началник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Jul 2023 16:12:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png началник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Детали за обидот за убиство на струшкиот началник: Го блокирал со возило, се заканил дека ќе го убие со пиштол… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-obidot-za-ubistvo-na-strushkiot-nachalnik-go-blokiral-so-vozilo-se-zakanil-deka-ke-go-ubie-so-pishtol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-obidot-za-ubistvo-na-strushkiot-nachalnik-go-blokiral-so-vozilo-se-zakanil-deka-ke-go-ubie-so-pishtol/#respond Sat, 29 Jul 2023 16:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=861517

Лице на 44-годишна возраст е осомничено за обидот за убиството врз началникот на полицијата во Струга, кој во текот на вчерашниот ден беше избоден со нож. Според деталите од Обвинителството, додека началникот бил во својот автомобил, осомничениот го престигнал во близина на Медицинскиот центар во Струга и паркирал паралелно со него. Најпрвин започнал да му вика и да му се заканува дека ќе го убие со пиштол, обвинувајќи го началникот дека постојано испраќал полициски службеници да го следат. Началникот излегол од возилото и меѓу нив настанала кратка физичка пресметка, по што ги раздвоиле случајни минувачи. Потоа струшкиот началник влегол во автомобилот за да повика полиција, но во тој момент осомничениот го препаркирал возилото зад него, излегол со нож во раката и му нанел расекотина под долната вилица кон вратот, со должина од 11 и со длабочина од 5 сантиметри. Веднаш потоа избегал од местото на настанот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, можност да влијае врз оштетениот и сведоците, како и да го доврши обиденото кривично дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-obidot-za-ubistvo-na-strushkiot-nachalnik-go-blokiral-so-vozilo-se-zakanil-deka-ke-go-ubie-so-pishtol/feed/ 0
Со нож прободен началникот на струшката полиција, напаѓачот приведен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-nozh-proboden-nachalnikot-na-strushkata-politsija-napagachot-priveden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-nozh-proboden-nachalnikot-na-strushkata-politsija-napagachot-priveden/#respond Fri, 28 Jul 2023 19:05:41 +0000 https://kurir.mk/?p=861298

Четириесет и четири годишен жител на струшкото село Велешта е приведен по напад на началникот на Полициската станица во Струга. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. – Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга, изјави Димоски. А.Д., според него, е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна Димоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-nozh-proboden-nachalnikot-na-strushkata-politsija-napagachot-priveden/feed/ 0
Поранешниот началник и чуварот на сплитскиот воен затвор „Лора“ осудени за злосторства врз цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshniot-nachalnik-i-chuvarot-na-splitskiot-voen-zatvor-lora-osudeni-za-zlostorstva-vrz-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshniot-nachalnik-i-chuvarot-na-splitskiot-voen-zatvor-lora-osudeni-za-zlostorstva-vrz-civili/#respond Wed, 06 Apr 2022 13:35:29 +0000 https://kurir.mk/?p=659237

Поранешниот началник на воениот истражен затвор „Лора“ во Сплит, Томислав Дуиќ и чуварот Емилио Бунгур денеска во Сплит се осудени на повеќегодишна затворска казна за воени злосторства врз цивили во затворот во 1992 година. Дуиќ е осуден на осум и пол години затвор, а Бунгур на четири години и десет месеци. Двајцата ја негираа вината во текот на постапката и се изјаснија за невини. На двајцата им се судеше на повторно судење, бидејќи во времето на првото судење беа во бегство, а во 2015 година побараа повторно судење. Дуиќ и Бунгур се во бегство повеќе од една деценија. Тие веќе се осудени за воени злосторства против цивили во случајот познат како „Лора 1“, Дуиќ на осум години и Бунгур на шест години затвор. Судењето беше повторено, а потоа споено со случајот „Лора 2“, во кој неколку поранешни воени полицајци беа осудени за воени злосторства врз воени затвореници од поранешната ЈНА и српските паравоени единици. На крајот на 2017 година двата случаи беа раздвоени, а на Дуиќ и Бунгур им се судеше во посебна, обновена постапка. Судењето за воени злосторства во воениот истражен затвор во Сплит траеше со години, а првото обвинение против осум лица беше покренато во 2002 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshniot-nachalnik-i-chuvarot-na-splitskiot-voen-zatvor-lora-osudeni-za-zlostorstva-vrz-civili/feed/ 0
Застрелан началникот на крим-полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrelan-nachalnikot-na-krim-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrelan-nachalnikot-na-krim-policijata/#respond Mon, 21 Mar 2022 13:46:17 +0000 https://kurir.mk/?p=650707

Началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа на Приједор, Раденко Башиќ, е убиен утрово во престрелка во Пеќани кај Приједор, јавуваат медиумите во регионот. На местото на убиството на началникот Башиќ, во населбата Пеќани, се уште се води истрага. Ова место од утринава е под опсада на полициски службеници коишто ги контролираат минувачите и возачите. Полицијата во Приjедор, Република Српска, соопшти дека утрово во 6.53 часот било пукано врз едно лице од огнено оружје, а човекот загинал. Под надзор на тужител од Окружното јавно обвинителство во Приједор се преземаат мерки за утврдување на околностите за пријавата. Во интерес на истрагата, полицијата го блокирала градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrelan-nachalnikot-na-krim-policijata/feed/ 0
СПМ: До кога на Началникот на СВР Куманово ќе му дозволувате да биде ШЕРИФ!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-do-koga-na-nachalnikot-na-svr-kumanovo-kje-mu-dozvoluvate-da-bide-sherif/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-do-koga-na-nachalnikot-na-svr-kumanovo-kje-mu-dozvoluvate-da-bide-sherif/#respond Tue, 01 Jun 2021 10:01:07 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517612

До кога на Началникот на СВР Куманово ќе му дозволувате да биде ШЕРИФ ⁉️⁉️⁉️⛔ До Синдикат на Полиција во Македонија доставена е пријава од група вработени во СВР Куманово. Писмото се однесува за моменталниот "Мобинг" што го спроведува Началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ. Имено истиот во текот на месец Март 2021 година имал одржано состаноци со сите отсеци во Крим.полиција во СВР Куманово, при што истиот „се заканувал“ дека доколку инспектор не напише неделно по 4 оперативни информации ќе биде казнет. И тоа ќе казнувал секој месец доколку инспекторите не ја исполнат бараната норма што преставува директна закана и вознемирување према полициските службеници. Доколку началникот на СВР Куманово ги има прочитано (а ние веруваме дека ГИ НЕМА) Стандардните оперативни процедури ќе види дека полициските службеници информации добиваат од граѓани на нивно барање при што полицискиот службеник не смее понатаму да бара други дополнителни информации и да му дава задачи на граѓанинот што не е случај и со информатори, но крим.полицијата нема право да регистрира информатори. Па врз основа на сето ова воопшто не е јасно како може инспектор да биде казнет(судејќи по постапките на овој "шериф" веруваме дека ќе го стори тоа). Во иднина како Синдикат сме загрижени дека заради „исполнување на оваа незаконска норма“ инспекторите ќе бидат принудувани да ги прекршуваат законите и да ги присилуваат граѓаните да дадат некоја информација или самите да почнат да си измислуваат за само да не бидат казнети. Како Директор на БЈБ и Министер за внатрешни работи Бараме да го запрашате началникот на СВР Куманово да каже и појасни по кој закон или Правилник постои норма за тоа колку информации треба граѓаните да даваат на полициските службеници било неделно или месечно. Бараме ова НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ И САМОВОЛИЕ на овој раководител да го сопрете! Синдикат на Полиција во Македонија по ова прашање достави и писмена реакција како до Министерот Спасовски така и до Директорот Тасевски🎯✊ Фејсбук статус на Синдикат на полиција во Македонија ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-do-koga-na-nachalnikot-na-svr-kumanovo-kje-mu-dozvoluvate-da-bide-sherif/feed/ 0
Началникот на полицијата на Капитол Хил си поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nachalnikot-na-policijata-na-kapitol-hil-si-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nachalnikot-na-policijata-na-kapitol-hil-si-podnese-ostavka/#respond Fri, 08 Jan 2021 08:36:41 +0000 https://kurir.mk/?p=452785

