat-nad-2-000-domashni-i-stranski-nabljuduvachi-2/feed/ 0
Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-kje-gi-sledat-nad-2-000-domashni-i-stranski-nabljuduvachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-kje-gi-sledat-nad-2-000-domashni-i-stranski-nabljuduvachi/#respond Thu, 09 Jul 2020 06:10:36 +0000 https://kurir.mk/?p=372201

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи можат да се пријавата за мониторинг на изборите. Досега се акредитирани вкупно 2.148 набљудувачи, од кои 2.018 домашни и 130 странски. Од домашните најбројни се на НВО МОСТ 905, на АКСИОС 2017 – 797, Цивил – Центар за слобода ќе има 278 и Националниот ромски центар – Куманово 38. Меѓу акредитираните меѓународни набљудувачи, според информациите објавени на веб страницата на ДИК, 47 се од ОБСЕ/ОДИХР, Амбасадата на САД ќе има 40, ИФЕС четворица, Француската амбасада 13, Амбасадата на Унгарија 10, на Албанија 4, на Австрија и на Швајцарија по 3, на Бугарија и на Црна Гора по 2 и амбасадите на Холандија и на Канада по еден набљудувач. За известување од изборите досега се акредитирани и десеттина странски новинари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-kje-gi-sledat-nad-2-000-domashni-i-stranski-nabljuduvachi/feed/ 0
Се плаши ли Заев од народот па свесно ја турка Македонија во нова криза?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-plashi-li-zaev-od-narodot-pa-svesno-ja-turka-makedonija-vo-nova-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-plashi-li-zaev-od-narodot-pa-svesno-ja-turka-makedonija-vo-nova-kriza/#respond Mon, 15 Jun 2020 08:56:59 +0000 https://kurir.mk/?p=357960

Се плаши ли лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од народот па свесно ја турка државата во нова, овој пат политичка криза?! Пред три месеци Македонија ја зафати пандемијата со коронавирусот, а малку подоцна влезе и во очекуваната економска криза. Сведоци сме секој ден како другите држави прогласуваат победа над коронавирусот, денес тоа го стори и Еминуел Макрон, францускиот претседател. „Војната против епидемијата не е готова, но среќен сум поради оваа добиена прва битка против вирусот“, изјави Макрон. Предходно тоа го стори Црна Гора, а бројот кај нашите соседи секојдневно се намалува, а со тоа се враќа животот во нормала. Но во Македонија се случува обратното, бројот на заболени и починати од овој вирус драстично се зголеми, а економијата тоне се подлабоко и подлабоко. Дали ваквата ситуација во државата е поради задоцнетите мерки и не сериозност на македонските власти? Но од викендов Македонија е на прагот да влезе во нова криза, овој пат политичка. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е решен по секоја цена да оди на избори, без притоа да обезбеди конкретни протоколи со кои ќе се гарантира здравјето на граѓаните, без ОБСЕ и ОДИХР. Во секоја демократска и нормална држава, без набљудувачи нема избори, едноставно така функционира демократскиот свет, кој очигледно Зоран Заев го гледа поразлично од сите. Вчера прес-конференција одржа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој побара одложување на изборите за десетина дена, со цел да се обезбеди услови за фер и демократски избори. -ВМРО-ДПМНЕ има два услови и тоа се, најпрво да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа да имаме фер, демократски, инклузивни избори во оваа држава. Што значи тоа? Тоа значи дека првиот ден кога набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе бидат во Македонија, веднаш по одржаната нивна прва прес конференција, следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори. Според сегашната ситуација, она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија го антиципира ме првата возможна дата е средината на месец јули, рече Мицкоски. Тоа значи дека Зоран Заев доколку сака фер и демократски избори како што говори, треба да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и изборите да се одложат за само десетина дена и истите наместо на 5 јули да се одржат кон средината на истиот месец. Заев вчера веднаш по прес конференцијата на Мицкоски преку Фејсбук статус се огласи, каде повторно го повтори неговиот став, а тоа се избори на 5 јули. -Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност, напиша Заев. Ќе оди ли Македонија на избори без конкретни протоколи за заштита од коронавирусот и без набљудувачи од ОБСЕ и ОДИХР или власта на Заев ќе се вразуми и ќе го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ останува да видиме.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-plashi-li-zaev-od-narodot-pa-svesno-ja-turka-makedonija-vo-nova-kriza/feed/ 0
Заев сака изборен фалсификат без набљудувачи и прочистен список https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-saka-izboren-falsifikat-bez-nabljuduvachi-i-prochisten-spisok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-saka-izboren-falsifikat-bez-nabljuduvachi-i-prochisten-spisok/#respond Mon, 15 Jun 2020 08:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=357959

