набљудувачка мисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Oct 2021 10:24:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png набљудувачка мисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тана де Зулуета: Го набљудуваме гласањето и примената на новата технологија, оценка за изборите утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tana-de-zulueta-go-nabljuduvame-glasanjeto-i-primenata-na-novata-tehnologija-ocenka-za-izborite-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tana-de-zulueta-go-nabljuduvame-glasanjeto-i-primenata-na-novata-tehnologija-ocenka-za-izborite-utre/#respond Sun, 17 Oct 2021 10:24:04 +0000 https://kurir.mk/?p=580565

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР ги мониторира локалните избори на покана на Владата. Имаме тим од 165 набљудувачи, од кои 126 се краткорочни набљудувачи, кои се распоредени низ земјата. Ова ќе ни овозможи систематско набљудување на гласачките места, што минатата година не бевме во можност да го спроведеме, изјави шефот на Mисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Северна Македонија, Тана де Зулуета по посетата на избирачкото место бр. 2805 во општина Центар. – Бидејќи не станува збор за географски голема земја, со над 100 набљудувачи може да добиете статистички значајна анализа за спроведувањето на изборите. Задоволни сме што тоа можеме добро да го направиме, посочи Де Зулуета на новинарско прашање. Во однос на проблемите кои се регистрирани со употребата на терминалите за отпечаток од прст при гласањето, таа вели, станува збор за нова технологија и се следи нејзината примена. -Ние го набљудувавме отворањето на 54 гласачки места и продолжуваме со мониторингот. Ова е нова технологија и како и гласачите, гледаме како се применува. Рано е да се дадат какви било заклучоци, но ги нотираме сите проблеми доколку ги има, како и одговорот на гласачите. Ќе видиме како ќе се одвива денот. За проценката ќе треба да почекате до утре, затоа што како што знаете, не сакаме да коментираме за време на гласањето, рече шефицата на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Де Зулуета. Ние строго се придржуваме до упатствата од властите за заштита од Ковид-19. Во земјава сме повеќе од еден месец и засега нема никакви инфекции. Сакаме да бидеме сигурни, додава таа, дека тоа нема да влијае и не влијае на нашата методологија. Мисијата на ОДИХР е сосатвена од 20 долгорочни набљудувачи кои пристигнаа во земјава по 7 септември кога се отворени канцелариите на Набљудувачката мисија и оттогаш се распоредени низ земјава. Краткорочните набљудувачи се тука од средата и ќе останат до завршување на процесот на броење на глсовите. Мисијата ќе остане и за вториот круг од изборите, ако за тоа има потреба, вели Де Зулуета. Минатата година во земјава ОДИХР имаше специјална мисија за проценка на Предвремените парламнетарни избори на 15 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tana-de-zulueta-go-nabljuduvame-glasanjeto-i-primenata-na-novata-tehnologija-ocenka-za-izborite-utre/feed/ 0
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти прелиминарните наоди за изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-odihr-kje-gi-soopshti-preliminarnite-naodi-za-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-odihr-kje-gi-soopshti-preliminarnite-naodi-za-izborite/#respond Thu, 16 Jul 2020 05:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=376798

Меѓународниот набљудувачки тим испратен од ОБСЕ/ОДИХР за следење на предвремените парламентарни избори во Македонија денеска на прес-конференција ќе ја соопшти прелиминарната оценка за изборите што се одржаа вчера во земјава. На прес – конференцијата за првичните наоди и заклучоци во врска со изборниот процес ќе говорат Лаима Андрикиене, шеф на ОДИХР специјалната мисија за проценка на изборите и Дариа Паприцка, заменик шеф на ОДИХР специјалната мисија. Мисијата ги следеше сите аспекти на изборниот процес. Основниот тим на ОДИХР го сочинуваа девет члена од девет земји-учеснички во ОБСЕ, а на денот на изборите имаа акредитирано 26 набљудувачи, во кои спаѓаат меѓународните експерти и националниот персонал за поддршка. Конечен извештај со заклучоци и потенцијални препораки, како што најави во предизборното интервју за МИА, шефицата на Мисијата, Андрикиене, ќе биде објавен околу осум недели по денот на изборите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-odihr-kje-gi-soopshti-preliminarnite-naodi-za-izborite/feed/ 0