Шефот на полицијата на Капитолот, Стивен Санд, заминува од фунцијата на 16 јануари откако службата беше остро критикувана за пропустите во обезбедувањето на Капитол по насилниот упад во Конгресот на екстремисти лојални на претседателот Доналд Трамп. Санд ја донел одлуката кратко време откако претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го повика да си поднесе оставка. – Господинот Санд дури и не се јави после овие случувањата, истакна Пелоси. Оставки на припадници на обезбедувањето на Конгресот побара и демократот Чак Шумер, лидер сенатското малцинство. Според Њујорк тајмс, и Синдикатот на полицијата на Капитол побарал оставка на раководството. Полицијата брои 2.300 службеници во униформа и цивили задолжени за безбедноста на Конгресот. Во средата, разулавена толпа од стотина демонстранти, привразници на Трамп, упадна во Капитолот и направи голема материјална штета, едно лице беше убиено. Тоа предизвика гнев меѓу членовите на Конгресот, кои бараат одговори зошто полицијата не била подготвена, додека на голем дел од оние кои упаднаа во собранието на САД, им беше дозволено непречено да заминат без да бидат уапсени. Синоќа беа поднесени и првите кривични пријав по немилите случувања во средата. Сојузни обвинители поднеле тужба против едно лице кое нападнало полицаец и против друго кое нелегално поседувало пиштол. На протестите учествуваа разни радикално-десничарски групи како „Горди момчиња“, “Три процентните“ или „Заштитници на заклетвата“, тие најчесто беа облечени во маскирна облека и.носеа боева опрема кака панцирни елеци, муниција и автоматски пушки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nachalnikot-na-policijata-na-kapitol-hil-si-podnese-ostavka/feed/ 0
Началник на СВР Струмица испукал куршум додека го чистел пиштолот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nachalnik-na-svr-strumica-ispukal-kurshum-dodeka-go-chistel-pishtolot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nachalnik-na-svr-strumica-ispukal-kurshum-dodeka-go-chistel-pishtolot/#respond Wed, 22 Jul 2020 14:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=379749

Началникот на СВР Струмица, В.Т., пред два дена во својата канцеларија додека го чистел службениот пиштол, од невнимание испукал еден куршум. Од МВР информираат дека куршумот завршил во долниот дел помеѓу паркетот и лајсната. За време на настанот, началникот бил сам во канцеларијата. Повредени лица нема, а за настанот е известен одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди поради расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nachalnik-na-svr-strumica-ispukal-kurshum-dodeka-go-chistel-pishtolot/feed/ 0
Во Бугарија уапсен шефот на одделот за борба против наркотици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-uapsen-shefot-na-oddelot-za-borba-protiv-narkotici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-uapsen-shefot-na-oddelot-za-borba-protiv-narkotici/#respond Fri, 26 Jun 2020 13:27:12 +0000 https://kurir.mk/?p=363499

Бугарската полиција го уапси началникот на Одделот за спречување шверц на дрога при Директоратот за борба против организиран криминал, како и уште двајца високи функционери, поради наводно примање поткуп во замена за заштита на локалните и меѓународните трговци со наркотици. – Тие се осомничени поради штитење на активностите на организираните криминални групи, вмешани во шверц со дрога во Бугарија и странство, изјави јавниот обвинител Иван Гешев на вонредна прес-конференција. Тој истакна дека е загрижувачки фактот што се осомничени „највисоки претставници во борбата против наркотици во Бугарија и главните лица за контакт со меѓународните партнери, не само во ЕУ“. Бугарија, која е членка на ЕУ од 2007 година, се наоѓа на една од главните рути за трговија со дрога кон земјите од Западна Европа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-uapsen-shefot-na-oddelot-za-borba-protiv-narkotici/feed/ 0
Полициски началник тргнал во физичка пресметка со портпарол на МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiski-nachalnik-trgnal-vo-fizichka-presmetka-so-portparol-na-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiski-nachalnik-trgnal-vo-fizichka-presmetka-so-portparol-na-mvr/#respond Mon, 04 May 2020 15:53:24 +0000 https://kurir.mk/?p=341522

Пред неколку дена во просториите на СВР Охрид се случил тежок инцидент кога еден од началниците на одделенија на локалната полиција во Охрид сакал да се пресмета физички со портпаролот на секторот на МВР кој покрива четири града Охрид, Струга, Дебар и Кичево, дознава НетПрес. Нашите извори велат дека до инцидентот дошло откако началникот барал од портпаролот да објави информација за јавност за случај во Охрид за која веќе имало објавена информација од МВР во централата во Скопје. Началникот кој нема никаква врска со информирањето во МВР бил насилен и освен вербални закани во еден момент тргнал физички да се пресметува со портпаролот кој петнаесетина години работи на таа работна позиција и е познат како умерен и професионален припадник на МВР одговорен за информирање на јавноста. Физичкиот контакт бил спречен откако началникот бил запрен од негови колеги при што била спречена тепачка. Тој за време на инцидентот се заканувал дека со портпаролот ќе се пресмета надвор од СВР Охрид, тврдат сведоци на срамниот настан. За инцидентот постои соодветна пријава и документација а го разгледува и одделот за внатрешна контрола во МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiski-nachalnik-trgnal-vo-fizichka-presmetka-so-portparol-na-mvr/feed/ 0