Национален ден на власите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 May 2022 08:12:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Национален ден на власите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски со честитка по повод 23-ти Мај, Национален ден на Власите: Власите се нераскинлив дел на македонската историја, сегашност и иднина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-23-ti-maj-nacionalen-den-na-vlasite-vlasite-se-neraskinliv-del-na-makedonskata-istorija-segashnost-i-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-23-ti-maj-nacionalen-den-na-vlasite-vlasite-se-neraskinliv-del-na-makedonskata-istorija-segashnost-i-idnina/#respond Mon, 23 May 2022 08:12:03 +0000 https://kurir.mk/?p=680352

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка по повод 23-ти Мај, Национален ден на Власите која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално:
„Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија од влашката етничка заедница им го честитам 23-ти Мај, Националниот ден на Власите. Власите се нераскинлив дел на македонската историја, сегашност и иднина. Со својот културен, општествен и политички придонес учествувале во изградбата на македонската државност и македонскиот општествен мултикултурен мозаик. Власите, влашкиот јазик и култура во Македонија биле и ќе останат важен сегмент на нашето заедничко битисување на овие простори, кој имаме обврска сите заедно да го негуваме, развиваме и почитуваме. Македонија има традиција на взаемна толеранција, разбирање и почит кон посебностите на сите граѓани низ вековите. Ние тука во Македонија сме научиле да живееме не само еден покрај друг, туку еден со друг и заедно сме ги надминувале сите предизвици, а во исто време сме ја чувале и граделе татковината. Како што нашите дедовци и прадедовци заедно се бореле за слободата и независноста, имаме аманет таа борба да ја продолжиме, но овој пат за подобра иднина на нашите деца и внуци. Времињата се тешки, кризата, сиромаштијата, безперспективноста и апатичноста се големи, но тоа е мотив повеќе да се сплотиме и да работиме посилно ваквите проблеми да ги решаваме. Да се спротивставиме на криминалот и корупцијата како современо зло кое ја уништува државата, да се спротивставиме на распадот на системот и на вредностите кои заедно не поврзувале. Сите, без разлика на етничката, верската и политичката припадност, мора да оставиме придонес во таа наша борба. Само така ќе создадеме подобра перспектива за нас и за нашите идни поколенија.“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-23-ti-maj-nacionalen-den-na-vlasite-vlasite-se-neraskinliv-del-na-makedonskata-istorija-segashnost-i-idnina/feed/ 0
Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-23-maj-nacionalniot-den-na-vlasite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-23-maj-nacionalniot-den-na-vlasite/#respond Mon, 23 May 2022 07:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=680324

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани сограѓани, Ми претставува особена чест и задоволство да ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите, и најискрено да ви посакам празникот да го минете во добро здравје и во пријатно расположение, споделувајќи радост и добра мисла со вашите најблиски. Пред 117 години на 23 мај, со декретот на султанот Абдул Хамид, во рамките на Отоманската Империја, беа признаени националните права на Власите. Со тоа се отвори можност за образование на мајчин јазик, што е еден од столбовите на националниот и на културниот идентитет на секој народ. Среќни сме што во нашата заедничка татковина припадниците на влашката заедница, како и на другите етнички заедници, ги имаат сите можности за зачувување и за зајакнување на својот јазичен и културен идентитет. Со своите традиции, култура и фолклор, Власите суштински го збогатуваат нашето мултикултурно и мултиетничко општество. Почитувани, Здравствените, економските, социјалните и безбедносните предизвици и проблеми со коишто се соочува целиот свет можеме да ги надминеме само со заедништво, сплотеност и со солидарност. Да си подадеме рака и да си бидеме постојана поддршка едни на други и одговорно и посветено да придонесуваме за развојот и за напредокот на Република Северна Македонија, како и за благосостојбата на секој наш сограѓанин. Нека ни е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите, стои во неговата честитка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-23-maj-nacionalniot-den-na-vlasite/feed/ 0
Мицкоски со честитка до Власите: Влашката заедница е дел од богатата култура и историја во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-vlasite-vlashkata-zaednica-e-del-od-bogatata-kultura-i-istorija-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-vlasite-vlashkata-zaednica-e-del-od-bogatata-kultura-i-istorija-vo-makedonija/#respond Wed, 23 May 2018 11:23:00 +0000 https://kurir.mk/?p=57470

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на сите припадници на влашката етничка заедница во Македонија им го честиташе 23. мај, Национален ден на Власите. -23 – мај е ден кога се афирмира влашката култура и традиција и нивното вековно постоење во нашата заедница. Влашката заедница е дел од богата култура и историја во Македонија, но и иднината која заеднички ја градиме. Власите низ историјата имаат огромен придонесе во градењето на заедничката држава и во историската борба за самостојна, независна и демократска Република Македонија. Потенцира дека Нашите заеднички вредности продолжуваат да градат единство, разбирање и хармонија во нашата земја, се вели во честитката од Мицкоски. Вели дека овој ден треба да биде симбол за заедничките заложби за подобра и посветла иднина на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-vlasite-vlashkata-zaednica-e-del-od-bogatata-kultura-i-istorija-vo-makedonija/feed/ 0