Речиси се поизвесно е дека Зоран Заев не се откажува од намерата да имаме избори на 5 јули идниот месец иако бројката на ново заразени расте од ден на ден и истата е троцифрена. Вчера регистрирани се рекордни 9 починати лица и 162 ново заразени лица со што бројката се искачи на 4.057 заразени лица и 188 починати од почетокот на епидемијата во земјава. И покрај овие бројки иако во регионот и Европа сите држави ги откажаа изборите за во иднина, кај нас власта е убедена дека има услови за избори и тоа за само 20-тина дена од денес. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека останува време СДСМ да се вразуми, а на Стево Пендаровски да покаже капацитет за државност и да прогласи вонредна состојба. -Избори може да се случат најрано во средината на јули, тогаш ќе имаме можност и за набљудувачка мисија, но и посигурни здравствени услови. СДСМ да не се коцка со здравјето на граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев сака избори на кои ќе го загрози здравјето на граѓаните без набљудувачка мисија и без прочистен список. Одговорноста за такви едни избори е на Заев, но и за кризата која доаѓа со тоа. Зоран Заев мисли дека на ваков начин ќе избега од одговорност за криминалите. Заев не е во можност да обезбеди ниту услови за избори како во една Белорусија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев и СДСМ незрело и безобѕирно кон здравјето на граѓаните сакаат изборна кланица, со стотици заразени секој ден и по неколку мртви. Заев како најголем некрофил е спремен да кази преку мртви за функција. Заев е причината за избувнувањето на вториот пик на коронавирусот поради предвреме почнатата кампања. Заев прво го стави во ризик здравјето на своите сопартијци, кои заради неговата желба за власт завршија во карантин, а сега сака да ја зарази цела нација, се наведува во партиското соопштение. И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера преку прес-конференција истакна дека на избори ќе одат само доколку се заштити здравјето на граѓаните и доколку има набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР. Нашата земја како и многупати досега во историјата се соочува со дилема пред раскрсница, но оваа е доста важна од повеќе аспекти. Сериозната здравствена криза на површина ги извади сите слабости на нашиот систем и секако даде одговор на прашањето зошто оваа власт на чело со оваа раководство на СДСМ треба да си оди побрзо. Тоа го говорат бројките, тоа го говори таа опасна неспособност на Владата и отсуството на конзистентна политика и мерки, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Сигурно многумина од вас ќе се прашаат што значи ова одолговлекување на изборите, па натегање за датуми, игра на нерви, премостување и ситнење на недели. И ќе ја соопштам поентата, од нашата страна не е прашање на инаетење, туку единствено нешто за кое што се водевме овој период и ќе продолжиме да се водиме во иднина, а тоа е како да предложиме нов протокол за заштита на здравјето награѓаните. Желбата на ова раководство на СДСМ соопштена преку Зоран Заев најпрво беше избори на 7-ми јуни, па потоа велеа 14-ти, па 21 јуни.  