национален парк галичица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jul 2023 09:28:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png национален парк галичица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МВР СО ДЕТАЛИ: Пронајдени тројцата странски туристи кои се изгубиле во Националниот парк Галичица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-pronajdeni-trojtsata-stranski-turisti-koi-se-izgubile-vo-natsionalniot-park-galichitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-pronajdeni-trojtsata-stranski-turisti-koi-se-izgubile-vo-natsionalniot-park-galichitsa/#respond Mon, 24 Jul 2023 09:27:57 +0000 https://kurir.mk/?p=859389

На 23.07.2023 во 15.42 часот во СВР Битола, Н.А.(33) од САД пријавила дека таа, нејзиниот сопруг Л.Ц.(33) и нејзиниот брат J.A.(30), сите државјани на САД, се изгубиле во Националниот парк Галичица. Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се разделиле и по кратко време се изгубиле. Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен, во содејство со спасувачката служба на Црвен крст од Охрид извршија пребарување на теренот, при што во 17.30 часот биле пронајдени, а подоцна биле спуштени на патеката што води кон село Лескоец, каде што биле прифатени и со возило од Националниот парк Галичица биле транспортирани до асфалтниот пат Царина-Трпејца. Притоа, тие биле прегледани од екипа на Итната медицинска помош Ресен и било констатирано дека се во добра здравствена состојба, по што заминале во сместувачкиот објект во Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-pronajdeni-trojtsata-stranski-turisti-koi-se-izgubile-vo-natsionalniot-park-galichitsa/feed/ 0
Примерок на балкански рис повторно „заловен“ од камерите на Националниот парк „Галичица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/primerok-na-balkanski-ris-povtorno-zaloven-od-kamerite-na-natsionalniot-park-galichitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/primerok-na-balkanski-ris-povtorno-zaloven-od-kamerite-na-natsionalniot-park-galichitsa/#respond Fri, 07 Apr 2023 11:30:09 +0000 https://kurir.mk/?p=821459

Фото-камерите на Националниот парк „Галичица“ уште еднаш снимија примерок на балкански рис во атарот на паркот. Последните три години ова е осми пат поставените фото-замки да снимат рис во паркот. Според најавите од Националниот парк, во периодот што следува ќе бидат поставени дополнителни камери, за да се утврди бројноста на балканскиот рис и другите покрупни животни во паркот. Истовремено се наведува дека ќе бидат засилени и мерките за заштита на живеалиштата на балканскиот рис и оние за спречување на криволов во Националниот парк. Балканскиот рис по педесеттина години во 2020 беше првпат забележан во Националниот парк „Галичица“. Потикнати од појавата на рисот, Јавната установа „Национален парк Галичица“ во сороаботка со „МЕД/MES“ изминатите две години спроведоа мониторинг за утврдување на бројноста на срната и на дивата коза во паркот, како животински видови што се омилена храна на балканскиот рис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/primerok-na-balkanski-ris-povtorno-zaloven-od-kamerite-na-natsionalniot-park-galichitsa/feed/ 0
Националниот парк „Галичица“ ќе ги мапира дивоградбите во својот атар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natsionalniot-park-galichitsa-ke-gi-mapira-divogradbite-vo-svojot-atar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natsionalniot-park-galichitsa-ke-gi-mapira-divogradbite-vo-svojot-atar/#respond Thu, 16 Feb 2023 09:50:58 +0000 https://kurir.mk/?p=801193

