нации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jan 2022 17:58:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Африкански куп на нации: Судијата два пати предвреме го заврши дуелот Мали – Тунис https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/afrikanski-kup-na-nacii-sudijata-dva-pati-predvreme-go-zavrshi-duelot-mali-tunis/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/afrikanski-kup-na-nacii-sudijata-dva-pati-predvreme-go-zavrshi-duelot-mali-tunis/#respond Wed, 12 Jan 2022 17:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=618569

Бројни судиски грешки го одбележаа вечерва дуелот од воведното коло во групата Ф во рамки на африканскиот Куп на нации меѓу Мали и Тунис (1:0), а пропустите кулминираа во финишот кога арбитерот во два наврати предвреме отсвири крајот на натпреварот. Мали ја обезбеди победата преку пенал што во 48. минута го реализираше Ибрахим Коне, а Тунис на ист начин можеше да возврати во 77. минута, но Вахби Казри биеше непрецизно од белата точка. Во крупен план на овој натпревар, сепак, беше главниот судија Џани Сиказве, кој со многу грешки го водеше дуелот, а најголемиот пропуст го направи во 85. минута, кога означи крај на натпреварот. Кратко потоа, на сугестија на својот помошник, одлучи да го продолжи натпреварот, означувајќи дефинитивно крај во 90. минута, иако во вториот дел беа досудени два пенали, беа извршени девет измени, а неколку пати се вклучуваше и ВАР системот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/afrikanski-kup-na-nacii-sudijata-dva-pati-predvreme-go-zavrshi-duelot-mali-tunis/feed/ 0
Ако Финците се најсреќни во светот, каде се Македонците? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-fincite-se-najsrekjni-vo-svetot-kade-se-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-fincite-se-najsrekjni-vo-svetot-kade-se-makedoncite/#respond Wed, 20 Mar 2019 21:39:31 +0000 https://kurir.mk/?p=176978

Финците се најсреќни луѓе на светот. Во топ 10-те се рангирани пет нордиски нации. Податоците се објавени во извештајот „World Happiness Report” и е креирана ранг-листа од 156 земји на светот врз основа на среќата на населението. Во обзир се земени фактори како животниот век, личната слобода, социјалната сигурност, социјалната помош и корупцијата. Оваа земја се наоѓа на првото место со 7.769 бодови, Данска е втора со 7.600, трета е Норвешка со 7.554, четврта земја е Исланд со 7.494, а Холандија е петта со 7.488 бодови. Меѓу првите десет се и Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австрија. Во регионот, најсреќни се во Словенија (44-тото место), потоа следуваат Косово (46), Србија (70), Црна Гора (73), Хрватска (75), Босна и Херцеговина (78), Грција (82), Бугарија (97) и Албанија (107 место). Македонија е на 84-тото место. Најнесреќни се во Јужен Судан, а пред нив, на дното на листата, се Централноафриканската Република и Авганистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-fincite-se-najsrekjni-vo-svetot-kade-se-makedoncite/feed/ 0