Сега гледаме дека 5ти јули е претпоследниот предлог а најновиот датум за избори кој тој го става на маса е 8ми јули, чинам вчера го соопшти. Доколку прифатевме избори на било кој датум од претходно споменатите, еве на пример ако тоа беше 14-ти јуни како што Заев бараше, денес на овој ден требаше да има избори. Но, ќе потсетам дека ние вчера го имавме најцрниот ден на заразени и починати граѓани, дури 200 ново заразени и 8 починати од корона и оваа бројка доколку имаше претходно изборна кампања верувајте дека ќе беше неколку кратко поголема, а Македонија ќе имаше дополнителен хаос, вели Мицкоски. Тој додава дека според ова ќе имавме избори во вториот пик кога еве гледаме дека сме на врвот во светот според заразени по глава на жител. И затоа за мене е многу важно да се премости овој пик, да се создаде стабилизација на состојбата во некаква нормала а во меѓувреме да се прецизираат строги протоколи на гласање кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните. И кога тоа ќе се обезбеди да се оди на гласање со целосно почитување на уставот и законите. Ова пред се значи прочистен избирачки список и присутна мисија на ОБСЕ и ОДИХР во државата. -За мене навистина е поразително што ова раководство на СДСМ  тргна на избори еднострано и со диктат, а се уште немаме ниту прочистен избирачки список, ниту пак  присутна мисија на          ОБСЕ и ОДИХР во Македонија. Колку за споредба дури и во најмалку демократските земји, дури и во една Белорусија пред да отпочне кампањата мисијата на ОБСЕ и ОДИХР се наоѓа во државата, а Заев сака на мала врата со свој диктат и уцена да протурка матни избори какви досега од осамостојувањето до денес не сме имале, потенцираше на вчерашната прес-конференција Мицкоски. И претседателот на ДИК го урна планот на Заев за избори на 5-ти јули Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски смета дека нема причина за закажување на седница на ДИК како што бара СДСМ затоа што според него, за да продолжи целиот изборен процес треба прво претседателот на Собранието, Талат Џафери да донесе решение со нов датум за избори. За МИА вели дека ниту најавил седница, ниту, пак, планира да го направи тоа додека не добие решение од претседателот на Собранието. -Без да го добиеме тоа решение не гледам причина за седница. Тоа е според Изборниот законик. Од денеска сме во редовна состојба во државата и важи Изборниот законик, а не некои уредби што ги донесе Владата за време на вонредната состојба. Четворицата членови на ДИК од СДСМ и БЕСА ми пуштија пред два часа барање за свикување на седница. Согласно деловникот имаат право да побараат, меѓутоа во барањето се повикуваат на уредбите, а според мене и според многумина во државата и експертска и друга јавност и Уставниот суд уредбите важат само додека трае вонредната состојба. Немам рок за одговор, но ќе им одговорам дали ќе закажам или не седница. Им оставам сами да одлучат како ќе постапуваат, а јас нема да учествувам во незаконити дејствија, изјави Оливер Деркоски за МИА. Според шефот на Комисијата за ДИК да работи легитимно и легално треба решение од претседателот на Собрание кое е првиот основен столб во Изборниот законик како се организираат избори. -Претседателот на Собрението со решение го закажува датумот кога и да е, тоа мене не ме интересира кога ќе биде, битно е да има решение врз основа на кое ние после тоа планираме рокови и го носиме роковникот за избори. Без тој прв чекор не може да се организираат избори. Вториот основен чекор во Изборниот законик е избирачкиот список без кој, исто така, ако не е заклучен, потврден, прочистен комплетно согласно Методологијата за избирачки список донесена во февруари 2016 година од претходната ДИК не може да се зборува дека одите на легитимни избори, потенцира Дерковски. Спикерот на Собранието Талат Џафери засега не се изјаснува, но портпаролот на ДУИ Бујар Османи дненскс изјави дека избори без сите партии е можен влез во политичка и безбедносна криза.