Националниот парк „Галичица“ ќе изработи сеопфатна база на податоци со идентификувани илегални објекти на целата територија на паркот. Предвидено е со мапата да бидат опфатени околу илјада хектари површина на урбани делови во паркот. Мапирањето ќе се изврши со дрон, а со помош на софтверски алатки ќе бидат изготвени карти со висока разолуција. Истовремено ќе се врши анализа на снимениот материјал со идентификација на сите илегални објекти во паркот. Од установата посочуваат дека изготвената база на податоци и креираните мапи ќе бидат проследени до сите релевантни институции во земјата. За оваа активност ќе се користи опрема донирана од Шпанската амбасада. Во 2022 година, Националниот парк „Галичица“ и Амбасадата на Кралството Шпанија започнаа соработка, при што Амбасадата му донираше на националниот парк компјутер со високи перформанси и соодветен софтвер за креирање на ортофотомозаични карти. Прекумерната урбанизација на делови од Националниот парк „Галичица“ е една од забелешките посочени во извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за Охридскиот регион.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natsionalniot-park-galichitsa-ke-gi-mapira-divogradbite-vo-svojot-atar/feed/ 0
Полициски службеници извлекле тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiski-sluzbenici-izvlekle-trojca-bitolchani-zatrupani-so-vozilo-vo-sneg-na-galichica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiski-sluzbenici-izvlekle-trojca-bitolchani-zatrupani-so-vozilo-vo-sneg-na-galichica/#respond Mon, 03 Jan 2022 11:06:31 +0000 https://kurir.mk/?p=615735

На 02.01.2022 во 18.25 полициски службеници од ОВР Ресен добиле пријава – повик за помош од Ј.Д.(20) од Битола. Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој со своето патничко моторно возило „сузуки”, со битолски регистарски ознаки, заедно со своите сопатници А.В. и Ѓ.Д., двајцата од Битола, бил заглавен на регионалниот пат Отешево - Св.Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима. Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото кое било заглавено во снегот, по што заедно со возачот и сопатниците, биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiski-sluzbenici-izvlekle-trojca-bitolchani-zatrupani-so-vozilo-vo-sneg-na-galichica/feed/ 0
ГОРИ НА ГАЛИЧИЦА – постои опасност пожарот да се прошири кон заштитната зона на националниот парк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-na-galichica-postoi-opasnost-pozarot-da-se-proshiri-kon-zashtitnata-zona-na-nacionalniot-park/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-na-galichica-postoi-opasnost-pozarot-da-se-proshiri-kon-zashtitnata-zona-na-nacionalniot-park/#respond Tue, 31 Aug 2021 12:04:40 +0000 https://kurir.mk/?p=557293

Пожарот којшто беше активен на албанска територија на планината Галичица со помош на ветрот е веќе преминат на македонска територија кај граничен Камен Ф9. Екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција во моментов се на терен, затоа што постои опасност од проширување на пожарот и може да биде зафатена и заштитената зона од шума на Националниот парк „Галичица“, информираат од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од РЦУК Охрид. -Во моментов гори сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума и поради тоа што теренот е непристапен за гасење од земја со човечка сила ќе се следи состојбата во текот на денешниот ден од страна на екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција, велат од ЦУК. Оттаму информираат дека во текот на вчерашниот и денешниот ден низ земјава се појавени неколку мали пожари на сува трева и стрништа, како и диви депонии коишто беа за брзо време изгаснати од страна на надлежните институции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-na-galichica-postoi-opasnost-pozarot-da-se-proshiri-kon-zashtitnata-zona-na-nacionalniot-park/feed/ 0
ФОТО: Пристигнаа елените на Галичица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristignaa-elenite-na-galichica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristignaa-elenite-na-galichica/#respond Thu, 26 Dec 2019 11:43:20 +0000 https://kurir.mk/?p=282525

Во Националниот Парк Галичица пристигнаа првите елени, кои се наоѓаат во репродуктивниот центар, изграден специјално за оваа намена. Новиот репродуктивен центар, со големина од осумдесетина хектари оваа зима ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци) и за таа намена е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници. Проектот, вреден 340.000 евра, е финансиран од Европската унија во рамки на „Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја”. Оваа Програма, која опфаќа повеќе проекти низ целата земја изнесува 4,3 милиони евра, а ја спроведуваат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање. Националниот парк Галичица, во рамки на проектот, со овие активности се грижи и за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија. Репродуктивниот центар и елените ќе се користат исклучиво за активно управување на овие екосистеми, а не како ловиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristignaa-elenite-na-galichica/feed/ 0
Промотивна планинарска тура в недела на падините на Галичица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promotivna-planinarska-tura-v-nedela-na-padinite-na-galichica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promotivna-planinarska-tura-v-nedela-na-padinite-na-galichica/#respond Tue, 22 Oct 2019 10:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=254831

Во организација на Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ и Општина Охрид во недела ќе се одржи првото промотивно издание на планинската тура „Ohrid Outdoor Festival”, со излет на планината Галичица . Целта на фестивалот е заедничко дружење и уживање во убавините на Охрид и планината Галичица, возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера. Планинарска тура е предвидено да стартува во 8:30 часот од спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ со обезбеден бесплатен автобуски превоз до превојот „Баба“ и пешачење до врвот „Лако сигној“ на 1.981 метри надморска височина, а во исто време од истото место стартува и велосипедска тура по падините на Петрино и Галичица преку Велестово, сртовите Крстец и Асанѓура. По завршување на турите во 14:30 часот за учесници и за сите присутни во Охрид ќе биде организирана забава крај брегот на езерото, кај Центарот за обука на вода на АРМ. За безбедноста на учесниците за време на бесплатните тури ќе се грижат тимови од Планинската спасителна служба при Црвениот крст од Охрид, со професионални водичи во планина. Заинтересираните учесници треба да поседуваат лична опрема за планина, соодветна на временските услови, а учеството може да го пријават на [email protected], со назнака за велосипедска или планинарска тура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promotivna-planinarska-tura-v-nedela-na-padinite-na-galichica/feed/ 0
МВР со детали за параглајдеристите кои паднаа на Галичица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-paraglajderistite-koi-padnaa-na-galichica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-paraglajderistite-koi-padnaa-na-galichica/#respond Wed, 10 Jul 2019 08:44:21 +0000 https://kurir.mk/?p=216994

На 09.07.2019 година во 15,10 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Свети Наум, Б.М.(36) од Украина пријавил дека на планината Галичица паднала параглајдеристка М.П. (30) од Украина,  а по неа слетал параглајдерист А.М(41)  од Украина. Лицата биле на албанска територија, на непристапен терен,  но веднаш се преземени мерки за нивно спасување. По консултација со албанските надлежни органи, на местото на настанот е упатен хеликоптер на МВР со припадници на ЕСЗ и двете лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им е укажана лекарска помош, информираат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-paraglajderistite-koi-padnaa-na-galichica/feed/ 0
АМСМ: Поради трки со мотори затворен патот преку Галичица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amsm-poradi-trki-so-motori-zatvoren-patot-preku-galichica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amsm-poradi-trki-so-motori-zatvoren-patot-preku-galichica/#respond Sun, 30 Jun 2019 07:40:51 +0000 https://kurir.mk/?p=214061

Патот што води преку планината Галичица од Царина до Трпеица од изутрината во шест часот  е затворен за сообраќај поради одржување на трки со мотори, соопшти Автомотосојузот на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amsm-poradi-trki-so-motori-zatvoren-patot-preku-galichica/feed/ 0
Превентивно и одговорно однесување за помал број пожари во Националниот парк „Галичица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preventivno-i-odgovorno-odnesuvanje-za-pomal-broj-pozari-vo-nacionalniot-park-galichica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preventivno-i-odgovorno-odnesuvanje-za-pomal-broj-pozari-vo-nacionalniot-park-galichica/#respond Mon, 17 Jun 2019 13:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=209993

Како пресуден фактор за појава на пожари на отворено фигурира човекот. Имајќи го предвид и фактот што превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите, од ЈУ Национален парк „Галичица“ ги известуваат граѓаните кои живеат и гостите кои престојуваат на територијата на паркот на опасностите кои демнат од пожарите, особено во летниот период. Од Националниот парк потсетуваат на законската забрана за палење оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор, освен на двете излетнички места „Корита“ и „Јадера“ каде е уредено и дозволено палење оган, односно правење скара. Истовремено, се нагласува дека строго е забрането палење на стрништата, плевели и други отпадоци. Чуварската служба на ЈУ Национален парк „Галичица“ од Охрид ќе презема мерки против лицата кои не ги почитуваат препораките, со потсетување дека казните за такви недозволени активности изнесуваат од шест до осум илјади евра за правни и од 1.500 до три илјади евра за физички лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preventivno-i-odgovorno-odnesuvanje-za-pomal-broj-pozari-vo-nacionalniot-park-galichica/feed/ 0