Јаковлески: Потребни се избори на средина на јули, да се гарантира безбедноста на луѓето, но и меѓународниот мониторинг

Еден од основачите на партијата денес оценува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се покажал како одличен и државнички. Мане Јаковлески порачува дека избори на 5-ти и 8-ми нема да има. „Потребни се избори на средина на јули. Да се гарантира безбедноста на луѓето, но и меѓународниот мониторинг. Македонскиот народ по се’ што ни се’ случува, ќе излезе од кризата, но многу посилен и пообединет. ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Претседателот Христијан Мицкоски, единствено може да ја врати гордоста, достоинството и победничкиот дух на македонскиот народ“, порача тој.

Ковачки упати порака до раководството на СДСМ

Бројките на починати и заразени во Македонија секојдневно растат. Мерки нема. Власта крена раце од борбата со КОВИД-19 и свесно ја втурна државата во криза. Состојбата излезе од контрола поради неспособноста и неодговорниот однос на раководството на СДСМ, реагира Драган Ковачки. -Ја прогласија короната за победена, тргнаа во кампања и ете го резултатот од таа победа. И наместо раководството на СДСМ да се зафати со решавање на кризата, тоа брза на избори, за да спаси што може. Сепак, знаат и самите се свесни оти спас нема. Титаник веќе удри во сантата мраз и тоне, а капетанот на бродот се’ уште ги убедува и храбри патниците дека музиката што ја свири бродскиот оркестар е прекрасна. Но тој, капетанот, не им кажува дека за него има чамец што го подготвил за себе. На неодговорното, себично и анти-државно однесување, на соодветен државнички начин одговори Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски со 2 конкретни, оправдани и разумни барања за надминување на состојбата. За да одиме на избори потребни ни се прецизни процедури за заштита на гласачите и присуство на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР како гаранција за кредибилноста на целиот изборен процес, што за волја на вистината досега го испоганија со насилство и поткуп. Нема нешто што е поважно од безбедноста и здравјето на оние од кои ја бараме нивната поддршка, оти ние постоиме за нив, а не тие за нас, истакна тој. Ковачки упати порака до раководството на СДСМ: „Дајте да ги надминеме суетите и личните желби и во прв план да ги ставиме државните интереси. 7-10 дена плус или минус нема да сменат ништо во изборните резултати, но може да сменат многу во перцепцијата дали созреваме како демократска нација. Иако видовме колку сте (не)демократи, дајте барем на заминување заминете си со позитивна одлука за државата Македонија„.

Зошто 15-ти јули е првиот можен датум за избори?

ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за оценска мисија, која најрано може ја да испрати во Македонија на 19-21ви јуни. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека откако мисијата ќе дојде во земјава, од следниот ден би влегле во изборна кампања. Кампањата трае три недели, што значи дека и првиот можен датум за избори би бил 15-ти јули. Ден претходно, на 14-ти би гласале болните, лица во самоизолација и постари од 65 години. Ќе гласаат од своите домови. Доколку ОБСЕ/ОДИХР закасни со мисијата, тогаш датумот би бил поместен за подоцна. Инаку на вчерашниот ден кога Заев сакаше да има избори во земјава имавме над 160 заболени и рекордни 9 смртни случаи. Во мај годинава тој заедно со раководството на СДСМ тврдеа дека во јуни ќе се олабават мерките, вирусот ќе опадне и дека е идеално време за одржување на парламентарните избори во земјава. Граѓаните преку социјалните мрежи вчера само претпоставуваа што би се случило доколку вчера имавме избори со толкумина починати лица...
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-saka-izboren-falsifikat-bez-nabljuduvachi-i-prochisten-spisok/feed/ 0
Изборите ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-gi-sledat-3-381-domashni-i-520-stranski-nabljuduvachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-gi-sledat-3-381-domashni-i-520-stranski-nabljuduvachi/#respond Sun, 05 May 2019 05:40:43 +0000 https://kurir.mk/?p=194200

Претседателските избори во земјава ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски  новинари акредитирани од ДИК. Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје. Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 195, потоа Светски македонски конгрес Скопје, Амбасадата на САД , Делегацијата на ЕУ , Делегација на ПС на СЕ … Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, во Македонија…  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-gi-sledat-3-381-domashni-i-520-stranski-nabljuduvachi/feed/ 0
Изборите ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-kje-gi-sledat-3-381-domashni-i-520-stranski-nabljuduvachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-kje-gi-sledat-3-381-domashni-i-520-stranski-nabljuduvachi/#respond Sat, 04 May 2019 07:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=194007

Претседателските избори во земјава ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски  новинари акредитирани од ДИК. Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје. Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 195, потоа Светски македонски конгрес Скопје, Амбасадата на САД , Делегацијата на ЕУ , Делегација на ПС на СЕ. Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, во Македонија.(МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-kje-gi-sledat-3-381-domashni-i-520-stranski-nabljuduvachi/feed/ 0
Изборите ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-gi-sledat-3-150-domashni-i-419-stranski-nabljuduvachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-gi-sledat-3-150-domashni-i-419-stranski-nabljuduvachi/#respond Sun, 21 Apr 2019 05:29:42 +0000 https://kurir.mk/?p=189228

Претседателските избори во земјава ќе ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари, акредитирани од ДИК. Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ – 1.940, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје 583 и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје 329 набљудувачи. Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 240, потоа Светски македонски конгрес Скопје 59, Амбасадата на САД  42, Делегацијата на ЕУ 16… Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, Словачка во Македонија. Во ДИК се акредитирани и 289 преведувачи.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-gi-sledat-3-150-domashni-i-419-stranski-nabljuduvachi/feed/ 0